еп ракомет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 11:54:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еп ракомет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мукаетов: Македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, девојките да ја добијат потребната поддршка https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-makedonskata-javnost-da-pokaze-kolku-go-saka-rakometot-devojkite-da-ja-dobijat-potrebnata-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-makedonskata-javnost-da-pokaze-kolku-go-saka-rakometot-devojkite-da-ja-dobijat-potrebnata-poddrshka/#respond Fri, 04 Nov 2022 11:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=755732

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, уште еднаш искажа поддршка за македонските репрезентативки кои утре ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство. Заеднички домаќини на ЕХФ Еуро 2022 се Скопје, Подгорица (Црна Гора), Целје и Љубљана (Словенија). – Прв пат сме во позиција после 14 години да го донесеме Европското првенство во салата „Борис Трајковски“, во Скопје, во нашата преубава Македонија. Тоа е голема чест и затоа треба да се покажеме во вистинско светло. Благодарност до целиот тим од РФМ кој макотрпно работи на организацијата. Очекуваме македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, а нашите девојки да ја добијат поддршката која многу ќе им значи. За кого – За Македонија! – истакна Мукаетов. Преку видеообраќање од таборот на репрезентацијата се заблагодарија на Ракометната федерација на Македонија за можноста да играат на едно Европско првенство и тоа на домашен терен. – Да почувствуваме што значи да се биде помеѓу најдобрите репрезентации во Европа, да имаме надеж дека репрезентацијата ќе се врати на патот на кој беше пред десетина години. Со големо нетрпение го чекаме почетокот на првенството и се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата на нашите навивачи, истакна селекторот, Љубомир Савевски Во пресрет на утрешниот дуел со Франција (почеток 18 часот), капитенот Сара Ристовска упати апел до македонската јавност да даде поддршка на ракометарките во обидот да остварат што подобри резултати. – Еуфорија помеѓу нас веќе се чувствува. Има позитивна енергија во репрезентацијата. Дојдете и навивајте за Македонија, порача Рисовска. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ може да се каже дека е целосно подготвен и „блеска“ Во македонската престолнина ќе се играат натпреварите од Ц-групата во која покрај македонската репрезентација се и селекциите на Франција, Романија и Холандија. Женскиот континентален ракометен собир почнува денес и ќе трае до 20 ноември.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-makedonskata-javnost-da-pokaze-kolku-go-saka-rakometot-devojkite-da-ja-dobijat-potrebnata-poddrshka/feed/ 0
Продолжува навивачката зимска атмосфера пред Ист Гејт Мол https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/prodolzuva-navivachkata-zimska-atmosfera-pred-ist-gejt-mol/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/prodolzuva-navivachkata-zimska-atmosfera-pred-ist-gejt-mol/#respond Mon, 17 Jan 2022 15:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=620406

Овие денови, навивачката еуфорија на фановите и вљубениците во ракометот се најголемата поддршка на македонските ракометари на Европското Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022). Пред Ист Гејт Мол посетителите на молот и фановите на македонската репрезентација, пред најголемиот ЛЕД екран во навивачка зимска атмосфера, деновиве му пркосеа на студот со развиорените знамиња, уживајќи во топлите и вкусни закуски заедно со своите пријатели и семејства. Вечерва, 17.01.2022 (понеделник), фановите повторно ќе ја дадат својата поддршка со навивачки песни и еуфорија, навивајќи за време на следниот дуел на македонските ракометари на европското првенство со репрезентацијата на Данска, во спортската навивачка зимска зона пред Ист Гејт Мол, со почеток во 20:30 часот.   До 30.01.2022, сите фанови и љубители на ракометот имаат и единствена шанса да бидат дел од забавната спортска активност на Спорт Вижн и Интерспорт во Ист Гејт Мол, „Дај гол и добиј попуст“. Посетителите на најголемиот шопинг центар во регионот покрај безбеден и комфорен шопинг низ пространите коридори и забавни содржини во Ист Гејт Мол, до 30.01.2022 можат да уживаат и во програмата во живо на Спортско Радио. Во јануари Ист Гејт Мол е отворен секој ден од 10 до 22 часот, а во недела продавниците се отворени до 20 часот, а рестораните и баровите до 22 часот. Во првиот месец од 2022ра, почни со шопинг, забава и уживање. Почни со Ист Гејт Мол. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/prodolzuva-navivachkata-zimska-atmosfera-pred-ist-gejt-mol/feed/ 0
Една македонска телевизија преговара за ТВ правата за ЕП во ракомет https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/edna-makedonska-televizija-pregovara-za-tv-pravata-za-ep-vo-rakomet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/edna-makedonska-televizija-pregovara-za-tv-pravata-za-ep-vo-rakomet/#respond Sat, 25 Dec 2021 11:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=612954

ТВ Аренаспорт ги има ексклузивните ТВ права за натпреварите од ЕУРО 2022 во ракомет, тоа значи дека сите во Македонија националната ракометна репрезентација со сигурност ќе можат да ја гледаат на регионалниот спортски канал со коментар на српски јазик, пишува Дриблинг. мк. Дриблинг дознава дека една македонска телевизија преговара за правата од континенталниот ракометен спектакл каде Македонија е во група со Данска, Словенија и Црна Гора. Неизвесно е дали ќе дојде до договор меѓу двете страни, но јасно е дека Аренаспорт ќе профитира од три страни, од ТВ правата кои се очекува да ги продаде за речиси двојна цена на македонската ТВ, од претплатниците во Македонија и секако од рекламите. Европско ракометно првенство за мажи ќе се одржи од 13 до 30 јануари во Унгарија и Словачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/edna-makedonska-televizija-pregovara-za-tv-pravata-za-ep-vo-rakomet/feed/ 0
Шпанија вториот финалист на ЕП во ракомет https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shpanija-vtoriot-finalist-na-ep-vo-rakomet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shpanija-vtoriot-finalist-na-ep-vo-rakomet/#respond Fri, 24 Jan 2020 21:26:34 +0000 https://kurir.mk/?p=294385

Шпанија делуваше моќно и супериорно, ја победи Словенија со 34-32, иако резултатот навестува неизвесен натпревар сепак на теренот сликата беше сосема поинаква. Словенците парираа во одредени моменти од мечот, но не беа доволно добри и во ритам за да и парираат на Шпанија која диктираше темпо и игра и сосема заслужено победи. Шпанија првиот дел го доби со 20-15, во вториот малку се опушти но и така делуваше сигирно на теренот. Најефикасни кај победничката екипа беа Дуешебаев, Ентрериос и Фернандес со по 6 голови. Големото финале меѓу Шпанија и Хрватска се игра в недела. Извор: Дриблинг.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shpanija-vtoriot-finalist-na-ep-vo-rakomet/feed/ 0
ЕП во ракомет: Норвежаните имаат премија од 18.000 евра за титула https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep-vo-rakomet-norvezanite-imaat-premija-od-18-000-evra-za-titula/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep-vo-rakomet-norvezanite-imaat-premija-od-18-000-evra-za-titula/#respond Fri, 24 Jan 2020 17:05:45 +0000 https://kurir.mk/?p=294290

Норвешките ракометни репрезентативци ќе добијат по 18.000 евра доколку успеат да ја освојат титулата на Европското првенство на кое се кодомаќини со Шведска и со Австрија. Со самиот пласман во полуфиналето, репрезентативците добија 3.000 евра, колку ќе добијат и во случај на триумф над Хрватска вечерва во Стокхолм. Како финалисти, Норвежаните ќе обезбедат директен пласман на ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка. Ако, пак, успеат да слават и во финалето в недела, тогаш ќе обезбедат и олимписка виза за ОИ во Токио ова лето, плус 12.000 евра како награда. Првото полуфинале на ЕП 2020 меѓу Норвешка и Хрватска е од 18 часот, во второто, од 20.30 часот, ќе играат Шпанија и Словенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep-vo-rakomet-norvezanite-imaat-premija-od-18-000-evra-za-titula/feed/ 0
Македонските судии ќе го судат финалето во ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskite-sudii-kje-go-sudat-finaleto-vo-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskite-sudii-kje-go-sudat-finaleto-vo-ep/#respond Thu, 23 Jan 2020 19:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=293810

Како една од најдобрите судиски двојки во Европа, искусите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се одбрани од страна на ЕХФ да го судат финалето на ракометното Европското првенство (ЕП). Најдобрите македонски судии досега имаат судено едно финале, на Светското првенство за младинци, а ова ќе им биде прво финале во сениорска конкуренција. Финалето на овогодинешното ЕП е закажано за оваа недела од 16:30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskite-sudii-kje-go-sudat-finaleto-vo-ep/feed/ 0
ЕП за ракометарки: Норвешка ја декласира Холандија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep-za-rakometarki-norveshka-ja-deklasira-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep-za-rakometarki-norveshka-ja-deklasira-holandija/#respond Wed, 12 Dec 2018 08:49:14 +0000 https://kurir.mk/?p=139039

Норвешката репрезентација и нанесе висок пораз на Холандија со 29:16 синоќа во Нанси во дуел со кој беше комплетирана втората рунда од втората фаза на Европското првенство во ракомет за жени. Со оваа победа Норвешка остана во игра за пласман во полуфиналето. На првиот вчерашен дуел од Групата-2 Романија ја совлада Шпанија со 27:25. Табела пред одигрувањето на последното коло: 1.Романија 6 бода 2.Холандија 6 3.Норвешка 4 4.Германија 4 5.Унгарија 4 6.Шпанија 0]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep-za-rakometarki-norveshka-ja-deklasira-holandija/feed/ 0
Македонија вечерва против Чешка, Лазаров неизвесен https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-vecherva-protiv-cheshka-lazarov-neizvesen/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-vecherva-protiv-cheshka-lazarov-neizvesen/#respond Tue, 23 Jan 2018 08:37:51 +0000 http://kurir.mk/?p=14121

Македонската ракометна репрезентација вечер од 20 часот и 30 минути во Вараждин против Чешка ќе го одигра својот втор дуел од втората фаза на Европското првенство. Од исходот на овој натпревар зависи дали Македонија ќе ги задржи шансите за полуфинале. За да се случи тоа „црвено-жолтите“ мораат да победат, а дали ќе триумфираат во голема мера ќе зависи дали ќе игра капитенот Кирил Лазаров.
По вчерашните медицински прегледи и снимки во Загреб, не беше решена дилемата дали Лазаров ќе му биде на располагање на селекторот Раул Гонзалес. Од таборот на нашата репрезентација уверуваат дека се што е во нивна моќ ќе направат Лазаров да биде на теренот, но сепак тоа ќе зависи од видот и тежината на повредата. Се очекува на теренот да се врати Филип Миркуловски кој беше поштеден на неделната средба со Шпанија. Со евентуална победа, Македонија ќе остане во игра за висок пласман. Табела Група 2: Данска 6 бода (4 натпревари), Шпанија 4 (3), Германија 4 (4), Македонија 3 (3), Чешка 2 (3) и Словенија 1 (3).

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-vecherva-protiv-cheshka-lazarov-neizvesen/feed/ 0
Хрватските медиуми објективни: Што зборува селекторот? Судиите ја уништија Белорусија! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/hrvatskite-mediumi-objektivni-shto-zboruva-selektorot-sudiite-ja-unishtija-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/hrvatskite-mediumi-objektivni-shto-zboruva-selektorot-sudiite-ja-unishtija-belorusija/#respond Thu, 18 Jan 2018 23:04:58 +0000 http://kurir.mk/?p=13006

-Судиите? Судиите сакаа да ме уништат, зиајви Червар по мечот со Белорусија. Дури и самите хрватски медиуми коментираат дека она што сепак е чудно се критиките на Червар кон руските судии. -Судиите на Белорусија и досудија три пробивања во последните три напади. Претпоследниот напад на Хрватска траеше „цела вечност“ и беше дозволен се додека Циндриќ не погоди, а потоа на Белорусите им беше подигната рака за пасивен напад по само 10-15 секунди. Не знаеме точно на кој сегмент се жали Червар, бидејќи претходно оправдано го исклучија Шилович, што не би се случило доколку не побараа прегледување на снимката. Се на се, неоправдана критика на Червар, барем по она што ние го видовме, реални се хрватските медиуми. Веднаш по мечот, Червар изјави дека судењето не му било јасно. -Ми се чини како да играме во гости според критериумите на играта. Судењето не ми е јасно. Таков впечаток добив, порача червар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/hrvatskite-mediumi-objektivni-shto-zboruva-selektorot-sudiite-ja-unishtija-belorusija/feed/ 0
Лазаров со моќна порака пред стартот на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-so-mokjna-poraka-pred-startot-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-so-mokjna-poraka-pred-startot-na-ep/#respond Mon, 25 Dec 2017 16:47:18 +0000 http://kurir.mk/?p=2315

Македонската ракометна репрезентација без селекторот Раул Гонзалес го имаше официјалниот собир пред стартот на Европското првенство. Капитенот Кире Лазаров смета дека треба да му се даде големо значење на ова ЕП. -Ќе повторам некои работи што секогаш ги повторуваме, но тоа е реалната слика. Ова е можеби поспецифично натпреварување, со оглед на тоа дека се игра во Хрватска, блиску до Македонија, треба да му се даде поголемо значење, ќе имаме голем број навивачи што ќе дојдат да ни дадат поддршка. Јас како и секогаш ќе бидам оптимист, иако е прерано да се зборува бидејќи ова е само почеток на подготвителниот период. Треба да си посакаме да имаме многу среќа и здравје од самиот почеток на овие подготовки и да останеме здрави до стартот на ЕП. Што се однесува до самото ЕП и до нашата репрезентација, имаме спој на младост и на искуство, во овој период тоа е најдоброто за нас, ние нашето искуство ќе го пренесеме врз помладите, тие ќе ни помогнат со својата свежина и енергија, за сите заедно да се обидеме да оствариме добар резултат. Свесни сме сите, и вие и ние дека нема да биде лесно, дека ЕП е поквалитетно од СП, дека системот на натпреварување е тој што е, се игра на секои два дена и мораме да бидеме максимално подготвени, како на физички, така и на психолошки и тактички план. Севкупно гледано имаме ракометари кои играат во одлична форма, ракометари кои се дел од силни клубови, што не беше случај како порано, кога поголем дел доаѓаа од Металург. Специфично е што овој период е пред Нова Година, пред празници, не е лесно да се биде професионалец, да дадеме жртви и сите заедно да пробаме да направиме добар резултат,  изјави Лазаров. Капитенот  предупредува дека мора да се одигра максимално против секој противник и вели дека може да ја победиме Германија, а на пример да изгубиме од Словенија. -Секој натпревар е различен натпревар, ние така и ќе се поставиме без разлика дали во претходниот меч сме славеле или сме изгубиле. Мое лично мислење како долгогодишен репрезентативец и како капитен е дека Македонија може да се носи со секој противник. Се надевам дека ова ќе биде долго првенство, ќе ја оствариме првата и основна цел, односно пласман во следната фаза, а потоа да бидеме максимално фокусирани и однапред со ниту една репрезентација да не се предадеме. Без разлика дали играме со Германија, Данска или Шпанија, мислам дека можеме било кого да изненадиме, нема зошто да се плашиме. Ние сме искусна репрезентација што има поминато многу, се надевам тоа ќе ни биде предност за да се обидеме да одиграме квалитетно првенство. Ние поискусните не тррба да дозволиме помладите да ги зафаќа ниту еуфорија, ниту депресија. Како ќе доаѓа ЕП, така притисокот ќе биде поголем, но имаме квалитетни репрезентативци, квалитетно раководство, претседател, тренер и ако секоја индивидуа го даде максимумот, добриот резултат на крајот нема да изостане, заврши капитенот. Македонија е во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а настапот на ЕП го започнува против селекцијата предводена од Вујовиќ на 13 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-so-mokjna-poraka-pred-startot-na-ep/feed/ 0