Ељиф Елмас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Jul 2022 07:32:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ељиф Елмас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ељиф Елмас во Милан за 40 милиони евра? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eljif-elmas-vo-milan-za-40-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eljif-elmas-vo-milan-za-40-milioni-evra/#respond Sun, 17 Jul 2022 07:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=706435

Најдобриот македонски репрезентативец, Ељиф Елмас, може да направи трансфер ова лето и да ги напушти редовите на Наполи, тим каде што со успеси настапува во последните три сезони. Бројни италијански медиуми пишуваат дека „дијамантот“ е голема желба на Стафано Пиоли, тренерот на шампионот во Серија А, Милан, кој во нашиот репрезентативец гледа како идеално засилување за нападот. Наводно, Наполи нема проблем да го продаде својот офанзвиец, но само ако добие примамлива понуда. Џузепе Витоло, новинар во „ТАГ 24“ пишува дека раководството на наполитанците ќе даде „зелено светло“ доколку на нивна адреса пристигне понуда од 40 милиони евра. „Интересот на Малдини и Масара за Елмас е конкретен. Тие знаат дека може да добијат фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, и Наполи сериозно ја разгледува опцијата да го продаде,. Сепак, Милан ќе треба да ја зголеми понудата, бидејќи моментално е далеку од тоа што го бара Аурелио Де Лаурентис, а тоа се – 40 милиони евра“, пишува Витоло. Елмас во Наполи е три сезони, а во минатата беше еден од најстандардните во тимот. Одигра вкупно 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и забележа пет асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/eljif-elmas-vo-milan-za-40-milioni-evra/feed/ 0
Висар и Дарко се „столбови“, Џани и Трајковски најредовни, Елмас и Барди најопасни… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/visar-i-darko-se-stolbovi-dzani-i-trajkovski-najredovni-elmas-i-bardi-najopasni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/visar-i-darko-se-stolbovi-dzani-i-trajkovski-najredovni-elmas-i-bardi-najopasni/#respond Wed, 30 Mar 2022 14:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=655807

Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши патот кон Светското првенство (СП) во Катар во финалниот бараж со пораз од Португалија (0-2). Ова беше најуспешен квалификациски циклус за едно СП за нашиот национален тим, а кои беа играчите кои статистички го одбележаа? Најдобри играчи на Македонија, посебно во плеј-офот, беа Дарко Велковски и Висар Муслиу. Двајцата столбови во одбраната одлично се справија со главните ѕвезди на Италија и Португалија и беа перфектни во дефанзивата. На листата по број на одземени топки, Висар Муслиу е прв со вкупно 84, пред Дарко Велковски со 67 топки. А, исто така и Македонија е прва меѓу репрезентациите по бројот на одземени топки - 488, пред Австрија со 451. Статистички најфаулираниот играч во Македонија за време на квалификацискиот циклус беше Енис Барди - врз него беа направени 27 прекршоци. Најборбен на теренот беше Тихомир Костадинов кој направи 16 прекршоци, токму затоа доби и најмногу жолти картони од сите играчи - вкупно четири. Само Езџан Алиоски и Столе Димитриевски ги одиграа сите натпревари за Македонија, вкупно 12. Најдобар стрелец беше Александар Трајковски со пет гола, пред Ељиф Елмас и Енис Барди со четири реализации. Најопасни од составот на Македонија во нападот беа Ељиф Елмас - вкупно 23 обиди кон голот (9 во рамки, 10 надвор од рамки, 4 блокирани), пред Енис Барди со 19 можности - (6 во рамки, 7 надвор од рамки, 6 блокирани).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/visar-i-darko-se-stolbovi-dzani-i-trajkovski-najredovni-elmas-i-bardi-najopasni/feed/ 0
Елмас објаснува зошто Португалија е потежок испит од Италија, но и покрај тоа верува во голем успех https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-objasnuva-zoshto-portugalija-e-potezok-ispit-od-italija-no-i-pokraj-toa-veruva-vo-golem-uspeh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-objasnuva-zoshto-portugalija-e-potezok-ispit-od-italija-no-i-pokraj-toa-veruva-vo-golem-uspeh/#respond Sun, 27 Mar 2022 11:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=654102

Фудбалската репрезентација на Македонија ова попладне ќе отпатува за Португалија и таму ќе мине цели два дена, пред да го одигра најголемиот натпревар во историјата по оние трите на Европското првенство изминатото лето. „Рисовите“ ќе играат бараж финале против моќната Португалија за пласман на Светското првенство, а навистина импресивно е тоа што македонските фудбалери веруваат во своите квалитети и овојпат, исто како што беше и пред неколку дена во Палермо. Нашите репрезентативци не прифатија дека победата над Италија е рамна на чудо и фудбалска сензација, бидејќи тоа што го прават изминативе години, веќе не може да се смета за изненадување. Македонија докажа дека може да се носи со сите најсилни репрезентации, па поради тоа, со голема самодоверба патува за Порто. За разлика од мечот со Италија, голем плус за селекторот Благоја Милевски ќе биде тоа што ќе може да смета на „дијамантот“ Елиф Елмас, кој сега ќе биде поддршка и на теренот, а не само на клупата како што беше во четвртокот на „Ренцо Барбера“. – Пред нас е еден од најтешките, еден од највобзудливите натпревари за сите играчи. 90 минути не делат од исполнување на сонот кој го имаме од деца, нашиот сон, сонот на цела нација. Ова е шанса која не смееме да ја испуштиме, да изгинеме на терен за да се најдеме во Катар. – Ова ќе биде поразличен меч од оној со Италија, сметам дека Португалија индивидуално е поквалитетна од Италија, а истовремено станува збор за финале. Сега нема да не потценат, иако јас би сакал да биде така. Ова е финале, не делат 90 минути до пласман на Светско првенство, – изјави Елмас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-objasnuva-zoshto-portugalija-e-potezok-ispit-od-italija-no-i-pokraj-toa-veruva-vo-golem-uspeh/feed/ 0
Елмас: Ваква шанса не смее да се испушти, 90 минути не делат од детскиот сон! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-vakva-shansa-ne-smee-da-se-ispushti-90-minuti-ne-delat-od-detskiot-son/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-vakva-shansa-ne-smee-da-se-ispushti-90-minuti-ne-delat-od-detskiot-son/#respond Sun, 27 Mar 2022 10:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=654080

Репрезентацијата на Македонија го одработи последниот тренинг на скопско тло и попладнево ќе патува кон Португалија за бараж финалето за пласман на Мундијалот. Во составот се враќаат Ељиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои беа суспендирани и не играа во Палермо со Италија. Токму Елмас е нашето најсилно оружје, а пред патувањето кон Порто се обрати до јавноста. Момчето од Бутел беше скромно како и секогаш, Ељиф најави борба, посочи дека се свесни колку се близу до детскиот сон и шансата не смее да се испушти. „Искрено ова можеби ќе биде еден од најтешките натпревари, највозбудлив за сите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела држава. Едноставно мора да знаеме дека шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме да стигнеме до Катар. Ќе биде многу поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи Португалија индивидуално сметам е поквалитетна. Би сакал, но знаат дека сме во финале и не смеат да не потценат. Од секој аспект ќе биде поразлично, ова е финале и 90 минути нè делат двете репрезентации од Мундијал“, изјави Елмас. Пресметката на „Драгао“ меѓу Португалија и Македонија е закажана за во вторник со старт во 20:45 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-vakva-shansa-ne-smee-da-se-ispushti-90-minuti-ne-delat-od-detskiot-son/feed/ 0
Време е за бараж за Светско првенство: Елмас во друштво на Роналдо, Бејл, Кјелини… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vreme-e-za-baraz-za-svetsko-prvenstvo-elmas-vo-drushtvo-na-ronaldo-bejl-kjelini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vreme-e-za-baraz-za-svetsko-prvenstvo-elmas-vo-drushtvo-na-ronaldo-bejl-kjelini/#respond Thu, 24 Mar 2022 12:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=652597

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Палермо ќе го одигра историскиот натпревар против Италија во баражот за пласман на Светското првенство кое на крајов на годинава ќе се игра во Катар. Вечерва покрај мечот Италија – Македонија ќе се одиграат и преостанатите баражи во европските квалификации. Една од најпопуларниот страна на социјалната мрежа „инстаграм“ „433“ објави фотографија на која ги има најголемите ѕвезди од сите репрезентации. Па така иако поради жолти картони Ељиф Елмас нема да може да настапи на денешниот натпревар, тој на фотографијата е во друштво на Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Џорџо Кјелини.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vreme-e-za-baraz-za-svetsko-prvenstvo-elmas-vo-drushtvo-na-ronaldo-bejl-kjelini/feed/ 0
Елмас: Во 2010 година го гледав Бате Горан на „Сан Сиро“, сега играм тука https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-vo-2010-godina-go-gledav-bate-goran-na-san-siro-sega-igram-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-vo-2010-godina-go-gledav-bate-goran-na-san-siro-sega-igram-tuka/#respond Mon, 20 Dec 2021 06:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=610594

Македонскиот дијамант блеска силно на Апенините. Ја затресе цела Италија и го разурна Милано со голот во петтата минута. Наполи го победи Милан со 0-1 и се врати во трката за шампионската титула, а Елмас е херојот на „наполитанците“. Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, го откри на Инстаграм разговорот со Елмас пред мечот. Елиф емотивно вели дека во 2010 година првпат го гледал Горан Пандев на „Сан Сиро“ и имал солзи на очи, сакајќи еден ден да игра на тој стадион. Вечерва не само што играше, туку постигна гол и беше херој на Наполи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-vo-2010-godina-go-gledav-bate-goran-na-san-siro-sega-igram-tuka/feed/ 0
Тешки зборови за македонскиот репрезентативец: Познат новинар “распали“ по Елмас https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teshki-zborovi-za-makedonskiot-reprezentativec-poznat-novinar-raspali-po-elmas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teshki-zborovi-za-makedonskiot-reprezentativec-poznat-novinar-raspali-po-elmas/#respond Mon, 26 Jul 2021 18:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=542178

Тешки зборови на сметка на Ељиф Елмас кажа италијанскиот новинар Умберто Киариело во разговор со „Canale 21“. Според него, Наполи треба да размислува да го продаде македонскиот фудбалер и да се насочи кон развивање на алжирскиот интернационалец Адам Оунас. „Чинеше 16 милиони и уште една сезона треба да биде резерва на Зиелински. За Наполи е подобро да го продаде. Ако заминие, никој нема да го забележи тоа. Тој е момче кое има квалитет, но не како плејмејкер и организатор на играта. Со продажба на Елмас заработувате пари и така добивате вистински играч за врска во Оунас. Не велам дека е слаб играч, но мора да биде функционален за тимот и засега тој не е“, смета италијанскиот новинар, пренесе ГОЛ. Лучијано Спалети верува дека може да извлече максимум од Елмас во новата сезона. Новиот тренер на „наполитанците“ во него гледа уште една квалитетна опција во офанзивната линија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teshki-zborovi-za-makedonskiot-reprezentativec-poznat-novinar-raspali-po-elmas/feed/ 0
Елмас не е на продажба https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-ne-e-na-prodazba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-ne-e-na-prodazba/#respond Sat, 22 May 2021 14:41:21 +0000 https://kurir.mk/?p=513764

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со сигурност останува во редовите на Наполи во следната сезона, откако неговото име не е на трансфер листата за претстојниот преоден рок што денеска ја објавија италијанските медиуми. Весникот „Газета дело Спорт“ објави пет имиња, кои летово ќе го напуштат италијанскиот прволигаш, наведувајќи дека од Наполи заминува и тренерот Џенаро Гатузо. Меѓу фудбалерите, кои заминуваат од Наполи на крајот од оваа сезона, се централниот дефанзивец Калиду Кулибали, халфот Фабиан Руис, кои ќе бидат продадени, Елсеид Хусеј и Никола Максимовиќ, кои заминуваат како слободни играчи, и Тимуе Бакојако, кој се враќа во Челзи. Елмас во август лани го продолжи договорот со Наполи до 2025 година, но имаше мала минутажа во првиот тим под водство на Гатузо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elmas-ne-e-na-prodazba/feed/ 0