енио мориконе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Nov 2020 12:03:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png енио мориконе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов албум на починатиот Енио Мориконе https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nov-album-na-pochinatiot-enio-morikone/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nov-album-na-pochinatiot-enio-morikone/#respond Fri, 06 Nov 2020 12:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=425833

Посмртен албум на италијанскиот композитор Енио Мориконе, беше претставен на Интернет. Колекцијата го носи насловот „Мориконе сегрето“ (Morricone Segreto). Мориконе почина во јули годинава. Албумот содржи 27 дела напишани од композиторот меѓу 1960-тите и 80-тите. Од нив, седум се досега необјавени, а има и помалку познати, иновативни и експериментални мелодии создадени од маестрото на филмската музика. „Секоја песна е полна со значење, смисла за хумор, интензивно оркестрирање и со немирниот дух на композиторот. Во ’Мориконе сегрето’ авторот се претставува во својата најсјајна и најпрепознатлива форма. Тоа е вечна музика“, се вели во соопштението. Според „Ла Република“, во вторник, на 10 ноември – роденденот на композиторот (кога би наполнил 92 години), колекцијата ќе биде издадена на ЦД и лонг-плеј плоча. Албумот ќе може да се слуша и симнува и на легалните интернет-платформи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nov-album-na-pochinatiot-enio-morikone/feed/ 0
„Охридско лето“: Славниот Мориконе ја круниса уметничката вредност на нашиот фестивал, вечно му благодариме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ohridsko-leto-slavniot-morikone-ja-krunisa-umetnichkata-vrednost-na-nashiot-festival-vechno-mu-blagodarime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ohridsko-leto-slavniot-morikone-ja-krunisa-umetnichkata-vrednost-na-nashiot-festival-vechno-mu-blagodarime/#respond Mon, 06 Jul 2020 11:40:07 +0000 https://kurir.mk/?p=369886

Незаборавното музичко доживување на Енио Мориконе, со чиј настап на Античкиот театар во Охрид беше отворено 49. „Охридско лето“,  ја круниса уметничката вредност на историјата на фестивалот. Вистинските уметнички вредности оставаат вечни траги кои ќе се паметат и по смртта. Огромна и вечна ќе биде благодарноста за придонесот на големото композиторско име, оскаровецот Енио Мориконе, во развојот и афирмацијата на оваа врвна светска културна манифестација, соопшти фестивалот „Охридско лето“ откако беше објавено дека денеска почина италијанскиот и светски познат композитор и диригент. Дирекцијата на нашата најголема музичко-сценска манифестација соопшти дека Античкиот театар беше претесен за сите што сакаа да уживаат во настапот на Мориконе пред 11 години кога, како што наведува во соопштението, „по секоја музичка целина следуваа гласни аплаузи и овации од гледачите што од почит кон композиторот застануваа на нозе и бараа уште музика“. Од сцената на Античкиот театар, додава Дирекцијата на фестивалот, „маестрално прозвучија 20-те филмски музички теми кои оскаровецот Мориконе ги создал во својата долга и богата композиторска кариера“. – Искрено жалиме што заминува уште еден голем уметник, кој со неговите дела остави неизбришливи траги во историјата на „Охридско лето“. Како диригент со повеќе од двесте уметници, хорот на Македонската опера и балет и филхармонискиот оркестар „Гјор“ од Унгарија, неговиот неповторлив настап на свеченото отворање во 2009 година се врежа во меморијата на бројни љубители на уметноста кои и ден-денес се присетуваат на двочасовната филмска приказна, во која имаше композиции од повеќе легендарни филмови како: „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш на Дивиот запад“, „Недопирливите“, „Мисија“, „Сицилијанскиот клан“, „Една ноќ на вечера“, „Грст динамит“, „Битката кај Алжир“, „Истрага на граѓанин под сомнение“, „Така тврди Перира“, „Работничката класа оди во рајот“… Музички совршениот Мориконе ќе остане запаметен како уметник кој на повеќеилјадната публика и приреди концерт кој нема да се повтори токму како и самиот негов наслов „Беше еднаш во Македонија“, настан што е реткост и претставува вистинско доживување да се биде дел од него, пишува во соопштението на „Охридско лето“. Во него се додава и дека  славниот композитор бил одушевен од Охрид и Античкиот театар и од можноста неговиот концерт да се одржи на тој простор. – Избегнувам да давам премногу комплименти, но ова е еден посебен град, посебно место и тоа сакам да го нагласам во оваа прилика. Голема чест ми е што јас ќе го отворам фестивалот „Охридско лето“, кажа Мориконе при престојот во нашата земја во 2009 година, кога доби и Медал за заслуги за Македонија. Оскаровецот Енио Мориконе почина на 91 година. Според италијанската новинска агенција АНСА, Мориконе починал во клиника во Рим како последица на пад минатата недела, кога скршил бутна коска. Во својата плодна кариера тој создаде музиката за повеќе од 500 филмови и за некои од најзначајните режисери на 20 век, како: Бертолучи, Серџо Леоне, Пазолиини, Оливер Стоун, Алмодовар, Брајан Де Палма, Бери Левинсон, Терек Малик и многу други. Енио Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Познат е по своите бројни филмски музички теми, од кои 30 напишал за вестерн филмови, по кои ќе стане препознатлив. Неговиот карактеристичен и мошне имитиран стил на компонирање за овој жанр на филмови може да се долови преку музиката за филмот „Добриот, лошиот и грдиот“ на режисерот Серџо Леоне со кого Енио Мориконе имал долга и плодна соработка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ohridsko-leto-slavniot-morikone-ja-krunisa-umetnichkata-vrednost-na-nashiot-festival-vechno-mu-blagodarime/feed/ 0
Почина композиторот Енио Мориконе, неколкупати номиниран за Оскар https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-kompozitorot-enio-morikone-nekolkupati-nominiran-za-oskar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-kompozitorot-enio-morikone-nekolkupati-nominiran-za-oskar/#respond Mon, 06 Jul 2020 07:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=369652

Италијанскиот композитор и диригент, Енио Мориконе, почина на возраст од 91 година. Мориконе починал поради компликации по скршеницата на бутната коска, која ја скршил минатата недела откако паднал. Тој е најпознат по музиката за филмови, а со својот квалитет се стекна со прекарот „Маестро“. Во соработка со својот пријател од детството, режисерот Серџо Леоне, остави неизбришлива трага во шпагети вестерните, поставувајќи нови граници кога компонираше музика за филмовите. Зад себе остави деца и внуци.  Во повеќедецениската кариера Мориконе направи музика за филмовите „За шака долари“, „Беше еднаш во Америка“, „Малена“, „Недопирливи“ и многу други, а шест пати беше номиниран за Оскар. Почесен Оскар доби во 2007 година, за значаен придонес во кинематографијата, а Оскар, како најстар добитник прими во 206 година, за музиката во филмот „The Hateful Eight” на Квентин Тарантино. Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година и свиреше неколку инструменти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochina-kompozitorot-enio-morikone-nekolkupati-nominiran-za-oskar/feed/ 0