ЕП 2021 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Jun 2021 07:10:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕП 2021 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија по трет пат до трофејот на ЕП за фудбалери до 21 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanija-po-tret-pat-do-trofejot-na-ep-za-fudbaleri-do-21-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanija-po-tret-pat-do-trofejot-na-ep-za-fudbaleri-do-21-godina/#respond Mon, 07 Jun 2021 07:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=519877

Германската фудбалска репрезентација го освои Евро У21 по трет пат. Во решавачкиот натпревар на Европското првенство за млади, синоќа во Љубљана, Германија ја совлада Португалија со 1:0. Повеќе трофеи од Германците во оваа категорија фудбалери, имаат само Италија и Шпанија. Тие по пет пати биле европски шампиони. На ЕУРО 2017, исто така Германија стана победник, а во 2019 година загуби од Шпанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/germanija-po-tret-pat-do-trofejot-na-ep-za-fudbaleri-do-21-godina/feed/ 0
Русија ги укинува визите за време на ЕП во фудбал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-gi-ukinuva-vizite-za-vreme-na-ep-vo-fudbal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-gi-ukinuva-vizite-za-vreme-na-ep-vo-fudbal/#respond Thu, 20 May 2021 20:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=513078

Русија ќе им дозволи на странските навивачи, кои ќе купат влезници за натпреварите во Санкт Петерсбург, во рамки на Европското првенство (ЕП), да влезат во земјата без неопходната виза, соопшти денеска локалниот организациски одбор. Русија воведе рестрикции за влез на странци во земјата поради пандемијата на Ковид-19 и нејзините граници се отворени само за жители од земјите со кои има воспоставено директни меѓународни летови. Во сегашните услови кога движењето на луѓето е многу ограничено, ние наидовме на разбирање од федералните власти и можеме да ги отвориме границите за оние, кои доаѓаат во Санкт Петерсбург на фудбалските празници ова лето – изјави директорот на локалниот организациски одбор Алексеј Сорокин. Тој додаде дека и официјалните лица на завршниот турнир, и самите учесници ќе мораат да ги почитуваат безбедносните правила и да имаат негативен тест на Ковид-19. Санкт Петерсбург ќе биде домаќин на седум натпревари од групата Б (Русија, Данска, Финска, Белгија) и на еден четвртфинален дуел, а стадионот ќе биде исполнет до 50 отсто од капацитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusija-gi-ukinuva-vizite-za-vreme-na-ep-vo-fudbal/feed/ 0
Марко Ројс го одбил повикот за настап на ЕП за Германија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-rojs-go-odbil-povikot-za-nastap-na-ep-za-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-rojs-go-odbil-povikot-za-nastap-na-ep-za-germanija/#respond Tue, 18 May 2021 19:55:25 +0000 https://kurir.mk/?p=512098

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Марко Ројс одби да биде дел од германската репрезентација за претстојното Европско првенство летово, објави „Билд“.
Ројс бил во контакт со селекторот Јоаким Лев и му било кажано дека е во плановите за селекцијата , но потоа во нов разговор му соопштил дека плановите му се поинакви и дека сака прво добро да се одмори после напорната сезона, а потоа да се насочи на подготовката за новата сезона. Оваа одлука Ројс ја образложил дека не сака да се става во дополнителен ризик и под уште поголем напор после една многу тешка година со ептен згуснат распоред, па повторно да се доведе во ситуација да се повреди, поучен од многуте повреди поради кои долго време отсуствуваше од терените. Според најавите на списокот на Лев се очекува да се вратат Томас Милер и Матс Хумелс.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-rojs-go-odbil-povikot-za-nastap-na-ep-za-germanija/feed/ 0
Украинците ги стартуваа подготвките пред ЕП во фудбал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ukraincite-gi-startuvaa-podgotvkite-pred-ep-vo-fudbal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ukraincite-gi-startuvaa-podgotvkite-pred-ep-vo-fudbal/#respond Mon, 17 May 2021 18:27:16 +0000 https://kurir.mk/?p=511531

Фудбалската репрезeнтација на Украина со којаќе бидеме во групата на претстојното Европско првенство и со која ќе го одиграме мечот во рамките од второто коло од ова натпреварување на 17. јуни на Националната Арена во Букурешт, и официјално ги стартуваше подготовките пред шампионатот под водство на селекторот Андриј Шевченко. Првите неколку дена, селекцијата на Украина и селекторот ќе работат единствено со домашните репрезентативци, со оние кои настапуваат во домашниот шампионат,Како ќе поминува времето така ќе им се приклучуваат останатите фудбалери кои играат надвор од оваа земја. Во моментов, следните играчи се присутни на тренинг кампот на репрезентацијата на Украина. Голмани : Георги Бушан (Динамо Киев), Андриј Пјатов, Анатолиј Трубин (Шахтјор Доњецк). Одбрана : Александар Караваев, Илја Забарни, Виталиј Миколенко, Александар Тимчик, Александар Сирота, Денис Попов (сите Динамо Киев), Николај Матвиенко, Сергеј Кривцов, Виктор Корниенко (сите од Шахтјор Доњецк). Среден ред : Тарас Степаненко, Марлос, Георги Судаков (сите од Шахтјор Доњецк), Сергеј Сидорчук, Николај Шапаренко, Виталиј Бујалски, Виктор Циганков, Богдан Леднев (сите од Динамо Киев), Артем Бондаренко (Мариупол), Евгениј Макаренко (Кортријк, Белгија), (Ференцварош, Унгарија). Напаѓачи : Артем Довбик (Днипро), Артем Беседин (Динамо Киев).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ukraincite-gi-startuvaa-podgotvkite-pred-ep-vo-fudbal/feed/ 0
Сејдини: Ги охрабрувам сите фудбалски работници кои мислат дека можат да ја извршуваат оваа функција да се кандидираат на претстојните избори https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-gi-ohrabruvam-site-fudbalski-rabotnici-koi-mislat-deka-mozat-da-ja-izvrshuvaat-ovaa-funkcija-da-se-kandidiraat-na-pretstojnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-gi-ohrabruvam-site-fudbalski-rabotnici-koi-mislat-deka-mozat-da-ja-izvrshuvaat-ovaa-funkcija-da-se-kandidiraat-na-pretstojnite-izbori/#respond Mon, 08 Feb 2021 16:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=465876

2020 година сигурно дека сите ние сакаме да ја заборавиме што побргу поради пандемијата на Коронавирусот, но и ќе ја запаметиме во нашиот спорт како година која ќе биде запишана со златни букви во македонската фудбалска историја кога нашиот најдобар национален фудбалски тим се пласира на Европско Првенство. Фудбалерите предводени од капитенот Горан Пандев им донесоа огромна радост на љубителите на фудбалот кај нас и направија да бидеме дел од едно големо натпреварување како што е самитот на најдобрите 24 фудбалски репрезентации во Европа. За самот пласман и ЕП, инфраструктурата, регионалналната фудбалска лига, ВАР технологијата Курир разговараше со првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија господин Муамед Сејдини, интервју кое може да го прочитате во продолжение од текстот. Господие Сејдини вашите импресии од историскиот пласман на ЕП,  емоциите после победата над Грузија во финалето на Лигата на Нации? -Емоциите се уште не стивнуваат и постојат кај спортските работници кои се дел од фудбалската федерација и сите сме во исчекување заедно со фудбалерите навивачите и кои се дел од оваа држава на стартот на ЕП и првиот меч на 13 - ти јуни во Букурешт. Моменти чувства кои не се забораваат. Не знаеш што да правиш во моментот. Едните со солзи радосници , другите слават. Немаше публика на стадионот и можевме величествениот коментар  на Тони Стојановски да го слушнеме за мечот, за репрезентацијата и за нашата држава. Немам зборови навистина да го опишам тој момент, кој треба само да се доживее. Има најави дека до март УЕФА треба да донесе конечна одлука околу тоа дали ќе се игра со публика или не. Верувате ли дека и навивачите ќе бидат на трибините за време на Европското првенство? -Ние сме во постојан контакт со првите луѓе на УЕФА поточно со првиот човек Александар Чеферин. Европската куќа на фудбалот ја нема донесено се уште одлуката дали ќе има полн капацитет на стадионите или 30 проценти. Сите се надеваме дека ќе играме пред полни трибини што ќе биде мотив плус за сите нас , особено за фудбалерите кои се директни актери на секој натпревар. Ние на ЕП се најдовмe во групата со Австрија,Украина и Холандија. Какви се нашите реални шанси според Вас на шампионатот  во една ваква група ? -Македонија на оваа европско првенство мислам дека пријатно ќе изненади .Имаме капацитет, имаме фудбалери кои знаат што сакаат со карактер, искуство што го добија во двата предходни квалификациски циклуси. Играме против една силна Австрија Украина и велесила Холандија. Верувам во нив, не само јас туку и целокупната спортска јавност во нашата држава. Дали пред почетокот на шампионатот е во план да се одигра пријателска средба со некоја репрезентација како генерална проба пред ЕП ? -Имавме состанок со селекторот разговаравме со него и според планот би требало да одиграме една пријателска средба без да ги сметаме натпреварите од редовните квалификации за СП во Катар кои ќе стартуваат во март. Одврзани му се рацете на Игор Ангеловски да одбере противник и со кого сака да игра. За брзо време ќе се знае која селекција ќе биде генерална проба пред шампионатот и заминување на првенството. Јавноста правовремено ќе биде известена и за тој дел од подготовките на сениорската репрезентација. Како Федерација како се справувате за време на пандемијата и периодот кој трае веќе цела една година ? -Пандемијата направи големи проблеми не само кај нас,туку и во целиот свет. Добро се справивме во изминатиот период. Со министерството за здравство заедно ги подготвувавме протоколите кои ги испочитувавме. Работиме според нив во Првата и Втората лига, младинските категории и во фудбалската Академија. Се е усогласено за да работите одат непречено и да се одвиваат според планот. Околу активностите за подобрување на фудбалската инфраструктура на стадионите преку „Хет Трик“ програмите на УЕФА, што е засега реализирано, што е во тек и кои се плановите во наредниот период? -Имаме низа на проекти кои ги започнавме на почетокот на 2020 година. Некои од нив се завршени,некои се во завршна фаза,  а некои штотуку ги започнавме. Бројка од 10 до12 проекти кои ќе ги наречам поголеми  каде сумата достигнува од 300.000 евра до 1 500 000 милиони евра. Имаме и 12 помали проекти по реони каде нивата сума изнесува од 20.000 евра до 50.000 евра ,Многу сме подобрени во инфраструктурата  и максимално ги користиме наменските средства кои пристигнуваат од  Хет-Трик програмата. Да напоменам ФФМ во 2019 и 2020 година има одвоено и буџет од редовната сметка  т.е. заштедени пари кои ги користиме за овие потреби затоа што сме воделе ред за секое евро се со цел да направиме нешто за нашите клубови и да ја подобриме инфраструктурата на фудбалските терени. Трибината на стадинот во Чаир веќе е завршена, а системот за наводнување и тревникот веќе се поставени. Во Охрид сме во завршна фаза на стадионот  “Биљанини Извори “  и трибинната што се гради. Имаме две трибини во Кавадарци каде сеуште се работи и некаде во период од два до три месеци ќе го завршиме и тој проект. Во Штип ќе треба да започне за брзо време изградбата на планираната модерна трибина од 2.400 места, со подтрибински простор, ВИП ложа, стадион кој се подготвува да може да се играат и меѓународни натпревари.,Системи за наводнување и соблекувални имаме поставено на стадионот во Ѓорче Петров, и Гостовар. Во Џепчиште од кај потекнува тимот на Ренова  изградивме стадион заедно со систем за наводнување и дренажа. Имаме и низа прокети кои се помали каде што имаме изградено соблекувални, огради , тревници се во интерес на фудбалот. Ние како федерација не треба да застанеме тука, туку секогаш треба да се грижиме за подобри услови да имаат сите во фудбалот. Во целиот процес треба да се вклучат што повеќе  локалните власти и државата каде сите заедно треба да се грижиме за иднината и генерациите кои доаѓаат. Љубителите на фудбалот посакуваат регионална лига ,како што е во кошарката АБА и во ракометот СЕХА лигата. Какви се шансите да се реализира еден ваков проект и има ли идеја ? -Постои таква идеја за регионална фудбалска лига.Во комуникација со претседателот на УЕФА Александар Чеферин и членот на извршниот комитет Давор Шукер и сите претседатели на Балканските фудбалски сојузи разговараме секогаш на таа тема,но во едно сите сме согласни дека засега нема безбедносни услови за организирање на вакво натпреварување слична на кошаркарската АБА лига или СЕХА ракометната лига.  Дали би можеле да очекуваме имплементирање на ВАР системот и во нашата земја? -Тоа е поголем проект за нас како фудбалска федерација сме за воведување на технологијата во фудбалот. Прво сакаме да ја подобриме инфраструктурата, па во иднина може да размислуваме да поставиме ВАР систем на фудбалските терени кај нас. Прво треба да има услови за такво нешто. Тоа е од голема корист за ФФМ .затоа што понатаму нема да има гласини за нерегуларности на средбите. Ако некој навистина сака да се воведе техмологија во фудбалот,тоа сум јас  како претседател на ФФМ и Управниот Одбор на Федерацијата Со селекторот на националниот тим Игор Ангеловски го продолживте договорот. Да така е. Селекторот веќе е завршена работа уште од почетокот на јануари. Седнавме на маса ги усогласивме условите и од двете страни и соработката со Игор Ангеловски е продолжена со што искусниот стратег ќе го води навионалниот тим на ЕП оваа година. Пред ЕП , стартуваат и квалификациите за фудбалскиот Мундијал во Катар. Ваше видување за групата каде се наоѓа нашиот национален тим. -Во групата за СП во Катар 2022 година реално може со секого да се надигруваме,.Имаме една велесила како Германија , но со Романија , Исланд и Ерменија може рамноправно да се носиме,а тоа го покажаа и предходните квалификациски циклуси каде се надигрувавме со секого. Во ритам сме и пак ќе потенцирам дека верувам во репрезентацијата и фудбалерите кои се предводени од капитенот Горан Пандев.  Во врска со спорот со АМС, Ваш коментар за настанатата ситуација. -Ние сме отворени како федерација за соработка со сите .Ќе дојде денот кога ќе седнеме на маса за да ги усогласиме ставовите .Во моментот ние како Федерација имаме препораки од ФИФА и УЕФА каде потенцираат дека нема што да се менува во Статутот  додека има изборен процес . Тоа е исто како во една држава за време на изборите да се менува  Законот за Избори. Нема логика. После изборите ние како Федерација  имаме одлука на Управиот Одбор каде ќе составиме работна група која ќе биде составена од правници на Фудбалската Федерација , од АМС,  ФИФА, УЕФА и МОК  каде ќе може да се усогласат сите ставови  или пак делови на кои алудираат од Агенцијата за Млади и Спорт. За изборите веќе ОФС Кичево ме подржа како кандидат за претседател на ФФМ и засега сум единствениот предложен кандидат пред изборите за прв човек на Федерацијата. Сите ги знаат критериумите за избор на претседател на ФФМ и јас како Муамед Сејдини ги охрабрувам сите фудбалски работници кои мислат дека можат да ја извршуваат оваа функција да се кандидираат на претстојните избори, - заврши во своето излагање првиот човек на Федерацијата, Муамед Сејдини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-gi-ohrabruvam-site-fudbalski-rabotnici-koi-mislat-deka-mozat-da-ja-izvrshuvaat-ovaa-funkcija-da-se-kandidiraat-na-pretstojnite-izbori/feed/ 0
Македонија можеби нема да игра во Букурешт и Амстердам: УЕФА го сели Европското првенство во Велика Британија?! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-mozebi-nema-da-igra-vo-bukuresht-i-amsterdam-uefa-go-seli-evropskoto-prvenstvo-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-mozebi-nema-da-igra-vo-bukuresht-i-amsterdam-uefa-go-seli-evropskoto-prvenstvo-vo-velika-britanija/#respond Sat, 14 Nov 2020 18:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=429596

Откако на почетокот на овој месец, угледниот француски весник „Ле Паризиен“, објави дека УЕФА сериозно размислува да и ја даде организацијата на Европското првенство на Русија, англиските медиуми денеска објавија нова информација. Лондонски „Дејли Мејл“ повикувајќи се на неименувани извори, објави дека УЕФА планира да ја назначи Велика Британија за единствен домаќин на Европското првенство. Првичнот план е ЕП да се одржи во 12 градови ширум Европа, а според распоредот Македонија своите натпревари треба да ги игра во Букурешт, против Австрија и Украина, и Амстердам, против Холандија. „Дејли мејл“ пишува дела УЕФА и англиската фудбалска Федерација веќе се во преговори за преместување на Првенството на британско тло. Натпреварите, наводно, би се играле во Англија, Шкотска и Велс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-mozebi-nema-da-igra-vo-bukuresht-i-amsterdam-uefa-go-seli-evropskoto-prvenstvo-vo-velika-britanija/feed/ 0
ВАКА СЕ САКА ТАТО: Еве како реагираа пред телевизорот синот и ќерката на Несторовски кога дознаа дека се пласирал на ЕП (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vaka-se-saka-tato-eve-kako-reagiraa-pred-televizorot-sinot-i-kjerkata-na-nestorovski-koga-doznaa-deka-se-plasiral-na-ep-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vaka-se-saka-tato-eve-kako-reagiraa-pred-televizorot-sinot-i-kjerkata-na-nestorovski-koga-doznaa-deka-se-plasiral-na-ep-foto/#respond Fri, 13 Nov 2020 10:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=428936

Еден од асистентите за победничкиот гол на Горан Пандев, Илија Несторовски, вчера ја израдува целата земја, но очигледно најмногу неговите две дечиња. Станува збор за ќеркичката и синот кој сопругата ги снимаше во домот додека пред телевизорот се радуваат гледајќи го својот татко кој се пласираше за прв пат на Европското првенство во фудбал. Видео снимката веднаш тој ја презеде на својот Инстаграм профил со што покажа дека и во овие моменти на среќа „најслаб“ е на детската љубов и радост од своите најсакани. Инаку нашиот репрезентативец никако не ја крие од јавноста ниту сопругата Мартина која исто така му е голема поддршка.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vaka-se-saka-tato-eve-kako-reagiraa-pred-televizorot-sinot-i-kjerkata-na-nestorovski-koga-doznaa-deka-se-plasiral-na-ep-foto/feed/ 0
МАКЕДОНЦИТЕ ГО ЗАПАЛИЈА СКОПЈЕ: Eве како регионот пишуваше за нас, сепак за Бугарите не постои само името Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-go-zapalija-skopje-eve-kako-regionot-pishuvashe-za-nas-sepak-za-bugarite-ne-postoi-samo-imeto-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-go-zapalija-skopje-eve-kako-regionot-pishuvashe-za-nas-sepak-za-bugarite-ne-postoi-samo-imeto-makedonija-foto/#respond Fri, 13 Nov 2020 08:54:37 +0000 https://kurir.mk/?p=428870

Македонија денеска го живее сонот кој после долго време се оствари. Европското првенство идната година во јуни, не е повеќе сон, тоа е реалност. И додека целата земја славеше вчера до утринските часови кога пристигнаа нашите фудбалери, регионалните медиуми на големо и со радост пренесуваа за пласманот на Македонија на ЕП 2021. Додека српските и хрватските медиуми не пренесуваа со нашето име Македонија и Македонците, сепак Бугарите никаде не изоставија да ја додадат „Северна“ во насловите, погледнете.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-go-zapalija-skopje-eve-kako-regionot-pishuvashe-za-nas-sepak-za-bugarite-ne-postoi-samo-imeto-makedonija-foto/feed/ 0
Познати првите противниците на Македонија на ЕП, дебитираме на 13 јуни https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-prvite-protivnicite-na-makedonija-na-ep-debitirame-na-13-juni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-prvite-protivnicite-na-makedonija-na-ep-debitirame-na-13-juni/#respond Fri, 13 Nov 2020 07:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=428827

Македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство следната година ќе дебитира против селекцијата на Австрија. Натпреварот ќе се игра на 13 јуни во Букурешт со почеток од 18 часот. Македонија ќе биде дел од групата Ц. Во второто коло Македонија ќе игра со Украина, исто така во Букурешт, додека во третото против селекцијата на Холандија на 21 јуни во Амстердам. ЕП 2021 ќе се игра од 11 јуни до 11 јули. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-prvite-protivnicite-na-makedonija-na-ep-debitirame-na-13-juni/feed/ 0
СПОРТСКИОТ СВЕТ НЕ ЗНАЕ ЗА „СЕВЕРНА“: Не знам на која телевизија е, ама името…(ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskiot-svet-ne-znae-za-severna-ne-znam-na-koja-televizija-e-ama-imeto-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskiot-svet-ne-znae-za-severna-ne-znam-na-koja-televizija-e-ama-imeto-foto/#respond Fri, 13 Nov 2020 07:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=428824

Додека сите ги собираат впечатоците и емоциите од вчерашниот историски пласман на нашата земја, на социјалните мрежи не стивнуваат најразлични видеа, фотографии и коментари поврзани со нашата земја. Таква една фотографија предизвика и бура на емоции на социјалните мрежи. Станува збор за фотографија од телевизиска емисија каде што нашата земја е потпишана со името Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskiot-svet-ne-znae-za-severna-ne-znam-na-koja-televizija-e-ama-imeto-foto/feed/ 0