емирати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 08:24:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png емирати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лажна тревога во авион на „Емирати“, Грција подигна два борбени авиони Ф-16 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-trevoga-vo-avion-na-emirati-grcija-podigna-dva-borbeni-avioni-f-16/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-trevoga-vo-avion-na-emirati-grcija-podigna-dva-borbeni-avioni-f-16/#respond Fri, 11 Nov 2022 08:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=758941

Авион на „Емирати“ со 228 патници и 18 членови на екипажот, кој синоќа тргна од атинскиот аеродром за Њујорк, мораше да се врати во Атина „на преглед“, но алармот беше лажен, изјави полициски извор. „По информациите од странските власти дека во авионот имало сомнително лице, грчката полиција наредила авионот да се врати на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина на проверка“, изјавила за АФП портпаролката на грчката полиција. Авионот на Емирати ЕК-210, придружуван од два борбени авиони Ф-16, се вратил назад околу 45 минути по полетувањето од аеродромот во Атина. Тој слета синоќа околу 22:00 часот по локално време (20:00 часот по средноевропско време) на меѓународниот аеродром во Атина. Полициски извор изјави дека американските власти ја предупредиле грчката полиција дека во авионот има „сомнително лице“. По извршената полициска проверка на сите патници и авиони, „не е идентификувано лицето на кое се однесуваат информациите, ниту пак други сомнителни елементи“, се вели во соопштението на грчката полиција. Авионот треба да полета за Њујорк во петок, според извори од аеродромот. Непосредно пред враќањето на овој авион, уште еден авион на Емирати на летот за Дубаи беше прегледан синоќа пред да полета од аеродромот во Атина. Властите не пронајдоа никого сомнителен и авионот на крајот полета од Атина со пет часа задоцнување, изјави извор од грчкиот аеродром,пренесе Индекс.хр.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lazna-trevoga-vo-avion-na-emirati-grcija-podigna-dva-borbeni-avioni-f-16/feed/ 0
Сомнителен патник го принудил авионот на Емирати да се врати назад на атинскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somnitelen-patnik-go-prinudil-avionot-na-emirati-da-se-vrati-nazad-na-atinskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somnitelen-patnik-go-prinudil-avionot-na-emirati-da-se-vrati-nazad-na-atinskiot-aerodrom/#respond Thu, 10 Nov 2022 20:52:46 +0000 https://kurir.mk/?p=758816

Авион на компанијата Емирати што од Атина попладнево полетал за Њујорк, откако стигнал над Италија, се враќа во Грција, односно на атинскиот аеродром, поради, како што објавија грчките медиуми, сомнителен патник, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, грчките власти добиле информации за сомнителен патник во еден од двата планирани летови на Емирати од Атина, едниот за Дубаи, другиот за Њујорк. Па така, едниот што сè уште бил на атинскиот аеродром, а требало да се упати кон Дубаи, бил проверен, без да биде пронајдено нешто сомнително, додека пак вториот лет, додека бил на пат кон Њујорк и летал над Италија добил наредба да се врати во Атина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somnitelen-patnik-go-prinudil-avionot-na-emirati-da-se-vrati-nazad-na-atinskiot-aerodrom/feed/ 0
ВИДЕО: Емиратите ја лансираа првата ракета на Марс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-emiratite-ja-lansiraa-prvata-raketa-na-mars/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-emiratite-ja-lansiraa-prvata-raketa-na-mars/#respond Mon, 20 Jul 2020 06:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=378529

Обединетите Арапски Емирати денеска ја лансираа својата прва мисија на Марс од космодромот во Јапонија, што е исто така прва меѓупланетарна мисија на арапска земја. Лансирањето на ракетата наречена „Амал“ од вселенскиот центар „Танегашима“, на мал остров на југот на Јапонија, првично беше планирано за минатата среда, но беше одложено поради лошите временски услови. Ракетата ќе носи инструменти за проучување на горното ниво на атмосферата и следење на климатските промени на Марс, а околу оваа планета треба да кружи најмалку две години. Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека на овој начин, за првпат, ќе може да се добие целосен увид во атмосферата на Марс во различни периоди. – Мисијата на ОАЕ чини 200 милиони долари, рече министерката за напредни науки Сара Амири. Обединетите Арапски Емири досега лансираа три набљудувачки сателити, но ниту еден не излегол од орбитата на Земјата. Јапонија има своја мисија на Марс, која е планирана за 2024 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-emiratite-ja-lansiraa-prvata-raketa-na-mars/feed/ 0
Обамејанг очајно бара излез од „Емирати“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obamejang-ochajno-bara-izlez-od-emirati/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obamejang-ochajno-bara-izlez-od-emirati/#respond Fri, 20 Dec 2019 08:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=279968

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг во моментов нема намера да ја врзува својата долгогодишна иднина со лондонскиот клуб. Надежите на клубот беа дека со веста за потенцијалното назначување на Микел Артета за менаџер, Обамјенг би сакал да остане во клубот и да потпише нов договор. Сепак, англиските медиуми ги негираат ваквите надежи. Напаѓачот на Габон има договор до летото 2021 година и во моментов бара да биде продаден во еден од следните два трансфер прозорци. Ова може да предизвика управата на „топчиите“ да преземат чекори, за да не го испуштат Обамејанг без пари по година и пол. Информациите од Островот наведуваат дека тој не е единствениот со слични погледи, при што голем број негови соиграчи исто така бараат начин да го скратат престојот на „Емирати“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obamejang-ochajno-bara-izlez-od-emirati/feed/ 0
ФОТО: Интернетот полуде по „дијамантскиот авион“ на „Emirates“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-internetot-polude-po-dijamantskiot-avion-na-emirates/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-internetot-polude-po-dijamantskiot-avion-na-emirates/#respond Tue, 11 Dec 2018 15:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=138733

Авиокомпанијата „Emirates Airline“ го збуни интернетот со фотографија на која еден од нејзините авиони е опточен со дијаманти. Во објавата на Twitter со наслов „Ви го претставуваме авионот  Bling’ 777“ авиокомпанијата нагласи дека фотографијата е дело на Сара Шакил, која е позната по фотошопирање на познати знаменитости и симболи на модерната поп-култура. Иако „Emirates“ јасно ставија до знаење дека се работи за фотошопирана фотографија, корисниците на социјалните мрежи веднаш поверуваа дека фотографијата е вистинска и удрија на критикување на авиокомпанијата од Дубаи. Едни беа згрозени дека луѓе гладуваат додека авиокомпанијата се фали со дијамантски авион и сериозно загрижени за безбедноста на луѓето кои би летале со тој авион. Една корисничка на Twitter дури праша: „Нели ова би пречело на аеродинамиката на авионот и би се одразило на безбедноста на патниците?“ Други ја свртија на шега и пишуваа дека не би било лошо да се одлепи некој дијамант и да падне од небото, а се огласи и аеродромот Dulles со порака „Ќе ве известиме ако најдеме некој паднат дијамант“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-internetot-polude-po-dijamantskiot-avion-na-emirates/feed/ 0