Енвер Тоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Mar 2019 12:36:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Енвер Тоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полицаецот од Битола доби 18 години затвор: Изврши најсвирепо дело, уби и запали сограѓанин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policaecot-od-bitola-dobi-18-godini-zatvor-izvrshi-najsvirepo-delo-ubi-i-zapali-sogragjanin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policaecot-od-bitola-dobi-18-godini-zatvor-izvrshi-najsvirepo-delo-ubi-i-zapali-sogragjanin/#respond Tue, 12 Mar 2019 12:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=173945

Основниот суд во Прилеп го осуди на 18-години затворска казна битолскиот полицаец, Енвер Тоска, за свирепото убиство на својот сограѓанин, 36-годишниот Алили Бекир. 25-годишниот Тоска вчера на првото рочиште од судскиот процес против него, го призна делото и изрази жалење до семејството на жртвата. Тој е осуден дека на 14 септември минатата година го убил Бекир и го запалил неговото тело за да ги скрие доказите. Ова е едно од најтешките и најсвирепо извршени кривични дела, убиство од член 123, став 2. Казната за ова кривично дело е од 10 години до доживотен затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policaecot-od-bitola-dobi-18-godini-zatvor-izvrshi-najsvirepo-delo-ubi-i-zapali-sogragjanin/feed/ 0
„Нетпрес“: Убиец од затвор му даде поддршка на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-ubiec-od-zatvor-mu-dade-poddrshka-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-ubiec-od-zatvor-mu-dade-poddrshka-na-zaev/#respond Mon, 01 Oct 2018 16:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=109181

Полицаецот Енвер Тоска, кој е во притвор бидејќи се сомничи за грозоморното убиство во Беловодица, на вчерашниот референдум јавно му даде поддршка на премиерот Зоран Заев, за промена на уставното име на Република Македонија, објави Нетпрес. Тој вчера на својата профилна слика додаде натпис „Излези за европска Македонија“, што беше водечко кредо во владината кампања за референдумот. За потсетување, Енвер на 14 овој месец, го убил 36 годишниот Бекир А. а потоа го запалил. Полицаецот на убиениот прво му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“. Двајцата контактирале преку пораки на „Фејсбук“ при што се договориле истиот ден околу 14:30 часот Бекир да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чекал сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на село Беловодица двајцата излегле надвор од возилото. Во еден момент ЕнверТ. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми. По убиството, полицаецот одзел една ташна со 4.000 евра, пари кои биле предвидени да ги плати за возилото. Потоа, извадил шише со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето Бекир А. и го запалил, пишува Нетпрес. Нетпрес пишуваше дека полицаецот-убиец Енвер Тоска, иако не ги исполнувал условите да биде полицаец добил значка и пиштол по интервенција на ДУИ. Неофицијално, убиството на Бекир, ја прелеало чашата на незадоволство на Македонците-муслимани од битолските и прилепските села кои во изминатиов период трпеле терор од Тоска и други Албанци блиски на ДУИ, а вработени во полицијата. Смртта на Бекир е последниот случај во низа во кој биле претепувани Торбеши, па дури дека имало и убиства, но нема докази.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-ubiec-od-zatvor-mu-dade-poddrshka-na-zaev/feed/ 0
Нетпрес: Зоврива револтот по грозоморното убиство и анархијата што владее во МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-zovriva-revoltot-po-grozomornoto-ubistvo-i-anarhijata-shto-vladee-vo-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-zovriva-revoltot-po-grozomornoto-ubistvo-i-anarhijata-shto-vladee-vo-mvr/#respond Thu, 20 Sep 2018 14:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=103710

Зоврива револтот по грозоморното убиство на Алил Бекир, кој беше убиен и запален од полицаецот Енвер Тоска, пред една недела во прилепското село Беловодица, пишува Нетпрес. Битолската јавност е згрозена од злосторството на нивниот сограѓанин, кој за 4.000 евра го убил својот пријател и бездушно го запалил. Додека медиумите бараат одговорност од раководството на МВР кое го вработило Тоска како полицаец, битолчани на социјалните мрежи за во недела најавуваат протест поради насилството кое Тоска, но и негови пријатели, од кои дел исто така полицајци подолго време го манифестираат во градот на конзулите. Според нив, на Тоска и уште неколку битолски полицајци значката и пиштолот им служеле како заштита за трговијата со дрога, но и за лихварството со кое се занимавале, а самите консумирале дрога, особено амфетамини. Зависноста од дрога била причината Тоска да го убие својот пријател Бекир(36), за кого биолчани велат дека му бил како втор татко на Тоска(24) бидејќи од мал се грижел за него. Уште повеќе што полицаецот му должел пари на Бекир, а постојано му земал пари без да му ги врати. Социјалните мрежи се преполни со коментари за убиството, а дел од учесниците во разговорите тврдат дека веќе добиваат закани по живот оти пишуваат за Тоска. Полицаецот-убиец, иако не ги исполнувал условите да биде полицаец, добил значка и пиштол по интервенција на ДУИ, и тоа во време кога министер за внатрешни работи бил Оливер Спасовски, а не Митко Чавков, во чиј мандат бил вработен во МВР, но не како полицаец. Неофицијално, убиството на Бекир, пак, ја прелеало чашата на незадоволство на македонците-муслимани од битолските и прилепските села кои во изминатиов период трпеле терор од Тоска и други Албанци блиски на ДУИ, а вработени во полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-zovriva-revoltot-po-grozomornoto-ubistvo-i-anarhijata-shto-vladee-vo-mvr/feed/ 0
Нетпрес: Тоска од обичен службеник во МВР станал полицаец во времето на Спасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-toska-od-obichen-sluzbenik-vo-mvr-stanal-policaec-vo-vremeto-na-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-toska-od-obichen-sluzbenik-vo-mvr-stanal-policaec-vo-vremeto-na-spasovski/#respond Wed, 19 Sep 2018 17:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=103279

Полицаецот-убиец Енвер Тоска, иако не ги исполнувал условите да биде полицаец добил значка и пиштол по интервенција на ДУИ, и тоа во време кога министер за внатрешни работи бил Оливер Спасовски, а не Митко Чавков, во чиј мандат бил вработен во МВР, но не како полицаец, пишува НетПрес. Тоска, како што веќе е познато на јавноста имал завршено образование за физиотерапевт, а бил запишан и на курсот во Полициската академија. Бидејќи ги немал потребни резултати, тој бил одбиен и не бил викнат на работа. Сепак, бидејќи бил близок на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како што самиот убиец тврди, бил вработен во МВР, но како обичен службеник. Тогашното раководство на МВР оценило дека не ги исполнува условите за работа како полицаец, но бил вработен во министерството. Но по смена на власта, пак проработеле врските и Тоска преку ноќ од службеник станал полициски инспектор. -Грозоморното убиство во прилепско треба да биде поука бидејќи потпишување договор за работа на такви лица, кои не се достојни за полиција, беше одлика на некое друго време, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по апсењето на Тоска, префрлајќи ја одговорноста на претходната раководна гарнитура. Но според Правилникот за здравствените и психофизички состојби што треба да ги исполнува лицето кое заснова работен однос  во полицијата, начинот на нивното утврдување и начинот на контрола на здравствената и психофизичка способност на полициските службеници, работник на МВР кој од работно место без посебни должности и овластувања се прераспоредува на работно место предвидено за полициски службеник се подложува на повторен лекарски преглед  за да се утврди дали ја исполнува здравствената и психофизичка способност., пишува порталот. Тоа меѓу другото подразбира душевни растројства и растројства во однесувањето (деменции и други органски, душевни нарушувања, шизофренија, шизотипни растројства и налудничави растројства и афективни растројства) и други психички нарушувања. Дали ова е направено е нејасно и ако е направено очигледно дека некој ја утнал работата и му дал зелено светло на Тоска дека е психо-физички здрав да добие пиштол, со кој го застрела Алил Бекир. За ова некој во МВР ќе мора да одговара, пишува НетПрес. Јавноста со право се прашува како полицијата многу лесно си дава право и стручност некого да му залепи етикета дека е ненормален, па дури да ги испраќа во лудница, а вистински лудаци да чуваат во свои редови. Граѓаните беа згрозени од информацијата за апсењето на актерката Ирена Ристиќ, која откако одбила да и извршат алкотест, ја испратиле во Психијатриската болница „бидејќи, како што велат од МВР, со цел добивање на мислење од стручно лице врз основа на надворешните манифестации и симптоми на лицето. Во случајот со Тоска очигледно не биле така ревносни, па не воделе сметка ниту за очигледните „манифестации“ на лицето и телото на убиецот. Во претходно споменатиот правилник се спомнуваат лузни и други деформитети на лицето и главата кои условуваат функционални или естетски промени.  Тоска е целиот со тетоважи, кои дел поминуваат преку вратот и лесно се воочливи. Да не збориме за тие на раката кои се видливи при носење на униформа со куси ракави. Бидејќи полицаец е полицеац и во слободно време, неговите раководители можеле да изреагираат и на фотографиите на негоивте профили на социјалните мрежи. Освен тетоважите видливи се и симболи со мртовечки глави и слични пораки кои не доликуваат на полициски службеник. Неофицијално, за Тоска се збори дека бил вмешан во трговија со наркотици, но Нетпрес од МВР не добиле одговор дали имаат информации за негови незаконски активности додека бил вработен во МВР, бидејќи претходните такви активности на убиецот, секако би требало да бидат пречка тој да се вработи во полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-toska-od-obichen-sluzbenik-vo-mvr-stanal-policaec-vo-vremeto-na-spasovski/feed/ 0