ЕП 2028 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Oct 2023 05:20:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕП 2028 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британско-ирска кандидатура за домаќин на ЕП 2028 ќе биде официјализирана https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/britansko-irska-kandidatura-za-domakin-na-ep-2028-ke-bide-ofitsijalizirana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/britansko-irska-kandidatura-za-domakin-na-ep-2028-ke-bide-ofitsijalizirana/#respond Wed, 11 Oct 2023 05:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=887632

Заедничката понуда на Велика Британија и Република Ирска за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2028 година треба да добие официјална потврда во вторник по презентацијата пред Извршниот комитет на Асоцијацијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА). Откако Турција реши да ѝ се придружи на Италија како кандидат за ко-домаќин на ЕП 2032, британско-ирската кандидатура остана без конкуренција, иако и покрај турската кандидатура се сметаше за голем фаворит за победа во трката. Натпреварите на ЕП 2028 треба да се играат на десет стадиони, од кои шест се во Англија, а по еден во Северна Ирска, Република Ирска, Шкотска и Велс. Од шесте англиски стадиони, два се во Лондон, стадионот „Вембли“ и на Тотенхем Хотспур, а на листата се и „Ст. Џејмс Парк“ во Њукасл, стадионот „Етихад“ во Манчестер, „Вила Парк“ во Бирмингем и новоизградениот стадион на Евертон на „Брамли-Мур Док“ во Ливерпул. Останатите четири стадиони се „Кејсмент Парк“ во Белфаст, „Авива“ во Даблин, „Хемпден Парк“ во Глазгов и стадионот „Принципалити“ во Кардиф. Ниту една од петте репрезентации домаќини нема загарантирано место на завршниот турнир. Сите ќе учествуваат во квалификациите, а УЕФА ќе остави две резервирани места во случај една од петте репрезентации да не се квалификува на завршниот турнир. Англиската фудбалска асоцијација уште пред оваа најава објави дека нивната репрезентација ќе учествува во квалификациите, за да остане конкурентна. Според оценката на водечките луѓе на британско-ирската кандидатура, домаќините на ЕП 2028 би требало да имаат околу три милиона евра директни економски придобивки од тој турнир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/britansko-irska-kandidatura-za-domakin-na-ep-2028-ke-bide-ofitsijalizirana/feed/ 0
УЕФА менува правило за пласман на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-menuva-pravilo-za-plasman-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-menuva-pravilo-za-plasman-na-ep/#respond Tue, 19 Sep 2023 03:53:06 +0000 https://kurir.mk/?p=879268

Европското првенство во 2028 година ќе го организираат Англија, Шкотска, Велс, Ирска и Северна Ирска, откако Турците се повлекоа од трката. УЕФА се реши да направи измена од досегашните правила и истата треба да ја потврди во следниот период. Имено, сега и репрезентациите домаќини ќе играат квалификации за турнирите, иако досега тоа не беше случај. Со исклучок на претходното Европско првенство кое се играше во 12 града, секогаш домаќините директно се пласирале на турнирот, а тоа се менува. Сите пет организатори ќе настапат во квалификацискиот циклус, но ќе има и едно олеснување. Најдоброрангираните две селекции од домаќините кои нема да се пласираат на турнирот преку квалификациите, ќе добијат место на турнирот. Значи, на пример ако Англија, Шкотска и Велс обезбедат место, УЕФА ќе им додели нешто налик на „вајлд карта“ и на Ирска и Северна Ирска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-menuva-pravilo-za-plasman-na-ep/feed/ 0