енергетски пијалоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Oct 2021 11:44:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png енергетски пијалоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали бремените жени треба да пијат енергетски пијалаци ? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-bremenite-zeni-treba-da-pijat-energetski-pijalaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-bremenite-zeni-treba-da-pijat-energetski-pijalaci/#respond Tue, 19 Oct 2021 11:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=581969

Енергетските пијалаци се популарни затоа што, како што се верува – ја зајакнуваат концентрацијата. Сепак, бремените жени и доилките не треба да ги пијат овие напитоци, поради можни негативни последици, пишува „Веривел фемили“ (Verywell Family). Кај трудницата, плацентата што расте во матката го снабдува бебето со храна и кислород преку папочната врвца. Хранливите материи што ги внесувате – сите „се пренесуваат“ на бебето, вклучувајќи ги и состојките во енергетските пијалоци. Некои истражувања со животни откриваат негативни влијанија по редовното пиење енергетските пијалаци. Имено, кај бремени глувци кои внесувале мали количини енергетски пијалак дневно, било откриено дека новородените глувчиња имале оксидативен стрес, повреди на ткивата, вознемиреност и промени во однесувањето. Заклучокот вели дека ова е сериозен здравствен проблем што заслужува внимание. Д-р Емили Мичел, нутриционист од Центарот за претпородилна медицина во Лос Анџелес, САД, смета дека енергетските пијалаци не се препорачуваат, пред сѐ, бидејќи содржат високо ниво кофеин. – Администрацијата за храна и лекови не ги регулира овие пијалаци бидејќи спаѓаат во категоријата додатоци во исхраната. Овие додатоци не се регулирани и може да содржат состојки кои не се наведени на пакувањето. Тие, исто така, може да содржат таурин, карнитин, инозитол, гинко и брадово млеко, за кои не е утврдено дали се безбедни за бремени жени. Женшен – друга состојка којашто често се содржи во овие производи, исто така може да има негативни последици, вели д-р Мичел. Истражувачите, така, препорачуваат строго воздржување од енергетски напивки во бременоста. Всушност, и на самата етикета обично пишува: Не се препорачува за деца, лица чувствителни на кофеин, бремени жени или доилки. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-bremenite-zeni-treba-da-pijat-energetski-pijalaci/feed/ 0
Треба ли на младите да им се забранат енергетските пијалоци? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/treba-li-na-mladite-da-im-se-zabranat-energetskite-pijaloci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/treba-li-na-mladite-da-im-se-zabranat-energetskite-pijaloci/#respond Thu, 01 Aug 2019 18:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=225571

Популарноста на енергетските напитоци е голема, посебно меѓу младите. Кофеинот што го содржат овие напитоци е најчесто користена психоактивна дрога која го стимулира централниот нервен систем. Токму затоа Здравствените работници ги предупредуваат родителите да ги држат своите деца што подалеку од енергетските напитоци кои содржат високо ниво на кофеин. Пред помалку од месец, британската влада иницираше забрана за продажба на енергетски напитоци на лица помлади од 16 години. Претседателот на британскиот Кралски институт за педијатрија и здравје на децата Расел Винер истакнува дека малку се знае за тоа во која мера е безбедна консумацијата на енергетските пијалоци кога станува збор за млад организам. Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/treba-li-na-mladite-da-im-se-zabranat-energetskite-pijaloci/feed/ 0
Британските власти планираат да ги забранат енергетските пијалоци на деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-vlasti-planiraat-da-gi-zabranat-energetskite-pijaloci-na-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-vlasti-planiraat-da-gi-zabranat-energetskite-pijaloci-na-deca/#respond Thu, 30 Aug 2018 09:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=94086

Британската Влада има намера да ја забрани продажбата на енергетски напитоци на деца и тинејџери во Англија и најави јавна дебата по тоа прашање. Властите предлагаат да бидат забранети пијалоците кои содржат над 150 милиграми кофеин на еден литар, како на пример - „Редбул", „Монстер" и „Рилентлес". Се смета дека тие кај децата причинуваат главоболки, болки во стомакот, несоница и хиперактивност. Јавната дебата ќе биде околу тоа дали забраната да се примени на лица под 16 или под 18 години. Забраната би се однесувала само за Англија, бидејќи останатите земји во Обединетото Кралство самостојно одлучуваат дали ќе воведат таква забрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-vlasti-planiraat-da-gi-zabranat-energetskite-pijaloci-na-deca/feed/ 0