енергетски остров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 Feb 2021 08:14:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png енергетски остров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Данска гради прв енергетски остров https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-gradi-prv-energetski-ostrov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-gradi-prv-energetski-ostrov/#respond Fri, 05 Feb 2021 08:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=464486

Данска одобри план за изградба на првиот енергетски остров во светот, во Северното Море, кој ќе произведува и складира доволно зелена енергија за потребите на три милиони европски домаќинства за електрична енергија. Вештачкиот остров, со големина од 18 фудбалски игралишта, ќе биде поврзан со стотици турбини на ветер и ќе обезбеди енергија и за домаќинствата и за индустријата. Тој ќе биде поврзан со повеќе европски земји. Планот доаѓа паралелно со најавата за амбицијата на Европската унија за трансформација на електроенергетскиот систем, кој во рок од десет години треба да се потпира на обновлива енергија и зајакнување на капацитетот на ветерните електрани. – Ова е голем момент за Данска и глобалната зелена транзиција, рече данскиот министер за енергетика Дан Јоргенсен. – Енергетскиот јазол во Северното Море ќе биде најголемиот градежен проект во данската историја, додаде тој и додаде дека изградбата на островот ќе чини речиси 34 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-gradi-prv-energetski-ostrov/feed/ 0