елизабета ѓоргиевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 14:47:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png елизабета ѓоргиевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обраќање на сопругата на претседателот на националната конференција за ментално здравје „Напредок и понатамошни чекори“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakane-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-natsionalnata-konferentsija-za-mentalno-zdravje-napredok-i-ponatamoshni-chekori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakane-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-natsionalnata-konferentsija-za-mentalno-zdravje-napredok-i-ponatamoshni-chekori/#respond Wed, 03 May 2023 14:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=830212

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на националната конференција за ментално здравје „Напредок и понатамошни чекори“ што се одржа во организација на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје со цел да се изгради коалиција на партнери кои работат заедно меѓусекторски и пристап на целата заедница за подобрување на менталното здравје на децата и адолесцентите. Поздравувајќи ја значајната студија изработена од УНИЦЕФ во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија од Скопје со која се добива појасна слика за состојбата во земјата по ова критично прашање и насоки како да се надминат овие предизвици, сопругата на претседателот во своето обраќање истакна дека е неминовен заеднички ангажман на сите релевантни чинители, носители на одлуки, здравствени, образовни и социјални инстанци и навремен институционален одговор. Според г-а Ѓоргиевска, во текот на изминатите неколку години, направени се чекори за подигнување на свеста за менталното здравје и разбивање на стигмата поврзана со него, при што сѐ повеќе луѓе зборуваат за нивните сопствени борби со менталното здравје, сѐ почесто се разговара за корелацијата меѓу менталното и физичкото здравје, но, очигледно имаме уште многу работа, и како индивидуи, и како колектив. „Сериозноста на ситуацијата налага меѓусекторски одговор за доследна примена на националната стратегија, како што сугерираат и самите студии: преку повеќе инвестиции во услуги за менталното здравје и психосоцијална поддршка за сите деца, адолесценти и семејства, поддршка за семејствата преку програми кои промовираат позитивно родителство и грижа, промена на наративот за перцепцијата на негата на менталното здравје“, нагласи г-а Ѓоргиевска. Сопругата на претседателот истакна дека е потребно да ги срушиме стереотипите и да создадеме амбиент во кој грижата за менталното здравје ќе биде општо прифатена, а не табу тема, додавајќи дека треба да се погрижиме нашите деца, партнери, колеги, пријатели да се чувствуваат безбедно и поддржано кога зборуваат за проблемите низ кои поминуваат, како би им подале рака да излезат од вртлогот на негативни емоции и мисли, неретко проследени со анксиозност или депресија. На настанот воведно обраќање имаше Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ, а на панел дискусијата „Менталното здравје на децата и адолесцентите – Потреба од меѓусекторско делување“ се обратија министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик-министерот за образование и наука, Агим Нухиу, заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеин и директорот на Универзитетската клиника за психијатрија, Стојан Бајрактаров. На панел дискусијата „Осврт на искуства и научените лекции во областа на менталното здравје“ се обратија Маргарита Спасеновска, претставник на СЗО во Северна Македонија, училишниот психолог во СУГС Гимназија „Никола Карев“, Гордана Блажевска Спиридонова и клиничкиот психолог во Универзитетската клиника за психијатрија, Иво Куновски. Во рамки на настанот беа претставени резултатите од двете студии за ментално здравје за адолесценти и нивните старатели и жени во перинатален период, развиени во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakane-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-natsionalnata-konferentsija-za-mentalno-zdravje-napredok-i-ponatamoshni-chekori/feed/ 0
Ѓоргиевска: Родово базираното насилство во интернет просторот е недозволиво и треба да се санкционира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievska-rodovo-baziranoto-nasilstvo-vo-internet-prostorot-e-nedozvolivo-i-treba-da-se-sanktsionira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievska-rodovo-baziranoto-nasilstvo-vo-internet-prostorot-e-nedozvolivo-i-treba-da-se-sanktsionira/#respond Wed, 05 Apr 2023 11:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=820493

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на настанот „Твоето тело е твое, и на нет и во реалниот свет“ во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА во Скопје. Во своето обраќање Ѓоргиевска посочи дека родово базираното насилство во интернет просторот е недоволно експонирана тема чие актуелизирање е потребно и изнаоѓање на решенија. „Насилството во виртуелниот свет иако не е физичко, подеднакво боли и остава трајни последици. Многу жени ширум светот доживеале некаква форма на родово базирано насилство извршено со злоупотреба на технологијата, додека девојчињата, девојките и младите жени се особено подложни на тоа“, истакна Ѓоргиевска. Таа ја поздрави изработката на поимникот за родово базирано насилство, потенцирајќи дека колку сме поинформирани за разновидните начини на коишто интернетот може да биде (зло)употребен како алатка за насилство, толку полесно ќе биде тоа да се спречи, соодветно да се реагира и да се санкционира. „За насилството кое се случува онлајн, во виртуелниот простор, мораме да зборуваме отворено и гласно, постојано и упорно. Само така полесно ќе го препознаеме за да можеме да го спречиме. Мораме да ги сензибилизираме нашите граѓанки дека родово базираното насилство во интернет просторот е недозволиво и треба да се санкционира и искорени. Често многумина, особено млади, не се свесни за тежината на постапките на социјалните мрежи и се чувствуваат слободни и сигурни зад тастатурата да можат да загрозуваат друга личност, дискриминирајќи, навредувајќи, извршувајќи насилие. Тоа мора да запре“, рече во обраќањето Ѓоргиевска. Таа изрази благодарност до сите кои отворено зборуваат за насилството што им се случило и со тоа ги охрабруваат и останатите жртви да не потиснуваат и живеат во страв. Настанот е дел од глобалната кампања на УНФПА „Вodyright“, што претставува глобален повик за акција со цел да се спречи насилството врз жените и девојчињата во виртуелниот простор. На настанот се обратија Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Џон Кенеди Мосоти, директорот на УНФПА во Северна Македонија и Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievska-rodovo-baziranoto-nasilstvo-vo-internet-prostorot-e-nedozvolivo-i-treba-da-se-sanktsionira/feed/ 0
Учество на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Светскиот ден на подигнување на свесноста за аутизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchestvo-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-panel-diskusija-po-povod-svetskiot-den-na-podignuvane-na-svesnosta-za-autizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchestvo-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-panel-diskusija-po-povod-svetskiot-den-na-podignuvane-na-svesnosta-za-autizmot/#respond Tue, 04 Apr 2023 13:48:46 +0000 https://kurir.mk/?p=820114

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Пристап кон аутизмот“ што се одржа во Европска куќа по повод одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Г-а Ѓоргиевска истакна дека е потребна сеопфатна студија во којашто ќе се види колкав процент и број на лица со аутистичен спектар има во земјава со цел да се изработат адекватни законски решенија и да се овозможи планирање на број на асистенти. „Бројот на лицата со аутистичен спектар се зголемува, иако го немаме точниот број. Секојдневно во работата гледаме дека имаме зголемен број на лица со аутистичен спектар. Затоа, потребно е да се вложува во дневни центри затоа што социјализацијата е особено важна за лицата со аутистичен спектар“, нагласи г-а Ѓоргиевска. Сопругата на претседателот истакна и дека постои поголема свесност за лицата со аутистичен спектар во смисла на нивно рано дијагностицирање, нивно третирање и рехабилитирање, а со подигнувањето на свеста за овие предизвици ќе им се помогне за подобар квалитет на живот. На панел дискусијата со свои видувања се обратија Анѓела Милевска, специјален едукатор и рехабилитатор, Дамјан Павлов, студент по медицина, Денис Јанкуловски од „Аутизам ААМК“ и Домника Кардула, родител на дете со аутизам. Панел дискусијата е можност да се дискутира пристапот кон аутизмот и значајноста на холистичкиот пристап кон грижата за аутизмот, истражувањето и развојот на аутизмот, како и други теми од важност за аутизмот. Настанот е продолжение на серијата дебати од областа на здравството коишто се реализираат со поддршка на сопругата на претседателот и амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир во соработка со Клубот на млади лекари и со учество на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, Здружението на студенти по медицина и здруженија и поединци кои делуваат во оваа област.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchestvo-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-panel-diskusija-po-povod-svetskiot-den-na-podignuvane-na-svesnosta-za-autizmot/feed/ 0
Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konsultativna-sredba-za-predlog-zakonot-za-donirane-na-vishok-na-hrana-vo-kabinetot-na-pretsedatelot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konsultativna-sredba-za-predlog-zakonot-za-donirane-na-vishok-na-hrana-vo-kabinetot-na-pretsedatelot/#respond Mon, 20 Mar 2023 13:13:41 +0000 https://kurir.mk/?p=814168

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, проф. д-р Александар Спасов, советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања на претседателот, Светлана Томеска Мицкова, раководител на Секторот за ЕУ при Агенцијата за храна и ветеринарство, Кристијан Калинов и Мила Тасевска од иницијативата Ретвитни оброк и Тони Станковски, претседател на Здружението на граѓани „Љубезност“. Изразувајќи ја својата поддршка за изготвувањето на овој предлог-закон, сопругата на претседателот истакна дека денешната средба е можност да се слушнат засегнатите страни меѓу кои се и иницијативата Ретвитни оброк и Здружението „Љубезност“ коишто ги познаваат елементите што би придонеле во изготвувањето на предлог-законот. На средбата беше нагласено дека потребата од законски измени е со цел да не се фрла вишокот на храна, да не се прави отпад на храна, туку да се поттикне донирањето на вишокот храна, а се разговараше и за почетните активности во врска со подготвување на предлог-законот, како и за воспоставување на механизми и критериуми за регулирање на активноста на донирање храна. Со Законот за донирање на вишок на храна се очекува поттикнување на одржливо менаџирање со храна кај сите субјекти во општеството, намалување на отпадот од храна, донирање на вишоците, како и подигнување на свеста за учество во процесите за намалување на сиромаштијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konsultativna-sredba-za-predlog-zakonot-za-donirane-na-vishok-na-hrana-vo-kabinetot-na-pretsedatelot/feed/ 0
Ѓоргиевска: Сите сме дел од едно семејство и тука сме еден за друг и во добро и во лошо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievska-site-sme-del-od-edno-semejstvo-i-tuka-sme-eden-za-drug-i-vo-dobro-i-vo-losho/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievska-site-sme-del-od-edno-semejstvo-i-tuka-sme-eden-za-drug-i-vo-dobro-i-vo-losho/#respond Sat, 11 Mar 2023 11:41:32 +0000 https://kurir.mk/?p=810745

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“, што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село, со кој Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација. -Грижејќи се за деца во ризик и нивна поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца и реализирање програми за социјална превенција, СОС Детско село е значајна алка во нашето општество, пружајќи дом и топлина за секое дете кое е дел од ова семејство, рече сопругата на претседателот. Таа ја поздрави улогата на корпоративниот сектор и на поединци со чија поддршка СОС Детско село долги години успешно ја врши својата основна функција и претставува пример во нашето општество. -Верувам дека денешниов настан ќе биде инспирација и мотив и понатаму да помагаме, подаруваме и подржуваме. Тоа не секогаш мора да биде финансиска или материјална поддршка. Доволно е и да го даруваме нашето време, нашата љубов, да посветиме внимание и да се грижиме за сите на кои им е потребна помош, истакна сопругата на претседателот. Додаде дека без разлика на сите кризи, искушенија, проблеми, не треба да ја загубиме човечноста и треба да ги зачуваме надежта и вербата, да бидеме оптимисти и да шириме позитивна енергија дарувајќи љубов затоа што, како што рече, сите сме дел од едно семејство и треба да сме тука еден за друг и во добро и во лошо. Покрај доделувањето на признанија на дваесетина компании и организации и дваесетина индивидуалци за нивната поддршка, на настанот беа претставени и постигнувањата и корпоративните активности на СОС Детско село во изминатата година, а беше изведен и перформанс од балетското студио Балерина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievska-site-sme-del-od-edno-semejstvo-i-tuka-sme-eden-za-drug-i-vo-dobro-i-vo-losho/feed/ 0
Учество на сопругата на претседателот на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchestvo-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-odbelezuvanjeto-na-3-dekemvri-megjunarodniot-den-na-licata-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchestvo-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-odbelezuvanjeto-na-3-dekemvri-megjunarodniot-den-na-licata-so-poprechenost/#respond Sat, 03 Dec 2022 15:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=770603

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип кадешто присуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот поздравно обраќање имаше директорот на училиштето, Тони Петрушев, додека учениците подготвија пригодна едукативна и културно-уметничка програма и преку рецитали, драматизација и различни жанровски музички нумери го одбележаа овој ден. Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ од Штип повеќе од три децении го остварува воспитно-образовниот процес преку изведување на современа и ефикасна настава прилагодена за индивидуалните способности на секој ученик, а овозможува и квалитетни услови во ученичкиот дом за сместување и реализација на воспитната работа. Меѓународниот ден на лицата со попреченост во земјава се одбележува со организирање на разни видови на настани чија главна цел е да се зголеми свеста за подобро разбирање на лицата со попреченост и подобрување на состојбата со нивните права при што акцентот се става на подигнување на свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со попреченост во секој аспект од животот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchestvo-na-soprugata-na-pretsedatelot-na-odbelezuvanjeto-na-3-dekemvri-megjunarodniot-den-na-licata-so-poprechenost/feed/ 0
Сопругата на претседателот се обрати на настан по повод Светскиот ден на дијабетесот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-pretsedatelot-se-obrati-na-nastan-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-pretsedatelot-se-obrati-na-nastan-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/#respond Tue, 15 Nov 2022 08:20:00 +0000 https://kurir.mk/?p=760721

опругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на настан по повод одбележувањето на 14 Ноември - Светски ден на дијабетесот што се одржа во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Настанот што се одржа под глобалното мото „Едукација за заштита на иднината“ е во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК и има за цел да пренесе порака насочена кон интензивирање и сеопфатност на едукацијата и информираноста во поглед на дијабетесот. Во рамки на настанот беше реализирана детска креативна работилница, на којашто децата заедно со двајца тренери психолози по Гешталт Арт терапија користејќи разни техники изработија голем постер со кој ја пренесоа пораката за потребата и пристапот до едукација за ова заболување. На настанот беше промовиран и едукативно-информативниот портал „Инсулинска порта“. Во своето обраќање сопругата на претседателот истакна дека институционалната соработка и креирањето на простор во кој ќе бидат пласирани релевантни информации се главниот извор за подигнување на јавната свест за детскиот дијабетес во нашата држава. Ѓоргиевска упати апел до сите релевантни институции да ги ислушаат и да одговорат на потребите и предизвиците на децата со дијабетес и нивните родители, не само заради солидарноста која е нужна, туку и заради обврската и должноста што тие институции ја имаат кон секој наш граѓанин. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Почитувани, Почестена сум да бидам денес со вас и вашите дечиња за заедно да го обележиме овој важен ден, 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот. На почетокот сакам да потенцирам, дека ја имате мојата целосна поддршка во вашата заложба за јавно говорење, континуирано едуцирање и квалитетно справување и превенција на дијабетесот. Нужната потрага по одговори поткрепени со квалитетно и релевантно едуцирање доведува до објективно разбирање и расчистување на дилемите и стравовите кои ги имаме за сопственото и за здравјето на нашите најмили. Соочувањето со предизвиците на ваков начин е од исклучително значење кога станува збор за состојба со која човекот мора да живее, како што во случајот е состојбата со дијабетесот. Во овој контекст е и мотото за глобално обележување на Светскиот ден на дијабетесот „Едукација за заштита на иднината“, кое освен што цели кон успешно превенирање на дијабетесот и последиците кои произлегуваат од него, цели и кон воспоставување на стандарди кои гарантираат квалитетен живот на секое лице со дијабетес. Верувам дека секој од нас тргнувајќи од сопствените искуства дошол до констатацијата дека постојаната едукација, стекнувањето со веродостојни и исцрпни информации, се оној суштински начин кој што гарантира квалитетното справување со било каков проблем. Така е и кога станува збор за дијабетесот. Без разлика дали говориме за дечињата со дијабетес тип 1 или тип 2, императивно прашање е ваквиот вид на едукација да биде континуиран приоритет, како за нив самите, за нивните родители, но и за системот, односно институциите кои што се инволвирани во грижата за здравјето на дечињата, па дури и за оние кои што се грижат за нивно воспитание и образование. Институционална соработка и креирање на простор во кој ќе бидат пласирани релевантни информации се главниот извор за подигнување на јавната свест за детскиот дијабетес во нашата држава. Во овој контекст верувам дека и едукативно-информативниот портал „Инсулинска порта“ ќе успее да го креира овој простор. На крајот дозволете ми да ја изразам мојата лична поддршка и почит кон вашите напори и кон вашата благородна борба за здрав и безгрижен живот на децата со дијабетес. Патот на постојаното едуцирање можеби е макотрпен, но сосема извесно е оној вистинскиот што води успех. Се разбира би сакала уште еднаш од ова место да упатам апел до сите релевантни институции да ги ислушаат и да одговорат на потребите и предизвиците на децата со дијабетес и нивните родители, не само поради солидарноста која е нужна, туку и заради обврската и должноста што тие институции ја имаат кон секој наш граѓанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-pretsedatelot-se-obrati-na-nastan-po-povod-svetskiot-den-na-dijabetesot/feed/ 0
Сопругата на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Црвен Крст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-pretsedatelot-pendarovski-na-svechenoto-otvoranje-na-centarot-za-mentalno-zdravje-i-psiho-socijalna-poddrshka-vo-crven-krst/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-pretsedatelot-pendarovski-na-svechenoto-otvoranje-na-centarot-za-mentalno-zdravje-i-psiho-socijalna-poddrshka-vo-crven-krst/#respond Wed, 19 Oct 2022 13:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=747779

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Црвениот Крст на Република Македонија. Клучни приоритети на Центарот се развој на програми наменети за едукација на пошироката јавност, дестигматизацијата на менталното здравје и зајакнување на резилиентноста на заедницата. Осврнувајќи се на сложените услови предизвикани од енергетската и економска криза, како и на последиците предизвикани од пандемијата на Ковид-19, Ѓоргиевска во своето обраќање потенцираше дека стресот, стравовите и анксиозноста го нарушуваат менталното здравје, што ја наложува потребата од утеха, сочувство, солидарност, но и професионална поддршка. „Споделувањето на сопствената мака со обучено лице кое ги разбира проблемите и состојбата може всушност да биде од клучно значење за надминување на личните кризи и спречување на развој на посериозни состојби. Сите повеќе или помалку сме ранливи или кревки, особено во критични ситуации и не можеме да функционираме како засебни острови, без да споделуваме и без да комуницираме меѓусебе“, истакна Ѓоргиевска. Сопругата на претседателот ја нагласи потребата од институционален, но и индивидуален придонес кон дестигматизација на сите наши сограѓани кои имаат потреба за психо-социјална поддршка. „Како медицински работник можам да посведочам дека во многу случаи при тешки здравствени состојби, при тешки ретки болести покрај класичната медицинска терапија, суштинска е и потребата од психолошка поддршка. Несомнено не е безначајна и менталната стаменост за позитивен исход при лекувањето на животозагрозувачките болести. Впрочем и нарушувањето на психичко здравје е подлога за развој на различни болести“, рече Ѓоргиевска. Во рамки на Центарот ќе биде обезбедена советодавна поддршка и врсничка едукација за важноста на менталното здравје, а ќе бидат организирани и тренинг едукации за сите заинтересирани институции — чинители во кризниот менаџмент на државата. Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска во изминатиот период се вклучи во поддршката на иницијативата за отворањето на овој Центар, а волонтираше и на психо-социјалните линии за помош на лицата од ранливите категории, во организација на Црвен Крст на Република Македонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-pretsedatelot-pendarovski-na-svechenoto-otvoranje-na-centarot-za-mentalno-zdravje-i-psiho-socijalna-poddrshka-vo-crven-krst/feed/ 0
Ѓоргиевска: Преку успешни претприемачки практики да ги поттикнеме и охрабриме руралните жени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgievska-preku-uspeshni-pretpriemachki-praktiki-da-gi-pottikneme-i-ohrabrime-ruralnite-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgievska-preku-uspeshni-pretpriemachki-praktiki-da-gi-pottikneme-i-ohrabrime-ruralnite-zeni/#respond Mon, 17 Oct 2022 14:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=746587

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на конференцијата „Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби“, што под нејзино покровителство се одржа во Кабинетот на претседателот. Во рамки на настанот беше организирана и изложба на производи на жени земјоделки, со цел да се поттикнат жените да се вклучат во процесите на производство на прехранбени производи. Во своето обраќање, Ѓоргиевска истакна дека е потребно преку презентирање на добри практики и успешни приказни за жени претприемачи во руралните средини, да се поттикнат руралните жени да се ослободат од традиционалните стеги и да претставуваат инспирација за останатите. -Се надевам дека оваа конференција и изложбата којашто ја направивме овде во Кабинетот ќе овозможи промоција на сето она што го работите, да се покаже кое е всушност значењето на жената во руралните средини, воопшто во стопанството во нашата земја“, рече сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Изразувајќи задоволство што изложбата, како еден од настаните по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина се реализира во Кабинетот на претседателот, Ѓоргиевска ја нагласи нејзината поддршка на ваквите настани и во иднина. -Ви честитам за прекрасната изложба, имав можност да ја видам и навистина се надевам дека во иднина ќе направиме уште повеќе вакви изложби и на таков начин ќе се обезбеди подобар пласман на вашите производи, истакна Ѓоргиевска. Конференцијата и изложбата се во организација на Центарот за управување со промени(ЦУП) во соработка со Националната федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена, 15 Октомври. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgievska-preku-uspeshni-pretpriemachki-praktiki-da-gi-pottikneme-i-ohrabrime-ruralnite-zeni/feed/ 0
Пендаровски и сопругата присуствуваа на погребот на Кралицата Елизабета Втора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-soprugata-prisustvuvaa-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-soprugata-prisustvuvaa-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/#respond Mon, 19 Sep 2022 13:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=734856

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли. Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост. Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот на Кралицата. Ова е прва погребна служба за монарх во опатијата од 18-от век до денес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-soprugata-prisustvuvaa-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/feed/ 0