Ендрју Куомо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jan 2022 10:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ендрју Куомо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прекината истрагата против поранешниот гувернер на државата Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinata-istragata-protiv-poraneshniot-guverner-na-drzavata-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinata-istragata-protiv-poraneshniot-guverner-na-drzavata-njujork/#respond Wed, 05 Jan 2022 10:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=616133

Јавниот обвинител на округот Олбани, во државата Њујорк, Дејвид Соарес ја прекина истрагата против поранешниот гувернер Ендрју Куомо, кој беше обвинет од негов некогашен соработник за сексуално вознемирување. – Иако подносителот на тужба во овој случај и помогна на истрагата и заслужува доверба, откако ги разгледавме сите достапни докази, дојдовме до заклучок дека нема да можеме да ја исполниме „нашата задача во судот“, нагласи Соарес. Тој додаде дека сепак е „длабоко загрижен“ и сериозно го сфатил обвинението. Окружниот обвинител, исто така, истакна дека веќе го известил судот за прекинот на истрагата. Сегашниот закон на Њујорк го прави случајот недокажлив, објасни Соарес, но не кажа зошто мисли дека ќе биде тешко да се добие обвинение. Тој истакна дека обвинителството ја испитало можноста за покренување обвиненија против други членови, но ниту еден од нив не одговара на фактите со кои располага истрагата. Куомо се уште не ја коментирал одлуката на обвинителот. На почетокот на август 2021 година, њујоршката јавна обвинителка Летиција Џејмс ги објави резултатите од независната истрага во која се тврди дека Куомо малтретирал најмалку 11 жени, вклучително и негови соработнички, кршејќи ги и федералните и регионалните закони. Уште пред објавувањето, неколку жени јавно ја обвинија политиката за недолично однесување. Споделија навредливи или непристојни коментари од поранешниот гувернер, малтретирање и бакнежи без нивна согласност. Американскиот претседател Џо Бајден тогаш рече дека против Куомо би можело да биде покренато официјално обвинение, доколку се утврди дека наводите на жените се веродостојни. Ендрју Куомо, кој беше гувернер на Њујорк во три последователни мандати, поднесе оставка на 10 август 2021 година, оценувајќи дека тоа е „политички мотивиран“ напад врз него. Во октомври 2021 година, Куомо беше официјално обвинет за сексуален напад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinata-istragata-protiv-poraneshniot-guverner-na-drzavata-njujork/feed/ 0
Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо најави оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-njujork-endrju-kuomo-najavi-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-njujork-endrju-kuomo-najavi-ostavka/#respond Tue, 10 Aug 2021 17:09:22 +0000 https://kurir.mk/?p=548879

Гувернерот на американската држава Њујорк Ендрју Куомо соошти дека поднесува оставка. Потполковникот Кети Хочул, демократ, ќе го служи остатокот од неговиот мандат и ќе биде првата жена гувернер на државата. Оставката доаѓа откако јавната обвинителка Летиција Џејмс ги истражи обвинувањата за сексуално вознемирување против гувернеркот поднесени од 11 жени. Тоа вклучува девет сегашни или поранешни државни службенички. Во извештајот објавен на 3 август, Џејмс наведе дека сите обвинувања се веродостојни. По извештајот ќе следува постапка за отповикување, поради што и Куомо одлучи да се повлече од функцијата. – Mислам дека, со оглед на околностите, најдобриот начин на кој можам да помогнам сега е ако се тргнам настрана и дозволам владата да се врати на управувањето, и затоа тоа е она што јас ќе го сторам, бидејќи јас работам за вас и постапувајќи исправно, ќе постапам исправно кон вас, рече Куомо на денешната прес конференција. Соочувајќи се со постапка за отповикување, на која призна дека нема да може да се спротистави, Куомо (63) објави дека ќе ја напушти функцијата за 14 дена, и при тоа инсистира дека не направил ништо лошо. Обраќајќи се на своите три ќерки, Куомо рече: Сакам од се срце да знаат дека јас никогаш не сум го направил тоа и никогаш намерно нема да изразам непочитување кон жена, или да се однесувам поинаку кон некоја жена отколку што би сакал тие да бидат третирани и тоа е вистината. – Вашиот татко направи грешки. И се извини, и научи од тоа и тоа е животот, рече гувернерот на Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-njujork-endrju-kuomo-najavi-ostavka/feed/ 0
Бајден го повика гувернерот Куомо да поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-povika-guvernerot-kuomo-da-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-povika-guvernerot-kuomo-da-podnese-ostavka/#respond Wed, 04 Aug 2021 05:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=545888

Американскиот претседател Џо Бајден, претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси и бројни членови на Демократската партија побараа гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо да поднесе оставка. – Мислам дека тој треба да поднесе оставка, рече Бајден. Наодите на државното обвинителство кои се однесуваат на обвинувања за сексуално малтретирање од страна на Куомо, од кои повеќето беа првично објавени минатата зима, доведоа до бројни барања од истакнати демократи за негова оставка. Американските сенатори Чак Шамер и Кирстен Гилибранд вчера по објавувањето на извештајот изјавија дека наодите од истрагата ги зајакнуваат нивните повици за оставка на Куомо, упатени првпат во март оваа година. „Ниту еден избран функционер не е над законот. Жителите на Њујорк заслужуваат подобро во кабинетот на гувернерот. Се уште веруваме дека гувернерот треба да поднесе оставка“, велат Шамер и Гилибранд во заедничко соопштение. Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо ги отфрли обвинувањата на државното обвинителство дека сексуално малтретирал 11 жени, вклучително и вработени во неговиот кабинет, и дека се обидел да им се одмазди на жените што го пријавиле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-povika-guvernerot-kuomo-da-podnese-ostavka/feed/ 0
Куомо: Бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците во државата Њујорк се намали на 817 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-brojot-na-pacienti-so-kovid-19-vo-bolnicite-vo-drzavata-njujork-se-namali-na-817/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-brojot-na-pacienti-so-kovid-19-vo-bolnicite-vo-drzavata-njujork-se-namali-na-817/#respond Mon, 06 Jul 2020 18:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=370320

Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во државата Њујорк се намали на 817, што е најмал број од 18 март, изјави денеска гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо. Тој кажа дека државата Њујорк бележи постојан напредок во борбата против коронавирусот и додаде дека во последните 24 часа умреле девет лица, пренесоа британските медиуми. -Бројките почнаа да се намалуваат откако почнавме со отворањето, рече Куомо на прес-конференција.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-brojot-na-pacienti-so-kovid-19-vo-bolnicite-vo-drzavata-njujork-se-namali-na-817/feed/ 0
Куомо предупреди за нови мерки ако не се почитуваат правилата за отварање на бизнисите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-predupredi-za-novi-merki-ako-ne-se-pochituvaat-pravilata-za-otvaranje-na-biznisite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-predupredi-za-novi-merki-ako-ne-se-pochituvaat-pravilata-za-otvaranje-na-biznisite/#respond Mon, 15 Jun 2020 14:06:36 +0000 https://kurir.mk/?p=358226

Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, на пресот синоќа изрази загриженост како се одвива отварањето на економијата во државата и предупреди со нови мерки. Тој ги искритикува локалните власти и бизниси поради неисполнување на актуелните протоколи со што се создава масовно собирање на луѓе кои не ги почитуваат правилата за физичка дистанца, и во принцип не носат маски. -Ако имате големи собири на луѓе кои не ги почитуваат правилата за социјално растојание, кои не носат маски тогаш ќе се случи ширење на вирусот, изјави Куомо. Тој додаде дека „вирусот најверојатно нема да се појави веднаш, но ќе се појави, и кога тоа ќе се случи, веќе ќе биде доцна. И така имате нова експлозија за која ќе бидат потребни недели да се поттисне“. Куомо предупреди за воведување нови мерки на карантин во регионите на Њујорк каде не се почитуваат протоколите за групирање, физичка дистанца и носење маски. Њујорк е најзагрозена држава во САД по бројот на регистрирани случаи на коронавирус. Во последните две недели трендот на нови заразени се стабилизира, и сега се движи на ниво од околу 400 илјади. Во Њујорк од Ковид-19 досега починаа 30.911 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-predupredi-za-novi-merki-ako-ne-se-pochituvaat-pravilata-za-otvaranje-na-biznisite/feed/ 0
Роберт де Ниро откри која улога ја сака ако се снима филм за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/robert-de-niro-otkri-koja-uloga-ja-saka-ako-se-snima-film-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/robert-de-niro-otkri-koja-uloga-ja-saka-ako-se-snima-film-za-koronavirusot/#respond Fri, 08 May 2020 07:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=343346

Познатиот американски глумец Роберт де Ниро има желба, ако воопшто некогаш се снима филм за корона-пандемијата, да го глуми гувернерот на американската сојузна држава Њујорк – Ендрју Куомо. – Куомо го прави она што би требало да го прави претседателот (на САД), истакна Де Ниро во видеоврската во емисијата „Шоуто доцна” (The Late Show) на Стивен Колберт. Де Ниро (76) натаму вели дека може да го замисли гувернерот во Овалната соба, но сепак го поддржува Џо Бајден во претседателската трка годинава. Глумецот изнесе уште повеќе критики околу тоа како претседателот Доналд Трамп се справува со епидемијата. – Имаше многу, многу предупредувања и пропусти и сега сите го плаќаме тоа. Можеби било и полошо, на некој начин, но никогаш вака, додава глумецот. Некои медиуми во Њујорк веќе го гледаат Куомо како кандидат на наредните претседателски избори во САД во 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/robert-de-niro-otkri-koja-uloga-ja-saka-ako-se-snima-film-za-koronavirusot/feed/ 0
Гувернерот на Њујорк предлага легализирање на марихуаната за рекреативни цели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-njujork-predlaga-legaliziranje-na-marihuanata-za-rekreativni-celi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-njujork-predlaga-legaliziranje-na-marihuanata-za-rekreativni-celi/#respond Mon, 17 Dec 2018 20:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=141507

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо на почетокот на следната година на американскиот конгрес ќе предложи предлог-законот, со кој се дозволува употреба на марихуана за рекреативни цели. – Кај нас дејствуваат два кривично-правни системи. Еден за богатите и друг за сите други. На тоа ќе биде ставен крај. Ајде да ја легализираме консумацијата на марихуана од возрасни еднаш засекогаш, рече Куомо. Според извештајот, подготвен на барање на гувернерот, таква легализација на марихуаната може да донесе над 1,3 милијарда долари даночни приходи годишно. Во моментов потрошувачката на марихуана за рекреативни цели е дозволена во 10 американски држави и округот Колумбија, а во други 33 држави се дозволува продажба на марихуана за медицински цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-njujork-predlaga-legaliziranje-na-marihuanata-za-rekreativni-celi/feed/ 0