ЕЛЕМ ТУРС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 10:23:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕЛЕМ ТУРС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните алармираат: Пукната е челичната сајла на жичницата од Тетово до Попова Шапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-alarmiraat-puknata-e-chelichnata-sajla-na-zhichnitsata-od-tetovo-do-popova-shapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-alarmiraat-puknata-e-chelichnata-sajla-na-zhichnitsata-od-tetovo-do-popova-shapka/#respond Thu, 17 Aug 2023 10:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=867819

Сајлата од жичницата Тетово - Попова Шапка на неколку места е распукана или пак се повеќе се спушта до земјата блиску до патиштата, објекти и шумата. Граѓаните кои ја забележале оваа појава алармираат дека поради ваквата состојба на ова километарско челично јаже може да предизвика некој опасност по луѓето, но и по објектите. - Сајлата е оштетена и постои опасност да се искине. Бидејќи сајлата е затегната, мора да помислиме на тоа како би изгледало, како на пример доколку нешто како затегнат ластик, кој доколку се искине знаеме што се случува. Би можел да додадам дека е изградена помеѓу периодот 1962 до 1965 година. Стара е веќе над 60 години. Тоа е челична сајла, обложена е со тие челични влакна што се околу нејзе и „кошулицата“ е оштетена. Така покрај жичарава каде што се поставени столбовите во моментот има две села и објекти каде што се близу жичарницата и останува само прашање што се може да се случи доколку сајлата се искине, изјави Надир Мурсели, алпинист со големо искуство и во спасувачки операции на планина. На неколку места сајлата е толку спуштена што е прашање на време кога некое повисоко возило како автобус или камион би го допреле ова челично јаже. - Другите недостатоци се дека таа на повеќе места се спушта и како што можевте да видите на тоа се повеќе места од патот што води кон Тетово-Попова Шапка. И тоа е еден проблем доколку се спушти скроз сајлата до патот, нема да можат коли да поминуваат како и да се стигне до селата. Големите возила доколку не постои внимателност дека постои таква опасност како што се камиони, автобуси може да биде опасно, потенцира Мурсели. Во управата на ЕЛЕМ Турс која раководи со ски-центарот Попова Шапка велат дека жичарницата е во нивна надлежност и се во тек со состојбата. - Од страна на техничко одговорно лице се олабавува сајлата одвреме на време за да не се скине сајлата па да направи посериозни проблеми. Реално тоа треба да се отстрани целосно од столбовите. Наша надлежност е да се тргне. Ќе видиме, имаме во план, работиме на тоа да направиме некоја постапка за да ја отстраниме целосно сајлата. Баравме да се направи увид од техничка инспекција за да имаме насоки и ќе исконтактираме со инженерите од Машински факултет коишто ни прават испитувања и за другите жичарници. Да ни дадат конкретно некоја насока што да преземеме за да можеме да ја отстраниме. Тоа е стара и огромна сајла и треба да се преземат чекори поради безбедност за да може да се отстранат. Не можам да кажам конкретно време но имаме сознание за тоа, преземаме чекори што се во наша надлежност, изјави Адем Авзиу, управител на ЕЛЕМ Турс. Жичницата Тетово-Попова Шапка е со должина од околу 6,5 километри. Возењето во т.н. воздушни гондоли за четири лица траеше 40 минути, со капацитет од 400 луѓе на час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-alarmiraat-puknata-e-chelichnata-sajla-na-zhichnitsata-od-tetovo-do-popova-shapka/feed/ 0
Стоилковски: ЕЛЕМ не одговара дали по стечајот на ЕЛЕМ ТУРС со новата фирма не директорува шоферот и другар на Васко Ковачевски? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-elem-ne-odgovara-dali-po-stechajot-na-elem-turs-so-novata-firma-ne-direktoruva-shoferot-i-drugar-na-vasko-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-elem-ne-odgovara-dali-po-stechajot-na-elem-turs-so-novata-firma-ne-direktoruva-shoferot-i-drugar-na-vasko-kovachevski/#respond Sat, 15 Apr 2023 09:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=824199

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одгворарајќи на новинарско прашање по денешната пресконференција прашува дали ЕЛЕМ или сега ЕСМ фатени во зафати по теркот на мрачната приватизација, не одговараат дали на вработените 200 лица им е прекинато вработувањето на неопределено време и дали им се дадени договори за времено вработување по теркот „земи или остави“? Стоилковски исто така, потенцира дека тие не одговорија за долгот на ЕЛЕМ ТУРС кон 100-тина доверители? - И можеби најинтересно, од ЕЛЕМ или сега ЕСМ не одговорија дали од стечајот на ЕЛЕМ ТУРС не создадоа две нови фирми со иста дејност, едната водена од кадар на ДУИ а втората е доделена на СДС со директор личниот другар и шофер на Васко Ковачевски, до вчера, генерален директор на ЕЛЕМ? – вели тој. Стоилковски нагласи дека без овие конкретни одговори, ДУИ и СДС потврдуваат дека ЕЛЕМ ТУРС е уште една жртва на мрачната приватизација и обид туристичките капацитети на Попова Шапка, Маврово, во Дојран, Струга и Охрид, да завршат во партиски раце, потврдуваат раскрчмување на државниот имот од последната државна компанија, на штета на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-elem-ne-odgovara-dali-po-stechajot-na-elem-turs-so-novata-firma-ne-direktoruva-shoferot-i-drugar-na-vasko-kovachevski/feed/ 0