Емил Рајковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 04:08:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Емил Рајковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Локомотив Кубан ја елиминира ЦСКА на Рајковиќ од ВТБ Суперкупот https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lokomotiv-kuban-ja-eliminira-tsska-na-rajkovik-od-vtb-superkupot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lokomotiv-kuban-ja-eliminira-tsska-na-rajkovik-od-vtb-superkupot/#respond Fri, 22 Sep 2023 04:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=880483

Кошаркарите на Локомотив Кубан беа подобри од ЦСКА Москва по продолженија со 100-98 и се пласираа во полуфинале на ВТБ Суперкупот. ЦСКА тргна добро и ја доби првата четвртина со 24-18, а на полувреме имаше предност од 45-41, но во вториот дел Локомотив ја презема контролата и го сврте натпреварот во своја корист. Екипата на Рајковиќ не се откажуваше и во завршницата поведе со 86-84, но Локомотив со последниот напад израмни на 86-86, а потоа во продолженијата беше подобра со вкупни 100-98.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lokomotiv-kuban-ja-eliminira-tsska-na-rajkovik-od-vtb-superkupot/feed/ 0
Рајковиќ: Не плачам, туку барам начин да ги победиме УНИКС Казан и Зенит https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-ne-placham-tuku-baram-nachin-da-gi-pobedime-uniks-kazan-i-zenit/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-ne-placham-tuku-baram-nachin-da-gi-pobedime-uniks-kazan-i-zenit/#respond Thu, 31 Aug 2023 04:24:06 +0000 https://kurir.mk/?p=872740

ЦСКА Москва го изгуби двајцата главни играчи од минатата сезона бекот Алексеј Швед и центарот Никола Милутинов, а не најде достојни замени за нив, главно поради намалениот буџет. Затоа играта ќе мора да ја гради повеќе на дефанзивна стратегија и одбрана. Минатата сезона ЦСКА Москва беше главен фаворит за титулата, но, не успеа да ја освои, а со неа се закити УНИКС Казан, тимот во кој игра Ненад Димитријевиќ, додека втор беше Локомотив Кубан. Армејците мораа да се задоволат само со третото место иако регуларниот дел го завршија на врвот. – Влијанието на намалениот буџет е тешко да се игнорира. Сакавме, но не можевме да земеме одредени кошаркари, кои ги купија Зенит и УНИКС. Голем проблем. Но, јас не плачам, туку барам начини да ги победам овие тимови оваа сезона. Звучи тешко, но ако работиме напорно, ќе ја постигнеме нашата цел – вели Рајковиќ кому ова ќе му биде втора сезона на клупата на легендарниот клуб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-ne-placham-tuku-baram-nachin-da-gi-pobedime-uniks-kazan-i-zenit/feed/ 0
Емил Рајковиќ останува тренер на ЦСКА Москва https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-ostanuva-trener-na-tsska-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-ostanuva-trener-na-tsska-moskva/#respond Thu, 25 May 2023 19:37:35 +0000 https://kurir.mk/?p=838784

Најдобриот македонски кошаркарски тренер во моментов, Емил Рајковиќ и покрај загубената титула во ВТБ-лигата и следната сезона ќе ја предводи големата ЦСКА Москва, соопштуваат денеска медиумите во Русија. Според нив, „црвеноармејците“ имаа можност летово да го раскинат двегодишниот договор кој Македонецот го потпиша лани и тоа со плаќање на мала отштета, но решија да го задржат и да му дадат шанса да продолжи со добрата работа, без разлика што таа овој пат не донесе шампионска круна. Убедливата победа над Зенит (4-1) во серијата за бронзениот медал во регионалната лига се покажа како доволна причина Рајковиќ да добие втора шанса од управата на ЦСКА.
 
https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-ostanuva-trener-na-tsska-moskva/feed/ 0
Рајковиќ тренер на годината во ВТБ лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-trener-na-godinata-vo-vtb-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-trener-na-godinata-vo-vtb-ligata/#respond Tue, 18 Apr 2023 08:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=824821

Емил Рајковиќ е избран за најдобар тренер на сезоната во една од најсилните европски лиги - ВТБ лигата. На почетокот на оваа сезона, македонскиот тренер ја превзема ЦСКА од Москва и веднаш стигна до неверојатни успеси, притоа поставувајќи нови рекорди со „армејците“. Рајковиќ и неговиот стручниот тим во кој е вклучен и Сашо Тодоровски го завршија регуларниот дел од сезоната во силната конкуренција како првопласирани со скор од 30 победи на 32 одиграни натпревари. Освен тоа, ЦСКА го имаше и најдобриот старт на сезоната со 24 победи без пораз, најдолга победничка серија, како и 14. натпревари со 100 или повеќе поени и најдобар поентерски учинок во сезоната со просек од 95,6 поени. Освен тоа, 44-годишниот македонски тренер успеа и да се запише во историјата како единствениот кој освои две награди за најдобар тренер на годината со две различни екипи. Претходно тоа беше во сезоната 2018/19 кога регуларниот дел од сезоната со екипата на Астана заврши на шестото место на табелата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-trener-na-godinata-vo-vtb-ligata/feed/ 0
ГОЛЕМА ЧЕСТ И ПРИЗНАНИЕ: Емил Рајковиќ е тренер на годината во ВТБ лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golema-chest-i-priznanie-emil-rajkovik-e-trener-na-godinata-vo-vtb-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golema-chest-i-priznanie-emil-rajkovik-e-trener-na-godinata-vo-vtb-ligata/#respond Tue, 18 Apr 2023 04:27:48 +0000 https://kurir.mk/?p=824714

Предводникот на ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ е прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата. Нашиот кошаркарски стратег имаше фантастични резултати со „армејците“, тим со кој постави пет лигашки трофеи што беше повеќе од доволно да го добие признанието за најдобар тренер за натпреварувачката 2023/2024.
-Голема чест е што ја добивам оваа награда. Ама верувам дека овој трофеј не е само за еден човек, туку за целиот тим: играчите, тренерите, персоналот и раководството.Нашиот тим го заслужи ова за одличната кампања, за сите победи и рекорди. Ама нашата најважна цел е пред нас, сите наши мисли се насочени кон наредните натпревари кои се многу поважни, -порача Рајковиќ.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golema-chest-i-priznanie-emil-rajkovik-e-trener-na-godinata-vo-vtb-ligata/feed/ 0
Емил Рајковиќ обезбеди полуфинале со ЦСКА (М) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-obezbedi-polufinale-so-tsska-m/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-obezbedi-polufinale-so-tsska-m/#respond Fri, 07 Apr 2023 04:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=821267

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ се пласираше со својата ЦСКА од Москва во полуфиналето на руската ВТБ- лига откако со максимални 3:0 во серија таа славеше против Автодор Саратов. На последниот натпревар од серијата, ЦСКА славеше на гости со 67:76, и со тоа го осигури местото меѓу четирите најдобри, каде што за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од дуелот меѓу Локомотив Кубан и Нижни Новгород. Тимот од Кубан е на една победа до пласман во следната фаза. Вториот македонски претставник во ВТБ, Ненад Димитријевиќ, и неговиот Уникс Казањ, исто така, се со едната нога во полуфиналето, имајќи предност од 2:0 против Парма од Перм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-obezbedi-polufinale-so-tsska-m/feed/ 0
Емил Рајковиќ и ЦСКА на чекор од полуфиналето https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-i-tsska-na-chekor-od-polufinaleto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-i-tsska-na-chekor-od-polufinaleto/#respond Tue, 04 Apr 2023 04:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=819762

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и неговиот тим ЦСКА поведоа со 2-0 во четвртфиналната серија од ВТБ лигата против Автодор. По триумфот со 103-68 во првиот меч, московскиот тим и денеска ја проби границата од 100 поени, па беше дури и поефикасен, триумфирајќи со 111-85. Јасно беше уште пред почетокот на серијата дека ЦСКА е апсолутен фаворит против поранешниот тим на Рајковиќ, а тоа се докажува и на почетокот. Пласманот во полуфиналето, ЦСКА може да го обезбеди веќе в среда кога се игра третиот меч од серијата, прв во Саратов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-i-tsska-na-chekor-od-polufinaleto/feed/ 0
Емил Рајковиќ ќе биде тренер на „ол-старот“ во ВТБ лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-ke-bide-trener-na-ol-starot-vo-vtb-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-ke-bide-trener-na-ol-starot-vo-vtb-ligata/#respond Tue, 07 Feb 2023 05:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=797052

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ доби огромна чест да биде тренер на „ол-стар“ натпреварот во ВТБ-лигата . Рајковиќ пишува историја со ЦСКА Москва со резултатите во натпреварувањето и ја има најдолгата низа победи во лигата. Тоа му донесе шанса да биде дел од „ол-стар“ мечот што е големо признание во кариерата на нашиот кошаркарски работник. Дел од „ол-стар“ мечот ќе биде и македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ кој ќе игра за „Њу Скул“ екипата, која ќе ја води токму Рајковиќ. На спротивната страна, во „Олд Скул“ екипата тренер ќе биде Велимир Перасовиќ. „Ол-стар“ натпреварот во Русија во рамки на ВТБ-лигата ќе се игра на 19 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-ke-bide-trener-na-ol-starot-vo-vtb-ligata/feed/ 0
Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-so-tsska-moskva-stigna-do-24-pobeda-vo-vtb-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-so-tsska-moskva-stigna-do-24-pobeda-vo-vtb-ligata/#respond Fri, 03 Feb 2023 06:01:04 +0000 https://kurir.mk/?p=795466

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата. „Армејците“ триумфираа на гости кај Нижни Новгород со 70:89 и ја продолжија неверојатната серија. Домашниот тим имаше сила да му парира на тимот на Рајковиќ три четвртини, но потоа ЦСКА Москва го доби последниот период со 15 поени разлика и го реши мечот во своја корист. Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ беше декласиран на домашен терен од Локомотив Кубан со 70:103.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rajkovik-so-tsska-moskva-stigna-do-24-pobeda-vo-vtb-ligata/feed/ 0
Емил Рајковиќ продолжува да испишува историја со ЦСКА Москва https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-prodolzhuva-da-ispishuva-istorija-so-tsska-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-prodolzhuva-da-ispishuva-istorija-so-tsska-moskva/#respond Sat, 21 Jan 2023 18:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=790166

Македонскиот кошаркарски тренер, Емил Рајковиќ, влезе во историјата на регионалната ВТБ-лига како втор стратег на кого му успеало регуларниот дел од сезоната да го заврши без пораз, откако неговата ЦСКА Москва убедливо го совлада Зенит (100-80). Претходно, тоа го направи само Римас Куртинаитис во сезоната 2013/14, но со помалку средби бидејќи се играло во две групи, поради што на крајот имал скор 18-0. Нашиот Рајковиќ, пак, завршува со скор 22-0 со што ќе биде запаметен како најдобар во една од најсилните лиги во Европа. Македонецот веќе го собори рекордот по бројот на победи по ред во ВТБ, а ќе се обиде да го направи невозможното – да дојде до титулата без ниту еден пораз.
ЦСКА Москва како неприкосновен лидер влегува во втората фаза, во која екипите се делат во две групи. Во групата А се првите шест екипи и тоа ЦСКА, Уникс, Зенит, МБА, Нижни Новгород и Локомотив Кубан, додека во групата Б ќе се сретнат Парма, Самара, Автодор, Енисеј, Астана и Минск. Ќе се играат уште десет кола во периодот од 28 јануари до 26 март, по што на екипите од групата А во четвртфиналето од плејофот ќе им се придружат двете првопласирани екипи од групата Б во битката за титулата.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/emil-rajkovik-prodolzhuva-da-ispishuva-istorija-so-tsska-moskva/feed/ 0