електродистрибуција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Nov 2022 07:52:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png електродистрибуција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Електродистрибуција ќе врши увид во поднесените барања за промена на корисник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektrodistribucija-kje-vrshi-uvid-vo-podnesenite-baranja-za-promena-na-korisnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektrodistribucija-kje-vrshi-uvid-vo-podnesenite-baranja-za-promena-na-korisnik/#respond Sat, 19 Nov 2022 07:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=763239

Операторот на електродистрибутивниот систем – Електродистрибуција во наредниот период ќе врши увид во поднесените барања за промена на корисник, односно миграцијата од слободен на регулиран пазар на електрична енергија на компаниите и институциите, најавија вчера од Регулаторната комисија за енергетика  и водни услуги (РКЕ). -РКЕ  уште на почеток на годината беше прва институција која го детектираше манипулативното однесување на дел од компаниите кои од слободен се префрлаа на регулиран пазар на електрична енергија и за тоа навремено ги извести надлежните институции кои водат соодветни постапки. Согласно со донесената Одлука на Владата, увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибудивниот систем, што е различно од ЕВН хоум, укажа вчера РКЕ. Оттаму истакнаа дека следниот месец ќе влезе во процес на детално анализирање и сегментација на работата на енергетските компании откако тие ќе ги достават барањата по што ќе се утврдуваат тарифите кои ќе бидат во сила од 1 јануари, а се однесуваат на електричната енергија. -Станува збор за сензибилен период во кој многу т.н. авторитети ќе се чувствуваат подготвени да ги коментираат енергетските случувања. РКЕ ќе продолжи транспарентно, како и до сега да ги информира граѓаните со цел да се амортизираат сите шпекулации и лиферувања за цената на електричната енергија, велат од РКЕ. Вчера и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека РКЕ и компанијата која ја испорачува електричната енергија – ЕВН хоум треба да се занимаваат со фирмите кои недозволено се префрлиле од отворен на регулиран пазар. –Има кој да ја обелодени листата на оние кои неправилно се префрлиле од отворен на регулиран пазар на електрична енергија и се ќе се случи во свое време. Ги повикавме сите надлежни органи да постапат како што треба по закон. Ако некој направил нешто што не е законски, се знае каде е одговорот. За жал, често се бараат одговори од мене лично и од извршната власт, но треба еднаш за секогаш да сфатиме дека извршната власт е поделена со другите власти и секој треба да го прави тоа што му е обврска и надлежност по закон, рече вчера Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Балканскиот економски форум во Скопје. Училиштата и градинките, како што додаде, ќе останат на регулираниот пазар на електрична енергија се додека за тоа има одлука на Влада. -Не сакаме да загрозиме ни една услуга кон граѓаните. Здравствените услуги и образовниот процес не може и не треба да запрат заради тоа што имаме неспособни институции, во случајов единиците на локалната самоуправа, кои не можат да им овозможат соодветно да ги испорачаат нивните услуги, особено кај образованието. Рековме одлуката е до крај на април идната година да бидат на регулираниот пазар со одредени фиксни цени на електричната енергија, а после тоа треба да се вратат на слободен пазар доколку состојбите се подобрат, нагласи Битиќи. Најави дека во март идната година, Владата ќе одлучи што ќе се прави после април, бидејќи, како што кажа, одредена извесност за тоа што ќе се случува има само до април. Според премиерот Димитар Ковачевски, пак, фактот што сите информации се достапни за граѓаните на дневно ниво, бидејќи Владата на дневно ниво го објавува производството на електрична енергија и како функционираат сите производствени капацитети, покажува дека тие не треба да бидат загрижени. -Граѓаните не треба да се грижат. Како што беше во целата измината година, така е и сега. Финансиски средства се обезбедени за набавка  на струја која недостасува во овие денови, рече вчера Ковачевски. Порача дека има денови кога се прави увоз на електрична енергија со цел да се задоволат потребите на регулираниот пазар што е обврска на ЕСМ. Тоа, како што рече, е поради малиот дефект на еден од блоковите во РЕК Битола. -Во РЕК Битола имаше протекување на една цевка од еден од блоковите, но вработените работат на негова санација, истакна вчера Ковачевски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје. Како предност го оцени фактот што во изминатите осум недели не биле потрошени средствата  планирани за увоз на струја, бидејќи ЕСМ успеала да произведе поголема количина од онаа што била потребна. Нагласи дека во ТЕЦ Неготино се прави редовен ремонт на генераторот, но како што посочи, и поради високата цена на мазутот оваа електрана би произведувала струја со поскапа цена отколку што во моментов е на берзите. -Стручните екипи на ЕСМ, вклучително и сите експертски тимови кои ги има во државава и универзитетски професори се на терен и работат на ставање во потполна функција на сите капацитети во државата, рече Ковачевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektrodistribucija-kje-vrshi-uvid-vo-podnesenite-baranja-za-promena-na-korisnik/feed/ 0
Отворени нови приемни канцеларии за корисниците на Електродистрибуција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-novi-priemni-kancelarii-za-korisnicite-na-elektrodistribucija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-novi-priemni-kancelarii-za-korisnicite-na-elektrodistribucija/#respond Tue, 01 Nov 2022 11:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=753858

Електродистрибуција отвори нова приемна канцеларија за корисниците во Радовиш, а постоечката во Крива Паланка е обновена и преместена на нова локација. Новите две приемни канцеларии од денес се ставени во функција на опслужување на корисниците. Освен постоечките услуги во приемните канцеларии на Електродистрибуција, како новитет воведени се картичките за пријавување на состојби од броило кои по пополнување се ставаат во посебна кутија наменета за истите. Со ова, за корисниците креирани се услови за да го избегнат чекањето во ред, а воедно се отстранува и потребата од лично физичко присуство на барателот, како дополнителна можност покрај онлајн пријавата. Исто така, воведена е услуга за одложено примање на документи, што подразбира дека доколку на барателот му недостасува одреден документ при покренување на одредено барање, може да ја докомплетира документацијата во рок од три дена без да чека во ред. На денешното отворање на приемната канцеларија на Електродистрибуција во Радовиш, присутни беа претставници од компанијата како и претставници на општина Радовиш. Раководителот на Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Струмица, Јорданчо Костовски изјави: „Секогаш се стремиме за најдоброто на нашите корисници и овозможуваме бројни квалитетни услуги за сите граѓани. Како општествено одговорна компанија, услугите во нашите приемни канцеларии ги адаптираме според потребите на корисниците бидејќи тие ни се приоритет во сите оперативни или стратешки планови.“. Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов изрази благодарност до компанијата за отворањето на приемната канцеларија и посака успех во работењето. ЕВН Македонија за да им излезе во пресрет на сите целни групи, во континуитет креира електронски и услуги за граѓаните на лице место. Компанијата сега вкупно има 23 приемни канцеларии ширум земјата со цел опслужување на корисниците за сите барања поврзани со компаниската дејност. Објектот во Радовиш се наоѓа на ул.15-ти Корпус бр.23, a во Крива Паланка приемната канцеларија е релоцирана на ул. Свети Јоаким Осоговски бр.106. Приемните канцеларии во Крива Паланка и Радовиш ќе работат во вторник и четврток. Во Крива Паланка работното време ќе трае од 07 до 15 часот, а во Радовиш од 09 до 13:30 часот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-novi-priemni-kancelarii-za-korisnicite-na-elektrodistribucija/feed/ 0
Електродистрибуција ќе има обврска најмалку еднаш на три месеци да ги чита струјомерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektrodistribucija-kje-ima-obvrska-najmalku-ednash-na-tri-meseci-da-gi-chita-strujomerite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektrodistribucija-kje-ima-obvrska-najmalku-ednash-na-tri-meseci-da-gi-chita-strujomerite/#respond Tue, 14 Jun 2022 11:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=690673

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ќе предложи измени на правилата за снабдување со електрична енергија со кои Електродистрибуција ќе биде обврзана најмалку квартално, односно еднаш на три месеци да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија наместо еднаш годишно, како што е сега. Ова е договорено на денешната средба меѓу претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и народниот правобранител, Насер Зибери што се одржа во просториите на Народниот правобранител на барање на омбудсманот. – Повод за денешната средба е нашата иницијатива за начинот на отчитување на мерните единици кои беа причина за голем број на претставки изминатата година, а кои Народниот правобранител ги констатираше дека граѓаните се жалат на паушално фактурирани сметки за потрошена електрична енергија и неможноста истите да се плаќаат. Затоа покренавме иницијатива да ја видиме регулативата како тоа прашање е уредено и дали во таа насока може да се подобри состојбата за да може на граѓаните да им се олесни товарот кој им доаѓа како резултат на плаќање на сметките за потрошена струја, изјави Зибери по средбата. Тој нагласи дека за оваа тема се одржаа две средби со РКЕ на кои, како што кажа, им било укажано дека операторот е должен најмалку еднаш годишно да ги отчитува струјомерите за што сметаат дека често пати претставува товар кој особено се појави како проблем при крајот на 2021 година кога дојде до зголемување на цената на електричната енергија. До омбудсманот во тој период пристигнале околу 90 поплаки. За тоа имало и реакции од здруженијата на граѓани кои се занимаваат со заштита на правата на потрошувачите, а и РКЕ упатила апел до граѓаните да поднесуваат приговори за сметките што ги добиле во тој период. – Во разговорите со РКЕ дојдовме до заеднички став дека правилата треба да претрпат промени во овој дел и да стане обврска операторот да ги отчитува броилата најмалку квартално што значи четирипати во годината, а по потреба и почесто. Сметаме дека тоа ќе придонесе граѓаните да не добиваат постојано фактурирани сметки без увид во реалната состојба на струјомерите и реалната потрошена електрична енергија, потенцира Зибери. Бислимоски денешниот настан го оцени како одличен пример на соработка на две независни институции за олеснување на проблемите на граѓаните. – РКЕ пристапи кон измена на правилата за снабдување со електрична енергија со што операторот на дистрибутивниот систем – Електродистрибуција најмалку четири пати во текот на годината да ги отчитува броилата со дополнителна препорака особено редовно тоа да го прави во текот на зимските месеци кога имаме и најголем број на поплаки пред се поради тоа што граѓаните ја користат електричната енергија за загревање. Во таа насока се и останатите измени кои ги правиме на тарифниот систем со воведувањето на блоковите кои предвидуваат блоковите да не бидат фиксни, туку да зависат од бројот на денови на отчитување на броилата, прецизира Бислимоски и додаде дека граѓаните од тој аспект ќе бидат безбедни. Најави дека ќе се разгледа и можноста да им се олесни плаќањето на граѓаните на сметките за струја за да имаат рамномерни трошоци во текот на целата година преку тоа што ќе им дадат можност вкупно потрошената струја за една година да ја плаќаат на 12 еднакви рати, односно по иста сума месечно наместо да имаат пикови во текот на зимската сезона кога висината на сметките е најголема. – Врз основа на трошоци кои биле во претходната година доколку сакаат граѓаните за следната година трошокот од претходната ќе може да им се подели на подеднакви 12 месечни рати. Тоа е со една единствена цел да има рамномерен и предвидлив трошок во текот на целата година, истакна Бислимоски и посочи дека за тоа ќе биде отворена дебата и ќе има состаноци со Електродистрибуција за да нема пикови кога граѓаните се греат на струја, а во летните месеци да доаѓаат ниски сметки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektrodistribucija-kje-ima-obvrska-najmalku-ednash-na-tri-meseci-da-gi-chita-strujomerite/feed/ 0
Вработените во грчката електродистрибуција го прекинаа штрајкот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-vo-grchkata-elektrodistribucija-go-prekinaa-shtrajkot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-vo-grchkata-elektrodistribucija-go-prekinaa-shtrajkot/#respond Thu, 26 Apr 2018 05:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=46213

Вработените во грчката Национална електро-компанија (ДЕИ) доцна синоќа соопштија дека ги прекинуваат 48-часовните штрајкови што ги почнаа оваа недела, откако Парламентот одобри закон со кој ДЕИ од идниот месец може да почне да ги продава електроцентрали. Синдикатот на вработените ГЕНОП-ДЕИ, издаде пишана изјава во која ги критикуваше пратениците на владината коалиција и истакна дека „секогаш ќе бидат одговорни за ограбувањето на ДЕИ“. - Што се однесува до Владата, не треба да се фали. Можеби ја доби битката во Парламентот, но ќе ја изгуби војната во општеството, се наведува во изјавата. За време на дебатата во Парламентот, стотици работници од ДЕИ протестираа пред Парламентот против приватизацијата на електроцентралите што е едно од барањата на меѓународните кредитори на Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrabotenite-vo-grchkata-elektrodistribucija-go-prekinaa-shtrajkot/feed/ 0