Елизабета Наумовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 May 2022 12:05:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Елизабета Наумовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наумовска: Има доволно време матурантите да се подготват за испитите, ќе нема прашања од периодот на штрајкот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovska-ima-dovolno-vreme-maturantite-da-se-podgotvat-za-ispitite-kje-nema-prashanja-od-periodot-na-shtrajkot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovska-ima-dovolno-vreme-maturantite-da-se-podgotvat-za-ispitite-kje-nema-prashanja-od-periodot-na-shtrajkot/#respond Thu, 05 May 2022 12:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=672348

На испитите од државната матура нема да има прашања од наставниот материјал од времето на штрајкот во училиштата. Пријавени за матура во јуни се 15 899 кандидати. Учениците кои не ја положија проектната задача, за која законскиот рок беше 21 април, ќе имаат дополнителен период да ја положат до 19 мај кога, според календарот за наставни денови, завршува учебната година за матурантите. Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ), за МИА изјави дека 1598 ученици или нешто повеќе од 10 отсто од вкупниот број пријавени за матурата, останале без одбранета проектна задача поради штрајкот. Некои училишта ја организирале и за време на штрајкот, а некаде наставници во комисиите одбивале да организираат полагање на оваа задача која е дел од државната матура. -Согласно календарот, матурантите учат до 19 мај, и во рамки на тој период ќе биде продолжен рокот односно училиштата во текот на наредната недела да организираат полагање на проектната задача, рече Наумовска. Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација, која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Датумите за полагање на двата екстерни испита од учебната 2021/2022 година во јунската испитна сесија остануваат непроменети – на 4 јуни матурантите ќе бидат тестирани по мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик и литература), а на 13 јуни ќе биде тестот по математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија или естетика. -Освен за проектната задача, сите други рокови остануваат. Има доволно време и простор матурантите да се подготвуваат. И оваа година, како и лани, државна матура ќе полагаат по скратени испитни програми. Материјалот за испитни прашања е црпен од прва, втора, трета и четврта година до месец март и не го опфаќа овој период кога имало штрајк на наставниците. Од професорите кои во предметните комисии ги изготвија прашањата, ДИЦ доби уверување дека прашања од овој период, април-мај, нема. Тоа значи дека нема потреба ни за паника, ни за некакви барања и заговарања за укинување на матурата зашто тоа ќе значи неможност за влез во високото образование ниту во државава, ниту на странски универзитети, изјави Наумовска за МИА. Нагласи дека секое пролонгирање ќе ги пролонгира и роковите за упис со што ќе им пропаднат шансите на кандидатите за студии во странство. -Некои се условно примени во странство и треба околу 9 и 10 јули да достават диплома дека положиле матура за да бидат официјално примени. Меѓу нив има и деца кои примаат стипендии и штета би било да им го скратиме тој животен сон, додаде Наумовска. За полагање државна матура во јунската испитна сесија се пријавиле 15 899 матуранти, од кои 7135 се од гимназиско образование, 8504 од стручно и 260 се ученици од уметничките училишта. Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15 300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита беше 3.61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3.48. Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради КОВИД-19, а на барањето на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovska-ima-dovolno-vreme-maturantite-da-se-podgotvat-za-ispitite-kje-nema-prashanja-od-periodot-na-shtrajkot/feed/ 0
Кандидати за обука и полагање за директори во основни и средни училишта со отворено писмо до директорката на ДИЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/#respond Sat, 19 Feb 2022 11:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=633491

Кандидатите за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште испратија отворено писмо до директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално:
„Почитувана директорке, Ви пишуваме од име на група на кандидати кои веќе неколку месеци се имаме пријавено за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште. Имено, согласно посочениот Закон сме пријавени регуларно и ги имаме уплатено потребните средства за реализација на обука и спроведување на испити. Изненадени сме од самоволието и непочитување на позитивните законски прописи иако согласно член 5 од Законот ги исполнуваме условите за спроведување на основна обука и согласно член 8, став 1, цитираме: „Реализацијата на обуката според Програмата, за пријавени кандидати започнува по формирањето на група од десет кандидати, приајвени за обука согласно член 7 од овој закон.“ (Се мисли на Закон за обука и испит за директори на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански Универзитет за доживотно учење). До овој момент според наши сознанија има формирано повеќе од 5 (пет) групи и сите кандидати ги исполнуваат пропишаните услови и веќе ги имаат уплатено потребните средства. Зачудува фактот, што и покрај се’ вие одлучувате да работите спротивно на позитивните законски прописи и да водите самоволие во институција којашто е од клучно значење за образовниот процес во нашата држава. Нашите сознанија ги потврдува и тоа што на веб страницата на ДИЦ во делот на АРХИВА (https://dic.edu.mk/blog/) за периодот од 2019, 2020 и 2021 година никаде немате поставено информација за реализација на обуки за директори на основните и средни училишта. Дополнително на ова ниту пак индивидуално сме добиле повратна информација на поставени прашања во врска со термини за започнување на обуката. Ви укажеме дека ваквото Ваше самоволие и непочитување на законите е на штета пред се’ на децата, а и на штета на целиот образовен процес. Оттука, Ве повикуваме веднаш да почнете да ги почитувате законите и веднаш да започне процесот на обуки за директори. Во спротивно ќе бидеме принудени да преземеме други мерки, да ги известиме надлежните институции за грубото кршење на законите и да ги известиме претставниците на меѓународната заедница. Со почит, Кандидати за обука и полагање на испит“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/feed/ 0
Просечна оценка 3.61 од двата екстерни испита на државната матура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosechna-ocenka-3-61-od-dvata-eksterni-ispita-na-drzavnata-matura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosechna-ocenka-3-61-od-dvata-eksterni-ispita-na-drzavnata-matura/#respond Mon, 05 Jul 2021 11:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=532185

Средната оценка од двата екстерни испита на државната матура во јуни 2021 (5 и 11 јуни) е 3.61 и е подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше  3.48. Резултатите од тестовите на речиси 15 300 матуранти кои полагаа минатиот месец денеска на прес-конференција ги соопшти директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска, а од 12 часот тие се објавуваат на огласните табли во училиштата и во системот matura.gov.mk. Наумовска рече дека преведено во оценка, резултатот од оваа матура е многу добар (4) за разлика од предминатата година кога оценката беше добар (3). Тоа покажува, рече таа, дека матурантите и покрај отежнатите услови, успеале да постигнат повисоки резултати и покажале дека тоа е возможно и со онлајн-наставта. Притоа посочи дека на оваа генерација матуранти им е излезено во пресрет и полагаа по скратени испитни програми. Од испитот по македонски јазик и литература просечната оценка е 3.93,а полагале 10 647 матуарнти (во 2019: оценката била 3.69). Албански  јазик и литераатура средна оценка е 3.59, полагале 3873 (во 2019:  3.85); турски јазик и литература постигната е средна оценка 3.57 од 253 матуранти кои полагале (во 2019: 3.73), средниот успех по англиски јазик  е 2.82 од 13 033 што полагале (во 2019 успехот бил 3.07); француски јазик полагале 31 ученик и постигнале просечна оценка 4.58, а пред две години успехот бил 4.61; германски јазик полагале 135 со средна оценка 4.56 (во 2019 е постигната 4.41), руски јазик полагале 18 матуранти и е постигната перосечна оценка  4.78 за разлика од 4.07 во 2019 година. Математика полагале 1510 матуарнти  и постигнале среден успех од 4.07, што е подобро од 2019-та кога е постигнат 3.66. Во уметничките училишта вториот екстерен беше филозофија односно естетика. Филозофија полагале 13 матуранти и е постигната средна оценка  4.23 (во 2019 успехот бил 3.89) и естетика полагале 63 и постигнале просечна оценка 4.03 за разлика од 4.38 пред две години. Само двајца ученици пријавиле дека се спречени поради изолација да полагаат и еден се јавил за дополнителниот рок што ДИЦ го овозмои на крајот на јуни. Матурантите имаат право на приговор во рок од три дена односно до среда, со уплата од 1.500 денари. Новина е што на matura.gov.mk има достапни формулари и информации како да ги достават приоговорите, односно тие се доставуваат до училиштето, кое скенирано ќе ги внесе во е-систем и ќе ги достави до ДИЦ. Од среда комисии на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите  и на 12 јули ќе бидат соопштени конечните резултати од јунската испитна сесија.  За тие што нема да достават пригвоори, овие ќе бидат конечни резултати. Тие што ја положија матурата ќе може да се запишуваат на факултет, а за оние што не ја положиле или не во целост, следната сесија за полагање на екстерните испити е на 11 и 13 август. Наумовска на прес-конференцијата соопшти и дека ДИЦ подоготвва нова концепција за државна матура што би се применувала од идната учебна година. Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. Поради пандемијата минатата година не беше организирана, а оваа година по компромисот помеѓу Средношколскиот  сојуз и Владата, на матурантите им беше овозможено да полагаат два наместо три екстерни испити и по скратени наставни програми. Покрај екстерни, тие имаа и два интерни предмета и проектна задача.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosechna-ocenka-3-61-od-dvata-eksterni-ispita-na-drzavnata-matura/feed/ 0