Еленко Миланов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 14:33:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Еленко Миланов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Миланов: Пресудата за „ТНТ“ е катастрофално напишана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-presudata-za-tnt-e-katastrofalno-napishana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-presudata-za-tnt-e-katastrofalno-napishana/#respond Mon, 08 May 2023 14:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=831882

Адвокатот на обвинетиот Миле Јанакиески во случајот „ТНТ-рушење на КОСМОС“, Еленко Миланов оцени дека пресудата за овој предмет е катастрофално напишана. -Станува збор за една катастрофално напишана пресуда која и не можеше да биде поинаку напишана, со оглед на катастрофалното обвинение, истакна Миланов во изјава за медиумите во врска со денешната јавна седница за предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ во Апелациониот суд Скопје. Тој посочи дека во конкретниот случај, за овој предмет, има класична пресудена работа во однос на главните извршители, а тоа се Тони Трајковски и инспекторката Елизабета Најдовска. - Затоа што Судот има донесено за истиот опис, за истите настани, за истиот објект, своја одлука со која што е затворена судска постапка по кривичен предмет, тоа е основ да не може понатаму да се продолжи, изјави Миланов. Според него, тогашното СЈО, во момент кога постои правосилен обвинителен акт потврден од судија дека е сторено кривично дело - бесправна градба, поднесува обвинение. - Во ист момент егзистираат неправосилно обвинение и правосилен обвинителен акт. Неправосилно обвинение за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и правосилно обвинение кое што утврдува дека постојат основи за сомнение дека е сторено кривично дело - бесправна градба, тоа не смее да се дозволи, рече тој. Миланов смета дека тоа претставува преседан во судската пракса и неискуство на тогашното СЈО. - Доколку сакаат нешто да направат, ќе влезеа во судница ќе изведеа два докази и тогаш ќе се повлечеа и сè ќе беше по закон. Без да се влезе во судница, без да се изведе ниту еден доказ, она што е потврдено од судија на претходна постапка, се повлекува со писмен допис. Зошто, за да опстане ова обвинение. Што е тоа? Повторно, надвор од сите прописи и надвор од Законот за кривична постапка и одредбите од КЗ, постапување на тогашното СЈО, недозволено, појасни Миланов. Тој потсети на помилувањето за обвинетиот Миле Јанакиевски и барањето од Стразбур нашите судови да одлучат по однос на истото. - Постои помилување за Миле Јанакиески и за тие помилувања и самиот суд во Стразбур кажа дека треба да одлучат нашите судови, за да може да тие го испитуваат, а помилувањето не е спорно. Никогаш не е оспорено ниту едно од тие 56 решенија за помилување на кое било лице од претседателот Иванов пред Уставен суд, за тие решенија веќе постојат одлуки на нашите правосудни органи, рече тој. Адвокатот побара, како што рече, „целата оваа голгота на луѓето, посебно на Миле Јанакиевски, да ја прекинат, затоа што Јанакиевски во овој момент има четири години и десет месеци притвор или домашен притвор“. Одбраната на денешната јавна седница во Апелација истакна дека во пресудата на Кривичен има повеќе повреди на кривичната постапка и истата е неиздржана. Жалби за оваа пресуда има поднесено и ОЈО ГОКК поради погрешно утврдена фактичка состојба, ослободителен дел со предлог апелација да ја преиначи одлуката. Првото рочиште за овој случај во Основен кривичен суд Скопје беше одржано на 24 јануари 2018 година. Судењето за овој предмет го водеше судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Бурим Рустеми. Според обвинителниот акт поднесен од поранешното СЈО, во временскиот период од 01.04.2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Никола Груевски, во својство на премиер на Владата и обвинетиот Миле Јанакиевски – министер за транспорт и врски, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски за неговата политичка одлука, кој како претседател на политичката партија ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ, искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Тони Трајковски, тогашен градоначалник на општина Гази Баба, да стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” и да тој ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект Космос што бил граден од оштетениот-инвеститорот оштетениот Фиат Цаноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-presudata-za-tnt-e-katastrofalno-napishana/feed/ 0
Како може Вељаноски, Јанакиески и Ристовски да бидат организатори кога од 30.000 пораки нема никаква комуникација меѓу нив? – прашува адвокатот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/#respond Tue, 06 Jul 2021 10:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=532765

„Вељаноски воопшто нема комуникација со обвинетиот Владимир Атанасовски, ниту со Никола Бошкоски. Триесет илјади пораки беа извадени од мобилниот на Вељаноски, ниедна комуникација нема со овие двајца. Вељаноски и Јанакиески во овој критичен период, немаат апсолутно никаква комуникација. Тоа се виде и од листинзите од телефонот на Јанакиески”. Ова денеска во Основниот кривичен суд Скопје како завршни зборови го истакна Еленко Миланов, адвокатот на обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спире Ристовски. Тој истакна дека обвинението не може да се потврди. -Обвинителство сака да ве убеди дека бил загрозен уставниот поредок, но ајде сега да се вратиме пред инкриминираниот дел од обвинението, односно почетокот на 2017 година па заклучно со 27 април. Уставниот поредок во тој период е парламентарна демократија и уставниот поредок после 27-ми април е исто така парламентарна демократија. Истата оваа одредба ги предвидува и дејствијата со кои некој можел да го загрози уставниот поредок , а како дејствие се наведуваат предизвикување или закана со експлозија, пожар или друго опасно дејствие, а ништо таквво не се ни става на товар на било кој од обвинетите во оваа постапка. Тоа што треба да се стави на товар е акт на насилство, рече Миланов. Миланов истакна дека од 30.000 пораки од Велјановски, воопшто нема комуникација меѓу него и Атанасовски, Бошковски и Јанакиевски. -Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Вељаноски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Велјановски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече Миланов. Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељаноски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот. Миланов истакна дека е бесмислено што обвинителството тврди дека е нарушен уставниот поредок, но не и дека е нарушена безбедноста на земјата што никаде не се споменува. -Обвинителството сака да го увери судот дека бил нарушен уставниот поредок на земјата. Уставниот поредок на земјата и пред и после 27 април е парламентарна демократија. Нема никаков навод дека тоа тоа е променето. Ниту еден услов не е исполнет дека обвинетите го сториле кривичното дело за кое се теретат. Трајко Вељаноски немал никаква комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Исто така Вељаноски и Јанакиески немале никаква комуникација во критичниот период. Немало комуникација, тоа е јасно. И сега тие треба да бидете убедени дека постои некаков план, праша Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/feed/ 0
Велјановски на 27-ми април ја водел седницата согласно Деловникот на Собранието – тврди неговиот адвокат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-na-27-mi-april-ja-vodel-sednicata-soglasno-delovnikot-na-sobranieto-tvrdi-negoviot-advokat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-na-27-mi-april-ja-vodel-sednicata-soglasno-delovnikot-na-sobranieto-tvrdi-negoviot-advokat/#respond Tue, 06 Jul 2021 10:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=532752

Обвинетитот Трајко Велјановски, не комуницирал со ниту еден од другите обвинети во случајот „Организатори на 27 април”, во наводно планирање на упадот во Собранието, истакна неговата одбрана во завршните зборови за овој случај. Адвокатот Еленко Миланов истакна дека од 30.000 пораки од Велјановски, воопшто нема комуникација меѓу него и Атанасовски, Бошковски и Јанакиевски. -Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Велјановски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Велјановски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече Миланов. Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељановски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот. -Не може за ова да го прогласите Трајко Вељановски за виновен, рече Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-na-27-mi-april-ja-vodel-sednicata-soglasno-delovnikot-na-sobranieto-tvrdi-negoviot-advokat/feed/ 0
Миланов: Уставниот поредок не е нарушен, и пред и по 27-ми април сме парламентарна демократија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-ustavniot-poredok-ne-e-narushen-i-pred-i-po-27-mi-april-sme-parlamentarna-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-ustavniot-poredok-ne-e-narushen-i-pred-i-po-27-mi-april-sme-parlamentarna-demokratija/#respond Tue, 06 Jul 2021 10:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=532744

Адвокатот Еленко Миланов на денешните завршни зборови во случајот „27 април“ истакна дека е бесмислно што обвинтелството тврди дека е нарушен уставниот поредок, но не и дека е нарушена безбедноста на земјата што никаде не се споменува. -Обвинителството сака да го увери судот дека бил нарушен уставниот поредок на земјата. Уставниот поредок на земјата и пред и после 27 април е парламентарна демократија. Нема никаков навод дека тоа тоа е променето. Ниту еден услов не е исполнет дека обвинетите го сториле кривичното дело за кое се теретат. Трајко Вељановски немал никаква комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Исто така Вељановски и Јанакиески немале никаква комуникација во критичниот период. Немало комуникација, тоа е јасно. И сега тие треба да бидете убедени дека постои некаков план, праша Миланов .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-ustavniot-poredok-ne-e-narushen-i-pred-i-po-27-mi-april-sme-parlamentarna-demokratija/feed/ 0
Миланов за Талир: Преку игра на зборови спротивно на закон чуваат судија поротник со истечен мандат, само предметот да им опстои https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-za-talir-preku-igra-na-zborovi-sprotivno-na-zakon-chuvaat-sudija-porotnik-so-istechen-mandat-samo-predmetot-da-im-opstoi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-za-talir-preku-igra-na-zborovi-sprotivno-na-zakon-chuvaat-sudija-porotnik-so-istechen-mandat-samo-predmetot-da-im-opstoi/#respond Fri, 11 Jun 2021 07:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=521863

Адвокатот Еленко Миланов говорејќи за случајот Талир во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија истакна дека судот и републичкиот судски совет преку игра на зборови се обидуваат да задржат судија поротник чиј мандат е завршен, и спротивно Законот за судови го чуваат, само тој предмет да опстои. -Согласно Законот за судови вели се бираат поротници на рок од 4 години и може да бидат избрани до 60 години и можат да обавуваат функција до 60 години. Зошто би се бирале поротници на 58 или 59, но законот е јасен дека функцијата треба да му престане на 60. Но, да се донесе и таков заклучок тоа може да биде сторено по негово барање или на претседателот на судот. Во соопштението на републичкиот судски совет од 7 јуни стои дека е донесен заклучок со кој е престанат мандат на судија во основен кривичен суд истиот каде што се наоѓа и овој поротник, поради наполнување на старосната граница. Зошто тоа важи и е побарано за едниот, а не и за другиот поротник тоа надлежност на претседателот и самиот судски совет, изјави Миланов. Миланов потенцира дека требало многу порано да мислат и да планираат дека на овој судија поротник ќе му заврши мандатот, но и дека постојат резерви на судии поротници, а само во овој случај нема. -Соопштението на основен кривичен суд во текот на вчерашниот ден, претставник на политичката партија го истакна тоа јавно во судница дека не може да биде тој судија поротник и дека не сака да учествува во постапка додека има поротник кој не може да ја обавува таа функција после 60 години и ја напушти седницата. Судот имаше соопштение каде велат дека републичкиот судски совет е известен. Зошто го известиле ако не побарале да биде разрешен. Користат игра на зборови и се обидуваат на тој начин да опстојува тој судија поротник. Ако го гледаме законот за судови има проблем со понатамошното опстојување на овој судија поротник и тоа мора да го решат, нагласи Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-za-talir-preku-igra-na-zborovi-sprotivno-na-zakon-chuvaat-sudija-porotnik-so-istechen-mandat-samo-predmetot-da-im-opstoi/feed/ 0
Адвокат Миланов: Сведокот Нинџа својата меморија ја прилагодува на потребите и барањата на обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-milanov-svedokot-nindza-svojata-memorija-ja-prilagoduva-na-potrebite-i-baranjata-na-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-milanov-svedokot-nindza-svojata-memorija-ja-prilagoduva-na-potrebite-i-baranjata-na-obvinitelstvoto/#respond Wed, 10 Jun 2020 20:36:13 +0000 https://kurir.mk/?p=356353

Адвокатот на неколку од осомничените за случајот 27-ми април, Еленко Миланов, вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија истакна дека сведокот Александар Василевски – Нинџа кој вчера сведочеше во судница за случајот за 27-ми април, својата меморија ја прилагодувал на потребите и барањата на обвинителството. -Александар Василевски – Нинџа вчера на сведочењето кажа работи коишто никогаш не ги споменал во своите искази претходно, ниту на судењето претходно, сега прошири и измени, внесувал и изнесувал лица, и се сети на некои настани и лица за кои претходно една година не се сеќавал, вели Миланов. Адвокатот вели дека од тие причини овој сведок и неговото сведочење не можат да бидат релевантен доказ на којшто може да се заснова една пресуда со доволно факти. Миланов потенцираше дека не може човек кој под претпоставка имал толку податоци и информации да добие најлесна казна ако веќе бил дел од некаква организација за 27-ми април. -Сметам дека она што го зборува овој сведок, во својот исказ Александар Василевски – Нинџа нема поткрепа, ниту во вербални, ниту во материјалните докази кои воопшто постојат во овој предмет, ако го следевте вчерашниот негов исказ тој зборува за многу повеќе лица за коишто не се превземени постапки, логична претпоставка е дека обвинителството провери каде тие се наоѓале по нивните телефони, па не ги стави во постапка затоа што ако ги ставеше во постапка ќе се дознаеше дека за тие лица апсолутно лаже, а тие докази ќе мора да ги даде на одбраната, со тоа што самата Русковска ќе си го срушеше овој сведок, посочи адвокат Миланов. Миланов потенцираше дека вчера Нинџа ништо не кажал што може да се потврди, зашто ако се оди по базните станици на неговото движење, а тие ќе се изведат, ќе се докаже дека не е така како што вели во однос на неговото движење. -Не можам да објаснам како сето тоа она што го кажа може да го помни, или пак можеби некој му го дал обвинението да го прочита па да се води по истото, вели Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokat-milanov-svedokot-nindza-svojata-memorija-ja-prilagoduva-na-potrebite-i-baranjata-na-obvinitelstvoto/feed/ 0
Миланов: Она постапување на Трајко Вељаноски на 27 април е сосема деловнички и правилно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-ona-postapuvanje-na-trajko-veljanoski-na-27-april-e-sosema-delovnichki-i-pravilno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-ona-postapuvanje-na-trajko-veljanoski-na-27-april-e-sosema-delovnichki-i-pravilno/#respond Wed, 13 May 2020 12:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=345377

Сведокот Оливер Спасовски потврди два факти, тоа се дека на координаци не постоела апсолутно никаква согласност на примена на член 78 став 2 како што тој сметал дека треба да се примени и уште поважно со оглед дека е пратеник од 2006 од таа година никогаш не била прекината точката во момент кога има пријавени кандидати за да понатаму може да продолжи по наредна точка или по друга седница, ова денеска пред судот го истакна адвокатот Еленко Миланов во врска со сведочењето на Оливер Спасовски за случајот „27 април“. -Она постапување на Трајко Вељановски е сосема деловнички и правилно е постапено, вели Миланов. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија како и многу други кои ги поддржуваа овие протести, но тие не ги организираа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-ona-postapuvanje-na-trajko-veljanoski-na-27-april-e-sosema-delovnichki-i-pravilno/feed/ 0
Миланов: Несериозно е педагог да го толкува Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-neseriozno-e-vtoriot-svedok-za-sluchajot-27-april-da-go-tolkuva-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-neseriozno-e-vtoriot-svedok-za-sluchajot-27-april-da-go-tolkuva-ustavot/#respond Mon, 11 May 2020 17:00:00 +0000 https://kurir.mk/?p=344678

На новинарското прашање дека денеска во судот вториот сведок практично потенцирал дека тогашниот претседавач на седницата можел да го прекине говорот конкретно на Зекири Ибраими и колку ова им го отежнува околноста како бранител адвокатот Еленко Миланов вели дека вториот сведок не е сериозно и допустливо да го толкува уставот. -Вториот сведок според неговите генерали е дипломиран педагог кој што од својата струка постапува со деца од претшколска и осмоодделенска настава и тој остана да толкува деловник што сметам дека сигурно е несериозно. Овој сведок не потврди дека можел да исклучи, бидејќи од 2017 самиот претседател може тоа да го исклучи. До 2017 година односно пред овие настани дури и тој не можел да врши исклучување и тоа можело преку компјутерскиот центар. Сметам дека времетраењето на шокот не дозволувало таква реакција и сметам дека апсолутно ништо не се потврдува, вели Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-neseriozno-e-vtoriot-svedok-za-sluchajot-27-april-da-go-tolkuva-ustavot/feed/ 0
Миланов: Разговорите во бомбите се нелогично прекинувани, СМС пораките може да се изменети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-razgovorite-vo-bombite-se-nelogichno-prekinuvani-sms-porakite-moze-da-se-izmeneti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-razgovorite-vo-bombite-se-nelogichno-prekinuvani-sms-porakite-moze-da-se-izmeneti/#respond Fri, 27 Sep 2019 15:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=245352

Во текот на дебата на 24Анализа адвокатот Еленко Миланов го оспори сегашното овластивање по кое поранешните специјални обвинители го продолжија водењето на предметите пред судот.

-Овластувањата на овие обвинители го спорам чисто правно. Со одлука на советот на јавни обвинители, овие обвинители се вратени во основните јавни обвинителства. Основното јавно обвинителство нема стварна надлежност да постапува во предмети од одделението за организиран криминал. Ни се појавуваат обвинители кои се избрани за постапување пред судови во Куманово, Радовиш Кочани, кои доаѓаат и застапуваат предмет во судот во Скопје. Немаат месна надлежност согласно Законот. Такво овластување дури и Републичкиот јавен обвинител не може да им даде или пренесе. И затоа е спорно секое постапување од оној момент од кога се превземени. А дури и превземањето е дискутабилно и спорно. Со што се превземени? Со кој документ? Кој ги превзема, по кој основ? – рече Миланов.

Миланов се осврна и на сведочењето на Зоран Верушевски во кое тој пред судот кажа дека бомбите претрпеле страотно модифицирање и се компромитирани. Миланов и самиот потврди дека овие сомнежи се основани, бидејќи и дел од разговорите кои ги слушал имале нелогичен крај , а на тоа го придодаде и мислењето на некои сведоци кои кажале дека СМС комуникацијата без траг може да биде целосно заменета.

-Ако ја земеме снимката која беше пуштена јавно за убиството на Нешковски и она што од таа снимка можеше да се добие и што се тврдеше дека е таа снимка, и кога ја пушти Ел Чека таа снимка во целовитост излегува нешто сосема друго. Ако тоа го поврземе со тоа што го кажа Верушевски произлегува дека тој е во право. Јас во Судница преслушав илјадници разговори во разни предмети. Знаете дека има нелогични прекинувања на разговорите? И никој тоа не го третира. На сред реченица во сред мисла се прекинува и нема продолжение. И сега ова што го кажа Верушевски ги компромитира и разговори и СМС пораки. Посебно што веќе има изготвени вештачења согласно кои, апсолутно без никаков траг пораките може да се менуваат во целата нивна содржина. На крајот на краиштата на тие стручњаци во ниеден предмет не дозволуваат да го види во присуство на луѓе од судот? Во СЈО зошто не дозволуваат тие фајлови да се видат, колку се веродостојни, дали се менувани или не се менувани? Имаме изјава дека тие ( материјалите) се вештачени не знам каде во Германија, па каде е тоа вештачење? Зошто никој никаде не го појави?- посочи Миланов.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-razgovorite-vo-bombite-se-nelogichno-prekinuvani-sms-porakite-moze-da-se-izmeneti/feed/ 0
Миланов: Истрагата со Рекет се води непрофесионално и противзаконито https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-istragata-so-reket-se-vodi-neprofesionalno-i-protivzakonito/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-istragata-so-reket-se-vodi-neprofesionalno-i-protivzakonito/#respond Fri, 27 Sep 2019 15:40:24 +0000 https://kurir.mk/?p=245350

Адвокатот Еленко Миланов кој има долгогодишна пракса во текот на вчерашната емисија 24Анализа посочи дека истрагата со Рекет фрла сомнеж дека се води противзаконито затоа што истрагата е затворена, без да се земе исказ од обвинетите.

-Јас би се повикал на членот 302, став 2 од Законот за кривична постапка кој вели јасно и децидно “ пред завршување на истражна постапка Јавниот обвинител, ако тоа не го сторил претходно, е ДОЛЖЕН да го испита обвинетиот“. И како сега може кога тој бара увид, подготовка за својот исказ, да му дадете известување за завршена истрага? А истрагата мора да заврши дури по неговиот распит- се запраша адвокатот Миланов.

Ова го доведува во прашање професионалниот пристап на Обвинителството во случајот Рекет, бидејќи надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, по анализа на прибраните материјални и вербални докази информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените. Притоа искази се уште не се земени од Катица Јанева и Бојан Јовановски Боки 13

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milanov-istragata-so-reket-se-vodi-neprofesionalno-i-protivzakonito/feed/ 0