Ентони Албанезе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 08:28:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ентони Албанезе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанезе: Набавката на подморници е поради засиленото воено присуство на Кина во регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albaneze-nabavkata-na-podmornitsi-e-poradi-zasilenoto-voeno-prisustvo-na-kina-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albaneze-nabavkata-na-podmornitsi-e-poradi-zasilenoto-voeno-prisustvo-na-kina-vo-regionot/#respond Thu, 16 Mar 2023 08:28:52 +0000 https://kurir.mk/?p=812534

Австралискиот премиер Ентони Албанезе одлучно го брани планот на официјална Канбера да купи нуклеарни подморници од САД, вредни приближно  245 милијарди долари, откако двајцата поранешни австралиски лидери го критикуваа договорот заради неговата цена, сложеност и потенцијални прашања за суверенитетот.

Повеќедеценискиот безбедносен аранжман AUKUS, што во вторникот беше претставен во Сан Диего, на Австралија ќе и овозможи да купи американски подморници од класата „Вирџинија“, пред почетокот на заедничкото британско-австралиско производство на новата класа подморници, SHN-AUKUS, пренесуваат британските медиуми.

По критиките од Малколм Турнбул и Пол Китинг, двајцата поранешни премиери, Албанезе денеска кажа дека договорот е неопходен со оглед на зголемувањето на кинеското воено присуство во регионот, кое тој го опиша како најголемо од Втората светска војна.

-Кина го смени својот став и својата позиција во меѓународните односи од 1990-тите, тоа е факт, рече тој.

Турнбул денеска кажа проектот AUKUS ќе трае подолго и ќе чини повеќе од алтернативниот план за купување конвенционални француски подморници, што заврши со откажување на договорот вреден 66 милијарди долари, а потоа предизвика повеќемесечна дипломатска расправија во западната алијанса.

Пол Китинг, поранешниот премиер на владејачката Лабуристичка партија, вчера ја критикуваше актуелната влада за нејзиното одобрување на безбедносниот аранжман AUKUS и купувањето на американски подморници.

Купувањето на американски подморници тој го оцени како „најлошата меѓународна одлука“ на австралиската лабуристичка влада од регрутирањето во Првата светска војна.

Според договорот, САД имаат намера да ѝ продадат на Австралија три американски подморници со нуклеарен погон од класата „Вирџинија“, изградени од „Џенерал Динамикс“ (General Dynamics), на почетокот на 2030-тите, со опција Австралија да купи уште две доколку има потреба.

Следната генерација на подморници ќе биде изградена во Велика Британија и Австралија со американска технологија и поддршка.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albaneze-nabavkata-na-podmornitsi-e-poradi-zasilenoto-voeno-prisustvo-na-kina-vo-regionot/feed/ 0
Австралискиот премиер планира средба со Бајден по посетата на Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-premier-planira-sredba-so-bajden-po-posetata-na-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-premier-planira-sredba-so-bajden-po-posetata-na-indija/#respond Wed, 08 Mar 2023 07:49:22 +0000 https://kurir.mk/?p=809349

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека планира да се сретне со претседателот Џо Бајден во САД по неговото патување во Индија оваа недела. Неговата изјава доаѓа во време на шпекулации дека лидерите ќе дадат изјава за плановите на Австралија за изградба на нуклеарни подморници. Албанезе не даде многу детали за патувањето во САД, само рече дека ќе има дополнителни најави за тоа што следува. Тој од денеска до сабота е во посета на Индија. Дел од австралиските медиуми јавија дека британскиот премиер Риши Сунак може да им се придружи на Бајден и Албанезе во САД за да дадат заедничка изјава за договорот меѓу трите земји според кој Австралија ќе изгради флота од нуклеарни подморници со американска технологија. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-premier-planira-sredba-so-bajden-po-posetata-na-indija/feed/ 0
Австралискиот премиер Албанезе позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-premier-albaneze-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-premier-albaneze-pozitiven-na-koronavirus/#respond Mon, 05 Dec 2022 08:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=771029

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска соопшти дека е позитивен на коронавирусот и дека ќе работи од дома додека е во изолација. „Ги охрабрувам сите кои не се добро да се тестираат и да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да ги заштитат своите семејства и соседите“, се наведува во изјавата на Албанезе, пренесена од британските медиуми. Австралија во октомври го укина задолжителниот домашен карантин за лицата заразени со коронавирусот. Австралискиот премиер по вторпат е заразен со коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-premier-albaneze-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0
Поранешниот премиер на Австралија самиот себеси се именува на неколку министерски функции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-premier-na-avstralija-samiot-sebesi-se-imenuva-na-nekolku-ministerski-funkcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-premier-na-avstralija-samiot-sebesi-se-imenuva-na-nekolku-ministerski-funkcii/#respond Mon, 15 Aug 2022 15:25:34 +0000 https://kurir.mk/?p=718941

Наодите дека поранешниот премиер на Австралија се назначил себеси на неколку министерски позиции за време на пандемијата „Ковид-19“, предизвикаа политички скандал, а неговиот наследник вети брза истрага за случајот. Премиерот Ентони Албанезе го обвини поранешниот премиер Скот Морисон за лоши политички потези откако се дознало дека поранешниот премиер се назначил себеси на позиции, вклучително и министер за здравство, финансии и ресурси, без да ги информира колегите, парламентот или гласачите. Велејќи дека потезите на Морисон се „без преседан“, Албанезе денеска додаде дека побарал правна помош и очекува дополнителни информации во текот на денот. „Тоа се политички потези на кои би се смееле доколку се случуваат во недемократска држава“, рече Албанезе. „Скот Морисон ја водеше владата од сенка.“ Во некои случаи, Морисон се назначил себеси за министер без да ги информира членовите на кабинетот што претходно ги назначил на истите позиции. Скандалот фрли светлина врз нетранспарентноста на одлучувањето во австралиската влада и го постави прашањето дали се потребни построги мерки за зачувување на демократијата. Сè уште не е познато каква позиција зазел Морисон, но локалните медиуми објавија дека тој го презел управувањето со ресурсите и ја искористил својата моќ за да го запре голем проект за гас во близина на брегот на Сиднеј. Конзервативците на Морисон ја загубија власта на изборите во мај, ставајќи крај на речиси една деценија владеење на десниот центар во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-premier-na-avstralija-samiot-sebesi-se-imenuva-na-nekolku-ministerski-funkcii/feed/ 0
Новиот австралиски премиер положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-polozi-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-polozi-zakletva/#respond Mon, 23 May 2022 07:28:05 +0000 https://kurir.mk/?p=680329

Новиот австралиски премиер Ентони Албанезе денеска положи заклетва на функцијата пред да отпатува на самитот во Токио на кој ќе присуствува и американскиот претседател Џо Бајден. Поранешниот лидер на левоцентристичката опозиција кој истакнува дека неговата земја е подготвена да се вклучи во борбата против климатските промени, ќе учествува на самитот „Quad“ (САД, Индија, Јапонија, Австралија) што од утре ќе се одржува во Токио. На собирот покрај Бајден ќе учествуваат и јапонскиот премиер Фумио Кишида и индискиот премиер Нарендра Моди. Новиот 59-годишен премиер положи заклетва на кратка церемонија. Меѓу членовите од неговиот тим кои ја презедоа функцијата се и министерката за надворешни работи Пени Вонг, која ќе го придружува Албанезе на самитот во Токио, министерот за буџет Џим Чалмерс и министерката за финансии Кејти Галагер. Централно-левичарската Лабуристичка партија на Албанезе на изборите одржани во саботата ја победи конзервативна коалиција на неговиот претходник Скот Морисон, која девет години управуваше со земјата и притоа смени тројца премиери. Се уште не е завршено пребројувањето на гласовите за да се утврди дали партијата на Албанезе ќе има мнозинство во Парламентот. - Сакам да водам влада која го има истото чувство на оптимизам и надеж што, според мене, сметам дека го дефинира австралискиот народ, рече Албанезе пред да замине од Сиднеј во Канбера каде ја даде свечената заклетва. Албанезе кој се опишува себеси како прв кандидат за премиерската функција што нема англо-келтско име, и Пени Вонг која е родена во Малезија и е првата министерка за надворешни работи родена во странство, дадоа заклетва пред генералниот гувернер Дејвид Харли. Заклетва положи и вицепремиерот Ричард Марлс, кој ќе ја врши функцијата премиер додека Албанезе е во Јапонија. Засега Лабуристичката партија има сигурни 75 од вкупно 151 место во Парламентот, што е едно помалку од потребното мнозинство. Конзервативната коалиција е на пат да освои 58 места, неврзаните пратеници 12, а шест места се уште се неизвесни, објави Австралиската изборна комисија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-polozi-zakletva/feed/ 0
Лабуристот Ентони Албанезе ветува дека ќе го промени имиџот на Австралија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laburistot-entoni-albaneze-vetuva-deka-kje-go-promeni-imidzot-na-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laburistot-entoni-albaneze-vetuva-deka-kje-go-promeni-imidzot-na-avstralija/#respond Sun, 22 May 2022 13:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=680157

Лабуристот Ентони Албанезе, кој се подготвува да стане австралиски премиер по победата на парламентарните избори, денеска вети дека ќе го подобри имиџот на својата земја, за која светот смета дека заостанува во борбата против климатските промени. – Навистина сакам да ја променам земјата, рече Албанезе, кој утре треба да ја преземе функцијата и набрзо потоа да отпатува за Токио. Тој во вторник во Токио ќе учествува на самитот „КВАД“ (САД, Јапонија, Индија, Австралија), каде одвоено ќе се сретне со своите индиски и кинески колеги Нарендра Моди и Фуми Кишид, како и со американскиот претседател Џо Бајден. – Тоа ќе ни овозможи да му ставиме до знаење на светот дека владата е променета. Ќе има и одредени измени во политиката, особено кога станува збор за климатските промени и нашиот ангажман со светот за овие прашања, рече тој. Албанезе се уште чека да дознае дали неговата Лабуристичка партија ќе има апсолутно мнозинство во австралискиот Парламент или ќе треба да најде сојузници за да управува со земјата. Според делумните официјални резултати, лабуристите веќе можат да сметаат на 74 места во Претставничкиот дом, а мала предност имаат во 75-тата област. Апсолутното мнозинство (76 места) во Претставничкиот дом од 151 пратеник се чини дека им е на дофат на раката, бидејќи исходот во десетина изборни единици се уште е неизвесен. Либералната коалиција на премиерот во заминување Скот Морисон загуби многу места низ земјата и Морисон го призна поразот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laburistot-entoni-albaneze-vetuva-deka-kje-go-promeni-imidzot-na-avstralija/feed/ 0
Новиот австралиски премиер Ентони Албанезе утре ќе положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-entoni-albaneze-utre-kje-polozi-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-entoni-albaneze-utre-kje-polozi-zakletva/#respond Sun, 22 May 2022 07:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=680025

Новоизбраниот австралиски премиер, Ентони Албанезе, утре треба да положи заклетва, по неговата вчерашна победа на парламентарните избори на неговата Лабуристичката партија, јави ДПА. Албанезе на новинарите им соопшти дека утре ќе положи заклетва со уште четворица сопартијци за да ги покрие сите министерски ресори „како привремен аранжман“, додавајќи дека ресорите потоа ќе се поделат од следната недела. Албанезе (59). кој ќе стане првиот лабуристички премиер од 2013 година, изјави дека веднаш потоа ќе замине за Токио на средбата, планирана за вторник, со лидерите на Јапонија, САД и Индија. -Очигледно, средбата на четворицата лидери е апсолутен приоритет за Австралија, им изјави тој вчера на новинарите во Сиднеј. „Тоа ни овозможува да испратиме порака до светот дека има промена на власта, ќе има некои промени во политиката, особено за климатските промени“, рече тој, пренесе ДПА. -Ќе се вратам во Австралија во среда, а потоа ќе се зафатиме со работа, рече Албанезе. Вчера сè уште беше нејасно дали лабуристите на Албанезе ќе владеат самостојно или ќе треба да водат малцинска влада. Како што продолжи пребројувањето на гласовите, радиодифузерот Еј-Би-Си ги наведе лабуристите како водечки со 72 места, додека коалицијата на премиерот во заминување Скот Морисон беше наведена со 50 места по речиси 70 отсто преброени гласови. Експертите велат дека ќе биде потребно извесно време за да се финализира распределбата на местата поради комплицираниот изборен систем во Австралија, пренесува германската агенција. Морисон, цврст поддржувач на индустријата за јаглен, по изборниот пораз најави дека ќе поднесе оставка како лидер на Либералната партија. Неколку часа по затворањето на гласачките места синоќа тој му честиташе на Албанезе и го призна поразот, изјавувајќи дека тоа е „тешка ноќ“ за неговата конзервативна влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-avstraliski-premier-entoni-albaneze-utre-kje-polozi-zakletva/feed/ 0