Ентони Фаучи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 16:21:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ентони Фаучи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фаучи се повлекува од функцијата медицински советник на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-se-povlekuva-od-funkcijata-medicinski-sovetnik-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-se-povlekuva-od-funkcijata-medicinski-sovetnik-na-bajden/#respond Mon, 22 Aug 2022 16:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=722231

Доктор Ентони Фаучи денеска информираше дека во декември се повлекува од функцијата директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и оти веќе нема да ја извршува должноста главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден. Тој се повлекува и од позицијата шеф на Лабораторијата за имунорегулација на Националниот институт за алергија и заразни болести. -Иако си заминувам од сегашните позиции, не одам во пензија. По повеќе од 50 години во државна служба, планирам да продолжам со следна фаза од мојата кариера додека сè уште имам толку енергија и страст за своето професионално подрачје, појасни Фаучи. Експертот за заразни болести и водечки американски епидемиолог беше директор на Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година. Во 2020 година стана главен американски „корона-лекар“, кој ги пренесуваше ставовите на американската Влада за сузбивање на пандемијата од Ковид-19.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-se-povlekuva-od-funkcijata-medicinski-sovetnik-na-bajden/feed/ 0
Фаучи планира да се пензионира до крајот на мандатот на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-planira-da-se-penzionira-do-krajot-na-mandatot-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-planira-da-se-penzionira-do-krajot-na-mandatot-na-bajden/#respond Tue, 19 Jul 2022 05:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=707188

Ентони Фаучи, главниот здравствен советник во Белата куќа, потврди дека ќе се пензионира до крајот на првиот мандат на претседателот Џо Бајден, но исто така рече дека неговото пензионирање може да дојде многу порано од тоа. „Не го објавив моето пензионирање, но тоа може да се случи во секое време од сега до тогаш. Се уште не сум сигурен кога“, изјави Фаучи Фаучи (81) на крајот на ноември 2021 година изјави дека „воопшто не размислувал“ за пензионирање. Тој е директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) од 1984 година, а во 2020 година стана заштитно лице на напорите на американската влада да ја спречи пандемијата со Ковид-19. Дури и кога ќе ја напушти државната служба, Фаучи рече дека нема намера целосно да се пензионира. „Ќе продолжам да работам бидејќи се уште имам многу енергија и страст за јавното здравје и глобалното јавно здравје“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-planira-da-se-penzionira-do-krajot-na-mandatot-na-bajden/feed/ 0
Фаучи: Ќе дадам оставка до крајот на мандатот на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-kje-dadam-ostavka-do-krajot-na-mandatot-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-kje-dadam-ostavka-do-krajot-na-mandatot-na-bajden/#respond Mon, 18 Jul 2022 18:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=707130

Ентони Фаучи, главниот советник за здравство на претседателот на САД, изјави во интервју за Политико дека планира да даде оставка до крајот на актуелниот мандат на Џо Бајден. Во интервјуто објавено денеска, Фаучи изрази надеж дека политизацијата на Ковид-19 е дел од минатото. Во 2020 и 2021 година тој беше постојано критикуван од некои републиканци, меѓу кои имаше отпор кон спроведувањето на ограничувањата околу пандемијата и вакцинацијата, а дадени по препораки на федералните здравствени официјални лица во Вашингтон. Фаучи е на возраст од 81 година. Во федерална служба е повеќе од 50 години, и има работено за седум претседатели. Тој е директор на Националниот институт за алергии и инфективни заболувања (НИАИД) од 1984 година, а стана познат во земјата и во светот како еден од првите луѓе во САД, кои ја координираа борбата против Ковид-19. За време на претседателството на Доналд Трамп, тој стана раководител во Белата куќа на координативната група за борба со коронавирусот. Во интервјуто за Политико, Фаучи истакна дека неговата главна историска заслуга е борбата со СИДА-та. Истражувањата на овој вирус стана негово животно дело, и имено благодарејќи на своите заслуги и работа во оваа област, Фаучи стана раководител на НИАИД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-kje-dadam-ostavka-do-krajot-na-mandatot-na-bajden/feed/ 0
Фаучи: САД излегоа од пандемијата на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sad-izlegoa-od-pandemijata-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sad-izlegoa-od-pandemijata-na-koronavirus/#respond Wed, 27 Apr 2022 20:45:24 +0000 https://kurir.mk/?p=668865

САД сега се „надвор од фазата на пандемијата“ бидејќи хоспитализациите и смртните случаи од Ковид-19 се веќе ниски, изјави д-р Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во таа земја. – Сигурно сме надвор од фазата на пандемијата во оваа земја во моменто“, рече Фаучи во интервју за PBS NewsHour, кога водителката Џуди Вудраф го праша колку е блиску земјата до крајот на пандемијата на коронавирус. Ковид-19 во САД продолжува да расте – за повеќе од 22 отсто во последната недела покажуваат податоците на ЦДЦ, но Фаучи истакна дека „нема да го искорениме овој вирус“ и дека луѓето ќе треба рутински да се вакцинираат за да задржат ниска стапка на сериозна форма на болеста и смртни случаи. – Не знам колку често тоа ќе треба да се прави, рече Фаучи за вакцинацијата. – Може да биде секоја година, може да биде подолго, за да се задржи на ниско ниво. Но, ние не сме во фаза на пандемија во оваа земја во моментов, рече тој. Сепак, на глобално ниво, рече Фаучи, „нема сомнеж дека оваа пандемија сè уште трае“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sad-izlegoa-od-pandemijata-na-koronavirus/feed/ 0
Фаучи: Не би ме изненадило зголемување на бројот на инфицирани со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-ne-bi-me-iznenadilo-zgolemuvanje-na-brojot-na-inficirani-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-ne-bi-me-iznenadilo-zgolemuvanje-na-brojot-na-inficirani-so-kovid-19/#respond Tue, 22 Mar 2022 19:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=651625

Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи денеска изјави дека не би бил изненаден ако се зголеми бројот на заболени од Ковид-19, но оти не очекува голем пораст. -Воопшто не би бил изненаден да видам пораст на бројките, истакна Фаучи, додавајќи оти не очекува поголем пораст, освен ако не се промени нешто драматично, што би предизвикало голем скок. Според него, очекуваното зголемување на бројот на заболени би можело да се должи големата заразност на сојот Омикрон и укинувањето на мерката за носење на маски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-ne-bi-me-iznenadilo-zgolemuvanje-na-brojot-na-inficirani-so-kovid-19/feed/ 0
„Ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-moze-da-ostane-so-nas-zasekogash-kako-endemska-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-moze-da-ostane-so-nas-zasekogash-kako-endemska-bolest/#respond Tue, 18 Jan 2022 12:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=620761

Американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност, наспроти информациите дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон. – Големо прашање е дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација за што сите се надеваат, изјави Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата куќа, за време на виртуелен панел организиран од Агенда Давос. Тој изрази надеж дека тоа не е случај. – Но, тоа ќе биде случај ако не се појави друга варијанта која го надминува имунолошкиот одговор на претходната. Но, и тогаш Ковид-19 најверојатно ќе стане дел од светот како ендемска болест, рече Фаучи. Според други експерти, Омикронот е доминатна варијанта во североисточниот дел на САД и се уште не е распространет низ целата земја. – Не треба да очекуваме да се достигне национален максимум (на инфекции) во следните денови. Следните неколку недели ќе бидат тешки, изјави за Си-Ен-Ен Вивек Мурти, главен хирург на САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-moze-da-ostane-so-nas-zasekogash-kako-endemska-bolest/feed/ 0
Фаучи: Сојот омикрон во САД на максимум кон крајот на јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sojot-omikron-vo-sad-na-maksimum-kon-krajot-na-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sojot-omikron-vo-sad-na-maksimum-kon-krajot-na-januari/#respond Thu, 30 Dec 2021 13:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=614950

Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот на САД, Џо Бајден, изјави синоќа дека до крајот на јануари може да се очекува пик на распространетост на сојот Омикрон во САД. -Тешко е да се каже во кој момент сегашниот пораст на инфекции, поттикнат од сојот Омикрон, ќе почне да се намалува. – Во ЈАР тоа се случи многу бргу…Со оглед на големината на нашата држава и различните показатели за вакцинација, наспроти невакцинирањето, веројатно врвот ќе биде до крајот на јануари, изјави Фаучи. Според него, можно е сојот Омикрон да го забрза крајот на пандемијата, доколку се покаже точно дека таа варијанта, со својот висок степен на преносливост, ги заменува другите видови на вирусот што предизвикуваат потешки инфекции. -Се надевам дека тоа е така, но нема гаранција дека тоа ќе се случи.Но, ако имате многу пренослив вирус што заменува друг вирус, а тој има помал степен на сериозност, тоа би било позитивен исход.Но, никогаш не можете да гарантирате. – Овој вирус не измами и претходно. Мислевме дека со вакцините се ќе биде во ред, а потоа дојде сојот Делта, што уништи се.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sojot-omikron-vo-sad-na-maksimum-kon-krajot-na-januari/feed/ 0
Научниците до први резултати: Познато дали омикрон е поопасен од делта сојот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-do-prvi-rezultati-poznato-dali-omikron-e-poopasen-od-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-do-prvi-rezultati-poznato-dali-omikron-e-poopasen-od-delta-sojot/#respond Mon, 06 Dec 2021 06:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=604552

Главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфекторлогот д-р Ентони Фаучи, изјави денеска дека иако има брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од делта сојот. Фаучи за Си-Ен-Ен изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот омикрон. Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена. -Засега, се чини, дека нема висок степен на сериозност, но навистина треба да бидеме внимателни пред да заклучиме дека омикрон е помалку сериозен и не предизвикува тешка клиничка слика, во споредба со делта сојот, рече Фаучи. Тој изјави дека администрацијата на Бајден размислува за укинување на ограничувањата за патување за патниците од неколку африкански земји кои не се американски државјани -Да се ​​надеваме дека ќе успееме да ја укинеме забраната во прилично разумен временски период, рече Фаучи, додавајќи дека сите се чувствуваат лошо поради тешкотиите со кои се соочуваат Јужна Африка и другите африкански земји. Сојот омикрон до денеска е откриен во третина од американските држави, вклучувајќи го североисточниот, јужниот и западниот брег. Висконсин и Мисури се меѓу последните држави каде што се потврдени нови инфекции со соеви. Во САД се уште е доминантен делта сојот на коронавирусот, сочинувајќи ги повеќе од 99 отсто од случаите и предизвикувајќи зголемување на хоспитализациите на север од земјата. Американските власти продолжуваат да ги повикуваат луѓето да се вакцинираат и да добијат засилена доза, како и да носат маски во затворени простории бидејќи сето тоа придонесува за заштита од делта, но и од други соеви на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-do-prvi-rezultati-poznato-dali-omikron-e-poopasen-od-delta-sojot/feed/ 0
Фаучи апелираше до вакцинираните Американци да примат трета доза од вакцината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-apelirashe-do-vakciniranite-amerikanci-da-primat-treta-doza-od-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-apelirashe-do-vakciniranite-amerikanci-da-primat-treta-doza-od-vakcinata/#respond Mon, 22 Nov 2021 07:46:08 +0000 https://kurir.mk/?p=598074

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи повика милиони Американци кои веќе биле целосно вакцинирани против коронавирус да примат трета доза од вакцината за да одржат оптимална заштита од вирусот. Според податоци од владините Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), од 196 милиони целосно вакцинирани лица во САД, 34,5 милиони досега добиле дополнителна доза, додека околу 60 милиони луѓе се невакцинирани. Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и главен медицински советник на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека „нема нејаснотии“ кога станува збор за потребата да се прими трета доза поради намалената ефикасност на првите дози од вакцината која доаѓа со тек на време. Експертот рече дека третата доза од вакцината им дава на луѓето „подолг период на заштита“, иако не е јасно дали оние кои биле вакцинирани можеби ќе треба да продолжат да примаат дополнителни дози на секои шест месеци или една година. – Ќе анализираме што значи тоа кога ќе се добие дополнителна доза, ќе ја следиме науката, рече Фаучи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-apelirashe-do-vakciniranite-amerikanci-da-primat-treta-doza-od-vakcinata/feed/ 0
Поради наводни сурови експерименти со кученца Фаучи е мета на критики https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/#respond Mon, 25 Oct 2021 14:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=585221

Главниот медицински советник на американскиот претседател Ентони Фаучи се најде на удар на критики поради наводната лага изречена пред Конгресот за начинот на кој Националниот институт за здравство (НИХ) го финансираше контроверзното истражување за коронавирусот на лилјаците во Кина. Институтот призна дека учествувал во истражување на вируси со зголемена функционалност, спротивно на претходното негирање на Фаучи. Покрај наводите за лажење на американскиот Конгрес, д-р Ентони Фаучи сега се соочува со повици за негова оставка и апсење поради негова наводна вмешаност во брутални експерименти со кученца од расата Бигл, кои наводно биле заразени со паразити кои предизвикуваат болести. Повиците се интензивираа по објавувањето на видеото на кое се прикажани брутални сцени на имобилизација и тортура на кученца, а некои од видеата покажуваат како телата на кучињата се фрлаат во корпи за отпадоци, објави Њујорк пост. Грозоморните снимки се појавија набрзо откако хаштагот #ArrestFauci (уапсете го Фаучи) почна да кружи на Твитер, и стана вирален откако медицинскиот советник на претседателот беше обвинет од непрофитната организација White Coat Waste Project дека финансира сурови експерименти со парите на даночните обврзници. Според непрофитната организација, најмалку 44 кученца Бигл биле подложени на експериментални лекови во лабораторија во Тунис, Северна Африка. Беше објавено дека кучињата биле „живи хранети“ со паразити кои носат болести, а на животните им биле отстранети гласните жици за да не им пречат на истражувачите со нивното лаење. Во светло на неодамнешните обвинувања за лажење на Конгресот, кога Фаучи негираше дека неговиот Национален институт за здравство (НИХ) бил вклучен во студија за коронавирусот во Вухан, додека агенцијата вели поинаку, разбеснетите активисти за човекови права упатија обвинување за медицинскиот советник на претседателот . Некои луѓе дури споделија фотографии од своите домашни миленици, повикувајќи Фаучи да биде уапсен, пренесуваат американските медиуми. Фаучи, кој сè уште не ги коментирал наводите за експерименти со кученца, останува на ставот дека никогаш не го излажел Конгресот, инсистирајќи дека „ниту тој, ниту д-р Френсис Колинс, директорот на НИХ, не лажеле или довеле во заблуда за тоа што го правеле“. Тој исто така истакна дека „молекуларно е невозможно овие вируси на кои е работено да станат САРС-КоВ-2“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/feed/ 0