емил димитриев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 10:58:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png емил димитриев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешниот премиер со поддршка за Христијан Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-premier-so-poddrshka-za-hristijan-mitskoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-premier-so-poddrshka-za-hristijan-mitskoski/#respond Thu, 21 Sep 2023 10:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=880262

Нема да кажам нешто ново дека на Македонија и на ВМРО ДПМНЕ силата е во единството. Но во овие моменти чувствувам обврска уште еднаш да го апострофирам зборот единство, кој доминирал во моите многубројни средби и контакти со членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ насекаде низ татковината. На земјата и партијата им е потребен секој квалитетен и чесен човек кој сака да помогне во нејзината обнова. Во насока на јакнење на капацитетот на партијата да се справува со идните предизвици, ВМРО ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицковски ја имаат мојата лична подршка, напиша на Фејсбук поранешниот технички премиер Емил Димитриев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-premier-so-poddrshka-za-hristijan-mitskoski/feed/ 0
Димитриев за документот на Ковачевски: Ќе испадне дека поважна тајна немаме… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-za-dokumentot-na-kovachevski-kje-ispadne-deka-povazna-tajna-nemame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-za-dokumentot-na-kovachevski-kje-ispadne-deka-povazna-tajna-nemame/#respond Tue, 20 Sep 2022 18:06:36 +0000 https://kurir.mk/?p=735379

Ако ваков документ е класифициран Воена тајна, ќе испадне дека поважна тајна немаме, коментира Емил Димитриев. „Напротив, за носители на високи позиции, вакви информации треба да бидат апсолутно декласифицирани и достапни на јавноста“ - истакна тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-za-dokumentot-na-kovachevski-kje-ispadne-deka-povazna-tajna-nemame/feed/ 0
„Народот никогаш не греши“, порача поранешниот премиер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodot-nikogash-ne-greshi-poracha-poraneshniot-premier/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodot-nikogash-ne-greshi-poracha-poraneshniot-premier/#respond Mon, 18 Oct 2021 09:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=581327

Поранешниот технички премиер на Македонија, Емил Димитриев на свјот Фејсбук профил ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори праќајќи интересна порака. Народот никогаш не греши, напиша Димитриев на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodot-nikogash-ne-greshi-poracha-poraneshniot-premier/feed/ 0
Димитриев: Победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе значи делигитимирање на централната власт, Македонија мора да тргне напред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-pobedata-na-vmro-dpmne-na-lokalnite-izbori-kje-znachi-deligitimiranje-na-centralnata-vlast-makedonija-mora-da-trgne-napred/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-pobedata-na-vmro-dpmne-na-lokalnite-izbori-kje-znachi-deligitimiranje-na-centralnata-vlast-makedonija-mora-da-trgne-napred/#respond Wed, 08 Sep 2021 12:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=560994

На денешната трибина во Битола каде ВМРО-ДПМНЕ под мотото „30 години се грижиме за Македонија“, го одбележува јубилејот од независноста на Република Македонија се обрати поранешниот премиер, министер и пратеник Емил Димитриев кој што истакна дека сите треба да работиме на тоа Македонија да биде држава која што ќе гарантира солидарност, демократија, правда, еднаквост помеѓу граѓаните со квалитетен соживот интегрирана во ЕУ и НАТО. Нека ни е честит денот на независноста и вечна да е Македонија, кога ја добив поканата да учествувам на оваа панел дискусија по повод нашата независност веднаш ми дојде на памет една мисла дека нема повозвишена цел за еден политичар да говори на таков настан бидејќи тоа се ретки можности да еволуцира спомени од своето работење и да понудиме предлози и идеи за иднината. Не беше лесно и моето работење на сите позиции кои што беа споменати меѓутоа длабоко од срце ви кажувам дека во моите сеќавање секој пат ќе останат неколку работи, секако тоа се предизвиците со кои се соочувавме сите активности кои што ги имавме, меѓутоа како врвна работа која сум ја доживувал е можноста од името на граѓаните на Република Македонија да говорам на Илинден, да говорам на денот на формирање на ВМРО, и да говорам на денот на независноста тука во Битола. Тоа е многу доблесна работа, да човек има таква прилика од името на својот народ се заблагодари на генерациите кои лееле крв за денеска ние да ја живееме оваа слобода, затоа посебна почит за сите кои што се имаат вградено во нашата државност. И големиот Христо Узунов во една прилика кажал „ Јас сум убеден дека нашата идеја ќе биде реализирана и затоа ќе умрам спокојно и со чиста совест пред идните генерации“ , затоа голема почит кон сите кои што својот живот го дале за оваа слобода која што ние денес ја уживаме, нагласи Димитриев. Димитриев посочи дека во 90-тите години кога се ударале темелите на Република Македонија на политичка сцена биле мудри луѓе и затоа темелите биле правилно поставени, дека Република Македонија треба да биде граѓанско општество со плурална парламентарна демократија, пазарна економија и правда. - Во 90-тите години кога се удараа темелите на Република Македонија тогаш на политичка сцена беа мудри луѓе, беше битно да имаат одредена мудрост и идеја како треба да се води државата, многу помалку било важно кој капитал стои, или која лоби група стои зад тебе, затоа темелите беа правилно поставени, дека Република Македонија треба да биде граѓанско општество со плурална парламентарна демократија со пазарна економија правда и т.н. Гледано овие 30 години од почетокот на формирањето на државата до денеска многу процеси за жал кај нас се ретроградни. Перформансите на македонското општество 91 година споредено со денеска во одредени области биле многу покомпактибилни со ова што го говориме ние Европа, НАТО отколку денеска. Македонското општество 1991 година било многу пограѓанско многу помултиетничко од тоа што е денес, посочи Димитриев. Димитриев истакна дека сите треба да работиме на тоа Македонија да биде држава која што ќе гарантира еднаквост, солидарност, демократија, правда, и соживот. - Сите да работиме на тоа да Македонија биде држава која што ќе гарантира еднаквост, како постулат на демократијата. Граѓанскиот концепт не е нешто што сега го измисливме, тоа е концепт што уште при удирањето на темелите на државата е зацртан. Правдата како постулат. Да има одредени правила и принципи кои што ќе дадат еднаков натпревар секој да с е најде во своето работење во делот на она што го работи дали како бизнис или како личен предизвик. Партизацијата на општеството е проблем на кој што исто така треба да му погледнеме во очи. Квалитетните и способни кадри мора да добијат шанса. Демократијата мора да ја заживееме во полн капацитет, правда, солидарност, учество, плурализам. Пред нас ни претстојат локални избори многу важни кои што ги тангираат и повисоките процеси во државата. Победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе значи и делигитимирање на парламентарната власт. Не смееме да дозволиме неспособноста криминалот и корупцијата да го детерминираат вековниот идеал за самостојност на државата. Оваа држава има капацитетни луѓе да покаже дека идеалот за самостојност може да биде надграден со перформанси кои што значат една модерна современа држава со силна економија со гарантирани права и еднаквост помеѓу граѓаните со квалитетен соживот интегрирана во ЕУ и НАТО, заклучи Димитриев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-pobedata-na-vmro-dpmne-na-lokalnite-izbori-kje-znachi-deligitimiranje-na-centralnata-vlast-makedonija-mora-da-trgne-napred/feed/ 0
Димитриев: На овие избори носител на промените е ВМРО ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-na-ovie-izbori-nositel-na-promenite-e-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-na-ovie-izbori-nositel-na-promenite-e-vmro-dpmne/#respond Fri, 10 Jul 2020 14:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=373465

Изборите се денот кога Вие со својот глас влијаете на иднината. По изборите секој активизам, пример: протести, искажано мислење на социјалните мрежи, на улица итн. е со лимитирано влијание, за разлика од тоа да излезете и гласате. На секои избори има повеќе опции, но во суштина се сведува на две, дали сте за актуелната власт или сте за промени. На овие избори носител на промените е ВМРО ДПМНЕ. Сите што сакаат да се дел од промените својот глас треба да го дадат за Коалицијата Обнова на Македонија. Со тоа ќе помогнат за стабилност на новата Влада и по изборите нема да пресметуваат колку посилна ќе беше победата ако и нивниот глас е дел од оваа коалиција. Ова го пишувам свесен дека наредниот мандат нема да биде полесен од овој кој привршува и затоа многу е важен соодносот во парламентот. По победата, од ВМРО ДПМНЕ се очекува да биде свесна за своите слабости и да извлече поука за грешките од минатото, само така и понатаму ќе биде единствена алтернатива за подобра Македонија. Добрите идеи, квалитетните и чесни поединци од помалите партии треба да ги стави во функција и да започне процес на целосна консолидација на идеолошкиот простор кој го покрива. Да живее Македонија ! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-na-ovie-izbori-nositel-na-promenite-e-vmro-dpmne/feed/ 0
Димитриев: Кој го убива правосудниот систем, на еден начин ја убива и државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-koj-go-ubiva-pravosudniot-sistem-na-eden-nachin-ja-ubiva-i-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-koj-go-ubiva-pravosudniot-sistem-na-eden-nachin-ja-ubiva-i-drzavata/#respond Thu, 23 Jan 2020 09:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=293493

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев посочи дека е време за реални реформи во државата, а доста е од реформи кои се користат како шминка. -Моментално во Република Македонија правосудниот систем е клекнат на колена, секојдневно се случуваат афери, скандали, а не се решаваат. Скандал кој што денес Македонија ја тресе е скандалот со правосудниот систем. Правосудниот систем во Република Македонија влегол во зона во која што апсолутно не смее да помисли да влегува. Кој го убива правосудниот систем на еден начин ја убива и државата, истакна Димитриев. Додаде дека воопшто не е за потценување моменталната состојба во нашата држава, од аспект на проблеми и афери но и скандали. На Македонија не и треба шминка на промени, и требаат реални промени, кои што ќе го стават целокупниот потенција на општеството во функција на развојот на државата, појасни Димитриев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-koj-go-ubiva-pravosudniot-sistem-na-eden-nachin-ja-ubiva-i-drzavata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ со предлог измени на законот за подобрување на состојбата во одбраната во интерес нa НАТО интеграциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-predlog-izmeni-na-zakonot-za-podobruvanje-na-sostojbata-vo-odbranata-vo-interes-na-nato-integraciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-predlog-izmeni-na-zakonot-za-podobruvanje-na-sostojbata-vo-odbranata-vo-interes-na-nato-integraciite/#respond Mon, 23 Dec 2019 16:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=281248

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев побара дневниот ред да биде дополнет со две точки, тој побара како втора точка да биде дополнета со предлог на законот за измени и дополнување на законот за одбрана и како трета точка да биде ставена информацијата за состојбите и проблемите во оперативно техничката агенција. - Во однос на предлог законот за изменување и дополнување сакам да ја информирам јавноста дека на барање на министерката за одбрана уште за време кога владата ја разгледување иницијативата на министерството за одбрана имавме средба на која на наконструктивен и коректен начин беа кажани сите наши гледишта размислувања за тоа што треба да биде интервенирано во законот за одбрана за да се подобрат состојбите во одбраната исто така и сето она што значеше усогласување со НАТО процедури како идна земја челенка на НАТО, на наше изненадување и на изненадување на јавноста предлогот кој што го добивме ги содржеше одредбите за кои што реално немамвме против, меѓутоа беше ставена одредба, намерно која што ја испровоцира опозицијата да не ја даде поддршката на законот за одбрана, нагласи Димитриев. Според Димитриев, владата постојано бара начин како да се направи раздор во собранието, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложила измени на законот кои што биле во 99 % исти со предлогот на владата, се со цел и во интерес за подобрување на состојбите во одбраната и во интерес на НАТО интеграциите. - По однос на третата точка сакам да ја информирам јавноста дека комисијата за следење на надзорот на посебната истражна мерка следење на комуникации уште на 10 октомври до собранието достави материјал кои што беше иниј=цијатива на оперативно техничката агенција, собранието како основач на оперативно техничката агенција да биде запознаето со сите проблеми со кои се соочуваат во нивното работење а се големи и од финансиски аспект. Два месеци и повеќе собранието не најде слух да разговара за проблемите на институција која што самото ја основало,верувам дека ќе снајдете сила и моќ да го ставиме ова на дневен ред, заклучи Димитриев. Предлогот на пратеникот Емил Димитриев, предлог закон за одбрана по скратена постапка како предлог на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред во собранието беше ставен на гласање но не се усвои, додека вториот предлог според претседателот на собранието немало основ да се стави на гласање, затоа што според него немало никаков предлог и информации за состојбите во ОТА како материјал во парламентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-predlog-izmeni-na-zakonot-za-podobruvanje-na-sostojbata-vo-odbranata-vo-interes-na-nato-integraciite/feed/ 0
Димитриев: Продолжуваат блокадите и хаосот со носењето на законите од областа на одбраната и безбедноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-prodolzuvaat-blokadite-i-haosot-so-nosenjeto-na-zakonite-od-oblasta-na-odbranata-i-bezbednosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-prodolzuvaat-blokadite-i-haosot-so-nosenjeto-na-zakonite-od-oblasta-na-odbranata-i-bezbednosta/#respond Thu, 19 Dec 2019 13:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=279746

Хаосот и блокадите со носењето на законите од областа на одбраната и безбедноста како и нивното непочитување по донесување и во периодот на нивна имплементација продолжува, ова денеска на прес-конференција го истакна Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ. -Ако претходно усогласените двотретински закони помеѓу власта и опозицијата предложени од Оливер Спасовски, на нив амандмани поднесуваа Ременски и Локвенец, потоа за Законот за следење на комуникации заеднички предложен од позицијата и опозицијата предложен од Костадин Костадинов амандмани поднесе пратеничката Соња Мираковска, донесениот закон  за Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски директорот на оваа Агенција воопшто не сметаше за потребно дека треба да ги испочитува при основање на оваа институција. Оваа судбина на овие Закони ги делат и новите закони кои се во собраниска процедура, а тоа е измените на Законот за одбрана и измените на Законот за служба во Армијата на Рњпублика Македонија. Имено на барање на министерката за одбрана госпоѓата Шекеринска во фаза пред да биде донесен законот во владина процедура имавме средба во Собранието на која продискутиравме околу идеите како да се подобри постојниот Закон за одбрана. Тогаш од наша страна несебично споделивме се што сметаме дека е во интерес на одбраната, во интерес на Армијата, во интерес на нашите НАТО интеграции. Единствена работа како опозиција побаравме законот да не се опременува со членови кои што би биле спорни за опозицијата да го даде својот глас, а тоа е преименувањето на нашата Армија. На наше изненадување, СДСМ намерно тој член го вметна во измените на законот и на еден начин вештачки искреира криза тој закон да не биде донесен, вели Димитриев. Тој додава дека во изминатиов период како опозиција конструктивно апелиравме да се повлече тој член кој што е спорен за нас, останатото се што значи усогласување со НАТО процедури би го прифалите и би го гласале. Меѓутоа, за тоа немаше слух од власта, затоа ние денес ја информираме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе измени на Законот за одбрана, текст на закон  кој што е апсолутно идентичен со текстот на законот предложен од Владата, исклучиво нешто што го нема во нашиот текст е промената на името на Армијата на Република Македонија, нешто за кое ВМРО-ДПМНЕ настојува на престојните предвремени парламентарни избори да побара поддршка од народот за негово ревидирање. -Не е даден одговор зошто подолго време и Законот за служба во Армијата не се става на дневен ред, т.е не ја започнува својата собраниска процедура иако беше најавен пред месец дена, доставен до Собранието сеуште  измените на Законот за служба во Армијата не се во собраниска процедура, најавуваме дека на седницата во понеделник ние ќе бараме тој закон да се стави на дневен ред. Трет закон кој исто така е блокиран е законот за изменување на Законот за следење на комуникациите кој што е предложен и од власта и од опозицијата кој во прво читање ја доби двотретинската поддршка меѓутоа потоа со еднострани желби на СДСМ тој закон на еден начин се блокира. Бараме овие три закони да бидат изгласани до распуштањето на Собранието, бидејќи се од витално значење на одбраната, безбедноста, за нашите НАТО интеграции. Во случај кога СДСМ одлучи да не врши парламентарен надзор, имајќи го апсолутното мнозинство во Комисијата за одбрана и безбедност и претседател на истата комисија, сметаме дека останатите две комисии не треба да бидат хендикепирани и надзорот треба да се овозможи да биде квалитетен онака како што заслужуваат граѓатаните, бидејќи граѓаните заслужуваат сферата на одбраната и безбедноста треба да има адекватен одговор, рече Димитриев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-prodolzuvaat-blokadite-i-haosot-so-nosenjeto-na-zakonite-od-oblasta-na-odbranata-i-bezbednosta/feed/ 0
Димитриев: Денеска сме сведоци на започнување со работа на новата фабрика Кранфилд фаундри во Пробиштип која беше инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-deneska-sme-svedoci-na-zapochnuvanje-so-rabota-na-novata-fabrika-kranfild-faundri-vo-probishtip-koja-beshe-investicija-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-deneska-sme-svedoci-na-zapochnuvanje-so-rabota-na-novata-fabrika-kranfild-faundri-vo-probishtip-koja-beshe-investicija-na-vmro-dpmne/#respond Wed, 11 Dec 2019 15:26:51 +0000 https://kurir.mk/?p=276169

На огромно задоволство на сите жители од Општина Пробиштип денеска сме сведоци на започнување со работа на новата фабрика Кранфилд фаундри. Оваа инвестиција во Република Македонија дојде уште во 2014 година, првиот договор за нејзино инвестирање во нашата држава и во Пробиштип беше со договор со претходната влада во 2015 година, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакна Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ. -За да ги охрабриме да ја лоцираат инвестицијата во Пробиштип, претходната влада донесе одлука да изградиме индустриска зона со целокупна инфраструктура, преку владата ја задолживме државната компанија МЕПСО да обезбеди електрична енергија бидејќи типот на инвестицијата бараше огромна количина на електрична енергија. Преку програмата за рурален развој одобривме средства на општината за водовод и канализација, и на еден начин тоа беше мотивот да помогне оваа инвестиција да се лоцира во Пробиштип во источниот дел на Република Македонија, бидејќи во ситуации кога имате изградено индустриски зони во многу поатрактивни локации беше потешко да се донесе инвеститор во овие наши краишта. Инвестицијата е околу 20 милиони евра, морам да кажам дека првичните планови беа со навистина поразлични тајминзи. Ако одеше проектот се како што треба и ја имаше потребната поддршка од владата онака како што треба денеска ние требаше да бидеме сведоци на отпочнување со работа на втората линија од оваа фабрика. Првата линија требаше да почне со работа некаде 2018 година и да ги оптимизира оние првично планирани околу 250 вработувања и некаде овој период да биде во средина градбата на втората линија со оптимизирање на над 300  директни вработувања и околу стотина индиректни вработувања, потенцира Димитриев. Тој додава дека во 2016 година кога го ставаме камен темелникот, во тој момент имавме средба и со други потенцијални инвеститори кои што беа заинтересирани да инвестираат во оваа зона, меѓутоа за мое жалење и на жалење на граѓаните од тие инвестиции нема ништо. Мислам дека лошата атмосфера во државата, лошиот начин на комуникација со потенцијалните инвеститори ги одвраќа. -Оваа зона има капацитет и за други компании и мислам дека овој крај има соодветна работна сила за ваков тип на капацитети бидејќи во Пробиштип и регионот има одлични средни училишта со машински и електро смер. Овој крај подолго време работи во областа на металургијата и сметам дека тоа се некои предности на крајот за ги привлече овие инвеститори. Меѓутоа како и да е добро е што денеска претседателот на владата се надмина и призна дека сепак оваа инвестиција е започната од претходната влада, дека некој се потрудил да дојде оваа инвестиција и мислам дека ова мое задоволство го делеа веќе вработените 60 луѓе и потенцијалните нови вработувања и начин на осигурување на перспективата во овој крај, додава Димитриев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitriev-deneska-sme-svedoci-na-zapochnuvanje-so-rabota-na-novata-fabrika-kranfild-faundri-vo-probishtip-koja-beshe-investicija-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Емил Димитриев: Модерна граѓанска десница е современиот македонски патриотизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/emil-dimitriev-moderna-gragjanska-desnica-e-sovremeniot-makedonski-patriotizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/emil-dimitriev-moderna-gragjanska-desnica-e-sovremeniot-makedonski-patriotizam/#respond Sat, 26 Oct 2019 15:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=256446

Наредниот технички премиер за квалитетно раководење со владата треба да успее да ја пронајде средината помеѓу две крајности и да влезе во владата и да излезе од нејзе со чист образ. Ова е советот што првиот пржински премиер на Македонија за организирање избори, Емил Димитриев му го нуди на следниот премиер кој на 3 јануари ќе во владата. Во интервју за Прес24, Димитриев вели дека првата крајност која мора да ја знае идниот технички премиер е дека ниту од формален, ниту од морален аспект тој не е премиер со целосен капацитет. -Од формален аспект тој е со утврден приоритет, а тоа е организирање и одржување на изборите, од морален аспект тој треба да знае дека мандатот за премиер му е доделен на друга личност која согласно закон мора да се повлече пред изборите. Втората крајност е тој целосно треба да е убеден дека од назначувањето за технички премиер, одговорноста за работењето на техничката влада е негова, дека тој не е таму да чува нечија фотелја, туку да одработи чесно и посветено чувајќи го својот и образот на целата влада. Новиот технички премиер треба да влезе со чист образ, но и со чист образ да излезе од оваа должност, тоа можеби раководството на неговата партија ќе му го заборави како придонес, но граѓаните нема, вели Димитриев во интервју за Прес24. Иако изборите се закажани за 12 април, сепак Димитриев вели дека периодот кој следува и искуството од 2016 година ќе откријат, дали Македонија ќе гласа на тој ден. Иако постои општествен амбиент за предвремени избори, Димитриев смета дека за поуверлива победа на опозицијата, потребно е оваа власт да го доврши својот мандат. -Кога самиот премиер ќе каже дека ако не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, а не го добивме, владата е мртва, сметајте дека реалната состојба е многу полоша од тоа, затоа што овде субјективизмот во оценката на состојбата е очекуван. Притисокот за избори од јавноста и опозицијата е се погласен, се креира амбиент за предвремени избори, иако јас лично сметам дека за поквалитетна споредба и компетиција подобро е оваа влада целосно да го заврши мандатот. Ако некој се уште нема јасна слика за неа, веројатно тогаш ќе му биде полесно за одлучување. Тогаш и разликата во корист на опозицијата би била уште поголема со што ќе се добие стабилно мнозинство за предизвиците кои следат, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека новата влада нема право да разочара. -Ќе бидам директен, сериозен дел од повозрасните го доживуваат времето на Југославија како време кога подобро се живеело, од друга страна голем дел од младите својата перспектива ја гледаат надвор од земјата, ако и понатаму продолжи разочарувањето од политичките елити сериозно ќе биде поткопан вековниот идеал за самостојна држава, потенцира Димитриев во интервјуто посочувајќи дека граѓаните го победиле стравот од власта која суптилно го креирала изминатиов период на повеќе начини. -А кога се надминува стравот во едно општество се ослободува голема количина на енергија која правилно треба да се насочи, прво кон промени, а понатаму и во обнова на земјата. Победата на ВМРО ДПМНЕ овој пат споредено со 2016 година ќе биде со многу поголема разлика, како одат тенденциите на разлика во рејтинзите формирањето на владата е извесна работа, вели екс премиерот Димитриев во интервју за Прес24. -ВМРО ДПМНЕ во иднина треба силно да се посвети во профилирање како модерна граѓанска десница, затоа што тоа е нашата реалност и иднина, тоа уште повеќе ќе ја доближи до сите етникуми од една страна, а од друга страна подготвен сум со денови да ја бранам тезата дека инвестирањето во модерно граѓанско општество е современиот македонски патриотизам и најдобар гарант на суверенитетот и интегритетот, вели во интервју за Прес24, Емил Димитриев, пратеник на ВМРО ДПМНЕ во Парламентот. ПРЕС24: Македонија во април на 12-ти, ќе гласа на предвремени парламентарни избори. Така договорија лидерите на парламентарните партии кај Претседателот Пендаровски. Сепак овие избори дојдоа како понуда на Премиерот Зоран Заев, по подолго инсистирање на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Дали оваа одлука на власта да прифати предвремени парламентарни избори повеќе е резултат на одлуката на ЕУ да нема преговори, или пак едноставно е дојдено времето за ново мерење на силите на терен? ДИМИТРИЕВ: Дали баш тогаш ќе гласа не сум целосно убеден, воден од личното искуство од 2016 година кога два пати се одлагаа изборите, надополнето со фактот дека денешнава власт стана препознатлива по честото менување на ставот, кај мене има мала воздржаност. Но да се вратам на прашањето, мое лично мислење е дека вистинскиот мотив за овој став на Заев најдобро го знае самиот тој, нашите анализи можеме да ги темелиме на она што значи евидентна состојба на политички план. Кога самиот премиер ќе каже дека ако не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, а не го добивме, владата е мртва, сметајте дека реалната состојба е многу полоша од тоа, затоа што овде субјективизмот во оценката на состојбата е очекуван. Притисокот за избори од јавноста и опозицијата е се погласен, се креира амбиент за предвремени избори, иако јас лично сметам дека за поквалитетна споредба и компетиција подобро е оваа влада целосно да го заврши мандатот. Ако некој се уште нема јасна слика за неа, веројатно тогаш ќе му биде полесно за одлучување. Тогаш и разликата во корист на опозицијата би била уште поголема со што ќе се добие стабилно мнозинство за предизвиците кои следат. ПРЕС24: ВМРО-ДПМНЕ во овие избори влегува една година по поразот на Претседателските избори. Дали овој период беше доволен да се консолидира партијата? ДИМИТРИЕВ: За квалитетни промени не е доволна само консолидација на ВМРО ДПМНЕ, потребно е креирање на поширока платформа за развој на земјата во наредните десетина и повеќе години. Единствен фактор околу кој може да се обедини целокупниот креативен потенцијал во земјата, кој ќе ги донесе промените е ВМРО ДПМНЕ. И внатре во партијата, но и надвор од неа, познавам многу квалитетни поединци во разни области кои си ја сакаат земјата, се расположени своето знаење и искуство да го стават во служба на прогресот. Новата влада нема право да разочара, ќе бидам директен, сериозен дел од повозрасните го доживуваат времето на Југославија како време кога подобро се живеело, од друга страна голем дел од младите својата перспектива ја гледаат надвор од земјата, ако и понатаму продолжи разочарувањето од политичките елити сериозно ќе биде поткопан вековниот идеал за самостојна држава. ПРЕС24: Какви се Вашите проценки, претпоставувам дека верувате во победа, но ВМРО-ДПМНЕ победи и 2016, па не формира влада. Можно ли е слично сценарио? ДИМИТРИЕВ: Убеден сум во победата на ВМРО ДПМНЕ на наредните избори, од секојдневните контакти кои ги имам со граѓани од разни краеви на Македонија, очигледна е и се понагласена желбата за промени. Граѓаните го победија стравот од власта која суптилно го креираше изминатиов период на повеќе начини. А кога се надминува стравот во едно општество се ослободува голема количина на енергија која правилно треба да се насочи, прво кон промени, а понатаму и во обнова на земјата. Победата на ВМРО ДПМНЕ овој пат споредено со 2016 година ќе биде со многу поголема разлика, како одат тенденциите на разлика во рејтинзите формирањето на владата е извесна работа. ПРЕС24: Она што сега и недостасува на опозицијата велат е коалиционен партнер во албанскиот политички блок. Дали тоа е хендикеп на ВМРО-ДПМНЕ? ДИМИТРИЕВ: Македонија е граѓанско општество, позитивно е што се води сметка за правична застапеност на сите етникуми во управувањето со земјата, дали тоа се прави на најсоодветен начин, да оставиме за некоја наредна прилика. Владата како највисок извршен орган на власта секако треба да го отсликува граѓанскиот модел на општеството, тоа може да се направи на повеќе начини. Еден од начините е да се коалицира со партија која доминантно го црпи својот легитимитет од албанскиот етникум, кој исто и како другите граѓани е многу разочаран од владата. Тоа што во 2017 година се прекрши т.н. правило да се прави коалиција победник со победник е позитивна работа, бидејќи апсолутно не кореспондираше ниту со нашиот модел на држава, ниту со нашето законодавство, ова на ВМРО ДПМНЕ во наредниот период му овозможува по комотна позиција при составувањето на владата. ВМРО ДПМНЕ во иднина треба силно да се посвети во профилирање како модерна граѓанска десница, затоа што тоа е нашата реалност и иднина, тоа уште повеќе ќе ја доближи до сите етникуми од една страна, а од друга страна подготвен сум со денови да ја бранам тезата дека инвестирањето во модерно граѓанско општество е современиот македонски патриотизам и најдобар гарант на суверенитетот и интегритетот. ПРЕС24: Стравувате ли од можноста да биде формирана нова партија од десниот блок, од луѓе на ВМРО ДПМНЕ, како што се шпекулира во јавноста пред овие избори и што тоа би значело за ВМРО ДПМНЕ? ДИМИТРИЕВ: Во Македонија официјално се регистрирани педесетина политички парти нешто што апсолутно не соодветствува со големината на нашата земја. Сметам дека овој број треба да се намали најмалку за половина ако не и повеќе. Партиите треба да бидат јасно препознатливи од идеолошки, програмски и кадровски аспект. Не сум поборник за формирање на нови партии, поддржувам постојано надградување на демократскиот капацитет на постојните. Со тоа ќе се апсолвираат на правилен начин различните гледања за одредени работи. Како поранешен Генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ на мој предлог го применивме моделот за избор на Претседатели на месни комитети на непосредни избори. Пред последниот конгрес на партијата на седница на Извршниот комитет дадов предлог овој модел да се примени и за избор на Претседатели на општински комитети и Претседател на партијата. Можете да замислите каков силен легитимитет ќе добие Претседателот на партијата ако наместо 200 делегати на конгрес, го изберат 15000 или повеќе илјади членови на непосредни партиски избори, има ли подобра анкета за некој политичар ако ја помине оваа процедура. ПРЕС24: Што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди за да го оправда слоганот „Обнова за Македонија“ на овие избори? ДИМИТРИЕВ: Информиран сум дека во тек е изработка на новата програма на партијата, не сум дел од органите на партијата за да знам детали, реално не сум најсоодветна адреса за ова прашање. ПРЕС24: Одлуката на земјите членки на ЕУ да не и додели датум за преговори на Македонија беше големо разочарување за јавноста, иако за воља на вистината такви најави имаше од порано. Но, што според Вас беше клучно за ваква одлука? ДИМИТРИЕВ: Многу анализи се ислушавме изминатиов период за тоа што беше пресудно за не добивањето на датум за почеток на преговори, мое кратко мислење е дека ваквата состојба е резултат на збир на внатрешните состојби во унијата надополнети со фактичката состојба кај нас на национално ниво. Факт е дека внатре во унијата како никогаш до сега има отворени прашања од аспект на нејзината функционалност. На тоа беше придодадена реалноста на отсуство на реформи, корупција, криминал и многу други работи кај нас, состојба за која погрешно се мислеше дека ќе ја покрие промената на името и нема да биде нотирана, или не до таа мера за да биде пречка на патот до ЕУ. ПРЕС24: Владата на Заев помина две години и неколку месеци на власт, од денешен аспект како го оценувате овој период? ДИМИТРИЕВ: Оваа влада ја доживувам како еден вид техничка т.е наменска влада со еден главен приоритет. Ако владата што ја водев јас беше со главна задача и фокус за спроведување на избори, оваа влада по сработеното испадна техничка влада за промена на името. На сите останати полиња се бележат поразителни параметри како на економски план, образование, здравство, земјоделие итн. За право и правда да не говориме, а иселувањето за разлика од претходно се триплира. Во услови на политичка, мигрантска, безбедносна криза, во период кога почна невиден страв во администрацијата за потпишување на било што, бидејќи секому се закануваше со пријави, претходната влада по многу параметри е подобра од денешнава која има дијаметрално спротивни услови за работа. Дали се работи за странски инвестиции, реализација на капитални инвестиции, одобренија за градба, бројките се во прилог на претходната влада. ПРЕС24: Меѓу реформите што оваа власт ги спроведуваше беше безбедносните служби, Вие сте и претседател на собраниската комисија за надзор на работата овие служби. Имавте мислам и посети во МВР, како се одвива тој процес, дали овој модел гарантира професионалност на овие служби и она што можеби е суштинско нивна отпорност на политички влијанија? ДИМИТРИЕВ: Реформите во областа на безбедноста се едни од клучните приоритети за нашите интеграции. Без да навлегувам во детали, мојата оценка за истите е дека се водеа парцијално и методолошки погрешно. Три децении сме самостојна држава се уште не постои закон за Советот за национална безбедност. Се изгласа законот за координација на безбедносно разузнавачката заедница, а не се донесени сите базични закони за безбедносните служби како што е законот за Агенцијата за разузнавање. Законот за следење на комуникациите е донесен пред година и пол и се уште не е целосно имплементиран најглавниот дел од законот, а тоа е парламентарниот и граѓанскиот надзор. Имавме неколку обиди да се решат состојбите со надзорот, изгласавме законско решение во прво читање со двотретинско мнозинство, во меѓувреме СДСМ се повлече од договореното и реално повеќе не сум оптимист дека овој парламентарен состав ќе креира квалитетен надзор над службите. Крајно време беше политиката да ги тргне раце од службите, но процесот на селекција на вработените во новата Агенција за национална безбедност не беше согласно законот, јавноста беше очевидец на невиден волунтаризам и партизација на процесот. ПРЕС24: На 3 јануари 2020 Собранието треба да ја избере пржинска влада, согласно законските одредби. Тоа ќе биде втора ваква влада. Прво сакам да Ве прашам, дали во партијата веќе е разговарано за кадровските решенија што треба ВМРО ДПМНЕ да ги понуди? ДИМИТРИЕВ: Немам информација за ова. ПРЕС24: Од лидерската средба кај Пендаровски немаше информација кога треба да се распушти Парламентот? ДИМИТРИЕВ: Согласно изборниот законик член 15, бидејќи е договорено да бидат предвремени парламентарни избори, собранието треба да се распушти 60 дена пред одржување на изборите. ПРЕС24: Вие практично бевте првиот Премиер по модел на оваа влада. Од Вашето искуство, мислите ли дека овој модел е добар? Бугарија на пример има некој случен модел пред одржување на избори, каде Претседателот на државата назначува технички Премиер? ДИМИТРИЕВ: Овој модел на влади е добар за земји со релативно низок степен на демократија, институции подложни на политичко влијание и др. Со нив се смета дека се постигнува каков таков баланс во влијанието во период на организирање и одржување на изборите. Од лично искуство овој тип на влади треба да функционираат кратко во предизборниот и изборниот период ниту ден повеќе од повеќе аспекти. ПРЕС24: Од Ваше искуство, што би го советувале следниот Премиер на Пржинската Влада? ДИМИТРИЕВ: Мој совет до наредниот технички премиер за квалитетно раководење со владата е да успее да ја пронајде средината помеѓу две крајности. Првата крајност која мора да ја знае е дека ниту од формален, ниту од морален аспект тој не е премиер со целосен капацитет. Од формален аспект тој е со утврден приоритет, а тоа е организирање и одржување на изборите, од морален аспект тој треба да знае дека мандатот за премиер му е доделен на друга личност која согласно закон мора да се повлече пред изборите. Втората крајност е тој целосно треба да е убеден дека од назначувањето за технички премиер, одговорноста за работењето на техничката влада е негова, дека тој не е таму да чува нечија фотелја, туку да одработи чесно и посветено чувајќи го својот и образот на целата влада. Новиот технички премиер треба да влезе со чист образ, но и со чист образ да излезе од оваа должност, тоа можеби раководството на неговата партија ќе му го заборави како придонес, но граѓаните нема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/emil-dimitriev-moderna-gragjanska-desnica-e-sovremeniot-makedonski-patriotizam/feed/ 0