емил павлов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Jun 2023 14:05:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png емил павлов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каратистот Павлов остана без медал на Европските игри https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-ostana-bez-medal-na-evropskite-igri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-ostana-bez-medal-na-evropskite-igri/#respond Thu, 22 Jun 2023 14:05:45 +0000 https://kurir.mk/?p=848642

Македонскиот каратист Емил Павлов со една победа и два порази го заврши настапот на Европските игри 2023 во Краков. Павлов во воведниот натпревар загуби од полскиот претставник Милош Сабиецки (4-8), по што го совлада Турчинот Бурак Ујгур (6-0), но во решавачката борба испушти предност во самата завршница и претрпе пораз (4-6) од Стефан Команеску од Романија За Павлов ова беше трети настап на Европските игри на кои во 2015 година во Баку го освои бронзениот медал. На Игрите 2023 настапуваат 17 македонски спортисти во седум дисциплини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-ostana-bez-medal-na-evropskite-igri/feed/ 0
Емил Павлов: Сонот ми е за две години да ја освојам титулата светски првак https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-sonot-mi-e-za-dve-godini-da-ja-osvojam-titulata-svetski-prvak/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-sonot-mi-e-za-dve-godini-da-ja-osvojam-titulata-svetski-prvak/#respond Sat, 04 Dec 2021 09:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=603900

Каратистот Емил Павлов ќе го памети Светското првенство (СП) во Дубаи, го освои сребрениот медал и стана светски вицешампион во карате. Неговиот другар и тренер Жарко Арсовски, веднаш по финалниот натпревар напиша дека Емил освои сребрен медал, што е како злато вреден и досега е највисокиот дострел во македонското карате. Во 2010 година во Белград на Светско првенство токму Жарко Арсовски има освоено бронзен медал, но по 11 години неговиот ученик се закити со сребро. Најтрофејниот македонски каратист Павлов досега 11 пати е државен првак, во два наврати е и европски првак, има освоено два бронзени медали на европските првенства во карате. Момчето кое зад себе има пребогата спортска кариера има 29 години, а сите успеси ги има постигнато благодарение на неговите родители, кои работат во текстилна фабрика и секако овде се неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски. Во моментов е апсолвент на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, има само уште неколку испити, но ветува дека наскоро и ќе ги положи. На ова првенство забележавте пет победи до финалето на 67 килограми, вештините ги одмеривте со Французинот Стеван Декоста, кој е европски, светски и олимписки победник. Кога се навраќате на самото финале, што би промениле во него? – На ова Светско првенство постигнав историски успех за Македонија со освоеното второ место, бидејќи досега Македонија немала финале на едно Светско првенство, така што навистина сум задоволен од својот настап. А за тоа што би променил во финалето, можам да кажам дека никогаш досега се немам борено со овој противник и не го познавав доволно. Но сигурно би бил подоминантен и поубедлив, со друга тактика, па се надевам дека на некое наредно првенство ќе ја имам таа шанса и ќе успеам да го победам. Колку време се подготвуваше за Светското првенство во Дубаи или резултатот зависеше од твоите континиурани трензи и спортска дисциплина? – За ова Светско првенство се подготвував интензивно околу три-четири месеци бидејќи беше најавен претходно настапот на ова првенство. Можам да кажам дека и искуството стекнато изминативе години од подготовки и натпревари беше пресудно за овој голем успех. Пандемијата наметна нови животни навики, правила. Публиката во спортските сали е во намален број, ги нема громогласните аплаузи, бодрењето напред или браво, Емил, колку тоа конкретно ти влијае како спортист? – Па да, поради ковид-пандемијата можам да кажам дека бројот на гледачи беше намален, но сега пак се забележува дека има мал број публика. На секој спортист му значи поддршката од трибините и мислам дека тоа е хендикеп за секој спортист за да може да го даде својот максимум. На Светското првенство во Дубаи ве посети делегација од РС Македонија, меѓу кои и екипа на МИА, колегите Аслан Вишко и Елизабета Вељановска Најдеска. Штипските регионални телевизии „Стар“ и „М нет“ постојано ги следат твоите резултати и ја информираат јавноста. Но колку, според тебе, медиумите, новинарите им посветуваат внимание на спортот и на спортистите? – Новинарите од МИА беа присутни во Дубаи заедно со делегацијата и ја искористија можноста да дојдат да нè посетат и да ми честитат за мојот успех. Голема поддршка имам и од штипските телевизии, кои постојано се со мене и ги прикажуваат сите мои успеси и резултати. Но, мислам дека индивидуалните спортови кај нас не се доволно застапени и не им се дозволува голем медиумски простор како на колективните спортови. Мое мислење е дека тоа треба да се промени и да им се даде значење на овие спортови бидејќи во Македонија овие спортови достигнуваат големи резултати. Како изгледа еден ден на Емил Павлов, постојано ли е во кимоно и во спортска сала со своите тренери Сашко и Жарко Арсовски? – Секој ден прво ми започнува со утринско кафе, па продожува со утрински тренинг, заедничко време со пријателите, девојката, фамилијата. Потоа следува краток одмор и на крај е вечерниот тренинг заедно со моите трениери Сашко и Жарко и моите клупски пријатели. Колку младите го сакаат каратето и на што ги учи овој спорт, за да одат напред во животот? – Во последниот период многу често децата се интересираат и се запишуваат токму на карате. Мислам дека каратето е еден од подобрите спортови бидејќи од рана возраст ги учи на дисциплина, ред и меѓусебно почитување. Кој е следниот спортски предизвик на Емил Павлов и неговите тренери браќата Арсовски? – Мој следен предизвик е Европското првенство следната година што ќе се одржи во Турција, а за две години отсега е и идното Светско првенство во Будимпешта, кое воедно е и моја следна цел каде што ќе се обидам да ја достигнам титулата светски првак бидејќи тоа е мојот сон. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-sonot-mi-e-za-dve-godini-da-ja-osvojam-titulata-svetski-prvak/feed/ 0
Емил Павлов го освои сребрениот медал на СП во Дубаи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-go-osvoi-srebreniot-medal-na-sp-vo-dubai-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-go-osvoi-srebreniot-medal-na-sp-vo-dubai-video/#respond Sat, 20 Nov 2021 15:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=597745

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов денеска го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство (СП) во Дубаи. Павлов во финалето имаше израмнета борба на почетокот, но олимпискиот првак Стивен да Коста успеа да го совлада во завршницата од битката. Ова е најголем успех за македонскиот каратист, кој претходно двапати беше најдобар во Европа, и тоа во 2014 и 2018 година. На патот до финалето ги елиминираше Матеј Хомола, Садридин Сајматов, Абдалах Хамат, Али Елксави и Маршал Тадиси. https://www.youtube.com/watch?v=Bqfbgqge0ak&feature=emb_title
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-go-osvoi-srebreniot-medal-na-sp-vo-dubai-video/feed/ 0
Каратистот Павлов во сабота ќе се бори за првото злато на Светското првенство во Дубаи: Ме чека тешка борба, но ќе дадам се од себе https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-vo-sabota-kje-se-bori-za-prvoto-zlato-na-svetskoto-prvenstvo-vo-dubai-me-cheka-teshka-borba-no-kje-dadam-se-od-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-vo-sabota-kje-se-bori-za-prvoto-zlato-na-svetskoto-prvenstvo-vo-dubai-me-cheka-teshka-borba-no-kje-dadam-se-od-sebe/#respond Thu, 18 Nov 2021 07:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=596848

Каратистот Емил Павлов во сабота во 15 часот по македонско време ќе се бори за злато на 65. Светско првенство во карате за сениори во категорија до 67 килограми, што се одржува во Дубаи. Ова е најголем успех во историјата на македонското карате и ќе биде вторпат наш каратист да освои медал на светски натпревар. Со нашиот шампион се сретнавме во Дубаи по полуфиналниот натпревар синоќа кога репрезентативците во карате ги посетија претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците Дарко Каевски, Хисни Исмаили и Бедри Фазли, кои беа во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати. – Денеска за моја среќа јас направив историски успех. Првпат Македонија има финале на светско првенство. Каратето е еден од најуспешните и најтешките спортови кај нас, рече Павлов, кој се заблагодари што Џафери и пратениците дојдоа да ги посетат репрезентативците во карате. За својот вчераше настап, како што јави известувачот на МИА, рече дека прв пат настапувал во категоријата на каратисти до 67 килограми и дека имал многу тешка група. – Победив дури пет натпреварувачи кои беа подеднакво добри, но јас благодарение на мојот селектор, на моите тренери, на сите мои клупски другари од репрезентацијата, ме поддржаа, ми дадоа мотив и еве го направивме овој голем успех. Сега ме очекува уште настап во сабота, финалето со актуелниот олимписки шампион од Франција. Јас отсекогаш кога сум се борел во финале сум давал се од себе да го освојам тој златен медал, рече Павлов. Македонскиот каратист оцени дека го очекува тешка борба, но потенцираше дека ќе даде се од себе да ја израдува земјата со светско злато. Павлов му се заблагодарина поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, сега пратеник, Дарлко Каевски за отворената поддршка што ја давал за карате спортот во Северна Македонија и рече дека тој има удел во сите нивни успеси. Александар Кузмановски, селектор тренер за борби истакна дека ова е историски голем резултат за нас и оти со нив во Дубаи се и двајца судии Игор Лазаров и Валентина Пудеска, на кои им честита за освоените резултати, положија за највисок степен на судиско звање. Македонските каратисти, како што кажа тој, настапиле во десет категории во борби и две категории во кати. – Достојно ја претставивме земјата. Сум задоволен од успехот. Не можам да не бидам задоволен. Повторно Емил Павлов, нашето златно дете кое што освои голем резултат, историски светски медал, што беше негов сон. Корените потекнуваат од неговата школа во Штип. Овој резултат е благодарение на континуирана работа со овие генерации. Честитки до Емил Павлов за овој резултат и очекуваме ништо повеќе туку злато, рече Кузмановски. Претседателот на Карате федерацијата Бесник Мурати им се заблагодари на Џафери и на пратениците за поддршката што им ја дадоа на каратистите доаѓајќи да ги посетат и да му честитаат на Павлов и да го охрабрат за настапот во сабота. Претседателот на Собранието Џафери рече дека успехот на Емил Павлов е една од причините да ги посетат карате репрезентативците во Дубаи, но оти не е само тоа. – Ова е голем успех за федерацијата и за државата и тоа да биде потстрек за помладите да работат и повеќе да се ангажираат и да можат да учествуваат и да имаат повеќе успеси. Честитки и до тимот што ја води репрезентацијата. Ова е и нивен успех. Финансиските услови се тие кои што се, но се прават напори да се поддржи секоја федерација, рече Џафери. Пратеникот Дарко Каевски, кој е поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, им честита на каратистите за успехот, потенцирајќи дека овој спорт е еден од најуспешните и еден од најголемите амбасадори на државата. -Верувам дека во периодот што следува ќе продолжите со ист интензитет, со ист континуитет на настапување на големи натпреварувања и освојување на врвни резултати. Денеска тоа е Емил, утре ќе биде некој друг, за некој период ќе биде некој трет, но важно е дека каратето остварува врвни резултати, рече Каевски. Додаде дека поддршката за каратето од државата продолжила со еднаков интензитет и оти верува дека само тоа е единствената формула и дефиниција како да дојдеме заеднички до успехот. Македонскиот каратист Павлов во сабота за злато ќе се натпреварува со актуелниот олимписки шампион од Токио Стивен де Коста, кој е повеќекратен европски и светски првак во карате. Павлов, кој има 29 години, доаѓа од Карате клубот Штип, два пати бил европски првак и два пати освоил бронзен медал, а во 2008 година бил прогласен за спортист на Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-vo-sabota-kje-se-bori-za-prvoto-zlato-na-svetskoto-prvenstvo-vo-dubai-me-cheka-teshka-borba-no-kje-dadam-se-od-sebe/feed/ 0
Емил Павлов се пласира во финалето на СП во Дубаи https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-se-plasira-vo-finaleto-na-sp-vo-dubai/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-se-plasira-vo-finaleto-na-sp-vo-dubai/#respond Wed, 17 Nov 2021 10:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=596478

Македонскиот каратист Емил Павлов избори финале на Светското првенство во Дубаи. Македонецот ќе се бори за златото категоријата до 67 килограми,откако во полуфиналето го победи Мартиал Тадиси од Унгарија. Противник на Павлов во борбата за златниот медал ќе биде Стивен Дакоста од Франција. Мечот треба да се одржи в сабота околу 18 часот. На патот до финалето, Павлов ги победи Хомола од Словачка, Сајматов од Узбекистан, Хамат од Јордан, Елксави од Египет и денес Тадиси од Унгарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-se-plasira-vo-finaleto-na-sp-vo-dubai/feed/ 0
Каратистот Емил Павлов повторно е избран за спортист на годината на Штип https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karatistot-emil-pavlov-povtorno-e-izbran-za-sportist-na-godinata-na-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karatistot-emil-pavlov-povtorno-e-izbran-za-sportist-na-godinata-na-shtip/#respond Fri, 29 Jan 2021 07:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=461307

Каратистот Емил Павлов шести пат е спортист на годината во Општина Штип. Манифестацијата „Спортист на годината“ се одржа согласно здравствените протоколи, а признанија им беа доделени на повеќе спортисти и спортски работници од различни категории. Комисијата за избор на спортист на годината во Општина Штип го избра Емил Павлов, повеќекратен европски првак. Тој истакна дека упорноста, пожартвуваноста и желбата да се постигне успех се неговите водилки, а во мај очекува да ја постигне и нормата, со што ќе може да се натпреварува и на Олимписките игри во Токио. Пандемијата и замирањето на сите спортски натпревари во 2020 година, за Павлов биле можност да ги санира сите помали повреди, но и упорно да тренира. -На почетокот на годината успеав да го освојам тој златен медал во светската Премиер лига. Јас сум оптимист и овој период го искористив да бидам уште подобар, сега сум и поискусен, можам да кажам дека си го одморив и телото, санирав некои ситни повреди и сега сум полн со желби и постојано тренирам, рече Павлов. Градоначалникот на Штип Сашко Николов ја истакна својата континуирана поддршка за спортот и изјави дека Општина Штип согласно со Програмата за активности од областа на спортот и во 2021 година ќе продолжи да ги стимулира сите предвидени активности и да прави соодветна афирмација на сите постигнувања. – Дозволете да упатам срдечни честитки до сите вас и да ви посакам уште многу успеси. Сите вие сте млади, а веќе доволно истакнати. Вашите успеси се слика на нашиот град. Вие сте одраз на приматот што го има Штип како универзитетски, културен и спортски град. Порачувам сите вие да бидете пример за сегашните и за идните генерации. Нашиот град се гордее со вас. Ние како општински тим сме горди на вашите резултати, истакна Николов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karatistot-emil-pavlov-povtorno-e-izbran-za-sportist-na-godinata-na-shtip/feed/ 0
МАКЕДОНИЈА ГОРДА: Емил Павлов шампион на Премиер лигата во Москва https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-gorda-emil-pavlov-shampion-na-premier-ligata-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-gorda-emil-pavlov-shampion-na-premier-ligata-vo-moskva/#respond Sun, 06 Oct 2019 13:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=248435

Македонскиот каратист Емил Павлов успеа да слави во финалето на силната Премиерлига во Москва, откако беше подобар со 3-1 од Ерај Самдан од Турција. Во полуфиналето ги совлада и актуелниот светски шампион Крешенцо од Италија со 1-0, во четвртфиналето поранешниот светски првак Бросе од Бразил со 2-0, во осминафиналето шампионот на европските игри во Минск Калнинс од Летонија со 5-3. Импресивно е тоа што на патот до големиот успех македонскиот претставник успеа да запише пет победи, меѓу кои и две против двајца светски шампиони, а притоа се бореше и со скршеница на раката. За потсетување, резултатите во Премиерлигата за карате се бодуваат за настапот на Летните Олимписки Игри во Токио следната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-gorda-emil-pavlov-shampion-na-premier-ligata-vo-moskva/feed/ 0
Каратистот Павлов историскиот успех го постигнал со скршен прст! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-istoriskiot-uspeh-go-postignal-so-skrshen-prst/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-istoriskiot-uspeh-go-postignal-so-skrshen-prst/#respond Sat, 05 Oct 2019 09:45:58 +0000 https://kurir.mk/?p=248170

Македонскиот каратист Емил Павлов кој успеа да стигне до финалето во Премиерлигата во карате во Москва откако на патот кон мечот за злато победи двајца светски шампиони, до својот голем успех стигнал на уште поневеројатен начин – со скршеница на раката. Павлов е најдобриот македонски каратист во моментов, двократен европски првак, медалист од континенталните собири, а на оваа Премиерлига во Москва, резултатите се бодуваат за настапот на ЛОИ во Токио идната година. И на патот до финалето стигна со пет победи, меѓу нив и против двајца светски шампиони, а после третиот триумф здобил скршеница на палецот на раката. Но, и со таква повреда успеа да стигне до финалето. „Дојдов и болен, ама бев добро подготвен за настапот. Верував во себе и дадов сè од себе. Лекарот, пред четвртата борба, ми кажа дека е можно да ми скршен палецот на едната рака. Имав големи болки, но издржав. Мојата желба за победа беше посилна од сè. Сега имам еден ден одмор да ја санирам некако оваа повреда. Ќе настапам и верувам дека можам да ја забележам и шестата победа по ред во една Премиер лига“, вели Павлов за „штипски асови“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-pavlov-istoriskiot-uspeh-go-postignal-so-skrshen-prst/feed/ 0
Се развеа македонското знаме во Шпанија: Четврти европски медал за Емил Павлов, Јованоска на 5-то место https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-razvea-makedonskoto-zname-vo-shpanija-chetvrti-evropski-medal-za-emil-pavlov-jovanoska-na-5-to-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-razvea-makedonskoto-zname-vo-shpanija-chetvrti-evropski-medal-za-emil-pavlov-jovanoska-na-5-to-mesto/#respond Sun, 31 Mar 2019 15:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=180819

Емил Павлов оствари уште еден голем успех на европските првенства. Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година ја доби борбата против Романецот Флорин Гоголоси со 3-2 и го освои бронзениот медал на 54-то европско првенство во Гвадалахара, Шпанија. Иако противникот прв ги освои првите 2 поена во првата половина од борбата, Емил со смиреност својствена на најголемите шампиони, одлична тактика и психолошка стабилност во втората половина од борбата со три брзи акции успеа да освои три поени и да се избори за голем пресврт. На крајот со својот четврти медал на европските сениорски првенства го повтори успехот од Монпелје 2016 година. Во 2014 година во Тампере беше европски шампион, како и минатата година во Нови Сад. Во Гвадалахара Емил постигна вкупно 4 победи и само еден пораз, во полуфиналето против Русинот Плахутин кој подоцна освои златен медал. Со овој успех Емил избори за норма за настап на вторите Европски игри, кои ќе се одржат во Минск од 26 до 30 јуни. На првите Европски игри во Баку пред 4 години Емил Павлов беше одреден за знаменосец, а стана и прв освојувач на медал од македонските спортисти. Борба за бронзен медал имаше и Пулексенија Јованоска, која во кати мина три круга и се спротивстави на Французинката Александра Ферас. Според новиот бодовен систем, на крајот Пулексенија за нијанса не успеа да освои медал откако заврши со 25.46 поени а нејзината противничка со 26.08 поени. Пулексенија со тоа го повтори својот најдобар сениорски резултат од Монпелје 2016 година, кога исто така се пласираше на 5 место. Од другите наши натпреварувачи на ЕП во Гвадалахара, позначајни резултати забележаа Берат Јакупи, кој по три победи во категорија - 84 килограми беше сопрен во четвртфиналето и немаше шанса да се бори во репасаж. Во женска конкуренција Наташа Стефановска оствари 2 победи и пораз, но и таа не доби репасаж. Екипно, машкиот тим во борби постигна 2 победи и пораз, а девојките екипно имаа по една победа и пораз. На ЕП во Гвадалахара настапија рекордни 508 каратисти од 51 земја. За нашите каратисти и за КФМ е особено важно што продолжија со континуитетот на освојување медали на континенталните првенства. Следното 55 по ред европско првенство ќе се одржи во Баку, Азербејџан од 26 до 29 март 2020 година, што ќе биде последно големо натпреварување пред Олимписките игри во Токио.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-razvea-makedonskoto-zname-vo-shpanija-chetvrti-evropski-medal-za-emil-pavlov-jovanoska-na-5-to-mesto/feed/ 0
Емил Павлов ќе се бори за бронзата на ЕП, во полуфиналето од Русинот Плахутин https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-kje-se-bori-za-bronzata-na-ep-vo-polufinaleto-od-rusinot-plahutin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-kje-se-bori-za-bronzata-na-ep-vo-polufinaleto-od-rusinot-plahutin/#respond Thu, 28 Mar 2019 18:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=179968

Емил Павлов ќе се бори бронзениот медал на Европското првенство во карате за сениори во Гладалахара – Шпанија, откако во полуфиналето загуби од Русинот Евгени Плахутин со 0-2. Анџело Крешченцо (Италија) го совлада Ерај Самдан (Турција) 2-1 во второто полуфинале. Покрај Павлов и Пуликсенија Јованоска ќе излезе на мегдан за бронзата во кати. Резултати -60 кг Емил Павлов – Рене Адлер (Словачка) 0-1 Емил Павлов – Марко Антиќ (Србија) 1-0 Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 4-2 Емил Павлов – Евгени Плахутин (Русија) 0-2]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/emil-pavlov-kje-se-bori-za-bronzata-na-ep-vo-polufinaleto-od-rusinot-plahutin/feed/ 0