Елизабет Астете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Feb 2021 06:37:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Елизабет Астете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Перуанска министерка поднесе оставка откако се вакцинирала пред приоритетните групи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanska-ministerka-podnese-ostavka-otkako-se-vakcinirala-pred-prioritetnite-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanska-ministerka-podnese-ostavka-otkako-se-vakcinirala-pred-prioritetnite-grupi/#respond Mon, 15 Feb 2021 06:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=468754

Перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка откако призна дека направила голема грешка со вакцинирањето против Ковид-19 во јануари, пред приоритетните групи од населението. Привремениот претседател Франциско Сагасти веднаш ја прифати нејзината оставка. Астет е втората министерка која ја напушта владата поради скандал со вакцинација, откако шефицата на Министерството за здравство го стори тоа претходно. Скандалот избувна во четвртокот откако перуански весник откри дека поранешниот претседател Мартин Вискара (2018-2020) бил вакциниран против коронавирусот во октомври минатата година, неколку недели пред распуштање на Парламентот. Поранешниот шеф на државата, кој ќе се кандидира за парламентот на изборите на 11 април, се бранеше со образложение дека доброволно се пријавил на клиничкото испитување за вакцините „Синофарм“ како и илјадници други Перуанци. Сепак, универзитетот што ја спроведуваше анализата ги негираше неговите тврдења. Откритието предизвика негодување, а министерката за здравство Пилар Масети во петокот поднесе оставка. За разлика од другите земји, чии претседатели, министри и други владини службеници се вакцинирани да дадат пример, во Перу, членовите на владата кои се вакцинираат во целосна дискреција пред официјалниот почеток на кампањата за вакцинација се критикувани. Првите вакцинации во земјава започнаа во вторникот и досега тие се приоритет на здравствените работници. До саботата, 1,22 милиони луѓе биле дијагностицирани со коронавирус во Перу, а бројот на смртни случаи е 43.491.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peruanska-ministerka-podnese-ostavka-otkako-se-vakcinirala-pred-prioritetnite-grupi/feed/ 0