Ентони Дод Ментл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Aug 2022 19:53:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ентони Дод Ментл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оскаровецот Ентони Дод Ментл на ИФФК „Браќа Манаки“: Секогаш ги сакав игрите со светлината https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oskarovecot-entoni-dod-mentl-na-iffk-brakja-manaki-sekogash-gi-sakav-igrite-so-svetlinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oskarovecot-entoni-dod-mentl-na-iffk-brakja-manaki-sekogash-gi-sakav-igrite-so-svetlinata/#respond Sun, 21 Aug 2022 20:20:01 +0000 https://kurir.mk/?p=721799

Британско-данскиот кинематограф Ентони Дод Ментл, годинешен добитник на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус, на мастер клас во Битола истакна дека секогаш ги сакал игрите со светлината, иако во еден период мислел дека ќе биде сликар. Пред аудиториумот, заедно со својот домаќин, а годинешен добитник на почесна златна „Камера 300“, Најџел Волтерс, кинематограферот Дод Ментл потсети дека како млад работел разни физички работи во Британија и во Данска, потоа поминал подолг период во Индија, каде што своевремено живееле и работеле неговите баба и дедо. Таму на најдобар начин го споил воодушевувањето од пејзажите и питорескниот социјален живот на тој континент, но и – фотографијата, истакна оскаровецот Дод Ментл пред аудитоирумот во Битола. -Моите најпознати соборци од разни фази на кариерата се Трир кој секогаш сакаше да провоцира, потоа Винтерберг во „Семејна прослава“, Дени Бојл, со чиј филм „Сиромашниот милионер“ го освоив „Оскарот“ за кинематографија и други…Секој филм е „ѕверка“, има свој живот, и си зазема сопствена форма, па крајниот исход може да биде непредевидлив, истакна Ментл. На мастер класот беа емитувани извадоци од неколку значајни филмови во кои камерата е во рацете на Дод Ментл. -Сите кинематографери треба да го прават тоа што го сакаат и ги возбудува, посочи Ентони Дод Ментл на крајот на неговиот мастер клас кој го водеше Најџел Волтерс, дологодишен прв човек на ИМАГО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oskarovecot-entoni-dod-mentl-na-iffk-brakja-manaki-sekogash-gi-sakav-igrite-so-svetlinata/feed/ 0
Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“ збогатен со кинематограферот Ентони Дод Ментл https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klubot-na-velikanite-na-festivalot-brakja-manaki-zbogaten-so-kinematograferot-entoni-dod-mentl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klubot-na-velikanite-na-festivalot-brakja-manaki-zbogaten-so-kinematograferot-entoni-dod-mentl/#respond Tue, 16 Aug 2022 06:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=719107

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ го наградува со Златна камера 300 за животен опус, истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл. Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на предходни лауреати на Специјалната Златна Камера 300, кои ја освоиле во својата помлада животна етапа, подоцна им ја доделува и Златна Камера 300 за животен опус, со што се заокружува нивната творечка целина. Дод Ментл, во 2009 на триесеттиот јубилеен фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на Специјалната Златна Камера 300, а годинава се закитува со позначајната награда за животен опус, со која влегува заслужено во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“. Богата е кинаматографската кариера на Ентони Дод Ментл, еден од творците на оригинален дански филмски израз/тренд, соработува со бројни режисери, а триумфот во кариерата на Дод Ментл се случи во 2009 година, кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“ (Slumdog millionaire), во режија на Дени Бојл , филм со кој, истата година беше отворен јубилејниот 30. по ред фестивал „Брака Манаки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klubot-na-velikanite-na-festivalot-brakja-manaki-zbogaten-so-kinematograferot-entoni-dod-mentl/feed/ 0