Елизабет Холмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jan 2022 09:20:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Елизабет Холмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Милијардерката Елизабет Холмс обвинета за измама на инвеститори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarderkata-elizabet-holms-obvineta-za-izmama-na-investitori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarderkata-elizabet-holms-obvineta-za-izmama-na-investitori/#respond Tue, 04 Jan 2022 09:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=615890

Основачот на корпорацијата Теранос, Елизабет Холмс е обвинета за измама на инвеститори, по повеќемесечно судење во Калифорнија. Обвинителството ја обвини Холмс дека свесно лажела за технологија која наводно може да открие болести врз основа на анализа на неколку капки крв, пренесува Би-Би-Си. Поротата ја прогласи Холмс за виновна по четири точки од обвинението, вклучително и заговор со цел измама на инвеститори и по три точки за поврзана измама. Обвинетата ги негираше обвинувањата на обвинителството, за што е предвидена максимална затворска казна од 20 години. Таа не е приведена, а датумот на изрекување на пресудата се уште не е потврден, но следното рочиште е закажано за следната недела. Холмс е обвинета по вкупно 11 точки, а ослободена е по четири точки од обвинението кои се однесуваат на измама на јавноста. Поделената пресуда следува откако судијата побарал поротата, која расправаше седум дена, да донесе делумна пресуда бидејќи не успеала да се усогласи и да постигне консензус за трите точки од обвинението. Корпорацијата Теранос во еден момент беше проценета на девет милијарди долари, а таа компанија порано беше популарна во Силиконската долина, бидејќи најави револуционерен напредок во медицинската индустрија. Меѓутоа, новинарското истражување на Волстрит џурнал во 2015 година покажа дека основната технологија на Теранос за тестирање на крвта не функционира, по што корпорацијата почна да го губи кредибилитетот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarderkata-elizabet-holms-obvineta-za-izmama-na-investitori/feed/ 0
Ја нарекуваа „наследничката на Стив Џобс“, а денес ѝ се закануваат 20 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-narekuvaa-naslednichkata-na-stiv-dzobs-a-denes-se-zakanuvaat-20-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-narekuvaa-naslednichkata-na-stiv-dzobs-a-denes-se-zakanuvaat-20-godini-zatvor/#respond Tue, 24 Nov 2020 13:26:22 +0000 https://kurir.mk/?p=433735

Носејќи црна ролка во стилот на Стив Џобс, со кого многумина ја споредуваа и зборуваа дека е негова наследничка, Елизабет Холмс пред медиумите и инвеститорите се прикажуваше како надежна ѕвезда на технолошката индустрија. Нејзината компанија Theranos, како што тврдеше пред неколку години, разви револуционерен уред за вадење и анализа на крв кој беше многу едноставен (доволно беше само мал примерок на крв од прст кој можеше да се вади и во аптеки) и поевтин. Резултатите од анализите многу побрзо беа готови во однос на моменталната метода, а како што ги уверуваше инвеститорите и јавноста, со само капка крв од прстот нивниот уред детектираше различни болести, од дијабетес до тумори. Сето ова звучеше премногу добро за да биде вистинито и на крајот испадна дека е голема измама. Како што откри новинар на Wall Street Journal, Theranos примероците од крв ги испраќал на анализа во надворешни лаборатории, а примероците кои ги анализирал нивниот уред биле со погрешни резултати. Но, веќе беше доцна за многуте инвеститори кои вложија милиони во компанијата, а Холмс со тие пари живееше како кралица. Приватни авиони, скапи автомобили, асистенти за приватен шопинг, престој во луксузни и скапи хотели, сето тоа беше необично дури и за извршните директори на компанијата, а таа трошеше пари кои не се нејзини. Кога беше откриена измамата и во тек беше истрагата, ѝ се закануваше казна затвор од 20 години. Нејзините адвокати не сакаа како доказен материјал против неа да се користат податоците за нејзиниот луксузен живот. Судењето е закажано за почетокот на март, а оваа измама остана потсетник за инвеститорите претходно добро да се информираат пред да инвестираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-narekuvaa-naslednichkata-na-stiv-dzobs-a-denes-se-zakanuvaat-20-godini-zatvor/feed/ 0