енергија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Mar 2023 15:38:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png енергија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИЗБРКАЈТЕ ЈА НЕГАТИВНАТА ЕНЕРГИЈА: Три работи што треба да ги направите на почетокот на пролетта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbrkajte-ja-negativnata-energija-tri-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-na-pochetokot-na-proletta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbrkajte-ja-negativnata-energija-tri-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-na-pochetokot-na-proletta/#respond Fri, 24 Mar 2023 15:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=815719

Влезете во најубавата сезона среќни и исполнети. Општото пролетно чистење е задолжително во секој дом. Тоа е периодот кога го чистиме просторот од нередот, го освежуваме домот, го правиме поотворен и посветол – во новата сезона влегуваме со нова енергија во домот. Кога домот е чист и уреден, ние исто така се чувствуваме подобро и посреќно во нашиот простор. Ви откриваме кои 3 работи треба да ги исчистите/отфрлите од вашиот дом пред пролетта: Ослободување од нередот За фенг шуи, нередот е најлошиот непријател бидејќи ја задржува лошата и стагнантна енергија, го блокира протокот на здрава енергија и на ист начин влијае на животите на оние кои живеат во неред. Нередот може да го зголеми депресивното расположение, заморот и стресот. Ова е причината зошто треба да се ослободите од нередот. Ова значи ослободување од ѓубрето внатре и надвор од куќата или станот, средување и бојадисување на ѕидовите, грижа за градината, тревникот итн. Вашата одговорност е многу подалеку од ѕидовите. Затоа е важно да внимавате на уредувањето на вашата околина доколку живеете во куќа. Физичкиот неред исто така не е добар. Прашината, пајажината, премногу предмети, работите од полиците и плакарите не ви прават услуга. Правилото на фенг шуи е јасно: фрлете, подарете или продадете сè што не сте користеле во последните шест месеци. Организирајте ги плакарите и полиците. Чистење на емоционалното ѓубре Ова е веројатно најтешкиот чекор во процесот на чистење, но во исто време и најважниот. Неискажани работи, нерешени односи, наоѓање маана кај другите, емоционална манипулација итн. Единствената личност што можеме да ја промениме сме ние самите. Решете ги несогласувањата, најдете компромиси, преземете одговорност за вашите постапки и последици, простете, отплатете ги долговите, расчистете со старите пријатели, побарајте прошка. Тоа ќе ви даде мир на умот и ќе ви овозможи да продолжите понатаму. Отстранете ги сите негативни работи што ве опкружуваат За подобро здравје, ослободете се од работите кои го блокираат протокот на вашата енергија во кујната, на кујнските елементи и во фрижидерот. Не правете го ова со хемикалии, туку со природни средства за чистење (користете домашни препарати како оцет, лимон, сода бикарбона итн.). Темелно исчистете ги и отстранете ги непотребните работи од спалната и бањата. Овде важи истото правило: она што не сте го користеле во последните шест месеци мора да исчезне. Исчистете ги прозорците, просторот под креветот, украсете ги собите во духот на пролетта. Внесете нови растенија во вашиот дом. Бујните и ароматични билки како рузмарин и нане можат да бидат убав додаток на вашата кујна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbrkajte-ja-negativnata-energija-tri-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-na-pochetokot-na-proletta/feed/ 0
Заштитете се: Како негативната енергија на другите да не влијае на вас? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zashtitete-se-kako-negativnata-energija-na-drugite-da-ne-vlijae-na-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zashtitete-se-kako-negativnata-energija-na-drugite-da-ne-vlijae-na-vas/#respond Sun, 19 Mar 2023 18:25:06 +0000 https://kurir.mk/?p=813869

Често се соочуваме со личности кои шират негативна енергија. Она чувство кога нивната емоционална состојба влијае на вас психички, па дури и физички. Но постојат неколку начини за да ја избегнете апсорпцијата на негативната енергија и да се поштедите самите себе. Престанете да им удоволувате на луѓето Не може на секого да се допаѓате. Не можете на секого да удоволите. Луѓето имаат различни мисли и желби, а вие не можете баш на сите да им ги исполните. Наместо тоа, сконцентрирајте се на себеси – што е она што вие сакате да го постигнете и работете на остварување на вашите цели. Бидете културни кон сите и имајте почит за сите, но прво ценете се себеси. Научете да кажете „НЕ“ Да бидете великодушни е одлична особина, но мора да постојат граници. Доколку тие граници се поминати, тогаш веќе се работи за злоупотреба. Поставете ги тие граници и почитувајте ги. Во спротивно, ќе чувствувате како некој постојано да ве користи. Вие одлучувате. Не хранете го „ѕверот“ Доколку не ги почитувате горенаведените совети, постојано вие ќе бидете жртвата на нечиво некоректно однесување. Тоа ќе доведе до немање доволно енергија и истрошеност. Добро е да сослушате и да се обидете да помогнете, доколку сте во можност, но не на луѓе кои вашето внимание го користат за да ја задоволат својата потреба за постојано внимание. Не е ваша задача да ги решавате туѓите проблеми, особено ако тие самите немаат волја да ги решат. Вратете ѝ се на природата Понекогаш ни треба одмор од се и секого. Не ја занемарувајте моќта на природата. Бегство во природниот свет позитивно ќе влијае на вашата психичка состојба, а и ќе си го добиете заслужениот одмор и ќе си ги наполните батериите. Дозволете звуците на природата да ги заменат звуците на хаосот од модерното живеење. Запомнете кој е одговорен за вас самите Вие сте единствените кои можете да кажете како се чувствувате. Вие сте комплетно одговорни за влијанието на емоциите и мислите врз вашата генерална состојба. Кога ќе научите да не се грижите за работи над кои немате моќ и ќе си ја ставите сопствената среќа на прво место, ќе и дозволите на позитивната енергија да завладее со вас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zashtitete-se-kako-negativnata-energija-na-drugite-da-ne-vlijae-na-vas/feed/ 0
ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-energija-za-11-7-otsto-do-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-energija-za-11-7-otsto-do-2030-godina/#respond Fri, 10 Mar 2023 09:31:01 +0000 https://kurir.mk/?p=810339

Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ. Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе биде 993 милиони тони нафтен еквивалент, се наведува во соопштението. Границата за крајна потрошувачка ќе биде обврзувачка за земјите членки на ЕУ, додека границата за примарна потрошувачка ќе биде индикативна, додаваат од Советот на Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-energija-za-11-7-otsto-do-2030-godina/feed/ 0
Користењето енергија од отпад создава можности за развој и намалување на емисиите на јагленрод диоксид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koristenjeto-energija-od-otpad-sozdava-moznosti-za-razvoj-i-namaluvanje-na-emisiite-na-jaglenrod-dioksid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koristenjeto-energija-od-otpad-sozdava-moznosti-za-razvoj-i-namaluvanje-na-emisiite-na-jaglenrod-dioksid/#respond Thu, 24 Nov 2022 14:35:13 +0000 https://kurir.mk/?p=765955

Создавање на систем за одржливо управување со отпад ќе донесе низа придобивки во општествтово, како што е крерање на нови работни места и создавање енергија од отпад преку алтернативни горива што е од исклучително значење во актуелната енергетска криза. Покрај тоа, преку организиран систем за управување со отпад се создаваат можности за рециклирање и почиста животна средина. Во земјата има огромен потенцијал за развој во овој правец, за што е неопходно подобрување на состојбите со отпадот во земјава и креирање на нови можности, согласно достапните и веќе применети практики од областа. Ова се главните заклучоци од работилницата во организација на Македонската асоцијација за цврст отпад – МАСВА, што денес се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија на тема – „Одржливо управување со отпад“. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини се обрати пред присутните на работилницата и истакна: „Задоволство ми е да се обратам на овој собир на бизнис заедницата која делува во полето на заштитата на животнатa средина и управувањето со отпадот. Ако сакаме да се справиме со предизвикот за ефикасно управување со отпад, што всушност е целта на оваа работилница и на многу други слични настани кои се организирани во регионот, мора итно да дадеме одговори нa клучните теми од оваа област. Владата на Република Северна Македонија е целосно посветена на обезбедување активен придонесес кон исполнување на глобално поставените цели за одржливост, преку поставување стратешки цели и дејствување на национално ниво. Се надевам дека оваа работилница ќе придонесе за зајакнување на секторот за управување со отпад во Северна Македонија, отпочнување мерки за подобрување на состојбата и охрабрување на сите засегнати страни“. Еден од нашите главните приоритети е унапредување на третманот на отпадот во земјава. При носење на решенија поврзани со оваа исклучително значајна област имаме предвид два аспекта, а тоа се создавање одржлив систем кој ќе понуди соодветни решенија за унапредување на животната средина и искористување на можностите за поголем економски развој што ги нуди овој сектор. Оттука, продолжуваме да носиме конретни решенија кои ќе ги унапредат состојбите во овој сектор во насока на креирање на одржлив развој. Работилницата „Одржливо управување со отпад“ беше поделена на два панела. Првиот панел беше посветен на темата „Воспоставување на депозит систем за отпад од пакување“. Претседателот на МАСВА м-р. Михаил Матески, кој го модерираше овој настан истакна: „Постојат веќе добро разработени модели на депозитни системи кои овозможуваат преку 90% степен на собирање отпад од пакување и најчиста суровина за рециклажа и искористување за повторно производство на пакување, додека граганите имаат финансиска мотивација да ги вракаат искористените пакувања. Истовремено се чува од загадување животната средина и се намалува потрошувачката на енергенти во процесот на производство на нови пакувања. Мораме да направиме напори за воспоставување ваков систем кој ќе овозможи овие придобивки да станат правило, а не исклучок, како што е сега“. Покрај Матески, во рамките на овој панел зборуваше и м-р Ана Мазневска Каранфилова, раководител на секторот за отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, која ја презентираше законската рамка, а се осврна и на состојбите во земјава и главните предизвици од аспект на регулативата и нејзината примена. Дел од панелот беше и д-р. Филип Ивановски, директор на Пакомак, кој го сподели досегашното искуство на оваа компанија, успешните примери на селектирање со повратни вендинг машини, како и плановите за додатен развој на ваков систем на собирање отпад од пакување. Осврт на темата даде и Доинита Михаи, заменик претседател за односи со јавност на ЕЕС ТОМРА од Норвешка, претставувајки ги трендовите во управување со отпадот од пакување во ЕУ, каде повекето држави имаат воведено депозитен систем или се во процес на воведување, како мерка за постигнување на националните цели за рециклажа и спроведување на циркуларна економија. „Енергија од отпад“ беше темата на вториот панел, тема која е исклучително актуелна во услови на енергетска криза. „Користењето на алтернативни горива добиени од преработки на отпад е веќе широко применета пракса во земјите од Европската Унија. Овој модел обезбедува трајно решение на проблемот со отпадот и економичен енергенс кој придонесува за поголема декарбонизација односно намалувње на емисиите на јагленрод диоксид. Затоа треба да работиме на овој потенцијал кои отвора многу нови можности“, истакна Наташа Бакреска менаџер за животна средина и алтернативни горива во УСЈЕ, модератор на овој панел во рамките на работилницата. За искуствата и придобивките од користење на одредени алтернативни горива во земјава зборуваше Андри Хафинетс, извршен директор на Гентерм. Магдалена Михајлоска, експерт за комуникации во агенцијата од односи со јавност Имиџ ПР, истакна дека за поголем прогрес и воспоставување на одржливи системи кои ќе овозможат искористување на енергија од отпад неопходна е континуирана едукација и информирање на јавноста, но и нејзино активно вклучување во процесот, за да може да се создаде одржлив систем кој ќе креира бенефити за заедницата во целина. Според анализите во Европската унија, системот за управување со отпад и создавање на енергија од отпад во следните пет години ќе креира околу 500.000 нови работни места. Покрај тоа, ќе се постигне и намалување на емисиите на CO2, што е една од целите на Парискиот договор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koristenjeto-energija-od-otpad-sozdava-moznosti-za-razvoj-i-namaluvanje-na-emisiite-na-jaglenrod-dioksid/feed/ 0
ЕСА планира да одобри тригодишна студија за пренос на енергија од вселената на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/#respond Tue, 22 Nov 2022 09:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=764624

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира во текот на оваа недела да одобри тригодишна студија за да утврди дали големите соларни фарми во вселената можат да бидат функционални и исплатливи на Земјата. Во следните три години, откако ќе биде прифатен планот, „вселенските газди“ ќе истражуваат како безжично да пренесуваат електрична енергија од вселената до милиони домови на планетата Земја. Крајната цел е да има гигантски сателити во орбитата, секој од нив способен да произведе иста количина на електрична енергија како електрана. Инаку, станува збор за иницијатива наречена Соларис, која доколку биде усвоена од ЕСА, би била првата што ќе ги постави основите за практичен план за развој на вселенски систем за производство на обновлива енергија. Жозеф Ашбахер, кој е генерален директор на ЕСА, за Би-Би-Си изјави дека верува дека сончевата енергија од вселената може да биде од „огромна“ помош во решавањето на идниот недостиг на енергија. Тој ја нагласи потребата од намалување на фосилните горива, наведувајќи дека верува оти е можно во вселената да се произведува електрична енергија за домаќинствата на Земјата. Сончевата енергија може многу поефикасно да се собира во вселената бидејќи нема ниту ноќ, ниту облаци. Идејата постои повеќе од 50 години, но беше премногу тешка и премногу скапа за спроведување. До сега. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esa-planira-da-odobri-trigodishna-studija-za-prenos-na-energija-od-vselenata-na-zemjata/feed/ 0
Европската вселенска агенција предлага безжичен пренос на енергија од вселената https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/evropskata-vselenska-agencija-predlaga-bezzichen-prenos-na-energija-od-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/evropskata-vselenska-agencija-predlaga-bezzichen-prenos-na-energija-od-vselenata/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=759019

Европската вселенска агенција планира да ги истражува технологиите потребни за на Земјата да донесеме сончева енергија од вселената преку програмата наречена SOLARIS. Една таква технологија – безжичен пренос на енергија – неодамна беше демонтрирана во Холандија пред публика составена од носители на одлуки од германски компании и од владата. Демонстрацијата беше одржана во фабриката на Airbus за иновации X-Works во Минхен. Користејќи микробраново емитување зелената енергија беше пренесувана меѓу две точки кои ги претставуваа Земјата и вселената на оддалеченост од 36 метри. Примената енергија била користена за осветлување на макети од градот, производство на чист водород со разложување на водата и дури и за производство на првото безжично изладено пиво со 0% алкохол во фрижидер пред да се послужи на публиката. За работната верзија на вселенскиот соларен енергетски систем, сателити за соларна енергија во геостационарна орбита би собирале сончева светлина постојано 24 часа дневно, 7 дена во неделата, а потоа би ја претворале во микробранови со ниска густина за безбедно да се емитуваат до приемни станици на Земјата. Тоа значи дека сатеилитите би морале да бидат големи, со димензии од неколку километри, за да генерираат енергија колку една типична нуклеарна електрана, а истот важи и за антените на површината на Земјата. За да се постигне оваа визија потребен е технички напредок во повеќе области, како што е производството во вселената и роботската монтажа, евтините фотонапонски системи со голема ефикасност, електрониката со голема моќност и формирање на радиофреквенциски снопови. Исто така, ќе се направат понатамошни истражувања за да се потврди дека микробрановите немаат негативно влијание на здравјето на луѓето и на животните, како и дека се компатибилни со авионите и сателитите. Проектот SOLARIS ќе биде предложен пред европското собрание на министри надлежни за прашања за вселената на 22 и 23 декември. Идејата е на земјите-членки да им се овозможи да донесат одлука за идна имплементација на вселенската соларна енергија како нов извор на чиста енергија која ги надополнува постојните обновливи системи за собирање енергија и на Европа да и се помогне да достигне нето нула емисија на гасови до средината на овој век.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/evropskata-vselenska-agencija-predlaga-bezzichen-prenos-na-energija-od-vselenata/feed/ 0
Германците добија предупредување дека трошат повеќе енергија отколку што треба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germancite-dobija-predupreduvanje-deka-troshat-povekje-energija-otkolku-shto-treba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germancite-dobija-predupreduvanje-deka-troshat-povekje-energija-otkolku-shto-treba/#respond Thu, 06 Oct 2022 14:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=742012

Германската мрежна агенција денеска предупреди на прекумерна потрошувачка на гас и укажа на можните последици за резервите на гас во текот на зимата. „Ситуацијата може да стане многу сериозна доколку значително не ја намалиме потрошувачката на гас“, изјави директорот на Федералната мрежна агенција, Клаус Милер. Домаќинствата и претпријатијата минатата недела потрошиле вкупно 618 гигават часови енергија, што е за 10 отсто повеќе од просекот за тој период од годината. „Без значителни заштеди во приватниот, занаетчискиот и индустрискиот сектор, на ниво од најмалку 20 отсто, ќе биде тешко да се избегне недостигот на гас во текот на зимата“, рече Милер. Домаќинствата и занаетчискиот сектор трошат околу 40 отсто од гасот, а останатиот дел отпаѓа на индустријата. Истовремено, министерот за економија и енергетика Роберт Хабек тврди дека до крајот на месецот резервоарите за гас во Германија ќе се полнат со планираниот капацитет од 95 проценти. Тој укажа и на забрзаната изградба на инфраструктура за увоз на течен гас и нови терминали кои се градат на Балтикот и Северното Море. Но, и покрај тоа тој апелираше до граѓаните да штедат енергија. „Во споредба со минатата година, мораме да заштедиме 20 проценти од енергијата. Прерано е да се опуштиме“, рече Хабек. Зголемената потрошувачка на енергија во Германија е поврзана и со невообичаено ниските температури на крајот на септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germancite-dobija-predupreduvanje-deka-troshat-povekje-energija-otkolku-shto-treba/feed/ 0
Шолц: Германија ќе може да се соочи со зимата и со снабдувањето со енергенси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-kje-moze-da-se-soochi-so-zimata-i-so-snabduvanjeto-so-energensi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-kje-moze-da-se-soochi-so-zimata-i-so-snabduvanjeto-so-energensi/#respond Sun, 04 Sep 2022 13:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=728535

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија ќе може да се „соочи“ со претстојната зима и да обезбеди снабдување со енергија и покрај стопираната испорака на руски гас. – Русија не е сигурен снабдувач со енергија … Сојузната Влада од почетокот на годината се подготвува за таква можност, посочи Шолц. Тој додаде дека „благодарение на диверзификацијата на извори на снабдување и полнење на резервите на гас“, Германија сега е во позиција да се соочи со проблемот на продолжен прекин на испорака на руски гас преку гасоводот Северен поток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-germanija-kje-moze-da-se-soochi-so-zimata-i-so-snabduvanjeto-so-energensi/feed/ 0
Де Кро: Белгија ќе бара ограничување на цените на енергијата на ниво на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-kje-bara-ogranichuvanje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-kje-bara-ogranichuvanje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/#respond Tue, 30 Aug 2022 07:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=725818

Либералниот премиер на Белгија, Александер Де Кро, смета дека треба да се ограничат цените на енергијата во ЕУ и да се оданочат “надпрофитите“ на компаниите, јави дописничката на МИА од Брисел. Иако е спротивно на неговата идеолошка платформа, белгискиот премиер смета дека кризната состојба во енергијата бара вонредни мерки во пресрет на зимата за да се ублажи ценовниот шок за граѓаните, а тоа треба да се стори преку државна интервенција врз пазарот. Конкретно, премиерот на Белгија, Александер Де Кро, од редовите на Либералите, повика на директна интервенција врз пазарот како за време на финансиската криза во 2008 кога државите ги спасуваа банките. -Треба да заземеме контрола врз пазарот и да одредиме максимална цена која ние, како Европа, прифаќаме да ја платиме на пазарот, за гасот и за струјата, изјави премиерот. Тој посочи дека не смее да му се “дозволи на пазарот да ги пресуши семејствата и претпријатијата“. -Мораме да притиснеме пауза и да го разгледаме начинот на кој фунционираат нашите пазари, додаде Де Кро. Според него, исто така, се неприфатливи огромните профити кои ги влечат големите енергетски компании во време на криза и бара нивно оданочување, но Белгија смета дека ова треба да биде сторено на ниво на ЕУ, а не само на национално ниво. Иако веќе некои земји членки на ЕУ тоа го прават, како Италија. Де Кро изјави дека бара од неговите ЕУ партнери и другите земји во Европа да соработуваат во борбата за етаблирање европска рамка која ќе овозможи борба против тоа што тој го нарекува “надпрофит“, или преголем профит на компаниите во енергетскиот сектор. Тој смета дека државата треба да ги добие тие пари назад и да ги распредели за домаќинствата и малите и средни претпријатија кои се соочуваат со енергетската криза. Белгија во наредните недели и месеци ќе се соочува со отпор од страна на синдикатите кои најавија национален протест во септември и генерален штрајк во ноември поради покачувањето на цените]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-kje-bara-ogranichuvanje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/feed/ 0
Околу 120.000 бизниси во Италија се изложени на ризик од затворање поради пораст на цените на енергијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-120-000-biznisi-vo-italija-se-izlozeni-na-rizik-od-zatvoranje-poradi-porast-na-cenite-na-energijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-120-000-biznisi-vo-italija-se-izlozeni-na-rizik-od-zatvoranje-poradi-porast-na-cenite-na-energijata/#respond Fri, 26 Aug 2022 06:23:46 +0000 https://kurir.mk/?p=724154

Италијанската конфедерација на претприемачи – Конфкомерчо, соопшти дека околу 120.000 бизниси се изложени на ризик од затворање од сега до првата половина на следната година поради порастот на цените на енергијата како резултат на војната во Украина, и зголемената инфлација. Енергетската спирала и инфлацијата од над осум отсто, што се очекува дополнително да расте главно поради скокот на цените на суровините за енергија, „од сега до првите шест месеци од 2023 година загрозува околу 120.000 претпријатија од услужниот сектор“ , објави „Конфкомерчо“. Загрозени се околу 370.000 работни места, се вели во извештајот. Трошоците за енергија во услужниот сектор во 2022 година ќе изнесуваат 33 милијарди евра, што е трипати повеќе од 11 милијарди во 2021 година, се наведува и во соопштението. Зголемувањето беше повеќе од двојно од нивото од 2019 година од 14,9 милијарди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-120-000-biznisi-vo-italija-se-izlozeni-na-rizik-od-zatvoranje-poradi-porast-na-cenite-na-energijata/feed/ 0