Енвер Хоџај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 12:48:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Енвер Хоџај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хоџај: По српската агресија врз Косово, приоритет треба да биде безбедноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodhaj-po-srpskata-agresija-vrz-kosovo-prioritet-treba-da-bide-bezbednosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodhaj-po-srpskata-agresija-vrz-kosovo-prioritet-treba-da-bide-bezbednosta/#respond Wed, 04 Oct 2023 12:48:32 +0000 https://kurir.mk/?p=885122

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, изјави дека по чинот на агресија на 24 септември, приоритет на Косово е воспоставувањето безбедност пред нормализацијата на односите со Србија и определбата за членство во НАТО пред членството во ЕУ. Хоџај, кој е актуелно потпретседател на косовското Собрание од редовите на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, порача дека на Косово му е потребна нова безбедносна политика, „во време кога во Србија воената опција против Косово е реална опција“. - Формулата на Косово за заштита на суверенитетот по чинот на агресија на 24 септември е безбедноста да се стави пред нормализацијата (на односите со Србија) како приоритет и определбата за членство во НАТО пред членството во ЕУ! На Косово му треба нова безбедносна политика, поголем буџет, зголемување на бројот на членови, повисоки плати и современа опрема, во ова време кога во Србија воената опција против Косово е реална опција, напиша Хоџај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodhaj-po-srpskata-agresija-vrz-kosovo-prioritet-treba-da-bide-bezbednosta/feed/ 0
Хоџај: Косово треба да се однесува конструктивно и да стане дел од Отворен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-kosovo-treba-da-se-odnesuva-konstruktivno-i-da-stane-del-od-otvoren-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-kosovo-treba-da-se-odnesuva-konstruktivno-i-da-stane-del-od-otvoren-balkan/#respond Wed, 13 Jul 2022 12:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=704500

Потпретседателот на Собранието на Косово и поранешен шеф на дипломатијата, Енвер Хоџај, е со став дека Косово треба да стане дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и со тоа да ја зголеми соработката со земјите од регионот. Тој во интервју за „Топ стори“ на телевизијата Топ чанел изјави вели дека Косово треба да учествува во регионални организации или иницијативи. – Додека јас бев на позицијата министер за надворешни работи, следевме пристап, што му овозможува на Косово да биде дел од секоја организација, во секоја регионална иницијатива. Отворен Балкан не е организација, тоа е неформална група на држави, како Г-7 или Г-20. И според мене, на Косово би му било полесно доколку се однесува конструктивно, креативно и учествува во Отворен Балкан и бара поддршка од државите за да станеме дел од Советот на Европа, да станеме дел од партнерството за мир на НАТО. Не можете да кажете не на неформална иницијатива за соработка во регионот и да барате партнери од различни земји да ве поддржат, било во Стразбур или во Брисел, истакна Хоџај. „Отворен Балкан“ е создаден на иницијатива на Еди Рама, премиер на Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Србија и Зоран Заев, поранешниот премиер на Северна Македонија, кои го осмислија овој концепт со цел да создадат област на слободно движење на луѓе, стоки и услуги во Западен Балкан. Косовскиот премиер Албин Курти одбива Косово да стане дел од иницијативата сè додека Србија не го признае Косово како независна држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-kosovo-treba-da-se-odnesuva-konstruktivno-i-da-stane-del-od-otvoren-balkan/feed/ 0
Косово треба да се откаже од изолација и да стане дел од Отворен Балкан, вели поранешниот шеф на косовската дипломатија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-treba-da-se-otkaze-od-izolacija-i-da-stane-del-od-otvoren-balkan-veli-poraneshniot-shef-na-kosovskata-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-treba-da-se-otkaze-od-izolacija-i-da-stane-del-od-otvoren-balkan-veli-poraneshniot-shef-na-kosovskata-diplomatija/#respond Mon, 13 Jun 2022 20:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=690399

Поранешниот шеф на косовската дипломатија и актуелен потпретседател на парламентот и на Демократската партија на Косово, Енвер Хоџај, за Топ чанел изјави дека Косово треба да им се приклучи на земјите од регионот во рамки на Отворен Балкан. – Вклучувањето на Косово во иницијативата ” Отворен Балкан” е неопходно. Одбивањето да стане дел од оваа иницијатива има последици во многу аспекти а учеството во оваа регионална иницијатива е решено со Вашингстонскиот договор, рече тој. Според него ова е краен момент Владата на Косово сериозно да размисли, да се откаже од изолацијата и да покаже дека е за соработка. Хоџај додава дека од економски аспект, трговијата со Србија не треба никого да плаши а ги отфрла и аргументите на Владата на премиерот Албин Курти дека неучеството е поврзано со нееднаквиот третман на Косово во оваа иницијатива. – Апелирам до другите опозициски партии да погледнат подалеку кога станува збор за ” Отворен Балкан” за да ја убедиме владата да се откаже од изолацијата на земјата, посочи Хоџај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-treba-da-se-otkaze-od-izolacija-i-da-stane-del-od-otvoren-balkan-veli-poraneshniot-shef-na-kosovskata-diplomatija/feed/ 0
Хоџај: Годинава приоритет треба да биде дијалогот со Србија, не предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-godinava-prioritet-treba-da-bide-dijalogot-so-srbija-ne-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-godinava-prioritet-treba-da-bide-dijalogot-so-srbija-ne-predvremeni-izbori/#respond Mon, 17 Sep 2018 11:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=102056

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај тврди дека во Косово моментно работите не се одвиваат како што треба и дека одговорни за тоа се и власта и опозицијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Хоџај во интервју за „Епока е Ре“ порача дека партиите од владејачката коалиција и опозицијата треба заеднички да работат на заокружување на процесот на државотворност и комплетирање на суверенитетот на земјата. Тој нагласи дека е последно време за постигнување политички консензус за дијалогот со Србија, додека политичката елита ја повика „да се однесува државнички одговорно“. Според вицепремиерот и поранешен шеф на косовската дипломатија, моментално приотет треба да бидат преговорите, а не предвремените избори. - Се додека е Косово во процес на дијалог, не треба да има избори, изјави Хоџај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-godinava-prioritet-treba-da-bide-dijalogot-so-srbija-ne-predvremeni-izbori/feed/ 0
Хоџај: Поделба на Косово? Не, благодарам https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-podelba-na-kosovo-ne-blagodaram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-podelba-na-kosovo-ne-blagodaram/#respond Thu, 31 May 2018 12:59:37 +0000 https://kurir.mk/?p=60602

Заменикот на косовскиот премиер Енвер Хоџај, коментирајќи ја изјавата на рускиот амбасадор во Белград, изјави дека поделба на Косово не доаѓа предвид. Амбасадорот Александар Чепурин изјави дека Русија прифаќа поделба на Косово и Метохија ако тоа решение е најдобро за Србија. Рускиот дипломат тоа го изјави коментирајќи ја изјавата на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ дека и Албанците би прифатиле поделба на Косово и оти и тоа е во нивен интерес. -Приказната на амбасадорот за поделба е обид на увоз на руски пристап на поделби од Евроазија до Балканот. Границите на Блаканот се непроменливи и секоја идеја за поделба е извор на конфликт. Не, благодарам, напиша Хоџај на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-podelba-na-kosovo-ne-blagodaram/feed/ 0
Хоџај:Одговорот за убиството на Ивановиќ се крие во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-odgovorot-za-ubistvoto-na-ivanovikj-se-krie-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-odgovorot-za-ubistvoto-na-ivanovikj-se-krie-vo-belgrad/#respond Mon, 28 May 2018 06:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=59059

Заменикот косовски премиер Енвер Хоџај тврди дека Белград одбива да соработува со Приштина во врска со убиството на Оливер Ивановиќ и оти одговорите за тој инцидент се кријат во Белград, јави Танјуг. - Четири месеци од убиството на Оливер Ивановиќ и Србија се уште одбива да соработува со Косово бидејќи сакаат да ја скријат вистината и да ја попречат правдата. Негово убиство има корени во деструктивната српска политика и одговорите се кријат во Белград, напиша тој на Твитер. Потпретседателот на српската Влада и министер за внатрешни работи Небојша Стафановиќ изјави дека Србија е заинтересирана да биде решено убиството на Ивановиќ, но не гледа подготвеност кај приштинските власти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hodzaj-odgovorot-za-ubistvoto-na-ivanovikj-se-krie-vo-belgrad/feed/ 0
Хоџај: Македонија побара поддршка од Косово за спроведување на двојазичноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodzaj-makedonija-pobara-poddrshka-od-kosovo-za-sproveduvanje-na-dvojazichnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodzaj-makedonija-pobara-poddrshka-od-kosovo-za-sproveduvanje-na-dvojazichnosta/#respond Fri, 16 Mar 2018 14:10:35 +0000 http://kurir.mk/?p=30513

Заменик-претседателот на Владата, Енвер Хоџај, на денешната седница на Владата, обелодени дека македонската Влада побара поддршка од Владата на Косово за што епоскора примена на двојазичноста во институциите на Македонија на сите нивоа, информира порталот ЖУРНАЛ на албански јазик. Ова барање, Владата на Република Македонија го направи врз основа на добрите искуства на Косово во оваа област, уште од поствоениот период, од кога го применувама албанскиот и српски јазик како два официјални јазици, пишува порталот. -На барање на Владата на  Македонија, сега по официјализирањето на употребата на албанскиот јазик, потребна е поддршка од косовската Влада за да им помогне за на најбрз начин да се примени вдојазичноста во институциите, материјали и други нивоа во Македонија бидејќи Косово има добро искуство уште од после војната, рече Хоџај. Хоџај изрази верување дека Владата на Косово може да обезбеди таква поддршка, во меѓувреме, тој нагласи дека постои политичка волја за да и се обезбеди целосна поддршка на соседната држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodzaj-makedonija-pobara-poddrshka-od-kosovo-za-sproveduvanje-na-dvojazichnosta/feed/ 0
Османи: Заедничката владина седница круна на односите меѓу Македонија и Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-zaednichkata-vladina-sednica-kruna-na-odnosite-megju-makedonija-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-zaednichkata-vladina-sednica-kruna-na-odnosite-megju-makedonija-i-kosovo/#respond Thu, 15 Mar 2018 14:15:43 +0000 http://kurir.mk/?p=30212

Деталите и информациите во насока на подготовката за претстојната заедничка седница на владите на Македонија и Косово разменија денеска вицепремиерот задолжен за европски прашња Бујар Османи и косовскиот заменик-премиер Енвер Хоџај. На седницата се очекува да се потпишат повеќе договори за меѓусебна соработка, како и да се донесат повеќе одлуки околу иницијативи за проектите од интерес на двете земји. - Македонија и Косово немаат отворени прашања, што претставува основ на која се градат нашите добрососедски односи, истакна Османи на средбата. Посочи дека владите имаат обврска добрите односи меѓу народите на двете земји да ги преточат во реални политики, со кои ќе се овозможи дополнителен напредок во соработката, комуникацијата, размената и воопшто севкупната соработка меѓу дете земји. Османи и Хоџа разгледаа повеќе иницијативи за меѓусебна соработка. Разговарале за унапредување на соработката во сферите на енергетиката, унапредување на инфраструктурата, олеснување и поефтинување на телефонската и дигиталната комуникација во насока на намалување на роамингот. Разговарале и за унапредување на меѓусебното признавање на документите како што се возачките дозволи. Финализацијата на сите овие иницијативи се очекува за време на одржувањето на првата заедничка владина седница. Османи напомена дека меѓусебната соработка на земјите од Западниот Балкан е еден од основните предуслови за севкупен напредок на регионот за европските интеграции на државите и додаде дека напредокот во меѓусебната соработка меѓу Македонија и Косово е пример за тоа. Заедничката владина седница со Косово е дел од серијата заеднички седници на Владата на Република Македонија со владите од соседството. По одржаните заеднички седници со Бугарија и Албанија, во следниот период се очекува одржување и на заеднички владини седници со Србија и со Косово. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-zaednichkata-vladina-sednica-kruna-na-odnosite-megju-makedonija-i-kosovo/feed/ 0