енергетска кризна состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Sep 2022 05:16:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png енергетска кризна состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одлуката за продолжување на кризна состојба во енергетиката пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata-pred-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata-pred-pratenicite/#respond Thu, 22 Sep 2022 05:16:03 +0000 https://kurir.mk/?p=735949

Одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката е ставена на дневен ред на денешната 86. собраниска седница. Според владиниот предлог, кризната состојба на територија на цела држава треба да биде продолжена до 30 април следната година. За Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката вчера расправаше собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, прогласувањето на кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со енергетската криза. – Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата, рече Битиќи на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Во случај Собранието да одлучи дека не треба да се продолжи кризната состојба, посочи Битиќи, можноста навремено да се интервенира, ќе биде невозможна. Опозицијата обвини дека Владата не носи соодветни и навремени мерки за справување со кризата, а министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на ваквите обвинувања ги повика пратениците од опозицијата да излезат со конкретни мерки за надминување на кризата. Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владина седница на 13 септември, а ако го помине собранискиот филтер, треба да почне да се применува од 1 октомври. На денешната седница пратениците треба да расправаат и за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. На дневен ред се и Предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-za-prodolzuvanje-na-krizna-sostojba-vo-energetikata-pred-pratenicite/feed/ 0
Мицкоски: Власта бара прогласување на нова енергетската криза за да може да краде и да склучува тендери во 4 очи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mickoski-vlasta-bara-proglasuvanje-na-nova-energetskata-kriza-za-da-moze-da-krade-i-da-skluchuva-tenderi-vo-4-ochi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mickoski-vlasta-bara-proglasuvanje-na-nova-energetskata-kriza-za-da-moze-da-krade-i-da-skluchuva-tenderi-vo-4-ochi/#respond Sun, 24 Jul 2022 12:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=709537

Власта бара прогласување на нова условно кажано криза поврзана со енергетската криза за да може да краде и да склучува тендери во 4 очи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан на Демократски сили на Ромите, одговорајќи на новинарско прашање, потенцирајќи дека постојат индиции за милионски криминал во јавно претпријатие, токму од такви тендери во 4 очи. - Енергетската криза и справувањето со нејзе повеќе наликува на народната со штурецот кој си свиркал и кога дошло времето само останал гладен и не се подготвил за зимата Така и власта како штурецот и се обидува на мала врате да протне состојба на енергетска криза за да може повторно да си склучува договори во 4 очи и да краде. Таков еден пример ни се случува изминативе 4 години со тендерот кој беше во 4 очи, а тоа е набавка на битумен за едно јавно претпријатие, каде што цистерната според пресметката која што комисиите во партијата ја направија чини фантастични близу 12.000 евра, а пред неколку недели сами ЈП Улици и патишта во Скопје сличен таков материјал набави за 11.000 евра помалку односно 1.200 евра, рече Мицкоски. Тој посочи дека затоа се бараа оваа кризна состојба за да можат во 4 очи да купуваат електрична енергија, мазут да се носи по регионот и да се нудат проценти, и додаде дека тој е против, односно од партијата прво ќе се побара власта да одговори каде се потрошија прво парите под превез на енергетска криза, па потоа да се бара прогласување на нова. - Јас сум против енергетската кризна состојба и ќе отворам внатрепартиска дебата и ќе разговарам и со пратеничката група. Најпрвин да видиме каде отидоа парите на граѓаните во изминатиов период, под превезот на енергетска криза. Да видиме колку тендери се потпишани во 4 очи, колку пари отидоа за ископ во РЕК Битола, колку пари отидоа за мазут во Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино, колку пари отидоа за поддршка на ликвидноста на поранешно ЕЛЕМ, за да набавува електрична енергија. Прво да се види каде отидоа народните пари, а потоа да зборуваме за поддршка за следната условно кажано кризна состојба, истакна Мицкоски. Мицкоски нагласи дека постојат индиции за криминал, односно дека 11.000 евра по цистерна за битумен е разликата помеѓу едно и друго јавно претпријатие. - Едното е ЈП Улици и патишта другото е Македонија пат, каде е директор оној поранешен пратеник од СДСМ од скопска населба. Отприлика околу 11.000 евра е разлика по цистерна, односно криминалот е 3-4 милиони евра, имаме основано сомнение за тоа, потенцираше Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mickoski-vlasta-bara-proglasuvanje-na-nova-energetskata-kriza-za-da-moze-da-krade-i-da-skluchuva-tenderi-vo-4-ochi/feed/ 0
Ситуацијата е сериозна и алармантна: Од наредниот месец се планира прогласување кризна состојба, ќе имаме најтешка енергетска зима https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/situacijata-e-seriozna-i-alarmantna-od-naredniot-mesec-se-planira-proglasuvanje-krizna-sostojba-kje-imame-najteshka-energetska-zima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/situacijata-e-seriozna-i-alarmantna-od-naredniot-mesec-se-planira-proglasuvanje-krizna-sostojba-kje-imame-najteshka-energetska-zima/#respond Sat, 23 Jul 2022 07:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=709180

На земјава и претстои енергетски најтешката зима. Надлежните најавуваат дека идниот месец се планира прогласување кризна состојба, но рестрикции не се очекуваат. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера рече дека третиот блок на РЕК Битола ќе биде ставен во функција на 1 октомври, наместо на 15 ноември како што првично било планирано и за тоа се направени сите подготовки, на РЕК Осломеј ќе му се направат потребните ремонти за од септември да биде во функција, а следната недела ќе биде ставена во функција и една постројка во ТЕЦ Неготино. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), пак, обезбеди 100 милиони евра со кои АД ЕСМ ќе може да купува јаглен и мазут. Според Бектеши, се прават напори ЕСМ да ги обезбеди сите потреби на домаќинствата и на 67-те илјади микро и мали компании, кои се на регулираниот пазар. Малите и микро компаниите на некој начин се субвенционирани од државата и за нив цената на електричната енергија се движи од 205 до 210 евра за мегават час што е двојно пониско од пазарната. Само 4 500 компании се на слободниот пазар од кои повеќето имаат договори за набавка на електрична енергија со пониски цени од пазарната. Моментно, цената на електричната енергија на берзата ХУПЕКС е околу 420 евра за мегават час или речиси 10 пати повисока во споредба со цената од 48 евра за мегават час што ја нуди ЕСМ за домаќинствата, но се очекува зимава да биде и околу 500 евра за мегават час. – Ќе ја имаме најтешката зима. Ситуацијата е сериозна и непредвидлива и не зависи само од нашата земја и од државите во регионот, туку зависи и од начинот како ќе се одвива војната во Украина. Планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика и во август да прогласиме кризна состојба. Комисијата предвидува различни мерки, вклучувајќи ги и рестрикциите, но ако се се одвива согласно планот и во случај да нема забрана на увоз на електрична енергија како што сме имале во одредени периоди во минатото од страна на Бугарија, не верувам дека би имало рестрикции во нашата држава, истакна Бектеши на средба со новинарите. Државата ќе ги разгледа и опциите да му се помогне на бизнисот. Министерот рече дека ќе има средба со Стопанската комора. Можно е, како што напомена, активирање и на втората постројка во ТЕЦ Неготино од околу 90 мегавати која ќе работи само за потребите на индустријата. Зголемен е и ископот на домашните капацитети за јаглен, а потпишани се и договори за континуирано снабдување со јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј со фирми од Грција и Албанија. Се очекува тоа да се направи и со фирма од Косово. Капацитетот на акумулациите е на ниво од 50 отсто што е за 20 отсто повисоко од лани, а хидро потенцијалите од почетокот на годинава се користат само за балансирање на системот и системски усогласувања, но не и за производство на електрична енергија. Се планира тоа да се прави до ноември со цел да се зачуваат капацитетите за зимата. Ќе ги следиме препораките од ЕК за плаќањето на рускиот гас Во однос на природниот гас, се прават напори за обезбедување не само од „Газпром“, туку и од друг извор, но тоа, потенцира Бектеши, зависи од ослободувањето на капацитетите во Бугарија и од договорот што го има „Булгар трансгас“ со „Газпром“ за закупување на сите капацитети до 2030 година. – Ако тие капацитети се ослободат од страна на „Булгар трансгас“, ние сме подготвени да се снабдуваме со природен гас од други извори, вклучувајќи ги Азербејџан, но и од енергетските терминали, било тоа во Грција, било тоа во Турција, истакна Бектеши. Земјава во моментов е 100 проценти зависна од руски природен гас кој го набавува преку гасоводот со Бугарија каде до 2030 година руски „Газпром“ ги има закупено сите капацитети за транспорт до нашата граница. Народната банка, пак, веќе ја стави рубљата на курсната листа со што постои можност за плаќање на гасот со руската валута. – Како држава, нашата намера е целосно да се интегрираме и да станеме членка на ЕУ. Затоа ги следиме западните политики, а ќе ги следиме и сите препораки за плаќањето на рускиот природен гас. Моментно, гасот не го плаќаме во рубљи, но доколку инсистира Русија, а Европската комисија има одлука да не се плаќа во рубљи и ние нема да го правиме тоа, нагласи министерот на средбата со новинарите. Шест членки на ЕУ против предлогот на Еврокомисијата за штедење гас Европската комисија во средата предложи нова регулатива за штедење на гас која треба да ги натера, прво доброволно, а потоа и на сила, земјите на ЕУ да ја намалат домашната потрошувачка за 15 отсто до идната пролет, со цел осамостојување од рускиот гас. Предлогот на Еврокомисијата ќе биде предмет на дебата идната недела на Советот на министри за енергија на ЕУ и за негово усвојување е потребно квалификувано мнозинство – односно поддршка од 15 земји членки кои застапуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на Унијата, но досега шест земји – Унгарија, Полска, Шпанија, Грција, Кипар и Португалија – веќе најавија дека нема да го прифатат планот. Противниците на планот сметаат дека тој и оди во корист главно на Германија, која се наоѓа во тешка ситуација со гасот поради укинувањето на проектот Северен поток 2, а предлогот на Европската Комисија налага солидарност и споделување на гасот меѓу земјите членки. Во услови и кога „Газпром“ ги намали испораките на гас, еден од најголемите увозници на гас во Германија, „Унипер“ се најде во незавидна позиција бидејќи мораше да ги надомести количините што недостасуваат со купување на енергенсот од други извори на пазарот, по многу поголеми цени. Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека државата ќе го спаси „Унипер“, преку кој доаѓа околу 60 отсто од увозот на гас во Германија и која со енергенсот снабдува бројни градски електрани, регионални оператори, како и индустријата. – Се договоривме за решение, што предвидува да влеземе во сопственичката структура со учество од 30 отсто. Ќе ги купиме акциите по вредност од 1,70 евра, што е под цената на пазарот. На располагање ќе ставиме хибридни обврзници во вкупна вредност до 7,7 милијарди евра, појасни германскиот канцелар. Сепак, пакетот за спас на „Унипер“ мора да го прифати и Европската комисија, па дури потоа Германија ќе може да ги спроведе сите планирани мерки. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/situacijata-e-seriozna-i-alarmantna-od-naredniot-mesec-se-planira-proglasuvanje-krizna-sostojba-kje-imame-najteshka-energetska-zima/feed/ 0
Владата ќе прогласи енергетска кризна состојба во август https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-proglasi-energetska-krizna-sostojba-vo-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-proglasi-energetska-krizna-sostojba-vo-avgust/#respond Fri, 22 Jul 2022 13:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=708973

Владата во август повторно ќе прогласи енергетска кризна состојба – потврди министерот за економија Крешник Бектеши. Ова ќе се направи за државните електрани да можат со 100-те милиони евра од ЕБОР за купат струја, мазут и јаглен и да ги задоволат потребите на граѓаните. Планот е сите 3 блока во РЕК Битола да бидат во функција од октомври, да работат и Осломеј и ТЕЦ Неготино и да има доволно гас и мазут за топланите, особено бидејќи ЕСМ најверојатно ќе го преземе парно греењето во Скопје. Бектеши алармира дека зимата ќе биде претешка, а цените на енергенсите непредвидливи. Се разгледувала и опцијата за рестрикции за струја за администрацијата. До тоа сепак, не би требало да дојде, освен ако некоја соседна земја не го забрани извозот на струја. За опасноста рускиот гас да секне и за Македонија, рече дека земјава во никој случај нема да плаќа во рубљи, а со писмо до Бугарија се правеле напори да се убеди Газпром да ги ослободи цевководите и за гас од други држави. - Правиме напори да обезбедиме природен гас од друг извор, освен од Газпром, но тоа зависи од ослободувањето на капацитетите во Бугарија и договорот што го има Булгартрансгас со Газпром за закупување на сите капацитети до 2030 година. Ако тие капацитети се ослободат од страна на Булгартрансгас ние сме подготвени да се снабдуваме со природен гас од други извори, вклучувајќи ги Азербејџан, но и енерџи терминалите, било тоа во Грција, било тоа во Турција, рече Бектеши. - Само 4.500 компании се на слободниот пазар од кои повеќето имаат договори за набавка на електрична енергија со пониски цени од пазарната. Сепак ќе се сретнам со Стопанската комора за да видиме што може да се направи за да им помогнеме, рече Бектеши. Првиот човек на Стопанската комора алармираше дека бизнисите се пред колапс и дека поради превисоката цена на струјата многу компании се пред затворање. Веќе имало најави дека некои од нив ќе почнат да го намалуваат производството, а во краен случај, ако државата не помогне, ќе стават клуч на врата и ќе ги отпуштат вработените. Велат на компаниите во другите земји им е полесно бидејќи имаат каква-таква субвенционирана цена на струјата и тоа од домашно производство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-proglasi-energetska-krizna-sostojba-vo-avgust/feed/ 0