елементарна непогода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jun 2023 17:10:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png елементарна непогода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српската Влада донесе Одлука за прогласување елементарни непогоди во 56 градови и општини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-odluka-za-proglasuvane-elementarni-nepogodi-vo-56-gradovi-i-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-odluka-za-proglasuvane-elementarni-nepogodi-vo-56-gradovi-i-opshtini/#respond Mon, 19 Jun 2023 17:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=847524

Владата на Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за прогласување елементарна непогода во 56 градови и општини во државата. На седницата на Владата беше донесен заклучок за формирање Работна група за координација на активностите за санирање на последиците од поплавите и подготовка на државна помош и програми за обнова по поплавите што ја погодија Република Србија. Работната група ќе има секојдневни состаноци на кои ќе биде разгледан актуелниот пресек на состојбите во загрозените подрачја ќе бидат претставени. Владата на Република Србија во најкраток можен рок ќе ги евидентира настанатите штети во сите единици на локалната самоуправа во Србија и ќе изготви план за санирање на штетите, се вели во соопштението од владината седница. Поројните дождови и излеаните порои и другите водотеци предизвикаа штети на регионалната и локалната инфраструктура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-odluka-za-proglasuvane-elementarni-nepogodi-vo-56-gradovi-i-opshtini/feed/ 0
Оризопроизводителите бараат да се прогласи елементарна непогода поради обилните врнежи и прекинатата жетва https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-baraat-da-se-proglasi-elementarna-nepogoda-poradi-obilnite-vrnezi-i-prekinatata-zetva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-baraat-da-se-proglasi-elementarna-nepogoda-poradi-obilnite-vrnezi-i-prekinatata-zetva/#respond Fri, 15 Oct 2021 09:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=579503

Производителите на ориз од кочанскиот регион бараат од Владата да прогласи елементарна непогода поради обилните врнежи од дожд и неповолните услови за жетва, поради што собирањето на овогодишната реколта целосно е прекинато. На денешната прес-конференција на Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството беше нагласено дека земјоделците се загрижени што високото ниво на вода во нивите и влажноста на зрното не дозволуваат комбајните и механизацијата да се активираат, па нема да успеат навреме да ги ожнеат засеаните површини со ориз. -Со оглед на актуелните временски услови собирањето на оризот ќе оди многу тешко, не очекуваме ниту 50 отсто од површините да бидат ожнеани. Ние немаме таква механизација што може да го извлече оризот од оваа кал. Нека формираат комисија за да направи контрола во полињата, за да видат со што се соочуваме. Мислам дека имаме квалитет на зрното и тоа ќе даде добар рандман, неодамна лупев арпа и добив 58 отсто бел ориз, но родот ќе остане на нивите. Не е вистина дека годинава реколтата ќе биде со слаб квалитет, тоа го велат само откупувачите и преработувачите оти така им одговара, истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево. Земјоделците рекоа дека не се задоволни ниту од финансиската поддршка што од Министерството за земјоделство им беше понудена на неодамнешната средба со ресорниот министер. – По средбата со министерот Хоџа заклучивме дека тие не можат да ни понудат помош за цената што ние ја бараме, со оглед што производните трошоци во моментот изнесуваат 23 денари за килограм арпа, а со вртоглавото покачување на цените на препаратите и вештачките ѓубрива ние веќе сме во загуба и со таа цена. Мерката што ни ја понуди ја имавме пред неколку години и со неа бевме уништени, со оглед што тогаш арпата се откупуваше по 24 денари, а по дадената субвенција од пет денари по килограм, откупувачите веднаш ја симнаа откупната цена на 18 денари. Оттогаш оркупната цена никогаш не се покачи и сега сме во чиста загуба, истакна Тони Максимов од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството. Од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството додадоа дека меѓу причините поради кои доцни овогодишната жетва на оризот е и задоцнетата сеидба затоа што водостопанското претпријатие не ја пуштило навреме водата во нивите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-baraat-da-se-proglasi-elementarna-nepogoda-poradi-obilnite-vrnezi-i-prekinatata-zetva/feed/ 0