ембарго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 08:32:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ембарго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Словачка го продолжи ембаргото за украинските житарки до крајот на годината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-go-prodolzhi-embargoto-za-ukrainskite-zhitarki-do-krajot-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-go-prodolzhi-embargoto-za-ukrainskite-zhitarki-do-krajot-na-godinata/#respond Sat, 16 Sep 2023 08:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=878607

Словачка синоќа соопшти дека ќе го продолжи ембаргото за украинските житарки, пркосејќи и на Европската комисија, која вчера одби да ги продолжи ограничувањата и ги укина. Одлуката на Братислава уследи откако и Унгарија и Полска соопштија дека ембаргото во тие земји останува во сила. Словачката влада соопшти дека „одлучила да го забрани увозот“ на украински житарки „на национално ниво до крајот на годината“. Словачка, Полска, Унгарија и Романија бараа ограничувањата наметнати од ЕУ да останат во сила поради штетите што ги трпат нивните земјоделци бидејќи украинската храна, извезена низ четирите земји, ги намалува цените на домашните земјоделски производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-go-prodolzhi-embargoto-za-ukrainskite-zhitarki-do-krajot-na-godinata/feed/ 0
Стапуваат во сила ограничувања на цената на руската нафта и европското ембарго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapuvaat-vo-sila-ogranichuvanja-na-cenata-na-ruskata-nafta-i-evropskoto-embargo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapuvaat-vo-sila-ogranichuvanja-na-cenata-na-ruskata-nafta-i-evropskoto-embargo/#respond Mon, 05 Dec 2022 06:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=770995

Ограничувањето на цената на руската нафта до 60 долари за барел, согласно договорот на ЕУ, Г7 и Австралија, денеска стапува во сила, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци. Горната граница се однесува на нафтата што Москва ја извезува по морски пат во светот. Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на државите од Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари. Бидејќи клучните светскибродски и компании за осигурување се лоцирани во земјите на Г7, ограничувањето на цената може да и отежне на Москва да продава нафта за повисока цена Но, Москва соопшти дека нема да ја почитува одлуката, дури и ако треба да го намали производството. Александар Новак, рускиот вицепремиер задолжен за енергетика, рече дека работат „на механизми за забрана на употребата на инструментот за ограничување на цените, без оглед на нивото на кое е поставено, бидејќи таквото мешање може дополнително да го дестабилизира пазарот“. Украина, пак, бараше цената да се ограничи на 30 долари за барел. Но, Западот стравува дека премногу ниската цена може да доведе до тоа Русија да ја повлече суровата нафта од пазарот, што ќе доведе до голем скок на цените. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари не е сериозно и тешко дека ќе ја одврати Русија од војната во Украина. Андриј Јермак, шефот на администрацијата на Зеленски, претходно рече дека границата треба да се постави на 30 долари „за побрзо да се уништи непријателската економија“. Ограничувањето на цената ќе го разгледуваат ЕУ и Г7 на секои два месеци. Ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта беше договорено во јуни како дел од пакетот санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина. Исклучоците се однесуваат на Унгарија, Словачка и Чешка, три земји-членки на ЕУ кои се особено зависни од руската нафта поради нивната географска локација и неможноста да го заменат овој увоз за кратко време. За два месеци, на 5 февруари, стапува во сила ембаргото за нафтени деривати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapuvaat-vo-sila-ogranichuvanja-na-cenata-na-ruskata-nafta-i-evropskoto-embargo/feed/ 0
ЕУ се договори за нафтено ембарго врз Русија, со исклучок за земјите без излез на море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-dogovori-za-nafteno-embargo-vrz-rusija-so-iskluchok-za-zemjite-bez-izlez-na-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-dogovori-za-nafteno-embargo-vrz-rusija-so-iskluchok-za-zemjite-bez-izlez-na-more/#respond Tue, 31 May 2022 05:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=683938

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор синоќа за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината сировата нафта и нафтените производи од Русија ќе подлежат на ембарго, освен во случај на испораката на нафтоводот Дружба кон југот, објаснија претседателите Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по првиот ден од вонредниот лидерски самит. Целата нафта што се пренесува преку море ќе подлежи на ембарго, како и делот од нафтата што се пренесува преку нафтоводот Дружба кон северните земји, односно Полска и Германија. Нафтата пак што Дружба ја носи кон јужните земји, Унгарија и Словачка пред сѐ, ќе биде изземена согласно политичкиот договор склучен денеска на лидерско ниво. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда овој договор ќе го преточат во законски текст, најави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Изземањето на земјите без излез на море е исто така привремено, потенцираше Мишел. – До крајот на годината 90 отсто од руската нафта ќе биде забранета, а ќе се навратиме што поскоро на привремениот исклучок, рече Мишел. Идејата е на земјите без излез на море да им се даде време да ги адаптираат своите инфраструктури за да можат да увезуваат друг вид на нафта од руската и од нафтоводот Дружба. – Десетте отсто што остануваат се јужниот дел на Дружба и се договоривме да се навратиме на ова што поскоро на еден или друг начин, ќе се навратиме, ова е голем чекор напред, веќе се ослободивме од јагленот, сега имаме договор за одвикнување од нафтата со јасен временски рок, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа објасни и дека Хрватска се нуди да и помогне на Унгарија во транзицијата од Дружба кон јадранскиот нафтовод. – Има јадрански нафтовод чиј капацитет може да се зголеми како што објасни хрватскиот премиер, и навремено да испорача нафта во Унгарија, временскиот рок потребен за да се зголеми капацитетот е 45 до 60 дена, потребни се неколку инвестиции, исто така рафинериите во земјите без излез на море ќе треба да се прилагодат бидејќи квалитетот на руската нафта различен од јадранската нафта, рече фон дер Лајен. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан исто така бараше гаранции во случај на оштетување на нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, дека ќе му биде дозволено да продолжи да добива руска нафта. – Ова е фер за европските граѓани, ја земаме предвид безбедноста на набавка на енергија, затоа и толку е тешко, на овој начин ќе биде помалку болно, помалку ризично, помалку тешко, рече Мишел, додавајќи дека овој исклучок не се однесува само на Унгарија туку на сите земји без излез на море. Освен ембаргото врз нафтата, лидерите денеска се согласија да ја исклучат најголемата комерцијална руска банка, Сбербанк, од системот СВИФТ, да се забранат низа руски компании во ЕУ и да се забранат уште три руски државни медиуми. Постигнат е и политички договор да и се обезбедат девет милијарди евра макрофинансиска помош на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-se-dogovori-za-nafteno-embargo-vrz-rusija-so-iskluchok-za-zemjite-bez-izlez-na-more/feed/ 0
Де Кро: Со ембаргото треба да бидеме сигурни дека цените на нафтата нема да се зголемат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-so-embargoto-treba-da-bideme-sigurni-deka-cenite-na-naftata-nema-da-se-zgolemat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-so-embargoto-treba-da-bideme-sigurni-deka-cenite-na-naftata-nema-da-se-zgolemat/#respond Mon, 30 May 2022 17:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=683769

Белгискиот премиер, Александар Де Кро, пред почетокот на лидерскиот самит на ЕУ изјави дека треба да се има слух за земјите кои имаат прашања за ембаргото врз руската нафта, јави дописничката на МИА од Брисел. -Некои земји имаат прашања…. Чешка, Унгарија, треба да се најде решение за нивните прашања, мислам дека е изводливо, имаме до крајот на годината да се осамостоиме од руската нафта, но кога ја носиме оваа мерка мора да бидеме сигурни дека цените нема да се зголемат и дека населението нема да страда, изјави премиерот на Белгија, Александер Де Кро. Шефовите на држави и влади вечерва ќе разговараат за предложеното ембарго врз нафтата, Де Кро порача дека некои земји ќе треба да вложат поголем напор, меѓу нив се и Белгија и Холандија, за кои руската нафта претставува една третина. Белгискиот премиер инсистираше на тоа дека мора да се сочува и европското единство, но дека ембаргото, доколку се донесе, мора да биде целосно, а не да се однесува само на една половина од континентот. Земјите од источна Европа кои се повеќе зависни од руската нафта бараат изземање или подолги рокови за ослободување од Русија. Посебно се погодени земјите без излез на море како Унгарија, Словачка и Чешка. Тие бараат помош и солидарност од другите земји на ЕУ за да не се најдат во ситуација да немаат доволно нафта доколку воведат ембарго. На маса е опција да се изземе нафтата која пристигнува преку нафтовод, ова е една од темите за кои ќе разговараат лидерите денеска. Унгарскиот премиер исто така побара, во случај на оштетување на нафтоводот кој ја снабдува неговата земја и поминува низ Украина, да може повторно да добива руска нафта. Во секој случај, според предлогот на Европската Комисија, земјите на ЕУ имаат до крајот на оваа година да го спроведат ембаргото врз нафтата од Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-so-embargoto-treba-da-bideme-sigurni-deka-cenite-na-naftata-nema-da-se-zgolemat/feed/ 0
И Хрватска бара изземање од ембаргото на руската нафта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-hrvatska-bara-izzemanje-od-embargoto-na-ruskata-nafta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-hrvatska-bara-izzemanje-od-embargoto-na-ruskata-nafta/#respond Fri, 06 May 2022 11:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=672915

Хрватска се залага за изземање од ембаргото на руската нафта според кое и после тековната година би можела за потребите на рафинеријата во Ријека да го увезува дериватот Vacuum Gas Oil (ВГО) за производство на дизел гориво, пренесува загрепски „Вечерњи лист“. Во дискусиите меѓу земјите-членки на Советот на ЕУ за усвојување на предлогот на Европската комисија за шестмесечно ембарго на увоз на руска нафта и на руски нафтени производи до крајот на годината, Хрватска се залага за ослободување што би продолжило и наредната година. „Вечерњни лист“ се повикува на неофицијални извори според кои рафинеријата во Ријека би можела да увезува ВГО. ВГО е сировина неопходна за производство на дизел, а рафинеријата на нафтената индустрија (ИНА) е оптимизирана за нејзина употреба во производниот процес. Изворите за набавка на ВГО на пазарот се прилично ограничени, па ИНА бара натамошно купување на тој дериват, го пренесува весникот соопштението од Управата на ИНА. Дебатата во Советот на ЕУ почна во средата кога Европската комисија го предложи шестиот пакет санкции против Русија, со ембаргото за нафта како клучен дел од пакетот, продолжи вчера, а веројатно ќе се расправа и утре бидејќи нема индиции за консензус. Најголема пречка е Унгарија која тврди дека нема да се согласи со предлогот на Комисијата со кој на таа земја, како и на Словачка, би им се оставила можност да купуваат руска нафта до крајот на 2023 година, подолго од другите земји-членки. Во средата Унгарците побарале трајно изземање, додека Словаците, наводно, барале изземање до 2025 година. Чешка и Бугарија сигнализирале дека ќе бидат среќни да бидат изземени од ембаргото барем до 2023 година. Според неофицијални информации на кои се повикува „Вечерњи лист“’, Грција не е среќна бидејќи Комисијата во предлогот за нови санкции предвидува и забрана за транспорт и осигурување на транспортот на руската нафта во светот. Таквата одредба влијае на грчките и другите европски бродски компании. Замислата според која се води Еврокомисијата е да ги спречи Русите на лесен начин само да ја пренасочат нафтата наместо кон ЕУ кон други купувачи во светот. Преговорите за конечната одлука за ембаргото на руската нафта на крајот може да биде донесена во форма што отстапува од предлогот на Комисијата. Засега нема индиции дали барањето на Хрватска е ќе наиде на плодна почва или не, пишува „Вечерњи лист“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-hrvatska-bara-izzemanje-od-embargoto-na-ruskata-nafta/feed/ 0
ТВ НОВА: Бугарија ќе стави вето на одлуката на ЕУ за руското нафтено ембарго https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tv-nova-bugarija-kje-stavi-veto-na-odlukata-na-eu-za-ruskoto-nafteno-embargo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tv-nova-bugarija-kje-stavi-veto-na-odlukata-na-eu-za-ruskoto-nafteno-embargo/#respond Fri, 06 May 2022 11:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=672890

Бугарија ќе стави вето на одлуката на ЕУ за руското нафтено ембарго доколку не биде вклучена во списокот на земји кои ќе го одложат воведувањето на оваа санкција, јави локалната ТВ НОВА, врз основа на свои извори. На денешната средба на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел, како што јави дописникот на МИА од Софија, учествува и бугарскиот дипломат Румен Александров. Средбата почна утрото, а амбасадорите се децидни дека ќе продолжи се додека не се реши руското нафтено ембарго. ЕК претстави измена на планот, со кој се предлага да се воведе исклучок за Унгарија, Словачка и Чешка, но не и за Бугарија. Според локалните медиуми, од официјална Софија е добиена официјална инструкција дека доколку на исклучоците не се додаде Бугарија, таа ќе стави вето на одлуката. Унгарија и Словачка сакаат подолг период за прекин на употребата на руската нафта. Според предлогот на ЕК, двете земји ќе добијат една година повеќе од остатокот од ЕУ за да се откажат од руската нафта. Будимпешта и Братислава го отфрлија предлогот, велејќи дека им треба повеќе време за да ги приспособат своите синџири на снабдување. Најверојатно ќе успеат во нивните напори – веројатно ќе добијат две години повеќе од остатокот од ЕУ. Чешката Република и Словачка најверојатно ќе се приклучат на оваа шема за ослободување, бидејќи и двете се слично зависни од руската нафта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tv-nova-bugarija-kje-stavi-veto-na-odlukata-na-eu-za-ruskoto-nafteno-embargo/feed/ 0
Во случај на ембарго: На Берлин и околината им се заканува недостиг на бензин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sluchaj-na-embargo-na-berlin-i-okolinata-im-se-zakanuva-nedostig-na-benzin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sluchaj-na-embargo-na-berlin-i-okolinata-im-se-zakanuva-nedostig-na-benzin/#respond Thu, 05 May 2022 12:49:36 +0000 https://kurir.mk/?p=672389

На делови од Германија им се заканува недостиг на нафтени деривати во случај на ембарго за увоз на руска нафта, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, јавија денеска локалните медиуми. -За жал, морам да кажам дека е можно во случај на ембарго во делови од Германија, особено на истокот и во Берлин, да има потешкотии во снабдувањето со деривати, изјави Хабек. Тој посочи дека рафинеријата во Швед, во сојузната покраина Бранденбург, која го снабдува Берлин и неговата околина, преработува исклучиво руска нафта, па во случај на прекин на увозот би имало недостиг. -Работиме на тоа оваа рафинерија да добива нафта од други извори во случај на ембарго, рече Хабек. Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да го прекинат увозот на руска нафта и нафтени деривати до крајот на годинава. Некои земји, како Словачка и Унгарија, се противат на ембаргото. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sluchaj-na-embargo-na-berlin-i-okolinata-im-se-zakanuva-nedostig-na-benzin/feed/ 0
Германија го поддржува ембаргото за руската нафта, најави Баербок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-poddrzuva-embargoto-za-ruskata-nafta-najavi-baerbok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-poddrzuva-embargoto-za-ruskata-nafta-najavi-baerbok/#respond Mon, 02 May 2022 07:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=670594

Министерката за надворешни работи Аналена Баербок повтори дека Германија е за ембарго на нафта против Русија.Германија сега е „подготвена“ да се снаоѓа без руска нафта неколку години, изјави таа за јавната телевизија АРД. -Новите договори за снабдување со нафта значително ја намалија зависноста на Германија од Русија, додаде Баербок. Уделот на руската нафта што се користи во Германија се намали од 35 отсто на 12 отсто во период од неколку недели, според владата. Со германското „да“ за ембаргото за нафта, расте притисокот врз преостанатите земји-членки на ЕУ за кои се сметаше дека ја одолговлекуваат дискусијата. На посебен состанок во Брисел денеска министрите за енергетика на ЕУ ќе разговараат за прекинување на руската испорака на гас за Полска и Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-go-poddrzuva-embargoto-za-ruskata-nafta-najavi-baerbok/feed/ 0
Шефот на германскиот енергетски концерт „E.ON“ смета дека ембаргото на рускиот енергенс ќе ја подели Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/#respond Tue, 19 Apr 2022 12:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=665396

Воведувањето ембарго за испораките на гас од Русија може да доведе до раскол во ЕУ, изјави во интервју за „Ханделсблат“ шефот на најголемиот германски енергетски концерн „E.ON“ Леонард Бирнбаум. – Воведувањето на сегашното ембарго би било болен удар за Германија и за цела Европа. Некои земји целосно или во голема мера се потпираат на руската енергија, а таквиот потег може да доведе до раскол во ЕУ, вели Бирнбаум. – Мислам дека тоа би било погрешно… Таков потег не само што тешко би ја погодил Германија, туку Европа би имала огромен проблем. На пример, Словачка е целосно зависна од рускиот гас, а земјите како Чешка и Австрија најголемиот дел од гасот го добиваат од Русија. Во многу други земји од ЕУ, рускиот гас има значителен удел, предупредува првиот човек на „Е.ОН“. Според него, за прашањата за гасот треба да се разговара на паневропско, а не на национално ниво. „Ако мислиме дека можеме да ја снабдуваме Германија без да се грижиме за другите земји, тогаш тоа ќе доведе до раскол во ЕУ“, рече Бирнбаум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/feed/ 0
ЕП бара целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-bara-celosno-embargo-za-uvoz-na-ruska-nafta-jaglen-nuklearno-gorivo-i-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-bara-celosno-embargo-za-uvoz-na-ruska-nafta-jaglen-nuklearno-gorivo-i-gas/#respond Thu, 07 Apr 2022 13:26:35 +0000 https://kurir.mk/?p=659751

Европскиот парламент побара воведување на уште поостри санкции против Русија од страна на ЕУ, вклучително и целосен прекин на увозот на енергенси од таа земја, како и вклучување на Белорусија, која е сојузник на Кремљ. Во резолуцијата усвоена денеска со 513 гласа „за“, 22 „против“ и 19 воздржани, европратениците повикаа на дополнителни санкции за Русија, вклучително и „целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас што е можно поскоро“. Тоа треба да биде придружено со план за гарантирање на безбедноста на снабдувањето со енергија во ЕУ, како и стратегија за „запирање на санкциите доколку Русија преземе чекори за враќање на независноста, суверенитет и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и целосно да ги отстрани своите војници од територијата на Украина“. Постојните санкции сега мора целосно и ефективно да се применат низ ЕУ и меѓународните сојузници на ЕУ како приоритет, велат европратениците. Тие ги повикуваат лидерите на ЕУ да ја исклучат Русија од Г-20 и другите мултилатерални организации, како што се УНХРЦ, Интерпол, Светската трговска организација, УНЕСКО и други, „што би било важен знак дека меѓународната заедница нема да се врати на старо со таа држава-агресор“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-bara-celosno-embargo-za-uvoz-na-ruska-nafta-jaglen-nuklearno-gorivo-i-gas/feed/ 0