еп 2020 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Jul 2021 09:45:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еп 2020 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колку луѓе го гледаат Европското првенство на телевизија: Само за финалето се очекуваат 300 милиони https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kolku-lugje-go-gledaat-evropskoto-prvenstvo-na-televizija-samo-za-finaleto-se-ochekuvaat-300-milioni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kolku-lugje-go-gledaat-evropskoto-prvenstvo-na-televizija-samo-za-finaleto-se-ochekuvaat-300-milioni/#respond Sun, 04 Jul 2021 09:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=531691

Вкупниот број на телевизиски гледачи на натпреварите од ЕУРО2020 ќе изнесува 4,7 милијарди луѓе ширум светот, соопшти УЕФА. На Европското фудбалско првенство, заклучно со финалето на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон, ќе се одиграат вкупно 51 натпревари, кои 130 глобални радиодифузни партнери на УЕФА ги емитуваат во живо во 200 држави и територии. Секој натпревар на ЕУРО2020 во просек преку телевизиските екрани го гледаат 100 милиони луѓе, а финалето се очекува да го гледаат околу 300 милиони луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kolku-lugje-go-gledaat-evropskoto-prvenstvo-na-televizija-samo-za-finaleto-se-ochekuvaat-300-milioni/feed/ 0
Сејдини повторно се огласи: Македонија на ЕП со досегашниот дрес, откри што се случило со изборот на новиот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-povtorno-se-oglasi-makedonija-na-ep-so-dosegashniot-dres-otkri-shto-se-sluchilo-so-izborot-na-noviot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-povtorno-se-oglasi-makedonija-na-ep-so-dosegashniot-dres-otkri-shto-se-sluchilo-so-izborot-na-noviot/#respond Sun, 30 May 2021 08:22:16 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516748

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини по бројните реакции по јавноста откако беше презентиран новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација за настап на ЕП 2020, пресече и доцна синоќа соопшти дека Македонија ќе настапува во досегашниот дрес. Сејдини им се извини на навивачите, нагласувајќи дека ја превзема одговорноста, но и дека е испратен допис до УЕФА за промена на дресот на репрезентацијата. Во продолжение интегрално ви го пренесува писмото на Сејдини. -Драги навивачи на македонската репрезентација, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство. Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст. Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање. За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер. Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови. Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање. Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото. Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме. Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб, пишува Сејдини во писмото до јавноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-povtorno-se-oglasi-makedonija-na-ep-so-dosegashniot-dres-otkri-shto-se-sluchilo-so-izborot-na-noviot/feed/ 0
ВИДЕО: Македонските фудбалери ги видоа дресовите со кои ќе настапат на ЕП, Џани и Ристовски со урнебесна реакција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-makedonskite-fudbaleri-gi-vidoa-dresovite-so-koi-kje-nastapat-na-ep-dzani-i-ristovski-so-urnebesna-reakcija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-makedonskite-fudbaleri-gi-vidoa-dresovite-so-koi-kje-nastapat-na-ep-dzani-i-ristovski-so-urnebesna-reakcija/#respond Fri, 28 May 2021 10:33:26 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516013

Фудбалската федерација на Македонија го презентираше официјалниот дрес со кој македонските фудбалери ќе настапат на Европското првенство. -Светиот дрес со симболот од нашето национално богатство, стои во описот на ФФМ, а кој се однесува на балканскиот рис. Подгледнете ја реакцијата на нашите репрезентативци кога го видоа дресот, а особено урнебесни се реакциите на Џани и Ристовски. Алиоски дури успеа да се пошегува и со соиграчите. Како изгледаат нашите момци во репрезентативниот дрес подготвен за ЕУРО 2020 погледнете во видеото.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-makedonskite-fudbaleri-gi-vidoa-dresovite-so-koi-kje-nastapat-na-ep-dzani-i-ristovski-so-urnebesna-reakcija/feed/ 0
Пандев за грчки портал: Би ги дал сите освоени трофеи за да одам на Европско со репрезентација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-za-grchki-portal-bi-gi-dal-site-osvoeni-trofei-za-da-odam-na-evropsko-so-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-za-grchki-portal-bi-gi-dal-site-osvoeni-trofei-za-da-odam-na-evropsko-so-reprezentacija/#respond Tue, 13 Apr 2021 10:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=496418

Имам играно за многу тимови, имам видено многу, имам освоено сè од титули, но, да победуваш со твојата репрезентација не се споредува со ништо. Би ги дал сите освоени трофеи за да одам на Европско со репрезентацијата, вели македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Џенова, Горан Пандев за грчкиот спортски портал „Газета.гр“, во интервјуто во кое говори за историскиот пласман на Европското првенство, за натпреварите со Грузија и Германија, за неговата кариера и „закачувањето на копачките“, за понудите од грчките тимови во минатото, но и за односите меѓу двете соседни земји, јави дописничката на МИА од Атина. Открива дека бил блиску до договор со ПАОК, кога бил мал имал можност наместо во Интер да замине во Олимпијакос, објаснува дека по Европското, ќе реши дали ќе се „пензионира“, а се присеќава и на импресивната сезона во Интер, коментирајќи ги Мурињо и Камбиасо. Во текстот под наслов „Би ги подарил сите трофеи за да одам на Европско, сакаа да ме земат Олимпијакос и ПАОК“, новинарот коментира дека Пандев, „на крајот од неговата кариера се погрижи да го исполни сонот во кој ни самиот не веруваше“. – Никогаш не верував дека мојата репрезентација ќе ја видам на голем настан. Ниту на 37, ниту на 38 години. Но, како човек верувам во судбина во животот. И судбината сакаше тоа да се случи. Имам играно за многу тимови, имам видено многу, имам освоено сè од титули. Но, да победуваш со твојата репрезентација не се споредува со ништо. Би ги дал сите освоени трофеи за да одам на Европско со репрезентацијата. Се сеќавам што се случи по натпреварот со Грузија, пласманот беше сигурен. Беше како да освоивме Европско, а ние само успеавме беше да се пласираме. Не беше лесно, но насмевките на моите сонародници се најдоброто нешто што ми се случи во кариерата, вели Пандев за натпреварот со Грузија. За последниот пак, со Германија, коментира дека „вечерта во Дуизбург беше историска“ и истакнува дека дури и сега, две седмици подоцна, уште не може да поверува, со оглед на фактот што „Германија 20 години немаше загубени во квалификации за Мундијал и токму тоа го сторивме ние“. На прашањето дали може да го постигнеме она што го направи Грција на Европското првенство во Португалија во 2004 година, Пандев вели дека не знае дали може да бидеме изненадување, но немаме што да изгубиме. – Одиме на Европско и немаме апсолутно ништо да загубиме. Можеме да им ставиме пречки на сите репрезентации од групата, коментира македонскиот фудбалски репрезентативец. Дали настапот на претстојното Европското првенство ќе го означи и крајот на кариерата, Пандев вели дека на таа тема ќе разговара со претседателот и тренерот, а потоа ќе донесе одлука. – Се чувствувам добро иако се приближувам до 38 години (се смее). Колку и да се обидувам да се залажам, не ми останува уште многу време. По Европското можеби ќе прекинам, но ќе разговарам со претседателот, со тренерот и ќе видиме, одговара Пандев. Грчкиот спортски портал коментира дека името на македонскиот репрезентативец во минатото се поврзуваше со повеќе екипи од Грција, а Пандев бели дека не знаел дека толку многу се споменувал во грчките медиуми. – Ќе ви ти откријам дека кога бев мал, пред да заминам во Интер бев многу блиску до Олимпијакос. Но, претседателот на мојот тогашен тим (Беласица) го расипа трансферот. Пред неколку години бев во разговори со ПАОК, кој многу сакаше да дојдам, но години бев во Италија, моето семејство се чувствуваше добро тука и останавме, открива Пандев. Се присетува и на сезоната во Интер, кога освоија сѐ што можеше да се освои, вели дека таа „импресивна сезона“, нероаѕурите имаа одлични играчи, со „најдобриот тренер на светот, Мурињо“. – За мене тој е татко. Тој ме научи на многу работи не само за фудбалот, туку и за животот. Камбиасо беше тренер на местото на тренерот (се смее). Тој беше тренер на теренот, секогаш даваше упатства и сигурен сум дека ќе стане добар тренер. Фантастичен човек, вели Пандев. Не ме интересира политика, двата народи се слични За односите меѓу двете соседни земји и политичкиот дел, Пандев во интервјуто за „Газета.гр“, категорично истакнува дека „не знае ништо за политика, не разбира ништо околу политиката и затоа нема да говори за политика“. Потенцира дека нему му се допаѓа фудбалот и добрите фудбалери, независно од тоа од која земја се, дали од Грција, дали од Северна Македонија, дали од Италија. – Никогаш не ми се допаѓаше политиката. Знам дека говориме за два народи кои се слични, истакнува тој, додавајќи дека сега е најважно да се заврши со пандемијата. „Одмор“ е првиот збор на кој му текнува на Пандев кога ќе му поминува низ умот на Горан Пандев кога ќе го слушне името Грција? Која е првата врска со нашата земја? Новинарот од „Газета.гр“ се прашува „Кој е првиот збор на кој помислува Горан Пандев кога го слуша името Грција?“, а македонскиот репрезентативец низ смеење му одговара „одмор“, објаснувајќи дека живее во Струмица, што е блиску до Грција и секое лето ги посетува грчките плажи. – Грција, лето и одмор, вели Пандев во интервјуто за грчкиот спортски портал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-za-grchki-portal-bi-gi-dal-site-osvoeni-trofei-za-da-odam-na-evropsko-so-reprezentacija/feed/ 0
УЕФА нема планови да гo намали бројот на домаќини за ЕП 2021 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-nema-planovi-da-go-namali-brojot-na-domakjini-za-ep-2021/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-nema-planovi-da-go-namali-brojot-na-domakjini-za-ep-2021/#respond Fri, 10 Apr 2020 08:57:32 +0000 https://kurir.mk/?p=330087

Раководството на Европската фудбалска централа (УЕФА) во моментов нема намера да го намали бројот на градови домаќини на веќе преместениот Европски фудбалски шампионат следната година. Претходно, „Дејли мејл“ објави дека повеќето од објектите не се слободни за следната година, а во Италија и Шпанија најверојатно нема да бидат подготвени, бидејќи тие се најмногу погодени од пандемијата на коронавирус. Портпаролот на УЕФА изјави дека календарот за 2021 година сè уште не е одобрен и дека централата е во разговори со градовите домаќини. Во моментов, 10 стадиони за летото 2021 година се вклучени во не-фудбалски настани. Сите во Копенхаген, Даблин и Глазгов имаат настани во исто време кога првично требаше да се одржи првенството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-nema-planovi-da-go-namali-brojot-na-domakjini-za-ep-2021/feed/ 0
ФОТО: Ракометарите ја тргнаа „Северна“ од автобусот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-rakometarite-go-izbrishaa-imeto-severna-od-avtobusot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-rakometarite-go-izbrishaa-imeto-severna-od-avtobusot/#respond Fri, 10 Jan 2020 14:48:09 +0000 https://kurir.mk/?p=288015

Македонските ракометари ја избришаа додавката Северна која стоеше пред Македонија на автоусот со кој се возат на Европското првенство (ЕП) во Австрија кое почна вчера. Претходно тоа го стори македонскиот голман Борко Ристовски кога на подготовките во Словенија ја покри Северна пред името на нашата држава. На автобусот кој што им е даден на користење на избраниците на селекторот Данило Брестовац, пишува North Macedonia, името кое го налага и ЕХФ, но ракометарите се сетија да ја покријат North ставајќи македонско знаме токму над додавката. Сега на автобусот си пишува само Team Macedonia, како што беше случај на сите првенства досега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/foto-rakometarite-go-izbrishaa-imeto-severna-od-avtobusot/feed/ 0
Градови домаќини на ракометното ЕП 2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gradovi-domakjini-na-rakometnoto-ep-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gradovi-domakjini-na-rakometnoto-ep-2020/#respond Thu, 09 Jan 2020 09:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=287286

Европскиот ракометен шампионат, прв во историјата со 24 учесници, од денес до 26 јануари ќе се игра во три држави, Шведска, Австрија и Норвешка. Шведски градови во кои ќе се играат натпревари од ЕП се: Малме со „Малме арена“ , капацитет 13.000 гледачи, натпреварите од Е-групата. Гетеборг во салата „Скандинавиум“ со капацитет 12.000 гледачи, натпреварите од Ф-групата. Стокхолм со „Теле 2 арената“ со капацитет 22.000 гледачи, натпреварите од финалниот викенд. Во Австрија градови домаќини се: Виена со „Винер стадхале“ со капацитет 10.000 гледачи, натпреварите од Б-групата. Грац со „Стадхале Грац“ со капацитет 6.000 гледачи, натпреварите од А-групата. Од Норвешка град домаќин е: Трондхајм со салата „Њу нидарохелен“ – капацитет 8.000 гледачи, натпреварите од Ц и Д групите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gradovi-domakjini-na-rakometnoto-ep-2020/feed/ 0
Целосна ждрепка за баражот во ЕП 2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/celosna-zdrepka-za-barazot-vo-ep-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/celosna-zdrepka-za-barazot-vo-ep-2020/#respond Fri, 22 Nov 2019 14:07:10 +0000 https://kurir.mk/?p=267704

Откако стана јасно каков е евентуалниот пат на Македонија до завршницата на ЕП 2020, сега позната е и целосната ждрепка за баражот меѓу 16-те екипи кои ќе имаат шанса да се квалификуваат преку турнирот Лигата на нации. Полуфиналните бараж дуели се играат на 26 март 2020 година, а финалните натпревари се пет дена подоцна – 31 март. Ждрепката во Нион ги одреди како двојките од полуфиналето, така и потенцијалните домаќини на финалето. Ждреб за полуфинале: Лига А: Полуфинале 1: Исланд – Романија Полуфинале 2: Бугарија – Унгарија Лига Б. Полуфинале 1: Босна и Херцеговина – Северна Ирска Полуфинале 2: Словачка – Ирска Лига Ц Полуфинале 1: Шкотска – Израел Полуфинале 2: Норвешка – Србија Лига Д Полуфинале 1: Грузија – Белорусија Полуфинале 2: Северна Македонија – Косово]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/celosna-zdrepka-za-barazot-vo-ep-2020/feed/ 0
Италија сака да го освои ЕП 2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-saka-da-go-osvoi-ep-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-saka-da-go-osvoi-ep-2020/#respond Sat, 12 Oct 2019 13:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=250859

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, јасно стави до знаење дека тимот има за цел да го освои Европското првенство во 2020 година. Италијанците досега забележаа шест победи на шест натпревари и убедливо се на првото место во групата „Ј“. – Кога застанав на чело на репрезентацијата, не знаев што ќе се случи за 15 месеци. Беше многу важно да се направи победнички стил брзо и да се запознаат играчите. Против Грција, нема да биде лесно. Тие го сменија тренерот и користеа многу играчи. Ќе видиме како тие ќе играат, но за нас тактиката нема да се промени. Нашиот стил е јасен, ќе играме за да победиме. За нас останува главната цел да го освоиме Европското првенство, кое Италија го освои пред повеќе од 50 години, изјави Роберто Манчини за „Фудбал Италија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-saka-da-go-osvoi-ep-2020/feed/ 0
Шпанија и Италија ќе ги заверуваат визите за ЕП 2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-i-italija-kje-gi-zaveruvaat-vizite-za-ep-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-i-italija-kje-gi-zaveruvaat-vizite-za-ep-2020/#respond Sat, 12 Oct 2019 08:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=250668

Нова серија натпревари од 7.коло на европските квалификации е на програмата денес. Осум натпревари од 3 групи ќе се играат на територијата на Стариот континент. Големите сили Шпанија и Италија имаат шанса официјално да ги завераат своите визи за ЕП 2020. Во групата „Ф“, Шпанија досега има 6 победи од 6 натпревари. „Фуријата“ вечерва се соочува со Норвешка во Осло. Избраниците на Роберт Морено ќе бараат нов успех за да се осигурат дека ќе завршат на едно од првите две места во групата и ќе играат во завршницата на Европското. Сепак, домаќините исто така немаат право на грешка ако сакаат да стигнат барем до второто место, што исто така дава право на учествона континенталниот собир другата година. Во групата „Ј“ ситуацијата е доста слична. Италија е со 18 бода по 6 дуели и со нова победа ќе го загарантира своето учество во ЕП . Во одредени околности, „азурите“ може да си ја завери визата за Европското дури и со реми дома против Грција, но за таа цел Ерменија мора да загуби при својата посета кај Лихтенштајн. Натпреварите од денес: Од 15:00 часот Грузија – Ирска Од 18:00 часот Данска – Швајцарија Фарски острови – Романија Босна и Херцеговина – Финска Од 20:45 часот Норвешка – Шпанија Малта – Шведска Лихтенштајн – Ерменија Италија – Грција 2019-10-12 09:46:30]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-i-italija-kje-gi-zaveruvaat-vizite-za-ep-2020/feed/ 0