Елизабет Борн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 07:26:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Елизабет Борн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Елизабет Борн останува премиерка на Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elizabet-born-ostanuva-premierka-na-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elizabet-born-ostanuva-premierka-na-frantsija/#respond Tue, 18 Jul 2023 07:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=857554

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Елизабет Борн ќе остане премиерка, изјави синоќа извор од кабинетот на Макрон. - Со цел да се обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да ја задржи премиерката, рече изворот. Францускиот претседател, исто така, ќе даде назнаки за неговите планови за следните месеци „до крајот на неделата“, рече изворот. Претходно се појавија гласини за можни промени во француската влада по неколкудневните немири откако полицаец застрела тинејџер кој одбил да застане за време на сообраќајна контрола. Немирите беа еден од најголемите предизвици за францускиот претседател Емануел Макрон откако е на власт. Пред тоа, Макрон се соочи со многу отпор на неговиот план да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elizabet-born-ostanuva-premierka-na-frantsija/feed/ 0
Францускaтa премиерка Борн ги повика синдикатите на разговори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/#respond Fri, 05 May 2023 19:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=831122

Француската премиерка Елизабет Борн ги повика синдикатите на билатерални состаноци на 16 и 17 мај, додека Владата сака да помине на други прашања освен крајно непопуларната пензиска реформа, соопшти денеска нејзиниот кабинет. Законот за пензиската реформа кој претседателот Емануел Макрон го потпиша минатиот месец и покрај неколкунеделните протести и штрајкови, го искристализираше незадоволството против претседателот кој многумина го сметаат за резервиран и рамнодушен кон нивните секојдневни проблеми. Владата на Макрон, која нема мнозинство во Парламентот, го протурка законот за пензиите без конечно гласање, бидејќи недостигаше меѓупартиска поддршка. Синдикатите рекоа дека ќе ги искористат претстојните разговори за да го потврдат своето противење на пензиските реформи и да работат на заеднички предлози за подобрување на условите за работа. Исто така тие најавија и нов ден на национални протести против реформите на 6 јуни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/feed/ 0
Борн: Нема преговори за старосната граница за пензионирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/born-nema-pregovori-za-starosnata-granitsa-za-penzionirane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/born-nema-pregovori-za-starosnata-granitsa-za-penzionirane/#respond Sun, 29 Jan 2023 15:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=793388

Француската премиерка Елизабет Борн денеска изјави дека планот на Владата за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години „повеќе не е предмет на преговори“. Како што пренесуваат агенциите, изјавата на премиерката дополнително ги „налути“ противниците и синдикатите кои планираат нови масовни протести и штрајкови оваа недела. Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е дел од поширокиот закон што го спроведува францускиот претседател Емануел Макрон во неговиот втор мандат. Нацрт-законот наиде на широк отпор во јавноста, така што повеќе од милион луѓе протестираа против него на почетокот на овој месец, а незадоволството е поттикнато и од тоа што не е јасно што тој ќе им донесе на француските работници. Борн рече дека за возраста за пензионирање „повеќе не може да се преговара“ и дека пензионирањето ќе биде на 64 години, а продолжувањето на бројот на години потребни за да се заработи целосна пензија е „компромис предложен по разговорите со работодавачите и синдикатите“. По нејзината изјава, нагло се зголеми бројот на потписи на онлајн петиција на синдикатот кој се бори против планот за пензионирање. Пратеникот Мануел Бомпард, чија партија „Непокорена Франција“ го предводи парламентарниот притисок против реформите, повика на „најголем можен одѕив“ на претстојните штрајкови и протести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/born-nema-pregovori-za-starosnata-granitsa-za-penzionirane/feed/ 0
Анкета: Француската премиерка Елизабет Борн попопуларна од Макрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-francuskata-premierka-elizabet-born-popopularna-od-makron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-francuskata-premierka-elizabet-born-popopularna-od-makron/#respond Sun, 21 Aug 2022 17:27:45 +0000 https://kurir.mk/?p=721771

Француската премиерка Елизабет Борн, која е околу три месеци на функцијата, има поголем рејтинг од претседателот Емануел Макрон, покажуваат резултатите од месечната анкета на Ифоп за „Журнал ди диманш“, јави дописникот на МИА. Со само 37 отсто од Французите се задоволни од работата на Макрон, што е еден процент помалку во споредба со претходниот месец. Додека 63 отсто од испитаниците изјавиле дека се незадоволни. Додека 41 процент изјавиле дека се задоволни од работата на Борн односно три поени повеќе од минатиот месец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-francuskata-premierka-elizabet-born-popopularna-od-makron/feed/ 0
Борн: Франција е погодена од најлошата суша досега https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/born-francija-e-pogodena-od-najloshata-susha-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/born-francija-e-pogodena-od-najloshata-susha-dosega/#respond Fri, 05 Aug 2022 10:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=714497

Француската премиерка Елизабет Борн денеска формираше меѓуминистерски кризен тим, кој треба да се справи со последиците од една од најлошата суша што ја погодиле земјата. – Актуелната исклучителна суша лишува многу заедници од вода и е трагедија за нашите земјоделци, нашите екосистеми и биолошката разновидност. Недостигот од дожд се влошува со последователните топлотни бранови, што од една страна го зголемуваат испарувањето, но и побарувачката за вода. Ситуацијата може да продолжи во текот на следните две недели, па дури и да стане позагрижувачка, истакна Борн. Таа упати апел до Французите штедливо да ја користи водата. Голем број делови во Франција се погодени од суша, поради што некаде се воведени ограничувања на водата, вклучително и за наводнување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/born-francija-e-pogodena-od-najloshata-susha-dosega/feed/ 0
Макрон ја назначи Елизабет Борн за нов француски премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/677497/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/677497/#respond Mon, 16 May 2022 16:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=677497

Триесет години по краткиот престој на Едит Кресон (1991-1992) во хотелот „Де Матињон“, од вечерва тој повторно ќе биде запоседнат од жена. Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА. Поранешната шефица на РАТП и поранешен префект на Поату-Шарент, во 2017 година му се приклучи на шефот на државата и неговиот прв мандат таа последователно беше министерка за транспортот, за еколошката транзиција, за на крајот да биде и минитерка за труд. -Таа во неговиот петгодшен мандат ги отелотвори повеќето големи трансформации подобро од кој било друг“, забележа извор близок до Макрон. Нејзиниот претходник, Жан Кастекс, попладнево во Елисејската палата ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката. Во писмо тој зборува за „новата ера што се отвора“ и најавува дека ќе се држи подалеку од националниот политички живот. Но, претходно Кастекс, сепак, ќе мора да го мине традиционалниот трансфер на власта, со новиот шеф на владата. Борн потоа, во договор со шефот на државата, ќе треба да го формира тимот што ќе ја сочинува извршната власт до изборите во јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/677497/feed/ 0