електронски идентитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 16:38:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png електронски идентитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грковска: Дефинирани се наредните чекори за воспоставување електронски идентитет за секој граѓанин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-definirani-se-narednite-chekori-za-vospostavuvane-elektronski-identitet-za-sekoj-graganin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-definirani-se-narednite-chekori-za-vospostavuvane-elektronski-identitet-za-sekoj-graganin/#respond Wed, 25 Jan 2023 16:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=791859

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше работен состанок со естонскиот експерт Раул Каидро и претставници од Министерството за внатрешни работи, на кој беа анализирани натамошните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин врз основа на Планот за воспоставување на национален електронски идентитет, што беше усвоен на вчерашната владина седница. Како што се посочува во соопштението од владината прес-служба, на состанокот, на кој присуствуваа и претставници од амбасадата на САД во земјава, како поддржувачи на целиот процес, експертот Каидро го презентирал концептот во кој се дефинирани сите натамошни чекори, како и структурата што треба да биде воспоставена за да се воведе електронски идентитет, предуслов за процесот на дигитална трансформација на општеството. Вицепремиерката Грковска оценила дека станува збор за комплексен процес, но дека сите надлежни институции мора целосно да се посветат на планот за реализација на оваа активност, бидејќи преку дигитална трансформација може да се унапреди ефикасноста на институциите во интерес на граѓаните. Процесот на дигитална трансформација на општеството, како и воспоставувањето на електронски идентитет, Република Северна Македонија го реализира преку естонскиот Центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување, со поддршка на амбасадата на САД во земјава.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-definirani-se-narednite-chekori-za-vospostavuvane-elektronski-identitet-za-sekoj-graganin/feed/ 0
Македонските граѓани ќе добијат електронски идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-ke-dobijat-elektronski-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-ke-dobijat-elektronski-identitet/#respond Tue, 24 Jan 2023 16:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=791307

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување План за воспоставување Национален електронски идентитет за секој граѓанин и го разгледа и прифати Планот, заедно со План за реализација. Целта, информираат од Владата, е доделување електронски идентитет на граѓаните на Македонија. Според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, ова треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата така и надвор од неа (земјите од Западен Балкан и Европската Унија).

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-ke-dobijat-elektronski-identitet/feed/ 0