елена божиновска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Jan 2018 10:08:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png елена божиновска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинителството побара поблага мерка за Елена Божиновска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-poblaga-merka-za-elena-bozinovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-poblaga-merka-za-elena-bozinovska/#respond Fri, 26 Jan 2018 10:08:47 +0000 http://kurir.mk/?p=15215

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара поблага мерка и за вработената во собраниските служби Елена Доцевска Божиновска. Оттаму поднеле барање до Освновниот суд Скопје 1 мерката притвор за Доцевска да биде заменета со мерка куќен притвор. Претходно Обвинителството побара од куќен притвор да биде ослободена и пратеничката Жаклина Пешевска и да се замени мерката притвор со куќен притвор за оперскиот пејач Игор Дурловски. За другите осомничени за „Крвавиот четврток“ обвинителството бара продолжување на веќе изречените мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-poblaga-merka-za-elena-bozinovska/feed/ 0
Божиновски: Нека ни земат СЕ, но Елена нека ја пуштат дома за да биде со своите деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-neka-ni-zemat-se-no-elena-neka-ja-pushtat-doma-za-da-bide-so-svoite-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-neka-ni-zemat-se-no-elena-neka-ja-pushtat-doma-za-da-bide-so-svoite-deca/#respond Thu, 04 Jan 2018 15:23:39 +0000 http://kurir.mk/?p=6552

Елена е голем верник. Значи она не сакаше Божиќниот пост да го прекине и во Шутка. Третиот, четвртиот ден кога прв пат имавме комуникација преку адвокатите, кога излезе адвокатот првото нешто што ми го кажа беше: Кажи му на Игор да не се лути, ама јас постот и овде не го прекинувам. Првиот пат кога се видовме, јас имав една семејна трагедија во 2004 година и ми кажа се сеќаваш ли тогаш како ти кажав најтешките битки Господ им ги дава на најсилните борци. Изгледа дојде мојата борба, пренесува Игор Божиновски, сопругот на приведената Елена Божиновска за настаните од 27-ми април, во гостување на телевизија НОВА во емисијата „Отворено студио“ Божиновски, додаде дека во судот доставиле докази и материјали за состојбата во која се наоѓала неговата сопруга и за состојбата во која се наоѓа целото семејство. Тој додаде дека не сака медиумски да ја експонира моментална ситуација во која се наоѓаат нивните две малолетни деца и состојбата на нејзината мајка која боледува од Паркинсова болест која за жал после притворањето на Елена болеста била во се понапредна фаза. Нејзиниот татко за да се промени мерката притвор, целокупниот свој имот го достави преку писмена нотарска гаранција со приложена документација од овластен проценител. -Еве земете се, само пуштете ја дома да биде со децата, кажа Божиновски. Тој изјави дека условите во кои се наоѓа неговата сопруга и сите приведени лица се многу лоши. Божиновски рече дека е оптимист и дека се надева дека ќе надвладее човечкиот разум и ќе победи човечноста, а на овој случај ќе се изгради Македонија како правна држава и почне да функционира како правна држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-neka-ni-zemat-se-no-elena-neka-ja-pushtat-doma-za-da-bide-so-svoite-deca/feed/ 0
Божиновски: Притворената Елена на 27-ми април била во блажена состојба каде што подоцна го губи бебето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-pritvorenata-elena-na-27-mi-april-bila-vo-blazena-sostojba-kade-shto-podocna-go-gubi-bebeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-pritvorenata-elena-na-27-mi-april-bila-vo-blazena-sostojba-kade-shto-podocna-go-gubi-bebeto/#respond Thu, 04 Jan 2018 11:43:00 +0000 http://kurir.mk/?p=6387

Сопругот на притворената Елена Божиновска од Куманово, обвинета за настаните од 27 април кои се случија во Собранието, беше гостин во емисијата „Отворено студио“. Нејзиниот сопруг Игор Божиновски откри трогателна приказна за Елена, дека била во блажена состојба, а подоцна го загубила бебето. Таа е мајка на две малолетни дечиња кои останаа без нивната мајка за време на новогодишните празници. -На почетокот се мислевме дали да се објавува дали да не се објавува меѓутоа луѓето треба да знаат дека на тој 27-ми, Елена беше во блажена состојба. Поради претрпениот стрес и она што се случи тој ден во Собранието на Република Македонија тоа за жал не дочека да биде родено, рече Божиновски. Елена е обвинета за терористичко загрозување на уставниот поредок. Божиновски е во неверување дека неговата сопруга, скромна и пред се мајка на две деца да биде обвинета за едно такво тешко дело. -Да не е тажно би било смешно. Да се товари мајка на 2 малолетни деца за терористичко загрозување е парадокс, нестварен податок што сеуште не можам да го помислам, а не да размислувам на таа тема, истакна Божиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-pritvorenata-elena-na-27-mi-april-bila-vo-blazena-sostojba-kade-shto-podocna-go-gubi-bebeto/feed/ 0
Елена штрајкува со глад, ѝ се придружиле сите притворенички од Шутка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elena-shtrajkuva-so-glad-se-pridruzile-site-pritvorenichki-od-shutka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elena-shtrajkuva-so-glad-se-pridruzile-site-pritvorenichki-od-shutka/#respond Fri, 29 Dec 2017 09:13:54 +0000 http://kurir.mk/?p=3892

Елена Божиновска, која е во притвор за настаните во Собранието на 27 април, започна штрајк со глад. Елена од денеска стапи во штрајк со глад! Во знак на солидарност со Елена, сите притворенички во Затворот “Шутка” се приклучија на штрајкот со глад, а оние што примаат медицинска терапија нема да ја земаат понатаму! Бараат слобода за Елена, да се врати дома кај децата! Граѓаните реагираат на социјалните мрежи за делото за кое е осомничена, бараат слобода за Елена Божиновска. Божиновска, која е мајка на две деца на возраст од 2 и 1 година, а го загуби трето кое беше на пат поради приведувањето и одредената мерка притвор како дел од осомничените за случувањата на 27 април во Собранието. На социјалните мрежи пишува дека таа работи во Собранието од 2007 година. Најголема желба на нејзините две дечиња е Дедо Мраз да им ја донесе дома Мама за новогодишната ноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elena-shtrajkuva-so-glad-se-pridruzile-site-pritvorenichki-od-shutka/feed/ 0
Потресно сведоштво од семејството за апсењето на Елена Божиновска (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-pri-apsenjata-na-28-noemvri-imashe-i-zrtva-elena-go-zagubi-bebeto-po-apsenjeto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-pri-apsenjata-na-28-noemvri-imashe-i-zrtva-elena-go-zagubi-bebeto-po-apsenjeto-video/#respond Tue, 26 Dec 2017 14:40:28 +0000 http://kurir.mk/?p=2774

Во домот на семејството Божиновски е забрането да се ѕвони на врата, децата на притворената Елена Божиновска во секој момент ја очекуваат нивната мајка да ги изненади и да се појави во домот со новогодишни пакетчиња. Ситуацијата која ја преживуваат заедно со нејзината мајка која страда од Паркинсова болест е само прашање на време кога ќе заврши агонијата во која се наоѓаат и кога нејзините деца ќе је разберат вистината. – Ние дома забранивме да се ѕвони на ѕвончето на врата. Сите знаат дека кога ќе дојдат кај нас не смеат да ѕвонат затоа што на секое ѕвонење тие мислат дека Елена ќе се врати, вели сопругот Игор за телевизија Алфа. Нејзиниот сопруг Игор досега ја видел  два пати, иако секојдневно му е дозволено да оди во истражниот затвор Шутка да и однесе храна. Последен пат ја видел пред 10 дена. Вели дека таа побарала лекарска помош таму но и покрај тоа единственото нешто кое ја интересирало биле малите Софија и Наум. Нејзиниот татко го ставил целиот имот под хипотека како гаранција пред органите на суд, сепак таа останува во притвор. – Целокупниот свој имот, нејзиниот татко го стави како гаранција со нотарска изјава со проценител да се стави под хипотека и го има понудено на органите на суд, кажа сопругот. За приведувањето на 28ноември вели дека се случило во 4ипол утрината и пред нејзините деца. – На 28, 4ипол сабајле дојдоа еден куп луѓе, буквално влегоа во спалната пред децата и ја изнесоа Елена, вели нејзиниот сопруг. Игор Божиновски сеуште се прашува до кога мерката притвор ќе биде казна а не мерка за обезбедување. Неговата сопруга која е единствената жена од 36мината притворени како осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на земјата вели дека не претставува закана за државата и дека верува во правдата и човечноста – Луѓето мора да дознаат онаа правата вистина за Елена,вели Игор Божиновски. извор: алфа.тв]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-pri-apsenjata-na-28-noemvri-imashe-i-zrtva-elena-go-zagubi-bebeto-po-apsenjeto-video/feed/ 0
Потресна порака од Игор Божиновски до својата сопруга Елена во затворот Шутка, мајка на 2 мали деца: Денот не е ден без тебе, недостасуваш, те чекаме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-poraka-od-igor-bozinovski-do-svojata-sopruga-elena-vo-zatvorot-shutka-majka-na-2-mali-deca-denot-ne-e-den-bez-tebe-nedostasuvash-te-chekame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-poraka-od-igor-bozinovski-do-svojata-sopruga-elena-vo-zatvorot-shutka-majka-na-2-mali-deca-denot-ne-e-den-bez-tebe-nedostasuvash-te-chekame/#respond Tue, 26 Dec 2017 09:00:22 +0000 http://kurir.mk/?p=2440

Денот не е ден без тебе! Недостасуваш! Неправдата ни ја зема радоста, со овие зборови започнува потресната порака на Игор Божиновски до неговата сопруга Елена, која е една од обвинетите за настаните од 27-април и се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шуто Оризари. -Денот не е ден без тебе! Недостасуваш! Неправдата ни ја зема радоста. Секојдневие какво на никој не му посакуваме, неправда каква никој не заслужува. Те чекаме! Бог суди последен! Кога ќе ви биде најубаво во кругот на семејството, сетете се на семејствата неправедно оставени без радост. Нејзината душа е чиста, главата исправена. А вашите? Во пост и молитва, во мизерни затворски услови, Елена ги поздравува сите добронамерници и доброчинители, а на одметнатите од Бога посакува враќање на патот Господов, пишува Игор Божиновски во пораката која е објавена и на Фејсбук групата „Слобода за Елена“. Претходно на социјалните мрежи беше објавена потресната биографија на Елена Доцевска Божиновска, една од притворените за настаните од 27 април. 37 годишната Елена е мајка на две малолетни деца сега обвинителството за организиран криминал и корупција ја сомничи дека со уште 36 мина извршила терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Поддршка Елена доби и од универзитетската професорка Биљана Ванковска. „Дури сега разбрав дека меѓу притворените за терористичко загрозување на поредокот е и мојата постдипломка (на Европски студии) Елена. Не ми се верува дека на мајка на две ситни дечиња може да и’ се изрече притвор! Со која цел? По која основа? Ако го анализирате профилот на “терористиве”, навистина ќе заклучите дека се навистина опасни, крвожедни и може пак да предизвикаат нереди... Срамота е зошто сите овие луѓе се жртвени јагниња за други (поголеми, политички) цели. Вистинските виновници ќе се извлечат или се веќе на високи позиции, можеби и овие луѓе ќе бидат пуштени - ама ова е лекција за “пацификација” што би рекол еден професор“- напиша професорката Ванковска. Притворените во Шутка се од 28 ноември, нивните семејства се жалат дека условите во кои ја издржуваат мерката се супстандардни. Ќелиите се ладни, а греење имале само еден час наутро и еден час навечер. Управата на истражниот затвор забранувала роднините на притворените да им однесат топла облека.

Во знак на протест за притворот на Владо Јовановски актерите пред полна сала ја одложија претставата „Ничија земја“

  Пред полна сала актерите на МНТ вечерва ја одложија претставата Ничија земја. Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, претставата нема да се одигра. По ова публиката беше замолена да ја напушти салата. Јовановски доби притвор во рамките на акцијата за настаните на 27 април во Собранието. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-poraka-od-igor-bozinovski-do-svojata-sopruga-elena-vo-zatvorot-shutka-majka-na-2-mali-deca-denot-ne-e-den-bez-tebe-nedostasuvash-te-chekame/feed/ 0