елка јачева-улчар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Jul 2022 19:05:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png елка јачева-улчар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јачева Улчар: За мене како Македонка е неприфатлива оваа понуда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-za-mene-kako-makedonka-e-neprifatliva-ovaa-ponuda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-za-mene-kako-makedonka-e-neprifatliva-ovaa-ponuda/#respond Sat, 02 Jul 2022 19:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=698999

Со кое право на некои јазици многу по слични на нашиот со бугарскиот никоја земја не им го оспорува да се именуваат понинаку, а нам да ни се скратува крваво спечаленото вакво право, изјави Елка Јачева-Улчар на денешниот протест насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“. - Понудата од бугарска страна е да се обезимени нашиот јазик кој како Македонски егизстира и во научната и во светската јавност без малку еден век. Македонскиот јазик Македонци не е ничиј дијалект. Тој како секој стандарден национален јазик ги има развиено сите потребни функционални стилови што ги има секој стандарден јазик во светот, кажа Јачева Улчар. Таа истакна со кое право и според кои Европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од својот јазик, историја и така обезличени да си го спечалиме влезот во Европската Унија. - Неприфатлива треба да биде и за оние кои сакаат да го потпишат овој предлог и да го стават во заложништво својот народ и својот основен идентитетски осовен столб македонскиот јазик, кажа Јачева Улчар. Јачева Улчар додаде дека токму затоа оваа понуда од страна на ЕУ, за неае како Македонка е неприфатлива. - Затоа од овде сакам да порачам, не правете го тоа и послушајте си го својот народ и оболете го својот двор. Во спротивно во историјата со име и презиме ќе бидете запаметени како предавници на вековните идеали и борба на своите предци, заклучи Јачева Улчар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-za-mene-kako-makedonka-e-neprifatliva-ovaa-ponuda/feed/ 0
Отворено писмо за обединување: Професорките Јачева-Улчар и Андоновска испраќаат „последен крик исфрлен пред распадот на Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-za-obedinuvanje-profesorkite-jacheva-ulchar-i-andonovska-isprakjaat-posleden-krik-isfrlen-pred-raspadot-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-za-obedinuvanje-profesorkite-jacheva-ulchar-i-andonovska-isprakjaat-posleden-krik-isfrlen-pred-raspadot-na-makedonija/#respond Sat, 28 Nov 2020 20:46:01 +0000 https://kurir.mk/?p=435814

Проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и проф. м-р Дарија Андовска од Факултет за музичка уметност објавија отворено писмо за обединување. Нивното писмо КУРИР го пренесува интегрално во продолжени: ОТВОРЕНО ПИСМО ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, ЃОРГЕ ИВАНОВ, СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ДО ЛИДЕРИТЕ НА СИТЕ ПАРТИИ И ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНИЈА КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ НА МАКЕДОНИЈА – ПАРЛАМЕНТАРНИ И НЕПАРЛАМЕНТАРНИ: ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ, АФРИМ ГАШИ, ЗИЈАДИН СЕЛА, ДИМИТАР АПАСИЕВ, СОЛЗА ГРЧЕВА, ЉУПЧО РИСТОВСКИ, ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ И ДР. ДО СИТЕ ЧЕСНИ И РОДОЉУБИВИ МАКЕДОНЦИ И ДРУГИ НАЦИОНАЛНОСТИ ШТО ЖИВЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА БУДНО СЛЕДЕЈЌИ ЈА ЗАГРИЖУВАЧКАТА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА КОЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА СВОЕТО 75-ГОДИШНО ПОСТОЕЊЕ ГО ЖИВЕЕ НАЈДРАМАТИЧНИОТ МОМЕНТ ВО КОЈ СЕ ЗАГРОЗЕНИ НЕ САМО НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ И САМОБИТНОСТ, ТУКУ И СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ТАКОВИНАТА КОЈАШТО БЕЗМЕРНО ЈА САКАМЕ ВО СИТЕ НЕЈЗИНИ РАЗНОВИДНОСТИ И ПРОТИВРЕЧНОСТИ, ИСПРАЌАМЕ АПЕЛ ДО СИТЕ ВАС И ВЕ МОЛИМЕ: -ДА СЕ НАДМИНЕМЕ СЕБЕСИ И ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ СИТЕ ПРОТИВ НАМЕРИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ И КОАЛИЦИЈАТА ШТО ЈА ПРЕДВОДИ ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ФОЛКЛОР И КУЛТУРА, ВООПШТО! ПРЕТСЕДАТЕЛИ, СЕДНЕТЕ УШТЕ ВЕЧЕРВА НА ЗАЕДНИЧКА МАСА И ДОГОВОРЕТЕ СЕ ДА ГО ПОВИКАТЕ СИОТ НАРОД НА УЛИЦА ЗА ДА ИМ ПОКАЖЕМЕ НА ЕВРОПА И НА СВЕТОТ ДЕКА ОВА НЕ Е ПУСТА ТЕРИТОРИЈА КОЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ДЕЛБА НА МАСА; - ПОБАРАЈТЕ ОД ЕВРОПА ДА СЕ ДРЖИ ДО ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ ВРЗ КОИ ПОЧИВА, А ОСОБЕНО ВРЗ НАЈВАЖНОТО – ЧОВЕКОВОТО ПРАВО ЗА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ! ВЕ МОЛИМЕ! НАШАВА МОЛБА СФАТЕТЕ ЈА КАКО ПОСЛЕДЕН КРИК ИСФРАЛЕН ОД НАС ПРЕД РАСПАДОТ НА МАКЕДОНИЈА! ВЕ МОЛИМЕ! ОВА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА СУЕТИ! ОВА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА БАРАЊЕ ВИНОВНИЦИ! ВЕРОЈАТНО ВИНАТА Е ВО СИТЕ НАС: И КАЈ ПОЛИТИЧАРИТЕ, НО И КАЈ НАРОДОТ ШТО ПРЕМНОГУ ДОЛГО МОЛЧЕШЕ! ЗА ТОА ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ, НАТАМУ! НАЈВАЖНО ОД С'Е СЕГА, ДОДЕКА ВО СОФИЈА И СЕ КРОИ СУДБИНАТА НА МАКЕДОНИЈА, Е ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА БЕЗУМНАТА ПОЛИТИКА ШТО ЈА ВОДИ ЗАЕВ СО ДЕЛ ОД МИНИСТРИТЕ ВО СОСТАВОТ НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! ВЕ МОЛИМЕ! ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ! САМО ТАКА ОБЕДИНЕТИ ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА КРЕНЕМЕ НА НОЗЕ НАШАТА ПРЕКРАСНА ТАТКОВИНА КОЈАШТО СЕГА Е ЗАСРАМЕНА, ПОНИЖЕНА, ОГРАБЕНА, ОСИРОМАШЕНА И СТОЛЧЕНА ОД ГРУПИ „НЕРАЗБРАНИ ТРГОВЦИ“. ВО СПРОТИВНО ЌЕ ЈА НЕМА МАКЕДОНИЈА КОЈА ДОСЕГА НИ БЕШЕ СЀ ШТО ИМАВМЕ! ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ! ВО ИМЕ НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ, НА НАШАТА СЕГАШНОСТ И НА НАШИТЕ ПОТОМЦИ! ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ!!! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-za-obedinuvanje-profesorkite-jacheva-ulchar-i-andonovska-isprakjaat-posleden-krik-isfrlen-pred-raspadot-na-makedonija/feed/ 0
Јачева-Улчар: Грција и Бугарија ангажираа експерти при потпишувањето на договорите, а Република Македонија чекаше сето тоа само да заврши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-grcija-i-bugarija-angaziraa-eksperti-pri-potpishuvanjeto-na-dogovorite-a-republika-makedonija-chekashe-seto-toa-samo-da-zavrshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-grcija-i-bugarija-angaziraa-eksperti-pri-potpishuvanjeto-na-dogovorite-a-republika-makedonija-chekashe-seto-toa-samo-da-zavrshi/#respond Wed, 11 Nov 2020 18:00:27 +0000 https://kurir.mk/?p=428139

Проф. Д-р Елка Јачева-Улчар во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за се она што и се случува на Република Македононија поради потпишувањето на Преспанскиот Догоговор и Договорот со Бугарија. Според неа и Грција и Бугарија за потпишувањето на овие договори ангажираа експерти, а Република Македонија чекаше сето тоа само онака да заврши. -Нашата дипломатија цела година молчи и како ништо да не се случува, мислејќи дека ако ние го игорнираме ова што ни го кажуваат од бугарската страна дека тоа така ќе се заборави. Се покажа дека вакви прашање не се забораваат, исто така што се однесува и до Преспанкиот Договор ние исто така со години чекавме и очекувавме дека проблемот ќе се реши сам одсебе. Грчката страна како што гледаме денес и бугарската страна перманентно работеа во своја полза и зад себе имаат цела армија под стручнаци, каде во грчката страна беа ангажорани околу 60 експерти, а за сметка на тоа ние некако како да чекавме да сетоа тоа онака да заврши, рече Јачева Улчар. Таа во свосто гостување посочи дека апетитете на Бугарија се засилија кога се потпиша Преспанскиот Договор и укажа дека со Преспанкиот договор државата се откажа од нашето малцинство и од нашите дијалекти од Егејска Македонија. -Јас мислам дека апетитие на Бугарија се засилија кога се потпиша Преспанскиот Договор затоа што со Преспанскиот Договор беше променето името, но што се се подменатна под промената на името. Ние со Преспанскиот Договор се откажавме од нашето малцинство, се откажавме од нашите дијалекти од Егејска Македонија, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-grcija-i-bugarija-angaziraa-eksperti-pri-potpishuvanjeto-na-dogovorite-a-republika-makedonija-chekashe-seto-toa-samo-da-zavrshi/feed/ 0
Јачева- Улчар до Филипче: Министре Градска личи на неизбањата метастазирана кучка- таков е и Клиничкиот центар, таква е и болницата во Козле… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-do-filipche-ministre-gradska-lichi-na-neizbanjata-metastazirana-kuchka-takov-e-i-klinichkiot-centar-takva-e-i-bolnicata-vo-kozle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-do-filipche-ministre-gradska-lichi-na-neizbanjata-metastazirana-kuchka-takov-e-i-klinichkiot-centar-takva-e-i-bolnicata-vo-kozle/#respond Mon, 12 Aug 2019 08:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=228786

Министре Филипче, кога последен пат сте влегле во Градска? Веројатно никогаш!, пишува професорката Елка Јачева- Улчар во статус на „Фејсбук“ адресиран до министерот за здравство. -Таа личи на неизбањата метастазирана кучка, излепена со лепешки, нападната од болви и шири реа… На + 40… без никаков разладен уред… Не бега медицинскиот персонал од државава само за повисоки плати. Бега од несносните услови за работа. Смрдливи! Таков е и Клиничкиот центар, таква е и болницата во Козле… Уште Воена ви личи на болница. До кога не се знае?!, додава професорката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-do-filipche-ministre-gradska-lichi-na-neizbanjata-metastazirana-kuchka-takov-e-i-klinichkiot-centar-takva-e-i-bolnicata-vo-kozle/feed/ 0
Професорката Јачева-Улчар: Родена сум во Македонија, пишувам и зборувам на македонски и никој не смее да ми демантира ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorkata-jacheva-ulchar-rodena-sum-vo-makedonija-pishuvam-i-zboruvam-na-makedonski-i-nikoj-ne-smee-da-mi-demantira-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorkata-jacheva-ulchar-rodena-sum-vo-makedonija-pishuvam-i-zboruvam-na-makedonski-i-nikoj-ne-smee-da-mi-demantira-nishto/#respond Thu, 14 Mar 2019 07:54:09 +0000 https://kurir.mk/?p=174552

Професорката Елка Јачева Улчар на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека за нејзиниот јазик, идентитет и име на држава одредиле нејзините предци и никој друг. -Родена сум во Македонија. Читам, пишувам и зборувам на македонски. Татко ми е роден во Воденско, Егејска Македонија. И тој читаше и пишуваше на македонски, а пишуваше стихови и на воденскиот егејски говор. Исто македонски. И дедо ми читаше и пишуваше на македонски. Баба ми не читаше, не пишуваше, ама зборуваше на македонски. И чичко ми и тетка ми од таткова страна - пишуваа, читаа и зборуваа македонски. Сите заминаа на оној свет од Македонија. Достоинствено. Како што им прилега на сите Македонци. И јас планирам така да заминам од Македонија. Како Македонка. И нема да побарам дозвола за тоа ни од Ники, ни од Мики, ни од Зоки... Не смеат тие да ми детерминираат ништо. Од причина што ниту ме створиле ниту ме родиле! Одредиле, веќе, многу порано за мене - моите предци! И НИКОЈ ДРУГ!!!, стои во нејзиниот статус на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorkata-jacheva-ulchar-rodena-sum-vo-makedonija-pishuvam-i-zboruvam-na-makedonski-i-nikoj-ne-smee-da-mi-demantira-nishto/feed/ 0
Професорката Елка Јачева- Улчар за договорот: Ќе се самоукинеме како Македонци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorkata-elka-jacheva-ulchar-za-dogovorot-kje-se-samoukineme-kako-makedonci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorkata-elka-jacheva-ulchar-za-dogovorot-kje-se-samoukineme-kako-makedonci/#respond Fri, 15 Jun 2018 08:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=66048

(ФБ статус на професорката Елка Јачева- Улчар) Го прочитав Договорот. И колку што разбрав од него само ние Македонците: - ќе бидеме единствен народ, чие јазично простирање ќе завршува на самоти државна граница; - на југ (а богами и на исток и на запад) ќе немаме малцинство што зборува македонски; - како проучувач на македонскиот јазик, веројатно, ќе бидам прогласена за субверзивен и непријателски елемент, кој ќе биде санкциониран од мојата власт, ако посакам да ги проучувам нашите југоисточни говори (така, барем, ги викавме кога се школував, пред 30 години); - само ние Македонците за разлика од целиот свет ќе треба да не го спомнуваме Александар Велики, додека во цел свет тој се смета за светско културно наследство: роман Александар Велики, опера од Хендал „Александар Велики“... (Патем, кога е открена гробницата во Вергина, грчки историчари на уметност и археолози запишале: според артефактите пронајдени во оваа гробница, според поставеноста на гробовите во неа, како и според антропонимите запишани во неа – оваа гробница зборува за една друга култура различна од онаа што ја среќаваме по другите антички локалитети на територијата на Грција; - само ние ќе треба да ги почитуваме ендонимите (читај грчките топоними) кои насилно биле наметнати врз словенските по Балканските војни; - веројатно, ќе треба да се откажеме од четирите евангелија пишувани со грчко писмо на солунски, ениџевардарски, воденски и костурски говор во втората половина на 19 век; - ќе треба да ги избришеме Граѓанската војна и егејскиот егзодус (кои, патем, и онака не се теми за кои многу се зборувало кај нас, а за во светот и да не зборуваме); - ќе треба да ги ставиме во бункер „Црно семе“, „Рамна земја“, „Небеска Тимјановна“, „Големата вода“... ќе треба, веројатно, да се забрани и познатата студија на Макс Фасмер за словенските топоними во Грција (една книга што ми беше првата лектира која ја читав кога почнав да се занимавам со топономастика); ќе треба да се повлечат студиите од библиотеките во МАНУ, ИМЈ и НУБ за егејските говори; ќе треба да се повлече „Историјата на македонскиот јазик“ на Блаже Конески, и сето тоа со помош на комисија... Каква иронија?! На крајот, веројатно, ќе треба и да си ги спалам сите дипломи, статии, книги... по што конечно ќе се самоукинам како Македонка. ПАТЕТИЧНА СУМ – ЗНАМ! АМА ЗНАМ ДЕКА И СЕКОЈА ЉУБОВ Е ПАТЕТИЧНА НА СВОЈ НАЧИН! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorkata-elka-jacheva-ulchar-za-dogovorot-kje-se-samoukineme-kako-makedonci/feed/ 0
Елка Јачева-Улчар: Постигнавме Грците да ни признаат нешто што ни е признаено уште во 1977 година и тоа било успех https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-jacheva-ulchar-postignavme-grcite-da-ni-priznaat-neshto-shto-ni-e-priznaeno-ushte-vo-1977-godina-i-toa-bilo-uspeh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-jacheva-ulchar-postignavme-grcite-da-ni-priznaat-neshto-shto-ni-e-priznaeno-ushte-vo-1977-godina-i-toa-bilo-uspeh/#respond Thu, 14 Jun 2018 10:39:53 +0000 https://kurir.mk/?p=65780

Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ на својот Фејсбук профил напиша дека во договорот со Грција е постигнато нешто што е признаено уште опред 40 години, а денеска тоа се претставува како најголем бенефит од преговорите. -Со резолуција на УНГЕГН при ООН македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се признати уште во 1977 година и тоа сред Атина. Толку! Значи, постигнавме со Грција нешто што е постигнато уште пред 40 години, а денеска го претставуваме како најголем бенефит од преговорите, напиша Јачева-Улчар.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-jacheva-ulchar-postignavme-grcite-da-ni-priznaat-neshto-shto-ni-e-priznaeno-ushte-vo-1977-godina-i-toa-bilo-uspeh/feed/ 0
Елка Улчар: Законот за јазици е надвор од Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-ulchar-zakonot-za-jazici-e-nadvor-od-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-ulchar-zakonot-za-jazici-e-nadvor-od-ustavot/#respond Wed, 24 Jan 2018 20:11:19 +0000 http://kurir.mk/?p=14758

Елка Јачева Улчар од Инстиутот за македонски јазик, која беше гостинка во дебатната емисија „Отворено“ на 24 Телевизија, укажа дека Законот за јазици го надминува она што е дефинирано со Устав и е во колизија со други закони. -Во член 4 од Законот за употреба на македонскиот јазик се вели дека не се ограничува правото на употреба на јазикот и писмото на заедниците во единиците на локалната самоуправа. Во законот од 2017 имаме дека во сите органи на државната власт на Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи, комисии, правни лица кои вршат правни овластувања, службен јазик покрај македонскиот е и јазик кој го зборуваат 20 посто од граѓаните, вели Улчар и додава: „Сега Законот предвидува дека ќе има агенција за спроведување на законот и инспекторат што значи дека, еве јас доаѓам од Институтот за македонски јазик и имаме двајца колеги Албанци и според овој закон тој има право да побара да ја следи наставата на албански јазик, а никој од нас не знае албански, и треба да му се обезбеди комуникација на албански јазик, и сето тоа, го гледаме тоа и во Законот, ќе го прави агенцијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elka-ulchar-zakonot-za-jazici-e-nadvor-od-ustavot/feed/ 0
Јачева-Улчар: Законот за јазици ќе биде вештачки наметнат на целата територија со огромни финансиски импликации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-zakonot-za-jazici-kje-bide-veshtachki-nametnat-na-celata-teritorija-so-ogromni-finansiski-implikacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-zakonot-za-jazici-kje-bide-veshtachki-nametnat-na-celata-teritorija-so-ogromni-finansiski-implikacii/#respond Thu, 11 Jan 2018 16:04:24 +0000 http://kurir.mk/?p=9591

Професорката Елка Јачева-Улчар, една од потписниците на писмото на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ за Законот за јазиците, со свој став излезе и денес за оваа тема. „Не ми останува ништо друго, освен да го повторам мојот став кој е идентичен со ставот на 17 мои колеги од Институтот за македонски јазик кои предложија овој закон да се повлече сѐ додека не се направи попис на наслението и пред да се отвори јавна стручна расправа. Законот во онаа форма во која го имавме на увид беше симптоматичен по многу основи за кои, покрај мене, јавно зборуваа и академик Катица Ќулавкова, и професорките Билјана Ванковска и Гордана Силјановска, и колегите од Институтот за македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска, Александра Ѓуркова, Гоце Цветановски, како и голем број интелектуалци Македонци кои живеат и работат во странство.... Овој закон не ја одразува реалната јазична состојба во државава. Во моментов на територијаата на нашава земја не постои двојазичност дури ни онакава каква што имавме во бившата држава кога Албанците ги зборуваа паралелно и двата јазика. Денес ситуацијата со младата албанска и македонска популација е дека ниту едните ниту дригуте го зборуваат јазикот на другиот, а кохезивно средство за комуникација наместо да биде македонскиот, ќе биде трет јазик. Со овој закон се отвора и прашањето кој јазик ќе се користи во меѓународната комуникација, како и форсирање на албанскиот во однос на македонскиот преку отворање Агенција и Инспекторат за примена на албанскиот јазик... Според ова, сметам дека овој Закон ќе биде вештачки наметнат на целата територија на Република Македонија со огромни финансиски импликации кои најдрастично ќе ги почувствува и онака сиромашното население во земјава, истакнува таа.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jacheva-ulchar-zakonot-za-jazici-kje-bide-veshtachki-nametnat-na-celata-teritorija-so-ogromni-finansiski-implikacii/feed/ 0