енергенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Oct 2022 17:41:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png енергенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фон дер Лајен најави конкретни предлози за запирање на растот на цените на енергентите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-najavi-konkretni-predlozi-za-zapiranje-na-rastot-na-cenite-na-energentite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-najavi-konkretni-predlozi-za-zapiranje-na-rastot-na-cenite-na-energentite/#respond Fri, 07 Oct 2022 17:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=742610

Европската комисија за неколку недели ќе објави конкретни предлози за запирање на растот на цените на енергентите, најави претседателката Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот самит на Европската унија во Прага, јавија дел од светските медиуми. По првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, каде учествуваа лидери на 44 европски земји, денеска останаа само шефовите на држави или влади од Европската унија на неформален самит. Главни теми беа руската војна против Украина и како да се запре растот на цените на енергентите. Што се однесува до енергетската криза, сè поголема е поддршката меѓу членките да се обезбеди заедничка набавка на гас со цел на тој начин да се намалат цените и да се почнат разговори за нов модел формирање цени на електричната енергија, на начин да се одвои од цените на гасот, што моментално ги диктира цените на струјата. – Постои сè поголема поддршка да се организира заедничка набавка на гас, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Премиерот на Чешка, Петр Фијала информираше дека лидерите разговарале околу предлогот за раздвојување на цените на гасот од цените на електричната енергија. Фон дер Лајен истакна дека конкретни предлози за тоа ќе има на почетокот од следната година, затоа што станува збор за навистина многу сложено прашање за интервенција на енергетскиот пазар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-najavi-konkretni-predlozi-za-zapiranje-na-rastot-na-cenite-na-energentite/feed/ 0