електрични тротинети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 09:01:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png електрични тротинети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Аеродром доделува субвенции за набавка на нов велосипед или електричен тротинет https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-subventsii-za-nabavka-na-nov-velosiped-ili-elektrichen-trotinet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-subventsii-za-nabavka-na-nov-velosiped-ili-elektrichen-trotinet/#respond Mon, 18 Sep 2023 09:01:02 +0000 https://kurir.mk/?p=879027

Во рамки на Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува во текот на месец септември, Општина Аеродром објавив јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети. И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, како и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице. Повеќе информации за јавниот повик и барањето кое треба да се пополни при аплицирање, може да се прочитаат на следниот линк: http://bit.ly/3NpZeeu. Доделувањето на субвенциите ќе биде според принципот „прв дојден - прв услужен“, a можат да аплицираат жителите на Општина Аеродром што купиле велосипед во 2023 година, заклучно со 17 Октомври, односно денот кога истекува јавниот повик. Чиста, зелена и европска општина со многу велосипеди и тротинети, како алтернативен начин за транспорт. На овој начин, Општина Аеродром промовира мобилност и поттикнува здрав живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-subventsii-za-nabavka-na-nov-velosiped-ili-elektrichen-trotinet/feed/ 0
Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sofija-ke-zabrani-vozene-elektrichni-trotineti-vo-parkovi-na-trotoari-i-na-peshachki-pateki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sofija-ke-zabrani-vozene-elektrichni-trotineti-vo-parkovi-na-trotoari-i-na-peshachki-pateki/#respond Wed, 31 May 2023 11:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=840827

Во Софија ќе биде забрането возење електрични тротинети во паркови, градини, на плоштади, тротоари и низ пешачки патеки. За непочитување на забраната предвидена е парична казна од 50 лева (околу 25 евра). Забраната за возење на електрични тротинети е на иницијатива на групите ГЕРБ-СДС и Патриоти за Софија во Советот на општина Софија. Двете партии имаат мнозинство во Советот и новите регулативи најверојатно ќе бидат усвоени до средината на јули доколку не наидат на сериозно противење во јавноста. Тие вклучуваат повеќе правила за паркирање на тротинетите за да се избегне нивното расфрлање низ градот. За почитување на правилата ќе се бара помош од компаниите кои издаваат електрични тротинети. И за нив се предвидени и казни. Целта на ограничувањата е да се подобри безбедноста на пешаците и да се избегнат сообраќајни несреќи. Нема официјални податоци за бројот на електрични тротинети, познато е само дека трите компании за изнајмување имаат околу 2.000 електрични тротинети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sofija-ke-zabrani-vozene-elektrichni-trotineti-vo-parkovi-na-trotoari-i-na-peshachki-pateki/feed/ 0
Општина Гази Баба доделува субвенции за електрични тротинети https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-subventsii-za-elektrichni-trotineti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-subventsii-za-elektrichni-trotineti/#respond Wed, 22 Mar 2023 09:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=814835

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека е во тек јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на електрични тротинети. -Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на електричен тротинетот. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба, кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, и кои немаат искористено субвенција за купување на електричен тротинет. Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат, вели Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-subventsii-za-elektrichni-trotineti/feed/ 0
Годинава казнети 66 возачи на електрични тротинети: 33 учествувале во сообраќајна несреќа, 31 биле повредени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinava-kazneti-66-vozachi-na-elektrichni-trotineti-33-uchestvuvale-vo-soobrakjajna-nesrekja-31-bile-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinava-kazneti-66-vozachi-na-elektrichni-trotineti-33-uchestvuvale-vo-soobrakjajna-nesrekja-31-bile-povredeni/#respond Tue, 15 Nov 2022 07:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=760653

Сè повеќе граѓани користат електричен тротинет за патување до работа или училиште, како еколошки начин на превоз што значително ја зголемува мобилноста во градски средини. Сепак, ограничувачки фактор е тоа што основна инфраструктура за движење со електричен тротинет согласно законот се велосипедските патеки, а доколку нема изградено такви, тогаш е дозволено движење по пешачките патеки, тротоар или друга површина за движење на пешаци, но со ограничување на брзината до 6 километри на час. Во спротивно, возачот на електричен тротинет, кој не се движи по дозволените сообраќајни површини, ќе плати глоба од 80 евра. Согласно измените на Законот за безбедност во сообраќајот од 2021 година, возачот на електричен тротинет ќе треба да плати глоба од 80 евра и доколку не се движи по десната велосипедска патека, тротоар или пешачка патека во правец на движење на сообраќајот и доколку не користи велосипедска патека кога има таква и се движи по тротоар или пешачка патека. Ако се движи со брзина поголема од 25 км/ч по велосипедска патека или со брзина поголема од 6 км/ч по тротоар, пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, тогаш ќе треба да плати глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност. Електричен тротинет може да се управува со навршени 14 години и во тој случај глобите се изрекуваат на родителот или старателот. Полицијата досега санкционирала вкупно 95 возачи на електричен тротинет Од Министерството за внатрешни работи за МИА посочуваат дека убаво е доколку граѓаните користат возила со кои се намалува загадувањето, но тие мора да се управуваат одговорно, со почитување на пропишаните правила. – Сите ние како учесници во сообраќајот мора да бидеме свесни дека мора да ги почитуваме правилата за да на тој начин останеме безбедни, а не за да ја избегнеме казната од полицијата, велат од МВР за МИА. На прашање колку санкции се изречени за лица кои управувале електричен тротинет досега, од МВР информираат дека во текот на 2021 година има санкционирано вкупно 29 возачи на електричен тротинет, додека годинава до 31 октомври се санкционирани вкупно 66 возачи на електрични тротинети на територијата на Република Северна Македонија. Тоа значи дека од донесувањето на законските измени со кои се регулира учеството на електричните тротинети во сообраќајот полицијата вкупно има казнето 95 возачи за непочитување на правилата. Согласно член 103 од Законот за безбедност во сообраќајот од 1 јануари 2021 година возач на електричен тротинет ќе добие прекршочен платен налог од 50 евра доколку не носи заштитен шлем на главата, превезува други лица или вечерно време и во услови на намалена видливост не носи рефлектирачки елек. Возач на електричен тротинет, исто така, е должен да управува со него на начин на кој не се намалува стабилноста и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. На возачот кој постапува спротивно на ова ќе му биде изречен платен налог од 50 евра. Во сообраќајни незгоди годишно учествуваат околу 30 возачи на електрични тротинети, секој шести е тешко повреден Според официјалната статистичка евиденција на Министерството за внатрешни работи во просек годишно во сообраќајни незгоди учествуваат по околу 30 возачи на електрични тротинети. За среќа, во нив нема ниту еден загинат и повеќето се со лесни повреди. Во 2021 година вкупно 29 возачи на електричен тротинет учествувале во сообраќајна незгода. Од нив петмина се тешко повредени, а 22 се здобиле со полесни телесни повреди. Иако превезувањето на други лица на електричен тротинет не е дозволено, во сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се стекнал и еден сопатник на електричен тротинет. Бројот на возачи на електричен тротинет кои учествувале во сообраќајни незгоди во 2022 година (заклучно со 31 октомври годинава) е зголемен и изнесува 33. Од нив потешко се повредени четворица, а со полесни повреди се стекнале 27 возачи. Нема потешко настрадани сопатници на електричен тротинет, но затоа полесно повредени се петмина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinava-kazneti-66-vozachi-na-elektrichni-trotineti-33-uchestvuvale-vo-soobrakjajna-nesrekja-31-bile-povredeni/feed/ 0
Падна во рацете на полицијата 25 годишен тетовец – украл три електрични тротинети и велосипеди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/padna-vo-racete-na-policijata-25-godishen-tetovec-ukral-tri-elektrichni-trotineti-i-velosipedi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/padna-vo-racete-na-policijata-25-godishen-tetovec-ukral-tri-elektrichni-trotineti-i-velosipedi/#respond Fri, 07 Oct 2022 10:39:45 +0000 https://kurir.mk/?p=742362

Тетовската полиција информира дека е лишен од слобода 25-годишник од Голема Речица, осомничен за кражби на три електрични тротинети и велосипеди. -Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 19 часот и 45 минути, во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 25-годишниот А.Р. од ова село, поради сомнение дека изминатите неколку месеци извршил три кражби на електрични тротинети и велосипеди, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски. По целосно расчистување и документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/padna-vo-racete-na-policijata-25-godishen-tetovec-ukral-tri-elektrichni-trotineti-i-velosipedi/feed/ 0
Бочварски им забрани на вработените во Министерството за транспорт и врски да ги полнат електричните тротинети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-im-zabrani-na-vrabotenite-vo-ministerstvoto-za-transport-i-vrski-da-gi-polnat-elektrichnite-trotineti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-im-zabrani-na-vrabotenite-vo-ministerstvoto-za-transport-i-vrski-da-gi-polnat-elektrichnite-trotineti/#respond Mon, 05 Sep 2022 10:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=728835

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на списокот со универзалните мерки за штедење што ги донесе Владата за сите државни органи, додаде и забрана за полнење на електрични тротинети во канцеларија. На известувањето закачено на секое од нивоата на петкатната зграда на Министерството за транспорт и врски, покрај стандардните мерки, стои и: „забрането качување со лифт на веспи, велосипеди и електрични тротинети и нивно полнење во канцелариите“. Владата ги задолжи државните институции од септември, т.е. од овој месец, да трошат 15 отсто помалку струја споредено со истиот месец лани и најави санкции за раководителите на институциите ако не се спроведе ваквата мерка за штедење на електрична енергија. Мерките вклучуваат намалување на грејните тела и клима уредите, исклучување на осветлувањето на фасадите и гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-im-zabrani-na-vrabotenite-vo-ministerstvoto-za-transport-i-vrski-da-gi-polnat-elektrichnite-trotineti/feed/ 0
РСБСП: Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rsbsp-koj-kako-koga-i-kade-moze-da-upravuva-elektrichen-trotinet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rsbsp-koj-kako-koga-i-kade-moze-da-upravuva-elektrichen-trotinet/#respond Tue, 04 May 2021 09:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=505221

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите на електрични тротинети да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, заради нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Поради се почестото присуство на електрични тротинети на улиците во Скопје и во другите градови, РСБСП во соопштение информира дека ова превозно средство може да го управуваат лица над 14 години и дека е забрането движење на коловоз. Возачот на електричен тротинет е должен да го управува по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. По велосипедска патека односно лента не смее да се движи со брзина поголема од 25 километри на час, а по тротоар и пешачка патека не побрзо од шест километри на час. – Ако двајца или повеќе возачи на електричентротинет се движат во група, должни се да се движат еден зад друг. Возачот на електричен тротинет не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото, не смее да превезува други лица за време на управување со возилото и не смее да води животни. Треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилот (треба, но нема санкција), наведува РСБСП. Од првиот самрак до целосно разденување, како и во услови на намалена видливост, возачот на електричен тротинет е должен да носи рефлектирачки елек, а на тротинетот задолжително треба да има светло во бела боја на предната и светло со црвена боја на задната страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rsbsp-koj-kako-koga-i-kade-moze-da-upravuva-elektrichen-trotinet/feed/ 0
Од денеска аплицирање за субвенции за велосипеди и електрични тротинети https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-apliciranje-za-subvencii-za-velosipedi-i-elektrichni-trotineti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-apliciranje-za-subvencii-za-velosipedi-i-elektrichni-trotineti/#respond Mon, 19 Apr 2021 08:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=499142

Градот Скопје денеска ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето на овие повици ќе биде онлајн. -Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден - прв услужен“, информираат од Градот. Право на учество на овие повици имаат жителите на Град Скопје (во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), кои ќе купат нов велосипед или електричен тротинет во Република Северна Македонија од 01.01.2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавните повици. Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари за велосипеди, а 1,5 милиони денари за електрични тротинети. Согласно со предвидените финансиски средства, Градот годинава ќе додели субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети. Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 527 субвенции за граѓаните што купија електричен тротинет. На двата повика за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети граѓаните можат да се пријавуваат електронски, преку Интернет-страниците на Град Скопје и Скопје лаб, www.skopje.gov.mk и aplikacii.skopjelab.mk или директно на линковите https://aplikacii.skopjelab.mk/velosipedi/ и https://aplikacii.skopjelab.mk/trotineti/]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-apliciranje-za-subvencii-za-velosipedi-i-elektrichni-trotineti/feed/ 0
Канти за отпадоци, електрични тротинети, мотори, велосипеди откриени на дното во морето во Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kanti-za-otpadoci-elektrichni-trotineti-motori-velosipedi-otkrieni-na-dnoto-vo-moreto-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kanti-za-otpadoci-elektrichni-trotineti-motori-velosipedi-otkrieni-na-dnoto-vo-moreto-vo-solun/#respond Mon, 20 Jan 2020 14:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=292298

Велосипеди, мотори, канти за отпадоци, колички од супер маркет, како и 80 електрични тротинети се само дел од предметите откриени на дното на морето во Солун во акцијата на општината, јави дописничката на МИА од Атина. Во трета фаза за чистење на морето, дното било скенирано со подморски дрон во соработка со професорот Јоргос Минос од Меѓународниот универзитет на Грција. Сократис Димитриадис, заменик градоначалник на Солун, одговорен за животна средина за грчката телевизија „Скај“ вели дека биле навистина изненадени од тоа што било снимено со дронот. -Добивме 45 сигнали, меѓу кои од електрични тротинети, електрични велосипеди, многу колички од супермаркет, мотори, големи и помали, мотор за глисер и еден голем контејнер на општина Солун. Ќе се извлечат во следните 10-15 дена во зависност дали времето ќе го дозволи тоа. Ќе спроведеме акција со два – три чамци и нуркачи за да ги извлечеме и секако со помош на кран од копно за големите предмети, вели Димитриадис за „Скај“. Ова е третата фаза од активностите на општина Солун за чистење на морето во близина на шеталиштето. Во првите две фази беа извлечени вкупно 80 електрични тротинети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kanti-za-otpadoci-elektrichni-trotineti-motori-velosipedi-otkrieni-na-dnoto-vo-moreto-vo-solun/feed/ 0
КАЗНА ДО 250 ЕВРА: Возачите на електрични тротинети во Македонија овие нови закони мора да ги знаат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-do-250-evra-vozachite-na-elektrichni-trotineti-vo-makedonija-ovie-novi-zakoni-mora-da-gi-znaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-do-250-evra-vozachite-na-elektrichni-trotineti-vo-makedonija-ovie-novi-zakoni-mora-da-gi-znaat/#respond Tue, 29 Oct 2019 20:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=257587

Владата на седница усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласување со претходно донесениот Законот за прекршоци, со што во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните. Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот. -Казните ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни. Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства, соопшти прес-службата на Владата. Од другите измени се издвојуваат продолжувањето на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години, како и мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-do-250-evra-vozachite-na-elektrichni-trotineti-vo-makedonija-ovie-novi-zakoni-mora-da-gi-znaat/feed/ 0