Ема Радукану – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Dec 2022 06:15:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ема Радукану – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кралско одликување за тенисерката Ема Радукану https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kralsko-odlikuvanje-za-teniserkata-ema-radukanu/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kralsko-odlikuvanje-za-teniserkata-ema-radukanu/#respond Sat, 03 Dec 2022 06:15:35 +0000 https://kurir.mk/?p=770466

Големо признание за британскиот тенис и за младата Ема Радукану. Од денес таа е член на Редот на Британската империја. Попладнево во замокот Виндзор, кралот Чарлс ѝ ја додели на Радукану наградата за тениски заслуги. „Одлично  е што ја добив мојата чест од Неговото Височество Кралот – се чувствувам исклучително благодарна“, кратко изјави Радукану. Минатата година Радукану го шокираше светот, освојувајќи го УС Опен, со што стана првата квалификантка која некогаш победила на Грен слем турнир. Ова не е првпат Радукану да се сретне со член на британското кралско семејство. Во септември 2021 година, таа се појави на терените со Кејт Мидлтон. Истиот месец, присуствуваше на светската премиера на филмот „No Time To Die“ заедно со членовите на кралското семејство, вклучувајќи ги принцот Вилијам и кралот Чарлс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kralsko-odlikuvanje-za-teniserkata-ema-radukanu/feed/ 0
Радукану по елиминацијата на УС Опен: Сега можам да почнам од нула https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radukanu-po-eliminacijata-na-us-open-sega-mozam-da-pochnam-od-nula/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radukanu-po-eliminacijata-na-us-open-sega-mozam-da-pochnam-od-nula/#respond Wed, 31 Aug 2022 07:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=726367

Минатогодишната шампионка на УС Опен, Ема Радукану не успеа да го помине првото коло на годинашниот Грен слем во Њујорк. – Секако дека сум многу вознемирена и многу тажна. Но, на некој начин, мило ми е што сега можам да почнам од нула. Ќе паднам на ВТА, но способна сум да се вратам помеѓу најдобрите. А ако се гледа од друга гледна точка, за 19 годишна тенисерка ова не е лоша сезона. Да ми кажеа пред една година дека ќе бидам во Топ 100, ќе се согласев, рече Радукану на прес-конференцијата по поразот од Ализе Корне. Британката знае дека и е потребна поголема стабилност. – Ми треба повеќе стабилност. Ако погледнете колку играв и колку тренирав оваа година, бројките ќе бидат минимални. Од турнирот во Рим до крајот на Вимблдон, за два и пол месеца играв само 14 дена. Ова е лудило. За мене најважно е постојано да настапувам и тренирам, без долги паузи, додаде Радукану. Младата тенисерка ќе загуби 2030 поени и ќе падне од 11. до најмалку 80. позиција на ВТА ранг-листата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radukanu-po-eliminacijata-na-us-open-sega-mozam-da-pochnam-od-nula/feed/ 0
Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ema-radukanu-izbrana-za-sportska-lichnost-na-godinata-na-bi-bi-si/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ema-radukanu-izbrana-za-sportska-lichnost-na-godinata-na-bi-bi-si/#respond Mon, 20 Dec 2021 15:09:36 +0000 https://kurir.mk/?p=610903

Тинејџерската шампионка на УС Опен, Ема Радукану, е избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“ за 2021 година. Радукану, која тогаш имаше 18 години, стави крај на 44-годишното чекање на Британија за шампионка во поединечна конкуренција на Грен слем за жени со нејзината извонредна победа на „Флешинг Медоус“. Таа победа ја пласираше до четвртото коло на Вимблдон во јули на нејзиното деби на главниот ждреб на Грен слем. Во јавното гласање, нуркачот Том Дејли се пласираше на второто место, а пливачот Адам Пити беше трет. Напаѓачот на Манчестер Сити и Англија, Рахим Стерлинг, боксерот, Тајсон Фјури, и најуспешната британска параолимпијка, Сара Стори, исто така, беа во потесниот избор за главната награда. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ema-radukanu-izbrana-za-sportska-lichnost-na-godinata-na-bi-bi-si/feed/ 0
Ема Радукану е ново лице на „Диор“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ema-radukanu-e-novo-lice-na-dior/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ema-radukanu-e-novo-lice-na-dior/#respond Thu, 21 Oct 2021 12:33:02 +0000 https://kurir.mk/?p=583169

Младата британска тениска ѕвезда Ема Радукану стана ново заштитно лице на модната компанија „Диор“, нешто повеќе од еден месец по победата на „Ју-ес опен“. Тинејџерката ќе ја претставува колекцијата женска облека на француската луксузна модна куќа, како и козметички линии. Ема беше присутна на премиерата на филмот „Џејмс Бонд: Не е време за умирање“ во септември, и притоа облече фустан дизајниран од креативната директорка на „Диор“ – Марија Грација Чијури за колекцијата за 2022 година. Радукану го привлече вниманието со одличниот настап на овогодишниот Вимблдон во текот на летото, и го шокираше тенискиот свет со победата на „Ју-ес опен“, кога ја победи една година постарата Канаѓанка Лејла Фернандез. Ема стана првата квалификантка која освоила гренд-слем титула. (MIA)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ema-radukanu-e-novo-lice-na-dior/feed/ 0
Ема Радукану нема да настапи во Москва https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ema-radukanu-nema-da-nastapi-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ema-radukanu-nema-da-nastapi-vo-moskva/#respond Sun, 17 Oct 2021 06:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=580425

Британската тенисерка, победничка на УС Опен. Ема Радукану, се повлече од Кремљ Купот, кој наредната недела започнува во Москва. Радукану беше елиминира уште во второто коло на турнирот во Индијан Велс, а тој пораз остави последици врз неа. Причините за нејзиното повлекување од турнирот во Москва, засега, не се познати. „Принудена бев да направам промени во распоредот на турнирите и нема да можам да играм во Москва оваа година. Се надевам дека ќе можам да се натпреварувам пред руските навивачи догодина“, рече британската тенисерка.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ema-radukanu-nema-da-nastapi-vo-moskva/feed/ 0
Победничката на УС Опен 2021 загуби во второто коло на турнирот во Индијан Велс https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pobednichkata-na-us-open-2021-zagubi-vo-vtoroto-kolo-na-turnirot-vo-indijan-vels/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pobednichkata-na-us-open-2021-zagubi-vo-vtoroto-kolo-na-turnirot-vo-indijan-vels/#respond Sat, 09 Oct 2021 07:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=575824

Британската тенисерка Ема Радукану, ноќеска  во второто коло на турнирот во Индијан Велс загуби од 100. светски рекет, Белорусинката Александра Саснович со резултат 0-2, по сетови 2:6 и 4:6. Мечот траеше 1 час и 26 минути. Победничката на УС Опен 2021 направи два аса четири двојни грешки, а исто така претвори две од пет брејк топки. -Разбрав дека треба да излезам и да ја покажам мојата игра, да играм 100%. Знаев дека Ема го освои УС Опен, а јас таму загубив во првото коло. Мала разлика, нели? Па јас само се обидов, истакна Саснович. Таа во третото коло ќе се сретне со Романката Симона Халеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pobednichkata-na-us-open-2021-zagubi-vo-vtoroto-kolo-na-turnirot-vo-indijan-vels/feed/ 0
Радукану е првата квалификантка кој освои гран-слем титула https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radukanu-e-prvata-kvalifikantka-koj-osvoi-gran-slem-titula/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radukanu-e-prvata-kvalifikantka-koj-osvoi-gran-slem-titula/#respond Sun, 12 Sep 2021 07:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=562555

Британската  18-годишна тениска сензација Ема Радукану е победничка на годинешниот УС Опен, откако ноќеска во финалето со 6:4 и 6:3 ја совјада врсничката од Канада Лејла Фернандез. Младата Британка, инаку 150-та на ВТА табелата, така стана првата тенисерка кој од квалификации стаса до гран-слем титула и најмладата по Русинката Марија Шарапова која триумфираше со 17 години на Вимблдон во 2004 година. Исто така, е првата Британка која освоила некој гран-слем, турнир по Вирџинија Вејд на којашто тоа ѝ успеа во Вимблдон во 1977 година. Радукану до титулата оствари десет победи, од кои три во квалификациите и притоа не загуби ниеден сет. Ова финале беше посебно и поради тоа што првпат се случи во финалниот дуел да се појават две тенисерки кои не беа носителки. Нејзината ривалка 18-годишната Фернандез е 73-та тенисерка на светот и до финалето, исто така, имаше импресивен пат на кој меѓу другите елиминираше и три тенисерки од првите десет: Јапонката Наоми Осака – трета на ВТА, Украинката Елина Свитолина која е петта и Белорусинката Арина Сабаленко која е втора на ВТА. Во мечот кој траеше час и 51 минуа, Фернандез четири пати го загуби својот сервис, по двапати во секој сет, а на Радукани ѝ го одзеде двапати. Ферандез, покрај тоа, направи пет двојни грешки. Во вториот свет, откако на свој сервис спаси две меч-топки при резултат 5:2, Фернандез ја зајакна играта. Обидувајќи да стаса една топка, Радукани се лизна и се повреди по што зема медицинска пауза за превивање на раната што го запре залерот на Фернандез. Радукану потоа ја искористи својата трета меч-топка за својата прва грен-слем титула.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/radukanu-e-prvata-kvalifikantka-koj-osvoi-gran-slem-titula/feed/ 0