Елена Маркова-Велинова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jan 2022 20:53:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Елена Маркова-Велинова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маркова Велинова: Зошто во месец ноември не се донесе уредба за кризна состојба на гасот како за снабдувањето со електрична енергија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-zoshto-vo-mesec-noemvri-ne-se-donese-uredba-za-krizna-sostojba-na-gasot-kako-za-snabduvanjeto-so-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-zoshto-vo-mesec-noemvri-ne-se-donese-uredba-za-krizna-sostojba-na-gasot-kako-za-snabduvanjeto-so-elektrichna-energija/#respond Mon, 10 Jan 2022 20:53:56 +0000 https://kurir.mk/?p=617792

Навистина се случуваат рестрикции, имено донесени се мали измени на правилата за снабдување на мрежните правила за топлинска енергија по барање на БЕГ во која е внесен ,,Анекс 5,, каде што се вели дека постои можност за оптимизиран режим на топлинска енергија, истакна претседателката на комисијата за енергетика при ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова Велинова во вечерашното гостување во ,,Анализа 24,, на Телевизија 24. Оптимизираниот режим значи истата топлина која што ќе е испорачана до граѓаните да биде со продолжен период на греење и да се обезбеди конфорт на греење. За жал ова што денеска го гледаме во пракса воопшто не е оптимизиран режим, бидејќи 20+1 од 6 часот наутро до 22 часот навечер не е исполнето, посочи Маркова Велинова. Таа додаде дека ако уште во месец ноември можеше да се донесе уредба за кризна состојба за снабдување со електрична енергија, зошто исто такво нешто не се направи и за гасот? Ние сега имаме кризно електро енергетска состојба а имавме и домашни ресурси, имавме и јаглен. Ако работеше ЕЛЕМ како што треба можеби немаше да има потреба толку пари од буџетот да се одлеваат за да се покрива неработењето на ЕЛЕМ, истакна Маркова Велинова. Маркова Велинова посочи дека многу порано требаше да се реагира за да не се дозволи вакво нешто и за да не може БЕГ да биде ставен во една ситуација во која наместо реалната цена по која што сега ќе купува да му се признава 350 долари за метар кубен. Ваквиот начин на регулирање ќе направи проблеми со работењето на компанијата во иднина и уште повеќе ќе ја продлабочи недовербата на скопјани кон централниот систем за испорачување на топлинска енергија за греење, заклучи Маркова Велинова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-zoshto-vo-mesec-noemvri-ne-se-donese-uredba-za-krizna-sostojba-na-gasot-kako-za-snabduvanjeto-so-elektrichna-energija/feed/ 0
Маркова Велинова: РЕК треба константно да врши контрола на БЕГ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-rek-treba-konstantno-da-vrshi-kontrola-na-beg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-rek-treba-konstantno-da-vrshi-kontrola-na-beg/#respond Mon, 10 Jan 2022 20:30:57 +0000 https://kurir.mk/?p=617784

„Ако вие имате прогласено електро енергетска криза пандан на тоа може да прогласите и гасна криза. Затоа што гасот е енергенс кој што го немаме дома. Па прогласувајќи ја таквата криза постојат 1001 начин на механизми со кои што може да се надмине тоа“, истакна Елена Маркова Велинова, претседател на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“. Маркова Велинова додаде дека е многу доцна 10 дена по новата цена на парното граѓаните да седат без греење и да се дебатира дека БЕГ е во загуба. „Регулаторот е тој кој што уште пред да ја формира оваа цена требаше константно да ја известува Владата што ќе се случи. Вакви крахови и големи проблеми што ги имаме, не може регулаторот да седи и на прес конференција да се обраќа“, појасни Маркова Велинова. Маркова Велинова посочи дека треба РЕК треба константно да врши мониторинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-rek-treba-konstantno-da-vrshi-kontrola-na-beg/feed/ 0
Маркова Велинова: ЕСМ 2020-та година произведе 50% помалку струја од 2011-та, тоа е една од причините зошто имаме енергетска криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-esm-2020-ta-godina-proizvede-50-pomalku-struja-od-2011-ta-toa-e-edna-od-prichinite-zoshto-imame-energetska-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-esm-2020-ta-godina-proizvede-50-pomalku-struja-od-2011-ta-toa-e-edna-od-prichinite-zoshto-imame-energetska-kriza/#respond Wed, 05 Jan 2022 17:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=616269

„Од 9-ти ноември до 9-ти декември се прогласи кризна состојба во траење од еден месец со цел да можат да закрепнат двете државни енергетски компании, кога се инфилтрираа од буџетот 4 милијарди денари. А, потоа истатат таа кризна состојба се продолжи од 9-ти декември до 9-ти јуни. Значи во Собранието се изгласа Уредба и Одлука со која држават е во кризна енергетска состојба баш од таа причина за да се избегнат рестрикциите, но да може секој недостаток на пари да се вбризгува во овие две еенргетски компании, мислам на ЕСМ односно поранешно ЕЛЕМ и на МЕПСО. Причината зошто ние вака бурно реагираме е затоа што појавата на зголемувањето на цените на берза е некаде од август 2020-та година. Но, заради тоа што имавме предвремени парламентарни избори некако позицијата не сакаше да реагира на нашите укажувања дека се случуваат турбуленции и проблеми на пазарот на електрична енергија“, истакна Елена Маркова Велинова, претседател на Комисија за енергетика при ВМРО-ДПМНЕ во емисија на Телма телевизија. Маркова Велинова додаде дека во тој период не се знаеше дали ќе се прогласи кризна состојба. Во тој период кога ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека се можни рестрикции доколку се нема пари, се нема и можност да се купи, и постоеше можност за рестрикции. Меѓутоа откако се прогласи првата кризна состојба од 9-ти ноември до 9-ти декември и се вбризгаа пари кај компаниите веќе беше јасно дека нема да има рестрикции но затоа ќе има скапа струја. „Во моментов ние имаме состојба во која електричната енергија ја има на берзите, но е многу скапа. Од таа причина велам причини за рестрикции нема, но еве што се случи, сведоци сме 9.48% зголемување, укинување на дневната евтина тарифа“, појасни Маркова Велинова. Маркова Велинова посочи дека парите кои што недостасуваат да се приберат од граѓаните директно преку сметките ќе се дадат преку буџетот, а тоа се пак пари на граѓаните. „Ние се соочивме со еден сериозен проблем што кога на берзите пораснаа цените, нашето домашно производство драстично беше опаднато. Нашето домашно производство на електрична енергија кое што е негде со средна цена од 55 евра за мегават на час, зборувам за државната компанија ЕЛЕМ денешно ЕСМ, когаа таа би била во добра кондиција таа би требала некаде 70 до 75% од вкупната побарувачка на домашниот пазар да ја покрие. Меѓутоа во 2020-та година ЕЛЕМ произведе само 3.600 гигават на час што е скоро за 50% помалку од она што било во 2011-та година. Јас верувам дека во 2021 година тоа ќе биде и помалку, немаме се уште официјални податоци“, рече Маркова Велинова. Маркова Велинова укажа дека токму тоа е првата причина зошто Македонија има голем проблем со струјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-esm-2020-ta-godina-proizvede-50-pomalku-struja-od-2011-ta-toa-e-edna-od-prichinite-zoshto-imame-energetska-kriza/feed/ 0
Маркова Велинова: Една од причините за енергетската криза е лошото менаџирање и комплетно погрешната енергетска стратешка политика на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-edna-od-prichinite-za-energetskata-kriza-e-loshoto-menadziranje-i-kompletno-pogreshnata-energetska-strateshka-politika-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-edna-od-prichinite-za-energetskata-kriza-e-loshoto-menadziranje-i-kompletno-pogreshnata-energetska-strateshka-politika-na-vlasta/#respond Sun, 02 Jan 2022 13:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=615576

Почнувајќи од летото 2020 година веднаш после парламентарните избори имавме прво покачување на цената на електричната енергија, но тоа се однесуваше само на регулираниот пазар, само на домаќинствата и малите потрошувачи тоа беше некаде 7,5 проценти. Тоа значи дека директно кај регулираните компании се слеваа повеќе пари од граѓаните и се очекуваше тие правилно да инвестираат, правилно да функционираат, тоа се главно државни компании со исклучок на ЕВН дистрибуција. Меѓутоа за жал, наместо да се случи такво нешто имавме уште полоша ситуација па летото во 2021та година имавме повторно зголемува на цената на електричната енергија за 12,5 проценти, која што само добро беше замаскирана со намалување на ДДВ-то за граѓаните и тоа беше во закон кажано дека ќе важи од период од една година, вели Елена Маркова Велинова, претседател на Републичката комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина во партиското седиште насловена „Високи цени, ниски плати – Што може да се очекува од 2022“. Маркова Велинова посочи дека 2021та година завршила со зголемување на електричната енергија но и укинување на евтината струја за која како што рече таа СДСМ во кампањата во 2016та година ветувала дека со евтината струја ќе се вратат и парите кај граѓаните. 2021 година ја завршивме со фамозни 9,48 проценти зголемување, но и едно преќутно зголемување предизвикано поради укинувањето на дневната евтина тарифа, за која што за програмата „За живот“ во 2016та година и тоа како се алудираше на тоа дека парите ќе се вратат кај граѓаните со тоа што ќе се воведе евтина струја, која што веќе ја нема, додаде таа. Како една од причините за енергетската криза, Маркова Велинова ја гледа во лошото менаџирање и комплетно погрешната енергетска стратешка политика. Причина за вакво нешто е лошото менаџирање, лошото работење на енергетските компании и за жал една комплетно погрешна енергетска стратешка политика. Зошто го велам ова? Вие не можете да имате една здрава држава, здрава економија, а да немате јаки, здрави и богати енергетски компании кои што дома ќе произведуваат електрична енергија, здрав преносен систем оператор кој што ќе ја пренесува таа електрична енергија до дистрибутивниот систем. она што сите го знаеме е дека МЕПСО некаде крајот на 2020 година со 6 милиони загуба, ЕЛЕМ ја завршува со 17 милиони евра загуба. Ова кажува дека не што се случува, понатаму имаме енормно намалување на домашното производство на електричната енергија, истакна Маркова Велинова. Маркова Велинова посочи дека како опозиција предупредувале за крахот во енергетиката, но биле исмејувани од страна на надлежните, додавајќи дека поради ако не копате свој јаглен, ако ги празнете акумулациите тогаш кога не треба да ги празнете тогаш доаѓа до ваков крах во енергетиката. Понатаму многу важно ако вие го намалувате производството, ако вие не копате свој јаглен, или ако ги празните акумулациите тогаш кога не треба да ги празните, ако во август 2021 година сигнализираме дека на берзата се случува нешто што ќе предизвика турбуленција, како опозиција масовно сигнализиравме, повторно бевме исмејувани, почнуваат цените на берза да растат, во еден момент достигнуваат и до 250,300, па и 350 евра за мегават час, домашното производство го немате така како што треба да го имате, тогаш се случува овој крах кој што се случува во моментот, рече таа. Маркова Велинова нагласи дека власта не е способна да ги продолжи проектите на ВМРО-ДПМНЕ, заклучувајќи дека сега не само што нема нови производни капацитети, туку се уништуваат и постоечките. Вие во период од 5 години да седите по трибини и да коментирате дека во последните 10 години не е изграден ниту еден производен капацитет во државата и да ви биде единствено оправдување мислам дека е жално. Слободно можам да кажам дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ посебно оние 11 години и тоа како добро се одржуваа енергетски капацитети дури и се градеа и нови, можеби не се големи, но се многу значајни и од посебна важност се што производството на електрична енергија на домашната електричната енергија и се обрнуваше внимание. Но, за жал сега не е така. Сега немаме ниту нови производни капацитети, а се уништени и постоечките. Истото тоа се случува и во гасификацијата. Она кое што ВМРО-ДПМНЕ и го остави и како пари и како проекти и како изградени гасоводи, само требаше да бидат доволно мудри, вредни, прецизни, исправни и сето тоа да го продолжат. Но, за жал она што го изгради ВМРО-ДПМНЕ, овие истите во 5 години не можат да го продолжат, вели Маркова Велинова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-edna-od-prichinite-za-energetskata-kriza-e-loshoto-menadziranje-i-kompletno-pogreshnata-energetska-strateshka-politika-na-vlasta/feed/ 0
Маркова-Велинова: АНАЛИЗА НА СИТЕ „УСПЕСИ“НА СДСМ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА (Блесокот на рѓосаното железо) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-analiza-na-site-uspesi-na-sdsm-vo-energetikata-blesokot-na-rgjosanoto-zelezo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-analiza-na-site-uspesi-na-sdsm-vo-energetikata-blesokot-na-rgjosanoto-zelezo/#respond Sat, 11 Jul 2020 12:51:42 +0000 https://kurir.mk/?p=374029

Од претходните владеења на СДСМ добро ни е познато какви „успеси“ има постигнато оваа партија во енергетиката. Еве за почеток да напоменам неколку: Во 1993год. на Петровден„успешно“ беше урнат косиот мост во РЕК Битола со цел да се смири штрајкот на работниците. Во наредните години „успешно“ беше воведен во работа г-дин Силјан Мицевски со неговата фирма ГП Пелистер,како подизведувач во РЕК Битола. Овој човек до денес„успешно“ работи и заработува по неколку милиони евра годишноод РЕК Битола,функционирајќи како држава во држава. Во наредниот мандат 2002-2006 кога СДСМ дојде на власт, „успешно“бесправно избрка повеќе од илјада вработени од тогашното Електростопанство на Македонија (ЕСМ) и вработи свои членови. Во истиот период оваа партија остана запаметена како партија која „успешно“ ја продаде дистрибуцијата на електрична енергија (дел од државната ЕСМ) на австриската ЕВНза многу мала сума на пари,скоро за без пари. Во нашата напатена Македонија СДСМ успеа да ја продаде комплетната дистрибутивна мрежа, а „успешно“ продаде и дел од имотот кој природно припаѓаше на преносниот оператор МЕПСО (прекинувачи, раставувачи, трансформатори). Овој успех одамна е познат под името„бонбона бизнис“, согласно мислењето на Радмила Шеќеринска,како една од најзаслужните за спроведување на оваа ујдурма.Како круна на успехот во истиот овој мандат СДСМ „успешно“им ги додели на ЕВН гратис малите хидроцентрали (Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица, Зрновци, Попова Шапка, Бабуна, Белица и Турија) со моќност од 50 MW,чија градба на времето чинеше колку целата цена на продажба на ЕСМ. Од ваквите успешни егзибиции до денес граѓаните страдаат од монополот кој го има ЕВН во дистрибуцијата на електрична енергија во Македонија. За разлика од нас во сите соседни земји операторот на дистрибутивниот систем (дистрибуцијата) е или целосно или мнозински во државна сопственост (Бугарија, Србија и Албанија 100% , Грција 51%). Мислевме ова да биде краток вовед, а наброивме едвај половина од „успесите“ на СДСМ. Но сепак после овие мрачни сеќавања од минатото,предлагам да се вратиме во „блескавата“ сегашност на енергетиката. По долгиот пост од 12 години без власт и без моќ, со доаѓањето на власт на СДСМ, сé се смени, ама на уште полошо. Станавме сведоци на нов филм „Блесокот на рѓосаното железо“ во сценарио и режија на СДСМ. Веднаш по доаѓањето на власт СДСМ постави свои кадри во енергетските институции и преку нив успеа да ги стопира сите постоечки проекти во енергетиката. Во ЕЛЕМ „успешно“ се сопреа: проектот Чебрен, набавката на механизациа за РЕК Битола, проширувањето на ветерниот парк во Богданци и проектот за топлификација на Битола. Покрај ова се направија површни ремонти на блоковите во РЕК Битола. Паралелно со ова се изврши „успешно“незаконско купување на безвредната електрана „Когел“ по висока цена. Се испразнија езерата на рекордно ниски коти во сред зима и се донесе „успешна“одлука ЕЛЕМ да ја продава електричната енергија на ЕВН за 34,5 евра или 25 евра во просек под пазарната цена. Со ова на годишно ниво ЕЛЕМ и македонските граѓани губат, а ЕВН добива околу 80 милиони евра,Во МЕПСО „успешно“ беше сопрен веќе започнатиот проект за изградба на далноводот Охрид - Елбасан,а исто така беа сопрени и сите останати проекти за замена на опремата. Поради сопирањето на проектите за обнова на преносната мрежа, беше нарушена работата на електроенергетскиот систем и за прв пат во работењето на МЕПСО се случи да не проработат примарната и заштитната опрема. Како последица на ова,неколку пати имаше испади на РЕК Битола. Во сегментот на работењето на ЕВН им сеотвори патот за слободно водење на бизнисот. Со помош на комплицирана подзаконска регулатива„успешно“ се оневозможија граѓаните да градат фотоволтаици на сопствените покриви, со цел да се задржи поголем пазар за ЕВН. Со намерни пропусти во подзаконските регулативи се остави простор за манипулација во секојдневната работа на енергетскиот систем и балансните механизми. Се донесе Стартегија за развој на енергетиката до 2040 година, со предлог во 2025 година да престане со работа РЕК Битола. На почетокот на мандатот Владата на Заев со голема итроштина и со вметнување на член во новиот Закон за енергетика „транспарентно и демократски“ изврши „успешно“ прекинување на мандатот на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика,иако до крај имаше уште три години.Веднаш после ова на позицијата претседател на РКЕ, СДСМ донесе свој послушник, и назначи нови членови на РКЕ. Со ова СДСМ „успешно“ си ги отвори вратите за деспотско владеење без никаква контрола во енергетиката.Инаку по смената на власта во 2006 владата на ВМРО ДПМНЕ великодушно и крајно „недемократски“ му дозволи на тогашниот претседател да го одработи својот мандат, спротивно на сегашната „демократија“ на СДСМ. По поставувањето на вицепремиерската позиција на авторитетна личност која истовремено беше член на универзитетската фела и успешен претставник на бизнис секторот, многумина поверуваа дека конечно ќе ни тргне. Сепак не беше сé баш така како што изгледаше. Иако народот имаше надежи во тогашниот вицепремиер Анѓушев, се докажа старата народна поговорка дека: „ Секоја мотика си трга кон себе“. Така и мотиката на вицепремиерот неуморно тргаше кон него и неговите бизниси. Тој итро го искористи периодот додека јавноста беше преокупирана и обесхрабрена со промената на името да го отвори патот на своите идни успеси во енергетиката. Така во овој период „успешно“ го донесе Законот за енергетика и еден куп подзаконски акти со кои се креираа енергетските политики по теркот и вољата на вицепремиерот. Додека ВМРО ДПМНЕ ги решаваше проблемите во своите редови со разните реформатори и предавници, СДСМ успеа „успешно“ да ги стопира сите проекти во енергетиката Чебрен, Механизација за РЕК Битола,Топлификација на Битола, Гасификација, Ветерни паркови.Додека јавноста беше замајувана со ексклузивната работа на СЈО, еден куп таканаречени „независни“ новинарски пера го пополнуваа медиумскиот простор со тривијални муабети за каучот на Катица, чантата на Боки и капутот на жената на Орце. А од друга страна „успешно“се доделија еден куп концесии за нови мали ХЕЦ, нови концесии за над 100 MW Ветерници и нови 35 МW за фотоволтаици за блиските луѓе на СДСМ. Додека по медиумите слушавме дека „блескаме“, кој на кого што му рекол, и дали поткупот е полош од рекетот или е обратно, машинеријата на СДСМ „успешно“ распишатендер за соларна електрана во Осломеј со 100 МW Јавно Приватно Партнерство на 35 години, како и тендер за Хидроелектраната Чебрен за 330 МW Јавно Приватно Партнерство на 60 години вклучувајќи ја и Тиквеш како подарок. Ако во мандатот 2002 -2006 СДСМ успеа на подарок да му ги даде на ЕВН единаесетте мали ХЕЦ со инсталирана моќност од 50 MW, овојпат имаа шанса да се надминат себе си и да го дадат на поклон ХЕЦ Тиквеш со 116 MW инсталирана моќност. Во 2016 година СДСМне доби мандат од 4 години од граѓаните, туку од некој друг,но со тоа не доби право да ја даде соларна електрана во Осломеј на 35 години користење. Во никој случај пак не доби правода ја даде реката Црна и нејзините електрани на 60 годишно користење на некого. Во наредните 60 години светот може да се соочи со сериозен недостаток на вода за пиење и ова богатство не смее да се продава, бидејќи веќе сме сведоци на една ваква криза во бугарскиот град Перник каде околу 100 000 граѓани се соочуваат со недостиг од вода за пиење. Со последните случувања во енергетиката и митото кое го добил Заев од црногорскиот бизнисмен Дака, може да се заклучи дека на СДСМ воопшто не му е грижа за граѓаните и во секој мандат само се обидуваат„да ги натоварат своите магариња“. Овој пат поради сето зло што и го нанесоа на Македонија и самите се плашат дека нема да ги добијат изборите на 15 јули, ниту пак некои други избори во наредните три генерации. Токму затоа се обидуваат „успешно“ да ги обезбедат своите најблиски со продуктивни бизниси за наредните три генерации (60 години).Ова се обидуваат да го спроведат со уште еден дрзок и бесрамен грабеж, кинејќи парче по парче од производните капацитети на Електрани на Македонија, кои се во сопственост на македонските граѓани. На 15 јули македонските граѓани ќе го сопрат ова беззаконие во енергетиката и во државата. На 15 јули ќе започне обновата на енергетиката во Македонија! На 15 јули ќе започне обновата на Македонија! Исправи се Македонијо! Одбери обнова! Пишува: м-р Елена Маркова Велинова и дел од тимот на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markova-velinova-analiza-na-site-uspesi-na-sdsm-vo-energetikata-blesokot-na-rgjosanoto-zelezo/feed/ 0
Велинова: Програмата „Обнова“ изобилува со проекти од енергетиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velinova-programata-obnova-izobiluva-so-proekti-od-energetikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velinova-programata-obnova-izobiluva-so-proekti-od-energetikata/#respond Wed, 08 Jul 2020 20:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=372135

Проектот „Обнова“ кој што изобилува со проекти од сите области изобилува со проекти од енергетиката со тоа што хидроенергијата е детално застапена во нашата програма. Јас би се осврнала на 4 важни проекти кои што се значајни за македонската енергетика и производството на електрична енергија од вода. Прво тоа е одамна споменуваната „Чебрен“ меѓутоа интересно е што ја планираме во цел оној систем на течението на река Црна почнувајќи од горниот тек од Скочивир каде што е планирано „ХЕЦ Чебрен“ понатаму во средиштето на водотекот на Црна каде се веќе наоѓа постоечкиот „ХЕЦ Тиквеш“ тука би дошле со „ХЕЦ Галиште“ и во долниот тек после браната Макарија пред Црна да се влее во Вардар имаме „ХЕЦ Стоби“. Ова го истакна Елена Маркова Велинова претседателка на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Економски Магазин“ на ТВ Алсат. Таа кажа дека со ова значително ќе се подобри производството на електрична енергија со добивање на 500 мегавати енергија и дека најважно е дека тоа е чиста и еколошка енергија која што не ја загадува животната средина. Велинова потенцираше дека исто долго споменуван проект е „Вардарска Долина“ во кои се планирани 23 хидроцентрали од кои 2 поголеми Велес и Градец и дополни дека овој проект носи како бенефит за енергетиката така и за земјоделието но и за туризмот. Трет проект кој што го спомна Велинова е каналот Теново – Козјак кој подразбира изградба на канал во кој водите од реката Вардар ќе се зафатат и ќе се слејат во Треска со цел да се зголеми производството на веќе постоечките три хидроцентрали Козјак, Матка и Света Петка. За крај Велинова потенцираше дека се планира изградна на мали микро хидроцентрали на принцип на концесии и на јавно – приватно партнерство со посебен осврт на изработка на студии за заштита на животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velinova-programata-obnova-izobiluva-so-proekti-od-energetikata/feed/ 0
Велинова: Владата доцни со изградбата на гасоводите Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар до сега требаше работата да биде завршена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velinova-vladata-docni-so-izgradbata-na-gasovodite-negotino-bitola-i-skopje-tetovo-gostivar-do-sega-trebashe-rabotata-da-bide-zavrshena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velinova-vladata-docni-so-izgradbata-na-gasovodite-negotino-bitola-i-skopje-tetovo-gostivar-do-sega-trebashe-rabotata-da-bide-zavrshena/#respond Thu, 14 May 2020 11:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=345811

Владата и Сугарески ги пробија сите рокови и доцнат со гасификацијата на земјата. Гасоводната линија Неготино - Битола требаше да биде завршена уште во февруари, а сега наместо уште да се работи, низ неа требаше да течат првите метри кубни гас, ова преку прес-конференција денеска го истакна Елена Маркова Велинова од ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ не работи и го одолговлекува проектот кој беше започнат уште во време на ВМРО-ДПМНЕ. Еден проект го влечат повеќе од три години. Ситуацијата е уште полоша со гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар, кој требаше да биде завршен уште во декември 2019 година. Овој гасовод не само што не е завршен, туку фактичката состојба е дека ниту половина од работите не се завршени. Гасификацијата не е работа која ја започна СДСМ, туку тоа е проект на ВМРО-ДПМНЕ. Проект за кој беа обезбедени финансиски средства и беше изработена проектна документација за три гасоводи во вкупна должина од 145 километри. СДСМ во овие повеќе од три години власт не изгради ниту 1 метар дистрибутивна мрежа за природен гас во општините во Македонија, вели Маркова-Велинова. Таа додава дека наместо да гради, СДСМ одбра да ја блокира реализацијата на дистрибуцијата на природен гас. Како резултат на неработењето на СДСМ во овие 3 години, граѓаните на Македонија денес сẻ уште не можат да ги користат придобивките што ги носи природниот гас. Место евтин и еколошки природен гас, денес се користи скапа струја и нееколошка нафта и мазут. -Наместо денес секое домаќинство да ги ужива благодетите на природниот гас, СДСМ се уште е во фаза на објавување на јавни повици за проектирање и изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас на територија на Република Македонија. И што е најважно, сето тоа се правеше како предизборен маркетинг во февруари 2020 година. Доколку СДСМ наместо на матни тендери се насочеше на работа можеше да се реализира целосна гасификација на Македонија, а не да тапкаме во место како една од последните земји во светот која не го користи овој енергенс. Граѓаните на Македонија ќе знаат ваквата неодговорност да ја казнат кога ќе дојде време за изборно соочување!, додава Маркова Велинова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velinova-vladata-docni-so-izgradbata-na-gasovodite-negotino-bitola-i-skopje-tetovo-gostivar-do-sega-trebashe-rabotata-da-bide-zavrshena/feed/ 0
Колумна на Елена Маркова-Велинова: ЗОШТО СЕ КРАТАТ НАДОМЕСТОЦИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ НА ПЛАТА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-elena-markova-velinova-zoshto-se-kratat-nadomestocite-i-dodatocite-na-plata-za-rabotnicite-od-energetskiot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-elena-markova-velinova-zoshto-se-kratat-nadomestocite-i-dodatocite-na-plata-za-rabotnicite-od-energetskiot-sektor/#respond Mon, 13 Apr 2020 09:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=331325

Неодамна Владата донесе уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба. Со оваа уредба со законска сила се уредува ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата на вработените во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, јавни установи и јавните претпријатија основани од државата или од општините, од Градот Скопје и од општините во Градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата, за време на траење на вонредната состојба. На вработените опфатени со оваа уредба со законска сила не им се исплатуваат додатоци и надоместоци на плата согласно закон и колективен договор, за време на траење на вонредната состојба. Одредбите од оваа уредба со законска сила не се однесуваат на медицинскиот и помошно-технички персонал во јавните здравствени установи, припадниците на полицијата и на армијата. Со стапување во сила на оваа уредба се прави кратење на надоместоците и додатоците на плата и за вработените во државните компании за производство и пренос на електрична енергија АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО. Согласно член 105 , став (3) од Законот за работни односи ( „Службен весник на РМ“ бр. 158/10), платата се состои од три компоненти: сновна плата, дел од платата за работна успешност и додатоците.Додатоците на плата се определуваат за посебни услови на работа  и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, продолжена (прекувремена) работа, работа во недела и на празник, како и додаток за работен стаж. Како оваа уредба ќе се одрази на работниците директно вклучени во производството и преносот на електричната енергија? Знаејќи колку е важно непрекинатото производство и пренос на електрична енергија во вакви услови на вонредна состојба, се поставува прашање зошто токму овие работници не се изземени од примената на уредбата? Уредбата  најмногу ќе се одрази на голем број на вработени во АД ЕЛЕМ кои се директно вклучени во процесот на производство на електрична енергија во РЕК Битолакако и сите Хидроцентрали во сопственост на АД ЕЛЕМ. Тоа се работници кои работат во смени, без оглед дали е празник или делник, работници директно вклучени во процесот на производство на  електрична енергија во Термоцентралите на РЕК Битола. Исто така оваа уредба негативно ќе се одрази на сите вработени кои деноноќно се грижат да не запре процесот на производство на електрична енергија, работејќи во смени во рудникот и на депониите за јаглен во РЕК Битола. Нешто помал број вработени ќе ја почувствуваат оваа уредба во преносниот систем оператор - АД МЕПСО, каде освен во службите за одржување,работа во смени има и во Националниот диспечерки центар, кој се грижи преносот на електричната енергија да се одвива без проблеми константно 24 часа, без оглед дали е празник или делник. Дали Владата нема чувство во какви услови работат овие луѓе?Дали нивното секојдневно работење во услови на пандемија од КОВИД-19 не е доволно важно за државата, па  Владата не можешеда ги изземе од примената на уредбата? Реакцијата на Самостојниот Синдикат на работниците од Енергетика, Рударство и Индустрија на Македонија – (ССЕРИ ), објавена на нивната web-страна покажува дека заради оваа уредба кај работниците во РЕК Битоа кои работат во смени, на празници и во недела ќе се направи загуба од 20-40 % од основната плата, во зависнот од годините на стаж на работникот. Кај работниците кои работат канцелариска работа без да одат во смени, ваквата загуба ќе биде многу помала, т.е ќе се сведе само на загуба на додатокот за работен стаж. Вработените во енергетскиот сектор несебично го даваат својот придонес во компаниите за производство и пренос на електрична енергија. Тие се деноноќно на своите работни места со цел непрекинато снабдување со електрична енергија на потрошувачите. Во една ваква комплексна состојба на пандемија, од огромна важност е овој сектор непречено да ги врши своите работи. Поради тоа од огромна важност е Владата да го осознае значењето на оваа група работници, директно вклучени во производството и преносот на електричната енергија и да ги изземе од примена на уредбата. Заштедата на државата кога ќе се скратат додатоците за овие вработени би била минорна, во споредба со значењето на овие средства за работниците кои се директно вклучени во производниот процес. Да не заборавиме дека ова се работници кои ревносно се справуваат со сите предуслови на пандемијата, работејќи во екстремно тешки услови на работа ( прашина, бучава, сонце, дожд  и сл.), за сите македонски граѓани да може непрекинато да добиваат електрична енергија во своите домови. Затоа во Уредбата можело да се направи поинаква конотација и во делот каде се опишува на кои категории вработени се однесува истата, да стои: „сите акционерски друштва во целосна сопственост на државата, со исклучок на акционерските друштва во целосна сопственост на државата за производство и пренос  на електрична енергија. Додека трае вонредната состојба поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, можеби е поумесно во државните компании за производство и пренос на електрична енергија да се прекинат договорите за привремени вработувања, склучени преку разни агенции за привремени вработувања. Овие нововработени најчесто не се од голема полза за производниот процес бидејќи тие се вработени во периодот пред да се распишат изборите и кај нив недостасувапотребнотоработно искуство за производниот процес. Затоа е подобро,со цел да се намали дефицитот во Буџетот, кратењето да се направи со намалување на финанските средстваза привремени вработувања, отколку да се крати од работниците во редовен работен однос, кои имаат огромно работно искуство и кои се навистина значајни за производството и преносот на електрична енергија, како енергетски гранки од огромна важност во периодот на пандемијата.   м-р Елена Маркова-Велинова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-elena-markova-velinova-zoshto-se-kratat-nadomestocite-i-dodatocite-na-plata-za-rabotnicite-od-energetskiot-sektor/feed/ 0