ембла адеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Feb 2022 10:43:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ембла адеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисијата за заштита од дискриминација отвори постапка за случајот со Ембла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-otvori-postapka-za-sluchajot-so-embla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-otvori-postapka-za-sluchajot-so-embla/#respond Fri, 04 Feb 2022 10:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=626849

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Ембла од Гостивар. „Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Единство-Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи има Даунов синдром. Постапката е започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава.“, информира КСЗД. Комисијата најави дека во понеделник ќе изврши увид во училиштето, и дека веќе биле остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето. За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-otvori-postapka-za-sluchajot-so-embla/feed/ 0
Народниот правобранител формира предмет за случајот со ученичката Ембла од Гостивар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-formira-predmet-za-sluchajot-so-uchenichkata-embla-od-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-formira-predmet-za-sluchajot-so-uchenichkata-embla-od-gostivar/#respond Thu, 03 Feb 2022 13:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=626499

Народниот правобранител формира предмет по сопствена иницијатива и испрати тим во училиштето за да го испита случајот во кој Ембла Адеми, ученичка со попреченост од основното училиште „Башкими“ во Гостивар, не била прифатена од родителите на учениците од класот во која била запишана, и била приморана наместо заедно со другите ученици, наставата да ја следи сама, со нејзиниот асистент, во посебна просторија. - Објавената сторија покажува голема незрелост на општеството, кое ни оддалеку не е подготвено во пракса да ја имплементира домашната и меѓународната регулатива која се однесува на инклузивноста на овие лица во секојдневниот живот. Недозволиво е овие ученици да бидат жртва на неподготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација. Впрочем, изминатите години сите чинители во општеството кои се занимаваат со оваа проблематика, вклучувајки ја и институцијата Народен правобранител дадоа голем придонес во реформите во образовниот просцес, токму во делот кој се однесува на инклузивноста на учениците, затоа што различноста не смее да биде сфатена како казна, како што тоа е направено во конкретниот случај, се наведува во реакцијата од Народниот правобранител. Народниот правобранител ги охрабрува родителите за вакви случаи да не молчат, туку да се обратат до институциите, со цел навремена заштита на правата на нивните деца гарантирани со законите. Исто така, смета дека е добро што медиумите покажуваат сензибилност и ги објавуваат сториите, но укажува на фактот дека при објавувањето на овие стории мора максимално да се води сметка за заштита на најдобриот интерес на детето и да се избегнуваат експлицитни кадри или фотографии од децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodniot-pravobranitel-formira-predmet-za-sluchajot-so-uchenichkata-embla-od-gostivar/feed/ 0
Ученичката Ембла од Гостивар е повторно меѓу соучениците https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenichkata-embla-od-gostivar-e-povtorno-megju-souchenicite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenichkata-embla-od-gostivar-e-povtorno-megju-souchenicite/#respond Thu, 03 Feb 2022 10:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=626363

Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници. Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“. – Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме. Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил. Единаесетгодишната Ембла вчера, со еден ден задоцнување тргна на училиште, но сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“. Како што објавија медиумите вчера, директорот на ОУ „Башкими“ Зијадин Нуредини изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ за да не остане само во една училница. Девојчето го посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“ од каде што изјавиле дека таа никогаш не била агресивна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenichkata-embla-od-gostivar-e-povtorno-megju-souchenicite/feed/ 0
Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на училиште поради соученичка со Даунов Синдром https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchilishte/#respond Thu, 03 Feb 2022 09:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=626319

Сите ученици го започнаа второто полугодие токму на 1 февруари, но не и 11-годишната Ембла. Таа денеска тргна на училиште но сама, поради тоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан. Ембла е дете со посебни потреби – има даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив. „Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици“, стои во петицијата што ја покренаа родителите. Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес. Но, за разлика од директорот, нејзиниот татко негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. „Ембла“ ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchilishte/feed/ 0