Ема Коронел Аиспуро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 06:03:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ема Коронел Аиспуро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најопасната жена на светот повторно е на слобода: И повторно добро се забавува (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najopasnata-zhena-na-svetot-povtorno-e-na-sloboda-i-povtorno-dobro-se-zabavuva-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najopasnata-zhena-na-svetot-povtorno-e-na-sloboda-i-povtorno-dobro-se-zabavuva-video/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:03:52 +0000 https://kurir.mk/?p=879333

Ема Коронел Аиспуро, сопругата на озлогласениот мексикански нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, е ослободена од американски затвор откако поминала две години зад решетки во Лос Анџелес бидејќи му помогнала на нејзиниот сопруг да дистрибуира дрога вредна милијарди долари во САД и поради перење на пари. Како шеф на озлогласениот картел Синалоа, 66-годишниот Гузман управуваше со трговијата и шверцот со дрога во Мексико 25 години. Околу себе собрал и група луѓе подготвени да убиваат, киднапираат и мачат. Во февруари 2021 година, таа беше приведена од ФБИ на меѓународниот аеродром „Далес“ во Вашингтон, под обвинение за трговија со дрога. Според обвинителите, Ема помогнала во водењето на нарко империјата на нејзиниот сопруг помеѓу 2014 и 2017 година и, како што велат, тесно соработувала со командната и контролната структура на картелот Синалоа. Таа беше обвинета дека дистрибуирала големи количества дрога што била прошверцувана во САД. Во 2021 година, Ема Коронел Аиспуро се изјасни за виновна за помагање во увоз на повеќе од 450.000 килограми кокаин, 90.000 килограми хероин, 45.000 килограми метамфетамин и околу 90.000 килограми марихуана. Гламурозната 34-годишна сопруга и мајка на две деца сега е подготвена да започне нов живот без него. Како изгледа животот после затворот? Ако ја прашате сопругата на озлогласениот шеф на мексиканскиот картел Синалоа, „Ел Чапо“ Гузман, таа е исполнета со убави моменти во ноќните клубови во Лос Анџелес. Ема Коронел Аиспуро (33) пред неколку дена беше пуштена од притвор поради обвинение за трговија со дрога, а сега е видена на забавата на нејзината адвокатка Мариел Колон Миро, потврди TMZ.
Уживајќи во приватна ВИП зона на ноќниот клуб и опкружена со силно обезбедување, поранешната кралица на убавината е видена како пие и го надополнува изгубеното време со своите пријатели. Локалните медиуми објавија дека таа го поминала поголемиот дел од вечерта сама, и се чини дека доста добро се прилагодува на животот надвор од решетките. 29-годишната Миро, која е и пејачка под уметничкото име Ла Абогада (адвокат на шпански), за време на ноќната забава изведе песна за својата клиентка. Коронел Аиспуро со 66-годишниот Ел Чапо е во брак од својата 18 година. Тие се запознале кога таа имала 17, а тој речиси 50, на забава организирана од нејзиниот татко. Коронел учествуваше на натпревари за убавина уште како девојче. Во 2006 година, таа победи на натпреварот за Мис Канелас во државата Дуранго. Американските власти претпоставуваат дека таа веќе била вклучена во продажба на наркотици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najopasnata-zhena-na-svetot-povtorno-e-na-sloboda-i-povtorno-dobro-se-zabavuva-video/feed/ 0
Уапсена сопругата на Ел Чапо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-soprugata-na-el-chapo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-soprugata-na-el-chapo/#respond Tue, 23 Feb 2021 06:46:09 +0000 https://kurir.mk/?p=472552

Сопругата на Хоакин Гузман Лоер -Ел Чапо, водачот на мексиканскиот нарко-картел од Синалоа, е уапсена синоќа во американската сојузна држава Вирџинија под обвинение за трговија со дрога, соопшти американското Министерство за правда. Ема Коронел Аиспуро (31), која има двојно и американско и мексиканско државјанство, е уапсена на меѓународниот аеродром Далес и денеска треба да биде изведена пред Федералниот суд во областа Колумбија, но целата постапка ќе се спроведе преку видео врска. Аиспуро е обвинета за учество во дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана во САД, а наводно на 11 јули 2015 се здружила со уште неколку лица за да му помогне на Ел Чапо да избега од затворот Алтиплано, во Мексико. Таа веќе била уапсена во Мексико, во јануари 2016 година, под сомнение дека планира да му помогне на нејзиниот сопруг повторно да избега, пред да биде испорачана во САД во 2017 година. Ел Чапо издржува затворска казна во САД, откако судот во источниот округ на Њујорк го осуди на доживотен затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-soprugata-na-el-chapo/feed/ 0