Ема Коронел Ајспуро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Nov 2021 21:51:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ема Коронел Ајспуро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сопругата на Ел Чапо осудена на три години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-el-chapo-osudena-na-tri-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-el-chapo-osudena-na-tri-godini-zatvor/#respond Tue, 30 Nov 2021 21:51:14 +0000 https://kurir.mk/?p=602208

Сопругата на мексиканскиот нарко бос „Ел Чапо“, Ема Коронел Ајспуро денеска беше осудена од американскиот федерален суд на три години затвор, откако призна дека е вмешана во шверцот на моќниот картел Синалоа, пишува Си-Ен-Ен. Обвинителите за неа бараа четири години затвор. Судијата Рудолф Контрерас рече дека Американката со мексиканско потекло (32) била многу млада кога се омажила за Ел Чапо и дека соработувала со властите по нејзиното апсење во февруари. Ема Коронел беше обвинета во јуни за вмешаност во трговија со дрога, перење пари и трансакции со странски дилер на дрога. Поранешната мисица, инфлуенсерка и креаторка, е обвинета дека била „посредник“ меѓу Хоакин Гузман „Ел Чапо“ и неговите соработници, за учество во администрацијата на картелот Синалоа – еден од најмоќните во светот кога Ел Чапо бил во затвор во Мексико. Ема Коронел Ајспуро во 2007 година се омажила за „Ел Чапо“, кој е 32 години постар од неа и со него има близнаци. Од венчавката до неговото апсење во февруари, таа имала повеќекратни свесни придобивки од трговијата со дрога на нејзиниот сопруг, се вели во обвинението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-el-chapo-osudena-na-tri-godini-zatvor/feed/ 0