елизабета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Sep 2022 10:14:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png елизабета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Како ги поминала последните денови кралицата Елизабета? Многу сакала да гледа временска прогноза https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-gi-pominala-poslednite-denovi-kralicata-elizabeta-mnogu-sakala-da-gleda-vremenska-prognoza/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-gi-pominala-poslednite-denovi-kralicata-elizabeta-mnogu-sakala-da-gleda-vremenska-prognoza/#respond Sun, 18 Sep 2022 10:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=734302

Ричард Кеј, Британец кој важи за експерт за кралското семејство во таа земја и поранешен близок пријател на принцезата Дијана, во статија за „Дејли Меил“ опиша како изгледале последните денови на кралицата Елизабета во шкотскиот замок Балморал. „ Четири дена пред да умре, кралицата имаше важна објава за групата што ја покани да ги помине деновите со неа во Балморал. Вечерата таа недела ќе биде неформална, рече таа. Нема костуми и вратоврски за мажите и нема долги фустани за жените и, необично, немаше ниту гајдаџии, кои со децении се незаменлива традиција за секој настан и вечера во замокот“, напиша Кај. „ Единственото нешто што не се смени кога сите седнаа на масата вечерта беше присуството на кралицата“, вели Кеј. Тој тврди дека присутните во замокот биле забавувани од опсесијата на кралицата со временската прогноза на Би-Би-Си. Се вели дека кралицата била воодушевена од метеорологот Томас Шафернакер, па секоја вечер морала да ја гледа прогнозата кога тој ја водел.
„Се забавуваше со хаосот што ќе настанеше кога другите водители требаше да го прочитаат неговото име, а таа обожаваше да го гледа“, пишува Кеј. Таа го загуби своето најстаро куче ова лето. Кралицата пристигна во Балморал ова лето, и веднаш ја погоди смртта на кучето по име Кенди. Загубата беше огромен удар за кралицата бидејќи Кенди беше нејзиното најстаро и најдолго преживеано куче. Тогаш одлучила дека не сака Кенди да биде погребана во Балморал, како другите кучиња, туку во Виндзор. Поради ова, персоналот верувал дека кралицата ќе се врати во Виндзор веднаш по одморот за да го организира тоа. Сепак, тоа не се случи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-gi-pominala-poslednite-denovi-kralicata-elizabeta-mnogu-sakala-da-gleda-vremenska-prognoza/feed/ 0
ОД 1952 ДО 2022 ГОДИНА! Погледнете како се менувала покојната кралица Елизабета низ годините – на 26 години изгледала како вистинска млада дама (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-1952-do-2022-godina-poglednete-kako-se-menuvala-pokojnata-kralica-elizabeta-niz-godinite-na-26-godini-izgledala-kako-vistinska-mlada-dama-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-1952-do-2022-godina-poglednete-kako-se-menuvala-pokojnata-kralica-elizabeta-niz-godinite-na-26-godini-izgledala-kako-vistinska-mlada-dama-foto/#respond Wed, 14 Sep 2022 14:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=732796

Со текот на годините, покојната кралица Елизабета ја задржа и убавината и ставот Веста дека почина кралицата Елизабета остави многу граѓани на Англија во голема жалост, со оглед на тоа дека беше една од најпопуларните владетели. Жителите на Велика Британија секојдневно и оддаваат почит, а се очекува голем број да излезат на улица на денот на погребот кој е закажан за 19-ти септември. Кралицата ќе биде погребана во Вестминстерската опатија, која може да собере до 2.000 луѓе. На денот на погребот на кралицата ќе присуствуваат членови на семејството, светски лидери, политичари, монарси од други земји, јавни личности и оние кои работеле со кралицата. На интернет кружат нејзини фотографии од младоста, каде што може да се забележи дека и тогаш, како и до самиот крај, имала елегантен став и држење. Погледнете како се променила во текот на 10 години, од 1952-ра година, кога имала 26 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-1952-do-2022-godina-poglednete-kako-se-menuvala-pokojnata-kralica-elizabeta-niz-godinite-na-26-godini-izgledala-kako-vistinska-mlada-dama-foto/feed/ 0
Твитер корисник го „предвидел“ датумот на смртта на кралицата Елизабета – сега се огласи и за смртта на кралот Чарлс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tviter-korisnik-go-predvidel-datumot-na-smrtta-na-kralicata-elizabeta-sega-se-oglasi-i-za-smrtta-na-kralot-charls/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tviter-korisnik-go-predvidel-datumot-na-smrtta-na-kralicata-elizabeta-sega-se-oglasi-i-za-smrtta-na-kralot-charls/#respond Wed, 14 Sep 2022 13:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=732742

Еден Твитер корисник пред неколку недели го „предвидел“ датумот на смртта на кралицата Елизабета, што откако се покажа дека е точно, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Истиот корисник сега сподели и датум во врска со новиот крал, Чарлс III. Еден млад човек по име Логан Смит, чие име на Твитер е @logan_smith526, во јули на неговиот профил споделил дека британскиот монарх со најдолг стаж ќе умре на 8 септември 2022 година. Датумот, исто така, се покажа како вистинит. Кралицата почина минатиот четврток (8 септември) во замокот Балморал, опкружена со нејзините најблиски членови на семејството. Неговата објава наскоро стана вирална, особено откако Смит ја ажурирал и го додал датумот на смртта на кралот Чарлс III. Снимките од оваа објава имаат милиони прегледи, а исто така продолжуваат да пристигнуваат многу коментари од корисниците. И додека некои се согласиле дека воопшто не веруваат во она што Логан го предвидел, други изјавиле дека исто така „чувствуваат“ дека кралот ќе има „кратко владеење“, а некои изразиле и загриженост. Исто така, многу корисници Логан го нарекле „најбараниот човек во Велика Британија“, но и пишуваат шеги дека „не му се пишува добро“ кога неговата објава ќе дојде до кралското семејство. Инаку, Чарлс, кој во ноември ќе наполни 74 години, автоматски беше прогласен за крал по смртта на неговата мајка, што беше официјализирано на церемонијата одржана минатата сабота попладне. Новиот монарх е најстарото дете на покојната кралица од бракот со принцот Филип. Погребот на Елизабета треба да се одржи во понеделник на 19 септември во 11 часот во Вестминстерската опатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tviter-korisnik-go-predvidel-datumot-na-smrtta-na-kralicata-elizabeta-sega-se-oglasi-i-za-smrtta-na-kralot-charls/feed/ 0
За време на нејзиното владеење, кралицата Елизабета посетила 110 земји, но не и родната земја на нејзиниот сопруг https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-vreme-na-nejzinoto-vladeenje-kralicata-elizabeta-posetila-110-zemji-no-ne-i-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-vreme-na-nejzinoto-vladeenje-kralicata-elizabeta-posetila-110-zemji-no-ne-i-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug/#respond Tue, 13 Sep 2022 13:40:57 +0000 https://kurir.mk/?p=732188

За време на нејзиното владеење, кралицата Елизабета Втора никогаш официјално не ја посетила Грција, иако била во официјални посети на 110 земји. Ова не е толку изненадувачки, бидејќи нејзиниот сопруг, принцот Филип, имал комплицирани односи со земјата во која е роден во 1921 година. Вујкото на Филип, кралот Константин I, бил принуден да абдицира за време на Грчко-турската војна од 1922 година, што ја фрлило целата монархија во неизвесна ситуација. Принцот Ендрју од Грција, таткото на Филип, бил протеран од земјата и морал да побегне со семејството на британски брод за да стигне до Франција. Падот на монархијата и тензиите меѓу грчкото кралско семејство и владата го спречиле тој и кралицата да дојдат во официјална посета на Грција како владетели на Британија. Сепак, тие ја посетиле Грција приватно во 1952 година, пред доаѓањето на Елизабета на тронот. Не го повториле тоа патување. Грција не е единствената земја што кралицата одбила да ја посети. За време на нејзиното владеење, таа никогаш не го ни посетила Израел поради израелско-палестинскиот конфликт, во кој никогаш не сакала да заземе страна. И покрај тоа, принцот Вилијам сепак ја посетил Грција во 2018 година. На црната листа на земјите на кралицата се нашле и Куба, Аргентина, Албанија и Црна Гора. Кога имала 89 години, таа патувала во повеќе од 110 земји. Нејзината последна посета била на Малта, а после тоа поради лошата здравствена состојба не заминала надвор од Обединетото Кралство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-vreme-na-nejzinoto-vladeenje-kralicata-elizabeta-posetila-110-zemji-no-ne-i-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug/feed/ 0
Од почит кон кралицата: Авторот на серијата „The Crown“ на „Netflix“ најави пауза во снимањето https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/od-pochit-kon-kralicata-avtorot-na-serijata-the-crown-na-netflix-najavi-pauza-vo-snimanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/od-pochit-kon-kralicata-avtorot-na-serijata-the-crown-na-netflix-najavi-pauza-vo-snimanjeto/#respond Fri, 09 Sep 2022 16:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=730855

Познатата ТВ-серија на Нетфликс – „Круна“ (The Crown), веројатно, ќе направи пауза од снимањето на својата шеста сезона, како знак на почит кон починатата британска кралица Елизабета Втора, објавија британските медиуми.
Серијата-драма на авторот Питер Морган се заснова на животот, владеењето и наследството на 96-годишната кралица која 70 години ѝ служеше на Велика Британија, како монарх со најдолга власт во историјата. Елизабета Втора почина вчера во својот замок Балморал во Шкотска.
„Круна“ е љубовно писмо до неа и немам што да кажам повеќе во овој миг. Само тишина и почит“, објави Морган откако Бакингемската палата извести за смртта на кралицата.
„Очекувам и дека, од почит, ќе престанеме да снимаме некое време“, додаде потоа тој. Претстојната, петта сезона од серијата треба да биде достапна на Нетфликс во ноември, според Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/od-pochit-kon-kralicata-avtorot-na-serijata-the-crown-na-netflix-najavi-pauza-vo-snimanjeto/feed/ 0
Еве кој бил покрај кралицата Елизабета кога починала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koj-bil-pokraj-kralicata-elizabeta-koga-pochinala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koj-bil-pokraj-kralicata-elizabeta-koga-pochinala/#respond Fri, 09 Sep 2022 16:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=730847

Смртта на кралицата Елизабета Втора дојде толку ненадејно што остатокот од семејството не пристигна навреме во Балморал за да се збогува со својата сакана мајка и баба Денеска беше откриено дека само принцот Чарлс и принцезата Ана, најстарите деца на кралицата, стигнале до замокот Балморал на време за да бидат со својата мајка пред таа да почине. Имено, Чарлс и Ана веќе биле во Шкотска кога ги известиле дека на кралицата Елизабета Втора нагло и се влошила здравствената состојба. Остатокот од семејството пристигна во нејзината летна резиденција во Шкотска дури кога таа почина. Принцот Ендру, принцот Едвард, неговата сопруга Софи и принцот Вилијам вчера полетаа од Беркшир со приватен авион до Абердин, но додека патуваа до Балморал, кралицата повеќе не беше жива. И принцот Хари, кој синоќа требаше да присуствува на добротворен настан со сопругата Меган во Лондон, исто така се обиде навреме да стигне до Балморал, но пристигна дури околу осум навечер, речиси час и половина откако јавност била информиран за смртта на кралицата. Во Балморал пристигна сам, иако се шпекулираше дека Меган ќе биде со него, но се чини дека во таков интимен момент за семејството таа не беше добредојдена. Принцот Хари беше виден како го остава Балморал сам рано утринава, додека остатокот од семејството престојуваше во шкотскиот замок на кралицата. А, кралскиот персонал вчера плачеше и се обидуваше да се помири со загубата на својата сакана газдарица. Еден изјавил: “Колку и да се трудите да се подготвите за овој момент, оваа вест дојде како некој да ме удрил со цигла по глава. Таа е незаменлива, едноставно не можам да верувам дека нема да ја видиме повторно таа палава насмевка. Ние се во целосен шок“. Смртта на кралицата Елизабета Втора предизвика инстант лавина од емоции низ Велика Британија и илјадници граѓани веднаш се упатија пред Бакингемската палата и другите кралски резиденции низ земјата со цвеќиња во рацете. Во еден момент меѓу ожалостените одекна песната „God Save The Queen“, по што следеа извици „Да живее кралот“. Затоа што животот продолжува и по седумдесет години Велика Британија повторно добива крал – Чарлс III.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eve-koj-bil-pokraj-kralicata-elizabeta-koga-pochinala/feed/ 0
КРАЛИЦАТА ПАК ЈАВА! Елизабета не ги послушала ЛЕКАРИТЕ, па повторно е снимена на КОЊ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralicata-pak-java-elizabeta-ne-gi-poslushala-lekarite-pa-povtorno-e-snimena-na-konj-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralicata-pak-java-elizabeta-ne-gi-poslushala-lekarite-pa-povtorno-e-snimena-na-konj-foto/#respond Fri, 24 Jun 2022 12:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=695239

Кралицата Елизабета Втора (96) решила да не го слуша советот на докторот кој пред неколку месеци и рекол да престане да јава, па е фотографирана на коњ во Виндзор Кралицата Елизабета поради здравствени проблеми отсуствуваше од многу настани, а јавноста имаше можност да ја види како оди со бастун. Меѓутоа, кога оваа недела се појави во Виндзор без бастун, многумина почувствуваа дека нејзината здравствена состојба е подобрена. Извор за „The Sun“ изјавил дека кралицата не јавала во последните девет месеци, па уживала повторно да биде на коњот. – По сите грижи за нејзиното здравје, добар знак е повторно да ја видиме како јава. Сосема е извонредно да се прави тоа на 96 години – рекол изворот. Кралицата е активен јавач од 1929 година. Кога имала 3 години, добила пони, а во текот на животот одгледувала и тркачки коњи. Планот е кралицата да оди на своето годишно патување во Шкотска за неделата на „Holyrood Week“, но како што рекоа од Бакингемската палата, таа одлука ќе биде донесена подоцна. Да се потсетиме, кралицата Елизабета својата долговечност и добриот изглед ги должи на своите здравствени навики. Личниот готвач на кралицата, Дарен Мекгрејди, во својата книга „Eating Royally: Recipes and Remembrances from a Palace Kitchen“ откри кои се нејзините навики во исхраната. Мекгрејди наведува дека она што кралицата Елизабета го јаде секој ден не се променило во последните 60 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kralicata-pak-java-elizabeta-ne-gi-poslushala-lekarite-pa-povtorno-e-snimena-na-konj-foto/feed/ 0
Британската кралица бара експерт за Инстаграм, плата околу 30 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-kralica-bara-ekspert-za-instagram-plata-okolu-30-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-kralica-bara-ekspert-za-instagram-plata-okolu-30-iljadi-evra/#respond Thu, 28 Jan 2021 08:17:32 +0000 https://kurir.mk/?p=460846

Британската кралица Елизабета Втора бара лице кое ќе го води нејзиниот профил на Инстаграм за плата од 27.000 фунти годишно со поволности, се наведува во огласот објавен на веб-страницата на Кралството. Во огласот се наведува дека кандидатот ќе управува со налозите на Бакингемската палата на социјалните мрежи и потребно е да се има „талент за креативност“ и „око за дизајн“, пренесува лондонски „Сан“. -Нема да имате два исти дена. Ќе имате можност да напредувате во вашата кариера и да оставите свој белег во срцето на оваа позната институција, се наведува во огласот. Конкурсот е отворен до 7 февруари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-kralica-bara-ekspert-za-instagram-plata-okolu-30-iljadi-evra/feed/ 0
Отец Оливер со молба до Шилегов: Ако се сака може со дел од средствата за новогодишно украсување да се спаси животот на Елизабета https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-oliver-so-molba-do-shilegov-ako-se-saka-moze-so-del-od-sredstvata-za-novogodishno-ukrasuvanje-da-se-spasi-zivotot-na-elizabeta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-oliver-so-molba-do-shilegov-ako-se-saka-moze-so-del-od-sredstvata-za-novogodishno-ukrasuvanje-da-se-spasi-zivotot-na-elizabeta/#respond Tue, 01 Dec 2020 09:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=436713

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов не отстапува од новогодишното украсување на главниот град, иако голем број граѓани бараа истото да се откаже или барем поголем дел од планираните 200.000 евра да се пренаменат на помош и донација на граѓаните. Еден од многубројните апели пристигна и од отецот Оливер Петровски. -Почитуван Петре Шилегoв, татко на нашиот главен град. Внимателно ја прочитав Вашата изјава за новогодишното украсување на Скопје и делумно се согласувам со Вас. Но... Зар не може БАРЕМ да се намалат средствата за украсување и дел од тие средства да се употребат за да се нахранат гладните, да се платат сметки на социјално загрозените категории, да се плати лекување и спаси живот? Сведоци сме на илјадниците апели кои кружат низ социјалните мрежи. Една од нив е и мајка на две МАЛИ дечиња која моли за лекување и спас на нејзиниот живот за само 37.000 евра... Зар не може да се намали украсувањето за таа сума и на нејзините деца да не им се ускрати детството и радоста? Може, ако се сака.. Ве замолувам како родител, како хуманист и како човек: помогнете да го спасиме животот на Елизабета. Бог да ве благослови!!!, пишува Отец Оливер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-oliver-so-molba-do-shilegov-ako-se-saka-moze-so-del-od-sredstvata-za-novogodishno-ukrasuvanje-da-se-spasi-zivotot-na-elizabeta/feed/ 0
Кралицата Елизабета помилува затвореник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralicata-elizabeta-pomiluva-zatvorenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralicata-elizabeta-pomiluva-zatvorenik/#respond Mon, 19 Oct 2020 07:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=417948

Британската кралица Елизабета Втора го помилува 42-годишниот Стивен Галант, затвореник кој издржува казна за убиство, кој минатата година стана познат кога помогна да запре терорист на мостот во Лондон. Галант се најде на местото на инцидентот затоа што учествуваше во настан како дел од програмата за рехабилитација на затвореници во ноември 2019 година, кога Усман Кан, вооружен со два ножа, нападна минувачи и уби двајца студенти кои помагаа во програмата за рехабилитација на затворениците, пишува Јуроњуз. Снимките од нападот покажуваат дека Галант и уште двајца мажи успеале да го запрат Кан во натамошните намери. Со одлука на кралицата Елизабета Втора, казната му е скратена за 10 месеци за да може да се појави пред комисијата за помилување во јуни. „Галант ќе добие признание за неговиот храбар чин со кој ги спаси животите на луѓето, а го ризикуваше својот“, соопшти Министерството за правда. Галант беше осуден во 2005 година на 17 години затвор за убиство на пожарникар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kralicata-elizabeta-pomiluva-zatvorenik/feed/ 0