Емилија Нацевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Dec 2022 11:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Емилија Нацевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вицегувернерката Нацевска: Усогласувањето со ЕУ во однос на монетарната политика е во напредна фаза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-nacevska-usoglasuvanjeto-so-eu-vo-odnos-na-monetarnata-politika-e-vo-napredna-faza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-nacevska-usoglasuvanjeto-so-eu-vo-odnos-na-monetarnata-politika-e-vo-napredna-faza/#respond Tue, 13 Dec 2022 09:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=774823

„Усогласувањето на правната рамка со законодавството на Европската Унија во областа на монетарната политика е во напредна фаза“, истакна вицегувернерката Емилија Нацевска во своето излагање на конференцијата организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања, насловена „На европскиот пат: нови реформи, нови можности!”. Обезбедувањето и одржувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за да се исполни улогата на централната банка како гарант на макроекономската и финансиската стабилност, што е од особена важност за ЕУ при оцената на ова поглавје, а воедно и еден од основните предуслови за привлекување на странските инвеститори. Монетарната политика е и ќе биде насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок, зајакнување и одржување на независноста и кон јакнење на капацитетите и исполнување на стандардите за пристап до европскиот систем на централни банки.

Вицегувернерката се осврна и на постигнувањата и усогласеноста коишто ги има постигнато Народната банка и во други сфери во рамки на нејзиниот мандат. „Во процесот на преговори, сѐ до влезот во ЕУ, Народната банка ќе работи на натамошно усогласување на регулативата во повеќе сфери од своето делување. Ќе се работи кон понатамошно усогласување во доменот на банкарската регулатива со цел одржување стабилен и здрав, но и поконкурентен банкарски систем, водејќи сметка за соодветна заштита на потрошувачите. И натаму ќе се обезбеди непречено и безбедно вршење на платежните услуги, но во поконкурентно окружување со нови даватели на платежни услуги покрај банките и поголема транспарентност за видот на услугите и цената на надоместоците, во согласност со европските регулаторни барања и стандарди“.

Вицегувернерката истакна дека со новиот Закон за финансиска стабилност, усвоен оваа година, се преземаат чекори за зајакнување на институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност, при што централната банка има водечка улога во развојот и спроведувањето на макропрудентната политика и финансиската стабилност.

Од аспект на плаќањата и платежните услуги, вицегувернерката истакна дека Народната банка подготви повеќе соодветни подзаконски акти за спроведување на Законот за платежни услуги и платни системи, во значаен степен усогласен со директивите и прописите на Европската Унија од оваа област.

Во однос на прашањето за очекуваните ефекти од приклучувањето кон внатрешниот пазар на ЕУ врз макроекономската стабилност и македонската економија, вицегувернерката нагласи дека не само интеграцијата туку и целокупниот реформски процес на земјата со цел исполнување на европските стандарди, како и кај земјите од Централна и Источна Европа кои веќе се дел од економската и / или монетарната унија, делува поволно и на потенцијалот за раст на економијата и на нејзината стабилност. Притоа додаде дека нашите услови се потешки, со оглед на последователни кризи, што уште повеќе ја нагласува потребата од забрзани внатрешни реформи за подобрување на конкурентскиот профил на економијата, зголемување на продуктивноста и поттикнување на инвестициите во сектори коишто ќе значат воведување нови и иновативни технологии коишто ќе ја зголемат додадената вредност во економијата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-nacevska-usoglasuvanjeto-so-eu-vo-odnos-na-monetarnata-politika-e-vo-napredna-faza/feed/ 0
Вицегувернерката Нацевска на Годишно собрание на АЦИ здружение на финансиски пазари – Стабилноста на денарот и мерките на Народната банка креираат простор за раст на денарското штедење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viceguvernerkata-nacevska-na-godishno-sobranie-na-aci-zdruzenie-na-finansiski-pazari-stabilnosta-na-denarot-i-merkite-na-narodnata-banka-kreiraat-prostor-za-rast-na-denarskoto-shtedenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viceguvernerkata-nacevska-na-godishno-sobranie-na-aci-zdruzenie-na-finansiski-pazari-stabilnosta-na-denarot-i-merkite-na-narodnata-banka-kreiraat-prostor-za-rast-na-denarskoto-shtedenje/#respond Sat, 28 May 2022 11:19:11 +0000 https://kurir.mk/?p=682858

Oсновно сидро кое овозможува надминување на многуте предизвици во минатото, но и сега, е цврстата определба на Народната банка за примена на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот, како клучен столб на стабилноста на македонската економија. За ефикасното спроведување и функционирање на монетарната политика, особено во неизвесни периоди, важен придонес имаат финансиските пазари и банките коишто ги следат сигналите на централната банка и соодветно реагираат преку своите деловни политики и активности. Ова беше истакнато од страна на вицегувернерката Емилија Нацевска во поздравното обраќање на 27то Годишно собрание на АЦИ здружение на финансиските пазари. Енергетската криза од крајот на 2021 година и неизвесноста создадена од воениот конфликт во Украина, значително влијаеја врз увозните цени на енергенсите и кај нас, при што првиот удар врз домашната економија се одрази на домашниот девизен пазар. Во тој контекст, вицегувернерката посочи дека „брзата реакција на Народната банка преку интервенции на девизниот пазар за задоволување на потребите за девизи, поддршката од деловните банки, како и вербалните интервенции во јавноста во насока на ефикасна комуникација за стратегиската определба на Народната банка овозможи одржување на стабилноста на девизниот курс.“ Ваквиот пристап на Народната банка, и во овој турбулентен период, се потврди дека има висока ефективност во насока на брзо смирување на очекувањата на населението и елиминирање на неоснованите шпекулации околу стабилноста на девизниот курс на денарот. Дополнително, беше истакнато дека во насока на одржување на стабилноста на денарот, Народната банка направи измени и во регулативата на менувачкиот пазар, со што овозможи непречено задоволување на потребите на граѓаните за девизи и на овој сегмент на девизниот пазар. Вицегувернерката Нацевска посочи дека Народната банка на почетокот на април 2022 година реагираше и со намалување на стапката за задолжителна резерва од денарските обврски и истовремено зголемување на стапката на задолжителна резерва на обврските во странска валута како одговор на зголемените преференции на населението за штедење во странска валута и промените кај валутната структура на депозитите во банкарскиот систем. Со оваа мерка, којашто е дел од предвидените мерки во Стратегијата за денаризација, Народната банка креира простор банките да пристапат кон промени во каматната политика, но и да понудат нови атрактивни депозитни производи коишто првенствено ќе бидат насочени кон привлекување на денарските средства на населението. Што е позначајно, оваа мерка на Народната банка не се очекува да има само еднократно, умерено прилагодување на каматните стапки на денарските депозити кај банките, туку да претставува сигнал којшто деловните банки треба да го следат на подолг рок, во насока на постигнување на стратешката определба за зголемување на денарското штедење, од којашто придобивка имаат сите економски субјекти. Народна банка и во иднина останува активен двигател на реформските процеси за развој и унапредување на домашниот финансиски пазар, имајќи ја предвид неговата значајна улога во пренесувањето на монетарните сигнали до реалниот сектор. Народната банка учествуваше и во подготовката на Стратегијата за развој на пазарот на капитал чија цел е преку современа регулација и проактивен надзор да поддржи одржлив развој на финансискиот систем за зголемување на придонесот на забрзаниот раст на БДП. АЦИ здружението на финансиски пазари ги обединува претставниците на банкарскиот сектор коишто работат на домашните финансиски пазари и претставува платформа за развивање на добри професионални односи, зголемување на меѓусебната доверба, размена на искуства и постојана професионална едукација на вработените во банкарскиот сектор, а заради поефикасно обезбедување на финансиски услуги за граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viceguvernerkata-nacevska-na-godishno-sobranie-na-aci-zdruzenie-na-finansiski-pazari-stabilnosta-na-denarot-i-merkite-na-narodnata-banka-kreiraat-prostor-za-rast-na-denarskoto-shtedenje/feed/ 0
Вицегувернерката Нацевска: Нема причина за паника од девалвација на денарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-nacevska-nema-prichina-za-panika-od-devalvacija-na-denarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-nacevska-nema-prichina-za-panika-od-devalvacija-na-denarot/#respond Thu, 03 Mar 2022 09:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=639998

Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во контекст на руско-украинската криза, напротив тие растат, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во емисијата „Утрински брифинг“. „Причина за паника од девалвација на денарот, навистина нема. Ние располагаме со доволно ниво на девизни резерви за да го одбраниме курсот на денарот, како што тоа го правиме низ сите овие години наназад и како што и досега сме успеале успешно да ја одбраниме неговата вредност“, вели вицегувернерката Нацевска. На прашањето за шпекулации за повлекување на заштедите од банките, таа посочи дека нема индикации за повлекувања, напротив тие и понатаму растат. Сепак, посочува дека секогаш ќе постои мала група на депоненти, кои при било какви кризни сигнали реагираат, но набргу по согледување на состојбите - дека макроекономската стабилност е тука и дека курсот е стабилен, ги враќаат средствата во банкарскиот сектор. Нацевска истакнува дека директната трговска и финансиска поврзаност со Русија и Украина е многу мала и директни ефекти врз нашата економија нема и не се очекуваат. „За споредба, филијалата на „Сбербанка“ во Босна и Херцеговина налагаше да се преземат интензивни мерки од страна на босанските власти, и веќе се преземаат мерки од страна на регулаторот. Истото е и Словенија. Ние немаме таква ситуација, што е добро, бидејќи депонентите кои ги чуваат своите средства таму ќе беа загрижени и ќе имавме непријатна слика, како што е во тие држави“, вели Нацевска. Таа сепак посочува дека има ризици од индиректните ефекти, кои доаѓаат од санкциите кои се преземаат од страна на Европската унија и другите економски сили, како САД, Велика Британија, Канада, па дури и Швајцарија кон Русија, но и контрасанкциите од страна на Русија. Тие креираат неизвесност и дневна променливост на случувањата на финансиските пазари и на светските пазари на примарни производи, заради што, да се излезе со некакви проекции за ефектот врз нашата економија во овој момент, е преголем ризик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-nacevska-nema-prichina-za-panika-od-devalvacija-na-denarot/feed/ 0
Нацевска: Денарот е стабилен, инфлацијата умерена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nacevska-denarot-e-stabilen-inflacijata-umerena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nacevska-denarot-e-stabilen-inflacijata-umerena/#respond Wed, 27 Oct 2021 13:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=586510

Денарот е стабилен, а ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а подгревање на инфлациските движења не е потребно, порача денеска вицегувернерката на Народнaта банка, Емилија Нацевска. -Причината за побрзиот раст на цените во првите девет месеци годинава од 2,8 отсто, во однос на очекувањата за раст од 2,2 отсто за целата година, се на страната на понудата. Тоа се должи, пред се, на повисокиот раст на цените на енергенсите на глобално ниво ‒ цената на нафтата и гасот, што доаѓа по високиот пад на цените минатата година и нарушувањето на глобалните синџири на снабдување, како резултат на пандемијата. Со закрепнувањето на глобалната економската активност, доаѓа до побрз раст на побарувачката во однос на понудата и создавање тесни грла во снабдувањето коишто прават ценовни притисоци, посочи вицегувернерката Нацевска во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“. Како што нагласи, проценките на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и на други меѓународни организации, коишто ги следат овие движења, се дека оваа состојба е од привремен карактер, а очекувањата се дека таа ќе се надмине во текот на идната, 2022 година. -Ние сме земја којашто енергетски и суровински е зависна од увозот и движењата на светските берзи се одразуваат и на домашните цени, пред се на цените на храната и други производи. Оттаму доаѓа овој ценовен раст, рече Нацевска. Сепак, истакна дека дополнителните инфлациски подгревања и нивното, како што рече, неосновано вградување во цените од страна на домашните економски субјекти може да доведе до раст на инфлацијата, што не е потребно, ниту, пак, е засновано на објективни економски параметри. -Простор за паника од инфлација нема, но треба да се однесуваме одговорно и не треба неосновано да се создаваат ценовни притисоци онаму каде што нема потреба, бидејќи тоа ќе се одрази на целата економијата. Подгревањето на инфлациските очекувања е нешто што може да доведе до раст на цените. Во вакво сценарио, централната банка реагира преку монетарната политика, вклучително и со раст на каматната стапка, што сепак не е пожелно во услови кога нема не рамнотежи, а на економијата се уште и е потребна поддршка за закрепнување од пандемијата, посочи Нацевска. Кондицијата и подготвеноста на Народната банка, нагласи, го потврдуваат капацитетот за остварување на основните цели, а потврда за тоа е и макроекономската стабилност одржувана без прекин во изминатите 26 години. -Тоа е и благодарение на капацитетот на девизни резерви, што со годините го изградивме. Нивото на девизни резерви е соодветно, со покриеност на идниот увоз од околу пет месеци. Ние секојдневно ги следиме движењата на девизниот пазар, а да посочам дека во третиот квартал на девизниот пазар и откупивме вишок на девизи.  Денарот е стабилен и ќе биде стабилен, а надворешните фактори и случувања не влијаат на стабилноста на курсот, потенцира Нацевска и додаде дека за одржување на ценовната и финансиската стабилност, од големо значење е независноста на Народната банка, којашто се споменува во сите извештаи на Европската комисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nacevska-denarot-e-stabilen-inflacijata-umerena/feed/ 0