енергетска криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 12:13:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png енергетска криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Енергетската криза ја претворивме во можност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-energetskata-kriza-ja-pretvorivme-vo-mozhnost-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-energetskata-kriza-ja-pretvorivme-vo-mozhnost-2/#respond Fri, 26 May 2023 12:13:30 +0000 https://kurir.mk/?p=839065

Во текот на минатата година се покажа колку е важно да се има знаење и посветеност во делот на енергетскиот сектор. Планот даде резултати и енергетската криза ја претворивме во можност, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. - Пред само 12 месеци глобалната светска економија беше практично пред колапс заради војната во Украина и заради недостигот на енергенси на европскиот континент. Кај нас струјата, бензинот, парното, храната..., не беа во недостиг и немаше никакви рестрикции. Ги заштитивме и компаниите и граѓаните. Го донесовме најголемиот пакет на антикризни мерки за најранливите категории на граѓаните и за одржување на ликвидноста на компаниите во износ од 760 милиони евра, најголем според податоците на Светска банка од сите земји во регионот, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање поставено на денешната собраниска седница. Тој нагласи дека во споредба со претходната година имаме зголемено производство на електрична енергија од 44 проценти. - Како резултат на тоа успеавме да обезбедиме евтина струја за производителите на основни прехранбени производи и за комуналните претпријатија за да нема недостиг на вода, кои и покрај тоа ја покачија цената на комуналните услуги. Обезбедивме евтина електрична енергија и за сите здравствени домови и за сите образовни институции и воопшто не се зголеми цената на електричната енергија за оние кои домаќински ја трошат. За првата и за втората група на корисници остана иста, а оние кои многу трошат и греат базени во сред зима плаќаат поскапа струја. За 72-те илјади компании на регулираниот пазар на електрична енергија цената на струјата дури се намали за 20 проценти, прецизира Ковачевски. Премиерот посочи дека секој граѓанин во државата сега добива сметка за електрична енергија во која се гледа колку субвенционира државата, пресметано според калкулациите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. - Владата го презеде и парното греење во Скопје кое немаше рестрикции и зголемување на цената. Се тоа е благодарение на зголеменото производство и на инвестициите кои се направени во обновливи извори на енергија, рече Ковачевски. Тој истакна дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ вкупно во земјава биле инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, а само за последната година се инвестирани и пуштени во мрежа 210 мегавати или поголем капацитет од еден блок во РЕК „Битола“, што е доволен да се снабдат со потрошувачка 10 града во земјава со 76.000 домаќинства. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-energetskata-kriza-ja-pretvorivme-vo-mozhnost-2/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Целосен колапс во енергетската криза, за СДС успех е што македонските домаќинства плаќаат најскапа цена струја во регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-tselosen-kolaps-vo-energetskata-kriza-za-sds-uspeh-e-shto-makedonskite-domakinstva-plakaat-najskapa-tsena-struja-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-tselosen-kolaps-vo-energetskata-kriza-za-sds-uspeh-e-shto-makedonskite-domakinstva-plakaat-najskapa-tsena-struja-vo-regionot/#respond Sun, 30 Apr 2023 13:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=829176

За СДС успех е што Македонија плаќа највисока цена на струја за домаќинствата од сите земји од регионот. Додека СДС носат розови очила и само тие гледаат успех, фактите говорат дека Косово, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија имаат пониска цена на струјата за домаќинствата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Воедно Македонија има највисок раст на цена на електрична енергија од сите земји не само во регионот туку и во Европа во фирмите и останатите не-домаќинства потрошувачи (со потрошувачка од 500MWh -2000MWh), и тоа за 327% или за 4,3 пати. Да имаше успешни мерки немаше македонските фирми и останати потрошувачи (не-домаќинства) да плаќаат четврта по ред најскапа струја во Европа. Дека СДС ниту донесоа ефикасни мерки ниту пак имаат успех во справување со енергетската криза покажува и тоа дека Македонија има највисок раст на цената на струјата за домаќинствата од почетокот на енергетската криза од сите земји во регионот. Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора имаат понизок раст на цената на струјата за домаќинствата од започнување на енергетската криза, велат од партијата. Од таму додаваат дека реалноста е дека ниту донесоа навремени мерки за справување со кризата, а податоците покажуваат катастрофа и тотален колапс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-tselosen-kolaps-vo-energetskata-kriza-za-sds-uspeh-e-shto-makedonskite-domakinstva-plakaat-najskapa-tsena-struja-vo-regionot/feed/ 0
Колапс на Владата во справување со ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vladata-vo-spravuvane-so-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vladata-vo-spravuvane-so-energetskata-kriza/#respond Wed, 26 Apr 2023 18:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=828003

Колапс на Владата во справување со ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 1. Македонија има највисок раст на цена на електрична енергија од сите земји во Европа за фирмите и останатите не-домаќинства потрошувачи (со потрошувачка од 500MWh -2000MWh) и тоа за 327% или за 4,3 пати. 2. Македонските фирми и останати потрошувачи (не-домаќинства) плаќаат четврта по ред најскапа струја во Европа. 3. МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈВИСОК РАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ. Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора имаат понизок раст на цената на струјата за домаќинствата од започнување на енергетската криза. 4. МАКЕДОНИЈА ПЛАЌА НАЈВИСОКА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ. Косово, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија имаат пониска цена на струјата за домаќинствата. *Енергетската криза започна од втората половина на 2021 година, а доби на интензитет од почетокот на војната во Украина. Затоа споредбата на растот на цената на електричната енергија е пресметан врз база на цена која била во втора половина на 2022 година во однос на прва половина на 2021 година (како почетна основа). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vladata-vo-spravuvane-so-energetskata-kriza/feed/ 0
Стопанската комора ќе утврдува мерки за надминување на енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-ke-utvrduva-merki-za-nadminuvane-na-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-ke-utvrduva-merki-za-nadminuvane-na-energetskata-kriza/#respond Mon, 24 Apr 2023 05:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=826752

Предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, денеска треба да бидат утврдени на седница на Управниот одбор на Стопанската комора. -Стопанската комора, по спроведената анкета за загубите кои ги претрпеа компаниите членки во енергетската криза во 2022 година, ги презентираше резултатите пред двете највисоки тела на Комората. Како што беше дефинирано, конкретните предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, ќе бидат утврдени на специјалната седница на Управниот одбор на Стопанската комора на  Македонија, со која заседава претседателот на Комората, Бранко Азески и на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), која е раководена од проф. д-р Кочо Анѓушев, се вели во соопштението на Комората. Седницата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора со почеток во 11 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-ke-utvrduva-merki-za-nadminuvane-na-energetskata-kriza/feed/ 0
Граѓаните со многу зголемени трошоци за живот во 2022, сметаат дека Македонија не е подготвена да се справи со енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/graganite-so-mnogu-zgolemeni-troshotsi-za-zhivot-vo-2022-smetaat-deka-makedonija-ne-e-podgotvena-da-se-spravi-so-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/graganite-so-mnogu-zgolemeni-troshotsi-za-zhivot-vo-2022-smetaat-deka-makedonija-ne-e-podgotvena-da-se-spravi-so-energetskata-kriza/#respond Sun, 22 Jan 2023 15:37:21 +0000 https://kurir.mk/?p=790367

Над половина од граѓаните сметаат дека Македонија не е подготвена да се справи со енергетската криза која не очекува во наредниот период, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 57,9% од анкетираните се на ставот дека не сме подготвени за справување со енергетската криза, додека 32,6% делат став дека сме подготвени. Анализата на етничката структура на испитаниците по ова прашање покажува дека Албанците се поголеми оптимисти од Македонците. Мнозинството Албанци се на ставот дека сме подготвени да се справиме со кризата. 61,5% од Македонците и 44,4% од етничките Албанци се убедени дека не сме подготвени за кризата, додека подготвеност регистрирале 28,5% Македонци и 47% етнички Албанци. Сепак, мнозинството граѓани или 51,1% од анкетираните очекуваат земјава да има доволно енергенси за да ја помине зимата, наспроти 35,3% кои стравуваат дека енергенси нема да има. Мнозинството граѓани очекуваат цената на енерегенсите да продолжи да расте и оваа година. 27,5 очекуваат големо зголемување, а 36,3% очекуваат цените донекаде да се зголемат. 15,8% не очекуваат промени а 9% очекуваат донекаде да се намалат. Само 2,1% од анкетираните очекуваат цените на енергенсите да се вратат на нивото од пред кризата. Споредено со земјите од регионот над половина од граѓаните или 51,2% сметаат дека Македонија полошо се справува со недостигот на енергенси поради војната во Украина. Разлика не гледаат 30,4% од анкетираните а 7,5% сметаат дека земјава подобро се справува од земјите во регионот. Меѓу оние кои што водат бизнис 60,5% рекле дека државата полошо се справува со недостигот на енергенси во споредба со земјите од регионот. Таков став делат и 90% од анкетираните земјоделци. 55,4% од граѓаните велат дека мерките за штедење на енергија кои ги воведе владата за да се намали потрошувачката не даваат резултат, додека 37,6% сметаат дека тие имаат ефект. Меѓу граѓаните кои водат бизнис или се самовработени 68,4% сметаат дека ефект од штедењето нема, став кој го делат и сите анкетирани земјоделци. Мнозинството граѓани или 49,1% велат дека месечниот буџет со кој располагаат не им е доволен за да им ги покрие основните месечни потреби за живот, додека таков проблем немаат 48% од анкетираните. Над 80% од анкетираните велат дека трошоците на нивното семејство лани биле зголемени. 54,4% велат дека имале многу зголемени трошоци а 28,3% донекаде зголемени. Без поголеми промени велат дека поминале 13,4% од анкетираните, 1,5% велат дека имале донекаде намалени трошоци а многу големо намалување на почувствувал никој. Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/graganite-so-mnogu-zgolemeni-troshotsi-za-zhivot-vo-2022-smetaat-deka-makedonija-ne-e-podgotvena-da-se-spravi-so-energetskata-kriza/feed/ 0
Мицевски: Имаме енергетска криза бидејќи некој намерно не направил ремонти на одредени делови на РЕК Битола, бил фокусиран да има помал ископ, да има поголем увоз, и транспорт на електрични енергенси во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-imame-energetska-kriza-bidejkji-nekoj-namerno-ne-napravil-remonti-na-odredeni-delovi-na-rek-bitola-bil-fokusiran-da-ima-pomal-iskop-da-ima-pogolem-uvoz-i-transport-na-elektrichni-energensi-vo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-imame-energetska-kriza-bidejkji-nekoj-namerno-ne-napravil-remonti-na-odredeni-delovi-na-rek-bitola-bil-fokusiran-da-ima-pomal-iskop-da-ima-pogolem-uvoz-i-transport-na-elektrichni-energensi-vo/#respond Thu, 03 Nov 2022 20:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=755436

Во 2020-та година побаравме Надзорна расправа од причина што проблемот во Македонија енергетската криза пред да се осети во Европа па и кај нас да почне да биде она официјална енергетска криза е проблемот со намаленото производство на електрична енергија во нашата држава. Зошто го велам ова? Затоа што ние како држава имаме можност да произведуваме 6 милиони мегавати часови електрична енергија. А, во моментот наназад временски период ние произведуваме 3 милиони мегават часови електрична енергија, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при гостување во редакцијата на ИРЛ. Мицевски запраша зошто некој намерно не направил ремонти на одредени делови на РЕК Битола, туку бил фокусиран да има помал ископ, да има поголем увоз, и транспорт на електрични енергенси во државата. На ова сето треба да одговорат надлежните. - Ние многу одамна реагиравме дека Македонија се соочува со проблеми во набавка на регенси. Ние имаме сериозен и друг проблем, хидропотенцијалот во нашава држава во моментов е 23%, ние влегуваме во зима со 23%. Во зима не се влегува без 70% хидропотенцијал на државата. Дополнително, зошто одредени ископи во државата досега не беа подготвени, ископи за јаглен зборувам. Значи прикривката не беше отстранета, одредени наоѓалишта не беа обработени? Треба власта да одговори, нагласи координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека во енергетиката не се потребни краткорочни туку долгорочни планирања и мерки за да се постигнат резултатите. - Капиталните инвестиции и капиталните објекти очигледно фалат. Дополнително слабо работење со нив ги дава овие резултати на производственото поле и потребата од енергенси во моментот, рече Мицевски. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека надзорната улога на Собранието е суспендирана. Воопшто ги нема надзорните расправи, а тие се потребни.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-imame-energetska-kriza-bidejkji-nekoj-namerno-ne-napravil-remonti-na-odredeni-delovi-na-rek-bitola-bil-fokusiran-da-ima-pomal-iskop-da-ima-pogolem-uvoz-i-transport-na-elektrichni-energensi-vo/feed/ 0
Металургијата погодена од енергетската криза, секторот бара поддршка од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metalurgijata-pogodena-od-energetskata-kriza-sektorot-bara-poddrshka-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metalurgijata-pogodena-od-energetskata-kriza-sektorot-bara-poddrshka-od-drzavata/#respond Thu, 03 Nov 2022 14:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=755272

Енергетската криза прави притисок во сите сектори во македонското стопанство. Државната помош помага за ублажување на последиците, но од некои сектори реагираат дека воопшто ја нема. Марија Дуковска Павловска, менаџер на компанија од челичната индустрија забележа дека владините мерки се селективни и оти се соочуваат со тешки предизвици од енергертската криза. Трошоците за струја во август и септември биле 70 отсто од целокупните трошоци. – Не само што доцнат, мерките ги нема. Селективно е дадено. Да, разбираме дека треба повеќе за прехранбената индустрија, но ако оваа базична индустрија не се поддржи, инпактот кој ќе го има, а се гледа подоцна, за година од сега ќе биде многу поголем од она што може да се претпостави, истакна Дуковска Павловска. Одговарајќи на новинарски прашања на пуаза во рамките на самитот за сина економија, што се одржува во Охрид, посочи дека компаниите од металуршката индустрија не размислуваат за намалување на бројот на вработени, туку почнуваат со алтернативни извори на енергија. – Почнуваме со алтернативни извори на енергија, ќе инсталираме фотоволтаични соланри панели на двата погона што ги имаме, но го прилагодуваме и работењето согласно тоа кога цената на електричната енергија е најниска. Не сакакаме да одиме кон намалување на вработени. Сакаме да произведуваме. Интерес на бизнисот е да продолжи да произведува, а не да се згасне во одреден период. Намалување на вработени не ние како варијанта, а процесот на производство го прилагодуваме да работиме повеќе во ноќни часови и во часови кога цената на електричната енергија на берзите е пониска, рече Дуковска Павловска. Под сериозен притисок, според Благоја Муканов, експерт во земјоделството, е и македонскиот аграр, врз кој се одразува секоја секоја мала промена во трошоците, пред се на ѓубривото, семето и пестицидите. Сериозен скок од над 200 отсто на цените, нагласи дека има кај ѓубривото, кое е еден од трите главни инпути во секторот. – Тоа што мене лично ме плаши е што Македонија ги губи пазарите за традиционалните производи. На пример, доматот. Доматот е намален можеби за повеќе од 60 отсто. Доматот како производ во градинарството е со највисоко додадена вредност и извозно гледано највеќе внесува девизи. Тоа е за мене застрашувачки. Се иде на транзиција кон продукти кои имаат пониска додадена вредност затоа што фармерите се под многу помал трошковен притисок. Но за државата по единица квадратен метар фактички податокот е многу помал, вели Муканов. Во одно на цените на земјоделските производи очекува стабилизирање, но не и враќање на старите. Посочува дека сме мала држава и како економија и како земјоделски капацитети и оти многу лесно може да се враќаат работите во тек, за што е потрбно волја и институционален капацитет. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metalurgijata-pogodena-od-energetskata-kriza-sektorot-bara-poddrshka-od-drzavata/feed/ 0
ЕСМ доби 61 милион евра за енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dobi-61-milion-evra-za-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dobi-61-milion-evra-za-energetskata-kriza/#respond Wed, 02 Nov 2022 06:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=754169

Со прераспределба на буџетски средства АД ЕСМ вчера доби 61 милион евра за домашното производство на енергија и за надминување на последиците од енергетската криза, а АД МЕПСО почна процес на дигитализација на преносната мрежа, со почетна инвестиција од околу пет милиони евра. Од Владата истакнуваат дека во услови на актуелната енергетска криза е особено важна стабилноста на преносот на податоците, како и инвестициите во целиот енергетски сектор. Најновата телекомуникациска опрема што евеќе во функција во АД МЕПСО треба да обезбеди брз, стабилен и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и минимизирање на ризикот од каков било прекин при преносот во случај на хаварии или лоши временски услови. Техничките перформанси на досегашната опрема која датира од 2004 година, веќе не нудат опции кои би одговориле на дејноста. Премиерот Димитар Ковачевски на промоцијата на проектот истакна дека најсовременото решение за телекомуникациска опрема и далечински мониторинг на трансформаторските станици во МЕПСО значи дека ќе имаме сигурен пренос на електрична енергија, што во услови на криза е исклучително важно. – Целта е да се обезбедува брз и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и ризикот од прекин да се сведе на минимум, истакна Ковачевски. Тој очекува догодина да почне изградба на уште една 10-мегаватна соларна централа во Осломеј, каде на локацијата на поранешните наоѓалишта на јаглен веќе работи фотонапонската електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ. -Сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција во Северна Македонија. Пред почнување со градба се фотонапонските централи по пат на јавно-приватно партнерство со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати, а во 2023 година очекувам да почне со градба и уште една 10 мегаватна соларна централа во Осломеј од страна на ЕСМ, рече Ковачевски. Идниот месец во Собранието треба да се достават неколку закони за стратешки инвестиции во оваа област. Преку тој концепт, се обезбедени над 1 000 мегавати во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи. Во ЕСМ, како што информираше премиерот, се финализираат и други проекти за изградба на фотонапонски централи во РЕК Битола, со капацитет помеѓу 200 и 300 мегавати, а во наредните две години треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кои се потпишани договори во изминатите две години. Со Одлуката што ја усвои вчера Собранието за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2022 година, се прераспределуваат 5,15 милијарди денари, обезбедени по основ на заштеди на ставки што не се приоритетни и каде има помала реализација од планираната, како и од средства што не се реализирани во програми согласно механизмот КАПЕФ. -Целта на прераспределбата е да се одговори на предизвиците од актуелната енергетска и ценовна криза. Затоа и најголемиот дел од прераспределните средства 3,75 милијарди денари се насочени во програмата за мерки за справување со Ковид 19 и други антикризни мерки, односно тие ќе бидат насочени кон ЕСМ за производство на електрична енергија од домашнтие капацитети, со што се овозможува пониска цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата и околу 70 илјади компании, како и средства за нови антикризни мерки, образложи недодамна министерот за финансии Фатмир Бесими. Како дел од активностите за обезбедување редовна испорака на топлинска енергија во Скопје, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и вчера ја повика топланата „Скопје Север“ да го потпише договорот за деловно-техничка соработка за да може да и се испорачува топлинска енергија. ЕСМ законски не може да ја субвенционира цената за топлинска енергија како што побарала топланата. Директорот Ковачевски истакна дека топланата треба да ги среди сите формално-правни работи, прво со РКЕ, а потоа да го потпише договорот, и како што најави ЕСМ ќе додели дел од средствата од наменската сметка со пари што ги има дадено Владата за справување со топлинската криза, и ќе се испорача топлинска енергија за „Скопје Север“ АД. Претходно, ЕСМ соопшти дека од „Макпетрол“ обезбедиле природен гас за првата половина од месецов за топланите „Исток“ и „Запад“ и за цел месец за КОГЕЛ во подружница „Енергетика“. Не е извршена набавка за ТЕ-ТО која за ноември обезбедила гас за својот режим на работа, но треба да влезе во системот за топлинска енергија за град Скопје. За понатамошниот период ќе се побараат нови понуди од заинтересираните фирми за снабдување, и тоа за топланите „Исток“ и „Запад“, за КОГЕЛ во „Енергетика“ и за евентуално ангажирање на приватната гасна електрана ТЕ-ТО од страна на АД ЕСМ. Во следните денови, според најавите, ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со ТЕ-ТО за ноември за преземање на топлинската енергија од оваа електрана, која ќе треба да влезе во системот на топлинска енергија за градот Скопје. Облазложение за набавката на гас за пократок временски период е падот на цените на природниот гас на берзите. Очекувањата на ЕСМ се дека ќе се обезбедат поповолни услови, пред се, финансиски, доколку се набавува сукцесивно за последователни покуси периоди. Според шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во земјава, Берглјот Баркбу, се очекува инфлацијата да се смири. Притисокот на глобалните цени на енергијата и храната веќе се намалува и се очекува и понатамошно намалување, но сепак, како што вели Баркбу, инфлацијата е се уште висока и веројатно ќе има потреба од натамошно затегнување на монетарната политика. – Зголемувањето на инфлацијата е светски феномен, ги одразува високите цени на енергијата и храната, исто така одразува и некои подолготрајни логистички нарушувања од пандемијата. Тоа е особено присутно во земјите како Северна Македонија, бидејќи храната и енергијата заземаат голем дел од потрошувачката кошничка и затоа инфлацијата е висока, рече во телевизиско интервју шефицата на Мисијата на ММФ. Во поглед на политиките за справување со кризата, упати на фокус на две области. Едната е да се биде одговорен при јавните трошоци, зголемувањето на платите, пензиите и минималната плата, а втората е започнатото затегнување на монетарната политика од страна на Народната банка. МИА

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dobi-61-milion-evra-za-energetskata-kriza/feed/ 0
Лидерите на ЕУ на средба во Брисел за да разговараат за излез од енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-na-sredba-vo-brisel-za-da-razgovaraat-za-izlez-od-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-na-sredba-vo-brisel-za-da-razgovaraat-za-izlez-od-energetskata-kriza/#respond Thu, 20 Oct 2022 05:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=748031

Лидерите на Европската унија денеска треба да се сретнат во Брисел на уште еден дводневен самит на кој влијанието на војната во Украина врз енергетскиот пазар на блокот ќе биде фокусна точка. Прашањето за тоа како да се намалат цените на гасот се очекува да ги задржи лидерите фокусирани бидејќи неодамнешниот предлог на Европската комисија не објасни како може да функционира ограничувањето на цената на тој енергенс. Повеќето земји бараат таква мерка, додека некои, вклучително и Германија и Холандија, остануваат скептични. Нацрт-законот претставен во вторникот предвидува можност за ограничување на големопродажните цени само како последно средство. Лидерите на ЕУ, исто така, се очекува да разговараат за тоа како да се финансираат потенцијалните мерки за цената на гасот и пакети за помош за олеснување на домаќинствата и бизнисите поради високите трошоци за енергија. Некои европски комесари и земји-членки, вклучително и Италија, сакаат да се справат со енергетската криза со слични мерки како што беа воведени за време на кризата со Ковид-19, кога земјите од ЕУ колективно позајмуваа пари. Освен цените на енергијата, лидерите на ЕУ, исто така, се очекува да разговараат за поддршката за Украина по смртоносниот бран руски ракетни и беспилотни напади. Во мај, комисијата предложи обезбедување грантови и заеми од 9 милијарди евра за Украина за да продолжи да функционира нејзината цивилна администрација. Досега се исплатени само 3 милијарди евра, што доведе до повици за подобрување на начинот на кој земјата разорена од војна добива помош од блокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-na-sredba-vo-brisel-za-da-razgovaraat-za-izlez-od-energetskata-kriza/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ нуди 5 конкретни мерки за справување со енеретската и економска криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nudi-5-konkretni-merki-za-spravuvanje-so-eneretskata-i-ekonomska-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nudi-5-konkretni-merki-za-spravuvanje-so-eneretskata-i-ekonomska-kriza/#respond Tue, 11 Oct 2022 07:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=743767

ВМРО-ДПМНЕ во услови на тешка економска и енергетска криза нуди решенија кои треба да го спречат тонењето на стандардот на граѓаните и економскиот колапс. Од партијата велат дека бидејќи енергетската криза предизвикува тешка социјална и економска состојба во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет мерки кои директно ќе се однесуваат на суштината на проблемите, а не како мерките на владата кои се само гол маркетиншки трик без позначаен ефект. Пакетот од 5 конкретни мерки кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е следниот:
1. Вишоците на произведена струја кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ. 2. Дополнително, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, половина од разликата да ја преземе државата. 3. За граѓаните да се предвиди Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да се заштити стандардот на граѓаните. 4. Одложување на скалестото оданочување кое го планира власта бидејќи тоа ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите. 5. Исто така предлагаме да се дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка, што би значело средства на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани .
- Владата треба овие предлози да ги разгледа сериозно. Нивната досегашна политика наместо да ги решава проблемите на македонските граѓани и македонската економија, само ги продлабочуваше. Заради лошите и ненавремени мерки Македонија тоне во сиромаштија. Македонија има една од највисоките стапки на инфлација која достигна 18,7%, а цените на основните прехранбени производи поскапеа од 50 до 100%. Во исто време домаќинствата и стопанството плаќаат најскапа струја споредено во земјите од регионот. Веќе почна масовно затворање на индустриски капацитети, а само за една и пол година затворени се над 12 илјади компании. Неколку илјади компании веќе имаат сериозен проблем да исплатат на време плата, што остава без сигурност илјадници други семејства, се појаснува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ посочува дела е време власта предводена од Ковачевски да се вразуми и да прфати предлози што значат спасување на стандардот на граѓаните и македонската економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nudi-5-konkretni-merki-za-spravuvanje-so-eneretskata-i-ekonomska-kriza/feed/ 0