Ендрју Брансон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Oct 2018 17:29:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ендрју Брансон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција очекува САД да ги укинат санкциите по ослободувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-ochekuva-sad-da-gi-ukinat-sankciite-po-osloboduvanjeto-na-amerikanskiot-pastor-endrju-branson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-ochekuva-sad-da-gi-ukinat-sankciite-po-osloboduvanjeto-na-amerikanskiot-pastor-endrju-branson/#respond Mon, 22 Oct 2018 17:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=118175

Турција очекува САД да ги укинат наложените санкции по ослободувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон, изјави денеска Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Односите меѓу Турција и САД се влошија по серијата несогласувања, вклучувајќи го и апсењето на Брансон, по што Вашингтон воведе санкции и царини на Турција. Американските мерки предизвикаа валутна криза, која доведе до девалвација на турската лира од над 40 проценти оваа година. Американскиот свештеник беше ослободен на 12 октомври, откако две години мина во затвор и во домашен притвор. Турција го осуди  за тероризам, но Брансон тврди дека е невин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-ochekuva-sad-da-gi-ukinat-sankciite-po-osloboduvanjeto-na-amerikanskiot-pastor-endrju-branson/feed/ 0
Ердоган: Турскиот суд донесе независно решение за ослободување на Брансон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskiot-sud-donese-nezavisno-reshenie-za-osloboduvanje-na-branson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskiot-sud-donese-nezavisno-reshenie-za-osloboduvanje-na-branson/#respond Sat, 13 Oct 2018 17:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=114581

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека судот донел независно решение за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон. - Почитуван господине претседател, како што секогаш сум посочувал, турскиот суд ја донесе одлуката самостојно, напиша Ердоган на Твитер, како одговор на претходно објавениот твит на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му се заблагодарува на својот турски колега за „соработката за негово ослободување“. Тој притоа изрази надеж дека САД и Турција ќе ја продолжат соработката меѓу двете земји. - Се надевам дека САД и Турција ќе ја продолжат својата соработка како сојузници, како што се, и ќе се борат заедно против терористичките групи, додаде турскиот претседател. Трамп на Твитер напиша дека денеска ќе се сретне со американскиот свештеник Ендрју Брансон, ослободен вчера од турскиот суд и му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за „соработката за негово ослободување“. - Ослободувањето на Брансон ќе доведе до „добри, можеби и прекрасни“ американско-турски односи, напиша Трамп и повтори дека нема договор за укинување на санкциите против Турција и покрај ослободувањето на свештеникот. Турски суд вчера донесе одлука да го осуди на тригодишна затворска казна американскиот пастор Ендрју Брансон, но судијата ги укина сите судски контроли - вклучувајќи ја и забраната за патување - што му овозможи веднаш да ја напушти Турција. Нему казната му е намалена поради добро однесување, а и со оглед на тоа дека веќе отслужил две години од казната, сметајќи го времето во притвор. Весникот „Вашингтон тајмс“ објави дека Вашингтон и Анкара постигнале договор за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон, кој е обвинет за тероризам во Турција, во замена за укинување на американските санкции кон Анкара. За Турција, уапсениот американски свештеник е шпион кој се обидел да ја собори Владата за време на обидот за државен удар од 2016 година. Но, за американските официјални лица, Брaнсон е невин христијански семеен човек, кој е погрешно задржан. Брансон (50) е роден во Северна Каролина и евангелистички презвитериjански свештеник кој работел во Измир, каде што бил пастoр во црквата Воскресение. Тој живее во Турција повеќе од 23 години, со сопругата и трите деца. Во октомври 2016 година, неколку месеци по неуспешниот обид за државен удар во Турција, Брансон беше уапсен и обвинет за заговор за соборување на турската влада. Во март беше формално обвинет за шпионажа и врски со терористички организации. Обвиненијата против Брансон вклучуваа поддршка на забранетата Курдистанска работничка партија, како и Движењето на Ѓулен, за кое Турција вели дека го организирал обидот за државен удар. Тој ги негираше обвинувањата. Брансон беше главна причина за дипломатскиот спор меѓу САД и Турција, поради што САД воведоа санкции и замрзнаа имот на двајца турски министри, но и зголеми царини за увоз на челик и алуминиум од Турција. Турција одговори со воведување двојно повисоки царини за производи од САД. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskiot-sud-donese-nezavisno-reshenie-za-osloboduvanje-na-branson/feed/ 0
„Вашингтон Пост“: Турција и САД договорија ослободување на пасторот Брансон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-turcija-i-sad-dogovorija-osloboduvanje-na-pastorot-branson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-turcija-i-sad-dogovorija-osloboduvanje-na-pastorot-branson/#respond Fri, 12 Oct 2018 09:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=113965

Вашингтон и Анкара постигнаа договор за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон, кој е обвинет за тероризам во Турција, во замена за укинување на американските санкции кон Анкара, тврди весникот „Вашингтон Пост“. Според весникот, договорот предвидува повлекување на дел од обвиненијата против Брансон, со тоа што тој би бил осуден на затворска казана во траење на периодот што тој веќе го мина во притвор или пак би му било дозволено остатокот од казната да го отслужи во САД. „Вашингтон Пост“ тврди дека ваквиот договор бил постигнат на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк кон крајот на минатиот месец, на кое присуствуваа и претседателите на двете држави. Новото рочиште од процесот против Брансон, кого турските власти го товарат за „терористички активности“ и дека работел во интерес на мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен и на Курдската Работничка Партија (ПКК), е закажано за денеска. Обвинителството побара од Судот Брансон да биде осуден на 35 години затвор, имајќи предвид дека по една од точките на обвинението тој се товари и за „шпионажа за политички или воени цели“. Брансон (50) беше уапсен во 2016 година, а кон крајот на јули затворскиот притвор му беше заменет со домашен. Според  „Вашингтон Пост“, можно е пасторот да биде ослободен уште денеска или пак да биде пуштен да се брани од слобода до конечното изрекување на пресудата. Весникот потсетува дека американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата изјави дека се надева оти Брансон наскоро ќе може да се врати во САД. Апсењето на Брансон предизвика тензии во односите меѓу Вашингтон и Анкара и доведе до меѓусебно воведување санкции, што резултираше со пад на вредноста на турската лира и раст на стапката на инфлација во Турција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-turcija-i-sad-dogovorija-osloboduvanje-na-pastorot-branson/feed/ 0