ентони џошуа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Jul 2023 15:36:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ентони џошуа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борбата меѓу Џошуа и Вајт ќе се одржи на 12 август во Лондон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/borbata-megu-dhoshua-i-vajt-ke-se-odrzhi-na-12-avgust-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/borbata-megu-dhoshua-i-vajt-ke-se-odrzhi-na-12-avgust-vo-london/#respond Sun, 09 Jul 2023 15:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=854652

Поранешниот боксерски светски првак во тешка категорија Ентони Џошуа и неговиот британски сонародник Дилијан Вајт ќе ги вкрстат ракавиците на 12 август во лондонската О2 Арена, што ќе биде реприза на нивната пресметка од 2015 година, објавија промоторите од „Мечрум“ (Matchroom). Џошуа го нокаутираше Вајт во седмата рунда во нивниот дуел за првак на Велика Британија и Комонвелтот во ноември 2015 година, реванширајќи се за поразот што го претрпе кога двајцата боксери се натпреваруваат во аматерска конкуренција. Џошуа во април го совлада Американецот Џермејн Френклин на поени, што за британскиот боксер беше прва победа по повеќе од две години и последователните порази од актуелниот светскиот првак Олександр Усик од Украина. – Јасно реков дека мојот план е да бидам активен оваа година. Ќе бидам подготвен за борбата. Се радувам што ова конечно ќе го решам, порача 33-годишниот Џошуа]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/borbata-megu-dhoshua-i-vajt-ke-se-odrzhi-na-12-avgust-vo-london/feed/ 0
Фјури му испрати договор на Џошуа за борба на „Вембли“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fjuri-mu-isprati-dogovor-na-dhoshua-za-borba-na-vembli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fjuri-mu-isprati-dogovor-na-dhoshua-za-borba-na-vembli/#respond Sun, 28 May 2023 19:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=839826

Светскиот боксерски првак во тешка категорија во верзијата WBC, Британецот Тајсон Фјури (34), рече дека му испратил договор на сонародникот Ентони Џошуа (33) за пресметка која би се одржала на лондонскиот стадион „Вембли“ во септември. Фјури последен пат влезе во рингот во декември лани кога ја задржа светската титула со прекин во 10. рунда против Британецот Дерек Чисора. Фјури му понуди на двократниот светски првак Џошуа да ги вкрстат ракавиците во „Борба за Британија“, но минатиот октомври се повлече од предлогот со образложение дека неговиот сонародник не го потпишал договорот во предвидениот рок. „Тоа е борба која сите сакаат да ја видат, вклучувајќи ме и мене“, порача Фјури во објавата на Инстаграм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fjuri-mu-isprati-dogovor-na-dhoshua-za-borba-na-vembli/feed/ 0
Фјури и Џошуа во преговори за меч во септември https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fjuri-i-dhoshua-vo-pregovori-za-mech-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fjuri-i-dhoshua-vo-pregovori-za-mech-vo-septemvri/#respond Sat, 27 May 2023 04:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=839286

Долгоочекуваната британска пресметка во тешка категорија помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа може да се случи во септември, откако претставниците на двајцата боксери почнале со преговори, тврди „ЕСПН“. Промоторот на Фјури, Џорџ Ворен се сретнал со промотерот на Џошуа, Еди Херн првпат откако минатата есен преговорите не успеаја да се случи меч за ВБЦ титулата на Фјури (33-1-0, 24 КО). Фјури последен пат боксуваше во декември, кога го нокаутираше Дерек Чизора во 10. рунда, по што имаше неуспешни преговори со Украинецот Олександер Усик за меч за обединување на титулите во тешка категорија. 34-годишниот Фјури потоа доби понуда за меч со Енди Руиз Јуниор, кој бараше 20 милиони долари за мечот, а уште еден потенцијален противник, Кинезот Жилеи Жанг се откажа откако мора да има ри-меч со Џо Џојс. Во исто време, Усик се подготвува за одбрана на титулите против предизвикувачот Даниел Дубоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fjuri-i-dhoshua-vo-pregovori-za-mech-vo-septemvri/feed/ 0
Ентони Џошуа го победи Џермејн Френклин (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/entoni-dhoshua-go-pobedi-dhermejn-frenklin-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/entoni-dhoshua-go-pobedi-dhermejn-frenklin-video/#respond Sun, 02 Apr 2023 06:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=818969

Британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Џермејн Френклин со едногласна одлука на судиите во спектаклот што синоќа се одржа во Лондон. За Џошуа ова беше 25. победа во 28 меч и сигурно сега повторно ќе се обиде да стигне до тронот во тешка категорија. Американскиот боксер Френклин го претрпе само вториот пораз, а има 21 победа. https://www.youtube.com/watch?v=xS5e2o6REb4]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/entoni-dhoshua-go-pobedi-dhermejn-frenklin-video/feed/ 0
Џошуа во април се враќа во рингот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dhoshua-vo-april-se-vraka-vo-ringot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dhoshua-vo-april-se-vraka-vo-ringot/#respond Tue, 07 Feb 2023 19:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=797499

Поранешниот светски првак во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа, ќе се врати во рингот на 1.април кога во Лондон ќе боксува против Американецот Џермејн Френклин, објавија промоторите „Matchroom“ и DAZN. Изминатите две години Џошуа имаше две борби, и двете против украинскиот боксер Олександр Усик, кои ги загуби. Усик во септември 2021 година го совлада Џошуа во Лондон со едногласна одлука на судиите и од него ја презеде титулата светски првак. Една година подоцна во Саудиска Арабија, украинскиот боксер беше поуспешен и во реваншот со што ги одбрани титулите во верзиите WBA, IBF, IBO и WBO во тешка категорија. „Психички и физички се чувствувам подготвен“, порача Џошуа пред најавеното враќање во рингот во лондонската О2 Арена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dhoshua-vo-april-se-vraka-vo-ringot/feed/ 0
Ентони Џошуа се враќа во рингот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/entoni-dhoshua-se-vraka-vo-ringot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/entoni-dhoshua-se-vraka-vo-ringot/#respond Thu, 26 Jan 2023 06:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=792019

Британскиот боксер Ентони Џошуа, поранешен светски шампион во тешка категорија, ќе се врати во професионалниот ринг следната пролет. Противник на 33-годишникот ќе биде Американецот Џермејн Френклин. Настанот на кој поранешниот олимписки шампион ќе им се врати на натпреварите ќе биде организиран на први април во лондонската „О2 арена“. Во претходните два меча Џошуа беше поразен од Украинецот Александар Усик, а промотерите се обидоа да му најдат ривал против кој ќе биде голем фаворит, за да се врати на победничките патеки и да си ја врати разнишаната самодоверба. Противник ќе му биде Американецот Џермејн Френклин (22-1), кој на претходниот меч ја „игра истата улога“ против уште една британска ѕвезда – Дилијан Вајт. Во последните пет меча Џошуа беше трипати поразен, а досега во професионалната кариера има биланс од 24 победи (22 КО) и 3 порази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/entoni-dhoshua-se-vraka-vo-ringot/feed/ 0
Џошуа се согласи на борба со Фјури https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzoshua-se-soglasi-na-borba-so-fjuri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzoshua-se-soglasi-na-borba-so-fjuri/#respond Mon, 26 Sep 2022 16:10:10 +0000 https://kurir.mk/?p=737639

Поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа (26-3 победи-порази) одговори на предизвикот на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (32-0), кој го повика Џошуа да потпише договор за борба до 26 септември. – Потпишувам договори многу години. Ова одложување не зависи од мене, туку од адвокатите. Ако сте ја проучувале историјата на боксот, треба да знаете дека од правна страна се треба да биде совршено. За тоа е доброто управување и добрите адвокати. Секако дека ќе го потпишам договорот, рече Џошуа во видеото објавено на каналот „Boxing Social YouTube“. Фјури во последната борба го нокаутираше Дилијан Вајт (28-3) во шестата рунда. Мечот сеодржа на 24 април во Лондон, Велика Британија. Џошуа загуби од Олександр Усик (20-0) на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzoshua-se-soglasi-na-borba-so-fjuri/feed/ 0
Џошуа го прифати предизвикот на Фјури https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzoshua-go-prifati-predizvikot-na-fjuri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzoshua-go-prifati-predizvikot-na-fjuri/#respond Thu, 08 Sep 2022 06:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=730235

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури договорија бокс средба во декември. Двајцата најдобри боксери ќе се борат во „Битката за Британија“, односно кој од нив ќе го има приматот најдобар боксер на Островото. Иако официјалниот датум сè уште не е познат, најверојатно тоа ќе се случи кон крајот на оваа година, односно во декември. Џошуа пред неколку недели по втор пат загуби од Александар Усјик, кој исто така изрази желба да се бори со „Кралот на циганите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzoshua-go-prifati-predizvikot-na-fjuri/feed/ 0
Усик ги одбрани појасите, Џошуа пропушти историска шанса https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/usik-gi-odbrani-pojasite-dzoshua-propushti-istoriska-shansa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/usik-gi-odbrani-pojasite-dzoshua-propushti-istoriska-shansa/#respond Sun, 21 Aug 2022 07:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=721590

Александар Усик ја продолжи доминацијата на боксерската сцена откако Украинецот славеше со судиско бодување во супер-борбата против Ентони Џошуа што беше одржана во Саудиска Арабија. Усик доби предност од 116-112 од едниот, 115-113 од другиот судија, а само еден од арбитрите му даде минимална предност на Џошуа (113-115), што значеше дека титулите и шампионските појаси во ВБА, ИБФ и ВБО верзиите остануваат во сопственост на Украинецот. Усик, кој е олимписки шампион од Лондон во 2012 година, има скор од 20 победи (13 од нив со нокаут) во професионалниот ринг, додека Џошуа претрпе порази на три од последните пет борби. Британецот беше видно разочаран поради пропуштената шанса да стане дел од одбраното друштво кое три пати успевало да стигне до епитетот светски првак во тешка категорија, нешто што досега им успеало на Али, Мурер, Кличко, Луис, Холифилд. Победникот Усик по триумфот изјави дека сака следната борба да му биде со Тајсон Фјури, шампионот на ВБЦ, со што победникот на таа борба би станал неприкосновен светски првак во тешка категорија, прв што му успеало вакво нешто уште од Ленокс Луис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/usik-gi-odbrani-pojasite-dzoshua-propushti-istoriska-shansa/feed/ 0
Боксерски спектакл во сабота: Џошуа против Усик https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserski-spektakl-vo-sabota-dzoshua-protiv-usik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserski-spektakl-vo-sabota-dzoshua-protiv-usik/#respond Fri, 24 Sep 2021 16:18:53 +0000 https://kurir.mk/?p=567833

Сè е подготвено за саботниот боксерски спектакл во Лондон меѓу светскиот првак, Британецот Ентони Џошуа (31) и предизвикувачот, Украинецот Олександр Усик. Џошуа против Усик ќе ги брани титулите во тешка категорија во верзиите WBA, IBF, WBO и IBO, а борбата на стадионот „Хотспар“ ќе биде пресметка и меѓу двајца поранешни олимписки шампиони. Британецот го освои златниот медал во супертешка категорија на Олимпијадата во Лондон 2012, додека Украинскиот боксер на истите Игри се закити со златното одличје во тешка категорија. Џошуа претходно оваа година требаше да се бори против сонародникот Тајсон Фјури за обединување на сите пет титули во тешка категорија, но нивната борба во Саудиска Арабија не се одржа, откако американскиот суд му наложи на Фјури дека мора да ја испочитува клаузулата од договорот и по трет пат да се бори против Американецот Деонтај Вилдер за титулата во WBC верзијата. Украинецот Усик влегува во рингот против Џошуа со ефект од 18 професионални победи во исто толку настапи, од кои 13 со нокаут. Меѓу Џошуа и Усик постои длабоко меѓусебно почитување, поради што прес-конференција во Лондон мина без вообичаеното лажно непрјателство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserski-spektakl-vo-sabota-dzoshua-protiv-usik/feed/ 0