елиминирана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Jul 2020 14:56:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png елиминирана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Експрес: Како кандидатка на опозицијата е елиминирана од изборната кампања (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspres-kako-kandidatka-na-opozicijata-e-eliminirana-od-izbornata-kampanja-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspres-kako-kandidatka-na-opozicijata-e-eliminirana-od-izbornata-kampanja-foto/#respond Sun, 12 Jul 2020 14:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=374647

Кандидатката за пратеник од ГРОМ во изборната единица 4 на листата на ВМРО-ДПМНЕ Билјана Петрушева е елиминирана од изборната кампања со помош на тест според кој наводно била позитивна на Ковид-19, пишува порталот Експрес.мк. Двата подоцна два направени теста во релевантни лаборатории покажале дека Билјана Петрушева е негативна но таа поради првиот тест кој бил направен под супервизија на екс советник на СДСМ во советот на Гевгелија епидемиологот Сашо Олумчев. Петрушева во писмен допис ја објаснува причина зошто воопшто се тестирала? “Вработена сум во институција во која изминатите месеци имавме наплив од странки, двајца колеги беа позитивни на вирусот а неколку колеги беа тестирани. Не сум била во директен контакт со колегите но како институција со голем број вработени никој не може да знае кој како се однесувал претходниот ден. Потоа како кандидат за пратеник во изборна единица 4 сметав дека не смеам да си дозволам да ги изложам на ризик оние со кои ќе соработувам, ке се среќавам итн. На крајот на краиштата и поради моето семејство со оглед дека од град со најголем број зболени одам во средина каде пандемијата е под контрола. Сметав дека ќе бидам поспокојна ако добијам официјална потврда дека не носам никаков ризик по околината”, објаснува Петрушева која сега смета дека згрешила што довербата ја дала на јавното здравство односно на општата болница Гевгелија и епидемиологот д-р Сашко Олумчев каде го направила тестирањето на 26.06. следниот ден од доаѓањето во Гевгелија. “На моето прашање кога ќе го добијам резултатот од страна на докторот информацијата беше 2 до 3 дена а може и за еден ден. Сепак одговорот го добив шестиот ден на 1 јули и тоа на мое прашање ипратено до докторот по порака на Фејсбук со текст: Дали заради моето одговорно однесување можам да бидам спокојна. Пораката од моја страна е пратена во 13 и 3 минути а одговорот го добив истиот ден во 17.и 40 со содржина: “За жал не. Тестот е позитивен веднаш изолирајте се и размислете за контактите”. Петрушева објаснува дека нејзин следен чекор бил изнаоѓање информација каде може да добие потврда со ново тестирање и веднаш сама со возило успеала да стигне во Скопје во КН Аџибадем Систина каде направила брз “Пи си ер” тест при што резултатот бил негативен. “Во меѓувреме информациите за мојот позитивен тест стигнале до моето семејство до колегите од центарот за вработување Гевгелија и тоа беше најмачниот период во оваа голгота кога сеуште не бев спокојна и не знаев на кого да верувам со еден позитивен и со еден негативен тест. Следниот ден во 9 часот направив тестирање во лабораторијата Биотек и овде резултатот беше негативен. Истиот ден 02.07. ме контактираше епидемиолог – госпоѓа од скопје која беше изненадена – кога сум успеала да направам две тестирања. Затоа што и потенцирав дека сум во кампања и дека одлично се чувствувам ми рече дека многу грешки се прават со тестовите и дека за мојот случај цитирам ќе реферира следното утро на комисија. За жал следното утро имавме непријатен разговор и ми беше доставено решението за изолација со адреса Чаир иако живеам во ЦЕНТАР. По 4 дена ме посети лице од полиција и толку. До денес, 17 ден од тестирањето комуницирам само со матичниот лекар и сум во изолација. Цело време сум во одлична состојба, фала богу и сите од моето опкружување-семејството, пријателите, колегите од тимот со кој тебаше да ја тераме кампањата се одлични а Гевгелија нема активен случај на корона”, вели Петрушева за која останува горчливиот вкус што една благородна и одговорна намера се претворила нејзина казна и многу неодговорени прашања. ” Затоа само сакам да порачам довербата е многу многу скап подарок –внимавајте кому ја давате затоа што скапо чини”, заклучува Петрушева во своето писмено известување во врска со начинот на кој била елиминирана од најголемиот дел до предизборната кампања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspres-kako-kandidatka-na-opozicijata-e-eliminirana-od-izbornata-kampanja-foto/feed/ 0
Квитова аут од „Вимблдон“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kvitova-aut-od-vimbldon/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kvitova-aut-od-vimbldon/#respond Tue, 03 Jul 2018 18:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=72654

Двократната шампионка Петра Квитова (Чешка) беше елиминиран во првиот круг на „Вимблдон“. Квитова загуби од Александра Саснович (Белорусија) со 4:6, 6,4, 0:6 за два часа и четиринаесет минути поминати на теренот Дваесет и четири годишната Саснович направи брејк во седмиот гејм на својот пат кон успехот во првиот сет. Во вториот дел, Квитова ги зеде првите три гема и потоа водеше со 5:2. Сасович направил брејк во деветтиот гејм, но уште во следниот загуби на свој сервис, а Чехињата го изедначи резултатот. Во третиот дел, Сасович, која е број 50 на светската ранг-листа, не загуби ниту еден гејм и го доби натпреварот. Во вториот круг, таа ќе игра против Тејлор Таунсенд (САД). Квитова направи 36 неизнудени грешки и изгуби на стартот на „Вимблдон“ за прв пат од 2009 година. Во исто време, Еужени Бушар (Канада) продолжува понатаму. Финалистката од 2014 година ја надмина учесничката со „вајлд карта“ Габриела Тејлор (Велика Британија), со 6:0, 4:6, 6:3. Од позвучните имиња во следното коло се пласираа и Халеп, Кербер, Конта, Мугуруза, Цибулкова, Гаврилова итн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kvitova-aut-od-vimbldon/feed/ 0