електрични возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Jan 2023 11:52:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png електрични возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Норвешка воведува даноци за електричните возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-danoci-za-elektrichnite-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-danoci-za-elektrichnite-vozila/#respond Tue, 03 Jan 2023 12:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=783495

Норвешка го потврди првото место во светот по продажба на електрични автомобили во 2022 година, а Владата најави и дека ќе ги оданочува возилата, насочувајќи го вниманието на електрификација на тешките камиони. Електромобилите учествувале со 79,3 отсто од продажбата на нови возила лани, што е најмногу откако овој вид возила е пуштен во продажба, објави Норвешката федерација за патен транспорт (ОФВ). Во 2021 година нивниот удел во Норвешка бил 65 отсто, а пред 10 години само 2,9 отсто. Норвежаните најмногу ги купувале „Тесла модел Ипсилон“, „Фолксваген ИД.4“ и „Шкода енијак“. Кина е убедливо најголемиот пазар на електромобили, но Норвешка води во светот земајќи го предвид уделот на пазарот, поддржан и од владини субвенции. За да ги поттикне граѓаните да купуваат вакви возила, на пр., Владата ги укина откупните даноци. Во меѓувреме, товарот на буџетот стана поголем и ги натера властите да ја преиспитаат даночната политика. – Електромобилот е новата нормала за Норвежаните, а тоа значи дека треба да ја преиспитаме употребата на парите со коишто располага општеството. Ние сме апсолутно сигурни дека ништо не може да ја загрози иднината на електричните автомобили (во Норвешка). Владата сега мора да се сосредоточи на други транспортни сегменти, како што се тешките камиони, изјави државниот секретар во Министерството за транспорт Јохан Васара.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-danoci-za-elektrichnite-vozila/feed/ 0
„Џенерал Моторс“ инвестира две милијарди долари во стартапот за електрични возила „Никола’“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/#respond Wed, 09 Sep 2020 15:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=401201

Стартапот за електрични возила „Никола“ и „Џенерал Моторс“, синоќа најавија стратешко партнерство со инвестиција на „ЏМ“ вредна две милијарди американски долари, за производство на теренски возила на водороден погон. Акциите на двете компании на берзанските тргувања денеска пораснаа значително. Акциите на „Никола“ пораснаа за 45 отсто, а на „ЏМ“ за 11 отсто. Со оваа инвестиција, американскиот автомобилски гигант од Детроит добива 11 проценти од компанијата и едно место во бордот на директори на „Никола“. Компанијата од Аризона е стартап за електрични возила, конкурент на Тесла. Ги дизајнира пикап теренците „Баџер“. Според договорот, сериското производство на овие возила треба да започне до крајот на 2022 година. Погонот на возилата со водород е целосно електричен. За разлика од патничките автомобили Тесла, струјата за електромоторите не доаѓа од литиум-ионова батерија која треба регуларно да се полни од електромрежата, туку од водородни ќелии. Возилата со ваков погон имаат нула издувни гасови, трошат водород а нуспроизводот е вода. Полнењето на ќелиите се врши на водородни станици кои на Запад засега се многу ретки. Според договорот, „Никола“ е должна да ја користи технологијата и производството на водородни ќелии на „ЏМ“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/feed/ 0
Електричните возила се чисти само доколку користат струја од обновливи извори https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/elektrichnite-vozila-se-chisti-samo-dokolku-koristat-struja-od-obnovlivi-izvori/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/elektrichnite-vozila-se-chisti-samo-dokolku-koristat-struja-od-obnovlivi-izvori/#respond Wed, 19 Feb 2020 10:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=305929

Со сѐ поголемата популарност на електричните возила и возилата со нулта емисија на штетни гасови, равенката што ја користи Европската агенција за ефектот врз животната средина се проширува за повеќе параметри. Па така, освен моменталното загадување од издувните гасови на возилата се мери и евидентира и загадувањето што го прави едно возило во текот  на својот животен век. Анализата на Европската агенција за животна средина за тоа колку загадува едно просечно возило од средна класа во текот на својот животен век (поминати 220.000 километри) во зависност од погонското гориво, покажува дека електричните возила, генерално, се многу енергетски ефикасни во однос на оние што користат фосилни горива. Агенцијата, наведува дека во зависност од тоа како се добива струјата со која се полнат електричните возила, нивната зголемена секојдневна употреба може значително да придонесе за намалување на емисијата на јаглерод диоксид, азотни оксиди и цврсти издувни честички во градовите. За да се произведат електричните возила на батерии тие загадуваат нешто повеќе во споредба со конвенционалните возила, доколку се земе  предвид посложениот технолошки процес и влијанието на батериите врз животната средина. Нивната супериорност, во однос на конвенционалните возила, е нагласена во однос на емисијата на штетни гасови кои ги произведуваат додека се користат, односно тие што излегуваат од нивните издувни гасови, каде бензинските и дизел-возилата најголемиот дел од загадувањето во текот на својот животен век го прават додека работат. Интересно е дека дизел-возилата имаат мала предност во однос на бензинските возила, особено поради фактот дека имаат поголема енергетска ефикасност, односно трошат помалку гориво од бензинските возила. Сепак, ваквата почетна предност на електричните возила во текот на нивниот животен век значително се намалува во однос на конвенционалните возила, па дури и се влошува доколку во пресметката се стави и загадувањето што се прави при производството на погонското гориво. Така, најеколошки во текот на својот животен век се електричните возила кои користат струја добиена, единствено, од обновливи извори, но и тие загадуваат и тоа во просек околу 75 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар во текот на својот животен век. Потоа следуваат електричните возила кои користат струја добиена од мешани извори – со околу 185 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар во текот на својот животен век. Дизел-возилата емитуваат во просек 210 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар во текот на својот животен век, додека нешто повеќе, околу 280 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар, имаат бензинските возила. На крајот на скалата, најлоши со околу 305 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар во текот на својот животен век се електричните возила кои се полнат на електрична енергија целосно произведена во термоцентрали на јаглен.  МАКПЕТРОЛ ИНФО ПОИНТ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/elektrichnite-vozila-se-chisti-samo-dokolku-koristat-struja-od-obnovlivi-izvori/feed/ 0
Електричните возила сè попопуларни, дизелот станува непосакуван https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/elektrichnite-vozila-se-popopularni-dizelot-stanuva-neposakuvan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/elektrichnite-vozila-se-popopularni-dizelot-stanuva-neposakuvan/#respond Mon, 10 Feb 2020 10:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=301724

Според информациите од ACEA (Европското здружение на производителите на автомобили) барањата за електричните возила пораснале за 81% во последните три месеци од 2019 година односно продадени се 156.805 автомобили. Хибридните возила и понатаму го сочинуваат мнозинството на алтертивни возила во Европската унија и тоа е пораст за 69,2% во однос на идентичното тримесечие во 2018 година што исто така е големо поместување. Уште пред новите стандардни за емисиите на штетни гасови, електричните автомобили стануваа сè попопуларни и попопуларни што доволно зборува за тоа што народот сака да вози, а како главна причина за дотогашната слаба продажба се наведува недостатокот на избор од страна на произведувачите. Покрај сите овие бројки се наведува дека се продадени 3,7% помалку дизел возила во Европската унија, но и дека се регистрирани 29,5% помалку дизел автомобили. Франција, Германија, Романија, Шведска, Унгарија, Белгија и Словенија имале нешто позначаен број на купени дизел автомобили, но и понатаму судејќи според пазарот во Европската унија најзастапени се бензин верзиите.     Извор: 24auto.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/elektrichnite-vozila-se-popopularni-dizelot-stanuva-neposakuvan/feed/ 0
Се очекува 2019-та да биде година на електрични возила на македонскиот пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-2019-ta-da-bide-godina-na-elektrichni-vozila-na-makedonskiot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-2019-ta-da-bide-godina-na-elektrichni-vozila-na-makedonskiot-pazar/#respond Mon, 11 Feb 2019 07:43:56 +0000 https://kurir.mk/?p=162471

Субвенции, станици за полнење и најави за нови модели на електричните возила. Според најавите, 2019 треба да биде година на возила со 0 емисија на штетни гасови на македонските улици. Сепак, ваквиот „зелен“ бран се уште е само во најава на македонскиот пазар на возила. Истражувањето на МИА, ви го пренесуваме во продолжение:  На електричните возила се гледа како на едно од решенијата за проблемот со загадениот воздух и мерките со кои се поттикнува нивното користење. Тие се дел од сите краткорочни и долгорочни планови за намалување на аерозагадувањето во градовите. За 2019 година предвидени 2,7 милиони евра субвенции Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, во ноември минатата година најави субвенции за електрични и хибридни возила. Со Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за возила се предвидуваат Програми за субвенционирање на дел од трошоците за купување на возила на електричен погон, за вградување на уреди за погон на ТНГ или друг вид на алтернативно гориво и за купување на ново возило со одјавување на старото возило согласно член 41 став (1) од овој закон, каде што е предвидено со заклучоци на Владата субвенционирањето да биде од Буџетот на Владата на Република Македонија. Со програмите за субвенционирање  предвидени се финансиски средства во износ од 170.000.000 денари во 2019 година,  245.000.000 денари во 2020 година и 320.000.000 денари во 2021 година. Предвидени се субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила. Иако годинава за субвенции се предвидени околу 2,7 милиони евра, од Министерството за економија, преку кое треба да се врши субвенционирањето, информираат дека Законот за возила е се уште во Собрание и моментално немаат подетални информации за најавените субвенции за електрични и хибридни возила. Електрични возила – автономија на движење од 100 до 300 километри На македонскиот пазар може да се купат електрични возила од неколку различни производител, но повеќето немаат официјален ценовник за моделите. Првиот македонски електричен автомобил ЗАС Г20 беше претставен минатата недела од тимот на „ББ Класик Карс. Според производителот возилото има нулта емисија на јаглероден диоксид, досег со едно полнење до 150 километри во реални услови на возење, како и максимална брзина до 130 километри на час. Времето на полнење изнесува три часа на домашен мрежен приклучок, исто толку и на јавен наизменичен приклучок, а на јавен брз еднонасочен полнач доволни се 15 минути. Цената на основниот модел е околу 20 илјади евра и времето на испорака е два месеци. Првото електрично возило на македонскиот пазар официјално го претстави Мак Аутостар во 2015 година и тоа е моделот на Митцубиши и-МИЕВ. Според техничките спецификации опсегот на движење на возилото е 160 километри. За целосно полнење на батеријата се потребни шест часа, а доколку се полни во текот на ноќта за 100 километри тоа чини 35 денари. На прашање за цените и моделите од Мак Аутостар не информираа дека поради технички причини Митцубиши Моторс во наредните неколку месеци не испорачува електрични возила во Македонија, но најавуваат дека се во подготовки и повеќе информации ќе имаат во вториот дел на годинава. На македонскиот пазар Порше Македонија ги нуди електричните модели на Фолксваген „е-ап!“ и „е-голф“, но најавуваат дека тоа во иднина ќе се прошири. – Цените во моментот, без најавените субвенции, се движат околу 25.000 евра за „е-ап!“ и околу 37.500 евра за „е-голф“ со високо ниво на опрема споредено со стандардните нивоа. Менувачот е исклучиво автоматски со еден степен на пренос. Моќноста е 60 KW кај „е-ап!“ 100 KW кај „е-голф“. Досегот со едно полнење, во зависност од условите на употреба се движи од 120 до 160 километри кај „е-ап!“ и од 200 до 300 километри кај „е-голф“, информираат од „Порше Македонија“. Двата модели можат да се полнат на три начини: на обичен домашен монофазен приклучок, на јавен полнач со наизменична струја и на јавен брз полнач со еднонасочна. Во зависност од начинот на полнење, времето на полнење од целосно празна до целосно полна батерија изнесува редоследно девет часа/ шест часа/30 минути кај „е-ап!“ и 17 часа/ пет часа и 30 минути/45 минути кај „е-голф“. Интересот на купувачите, велат од „Порше Македонија“, е ограничен и мал, пред се заради перцепцијата за цената и за начинот на употреба на електричните возила. – Општо, електричните возила се сметаат за прескапи, но никој не ги зема предвид вкупните трошоци на експлоатација во подолг период. Понатаму, употребата на електричните возила се смета за комплицирана, заради во моментот недоволно развиената мрежа за полнење, што делумно, но не и сосема е точно. Во секој случај, со даденото расположение такво какво што е, ние до сега имаме доставено 60-тина понуди за електрични и хибридни возила и од нив имаме успешно реализирани 28, информираат од „Порше Македонија“. Компанијата „Хамачи Македонија“ изминатите две-три години на македонскиот пазар нуди електрични возила од кинескиот производител „Џонвеј“. Моментално во својата понуда имаат три вида на електрични автомобили, меѓу кои и моделот „Урбии 2“ во изведба со две и четири седишта. Цената на „Урбии 2“ е 325.950 денари или околу 5.300 евра. Возилото има моќност од четири киловати и максимална брзина од 45 километри на час. Со тежина од 650  килограми и батерија со капацитет од 120 ампер часа во нормални услови на користење може да помине околу 100 километри, според податоците од производителот. Според Горан Арсов, маркетинг менаџер на Хамачи Македонија, интересот кај купувачите е доста голем, а главни причини за тоа се економичноста на возилата  кои се лесни за одржување бидејќи немаат филтри, масло, каиши и слични потрошни делови кои се менуваат кај возилата со мотор со внатрешно согорување и не ја загадуваат животната средина. Градот Скопје е првата локална самоуправа во Република Македонија што набави патнички автомобил на електричен погон (електромобил) за потребите на градската администрација, додека општина минатата недела Штип доби електричен автомобил донација од компанијата „Хамачи“. Инфраструктура за електрични возила Зголемувањето на бројот на електрични возила на улиците, неопходно е да биде проследен со зголемување на бројот на станици за полнење на ваквите возила. Најголем хендикеп на електричните возила е малиот радиус на движење, а единствен начин за надминување на овој проблем е добро распространета и достапна мрежа на станици за брзо полнење на возилата низ државата. ЕВН во соработка со општините веќе започна иницијатива „Електромобилност со ЕВН“ со цел развој на инфраструктура за полнење неопходна за поголемо користење на електрични возила во секојдневниот живот. Покрај полнењето во своите домови, за да можат да патуваат на поголеми дистанци, на сопствениците на електрични возила им се потребни и полначи достапни на јавни површини. Полначите е неопходно да се поставени во правецот на движење на возачите и на дистанци до 100 километри еден од друг. Полначи за електрични возила веќе неколку години има во двете катни гаражи „Тодор Александров“ и „Македонска фаланга“, пред бараките на градот Скопје, како и на паркингот пред зоолошката градина. Од ЕВН информираат дека се поставени над 40 станици за полнење електрични возила на централни јавни локации во 17 града во Македонија. Заинтересираните сопственици на електрични возила за да ги користат полначите најпрво треба да се пријават за електронска картичка, додека користењето на електричните полначите во период од една година, како што најавуата од ЕВН, е бесплатно за сите корисници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-2019-ta-da-bide-godina-na-elektrichni-vozila-na-makedonskiot-pazar/feed/ 0