еп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 11:08:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕП усвои резолуција за дијалогот Србија и Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ep-usvoi-rezolutsija-za-dijalogot-srbija-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ep-usvoi-rezolutsija-za-dijalogot-srbija-i-kosovo/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:08:44 +0000 https://kurir.mk/?p=890755

Европскиот парламент денеска усвои резолуција за последните случувања во дијалогот меѓу Србија и Косово, вклучително и ситуацијата во северните општини на Косово, во која српските власти се повикани на целосна соработка во истрагата за нападот во Бањска. Резолуцијата „најостро го осудува страшниот и кукавички терористички напад на добро организираните српски паравоени формации“ во Бањска врз косовските полицајци на 24 септември и ги повикува сите земји-членки на ЕУ, кои сè уште не го сториле тоа, да го осудат нападот. Со резолуцијата сите страни се поканети да работат на деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово и да се избегнува каква било реторика или акција што дополнително ќе ги зголеми тензиите. Косовските власти се повикани да ги откријат сите докази поврзани со инцидентот, меѓународните институции во Косово, вклучително и ЕУЛЕКС, да ги проценат доказите и Србија целосно да соработува во истрагата и да ги доведе одговорните за нападот, кои моментално живеат во Србија, пред лицето на правдата во согласност со законот, вклучително и нивна екстрадиција на Косово. ЕК и Советот се повикани да преземат мерки против Владата на Србија доколку истрагите покажат дека државата Србија била директно вмешана во терористичкиот напад во Бањска или во нападите што се случија во северно Косово во мај 2023 година. ЕК е повикана да ги замрзне средствата за Србија според Инструментот за претпристапна помош три, доколку резултатите од истрагата покажат дека српската држава директно била вклучена во овие напади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ep-usvoi-rezolutsija-za-dijalogot-srbija-i-kosovo/feed/ 0
Резолуција на ЕП за Црна Гора: Пописот да се спроведе кога ќе заврши политичкиот застој https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rezolutsija-na-ep-za-tsrna-gora-popisot-da-se-sprovede-koga-ke-zavrshi-politichkiot-zastoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rezolutsija-na-ep-za-tsrna-gora-popisot-da-se-sprovede-koga-ke-zavrshi-politichkiot-zastoj/#respond Wed, 18 Oct 2023 12:02:03 +0000 https://kurir.mk/?p=890327

Европскиот парламент денеска го усвои извештајот за Црна Гора, кој го подготви специјалниот известувач Тонино Пицула. За извештајот, кој по усвојувањето стана Резолуција, гласаа 529 европски пратеници, 51 беа против, а 53 беа воздржани. Беше усвоен и амандман кој се однесува на пописот. „Црна Гора е повикана да го спроведе долгоочекуваниот попис на населението и становите во согласност со Европската унија и меѓународните стандарди штом ќе заврши политичкиот застој во земјата, за да не се користи ова важно прашање како уште еден изговор за интензивирање на поларизацијата на општество“, се вели во амандманот поднесен од Пицула и европратеникот Педро Маркез. Во првиот нацрт на извештајот, кој беше објавен на крајот на јуни, Црна Гора беше поканета да спроведе попис на населението и домаќинствата до крајот на годината, во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди. Пицула синоќа на дебатата во ЕП рече дека пописот не треба да се користи како уште една политичка алатка за дополнителна поларизација на општеството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rezolutsija-na-ep-za-tsrna-gora-popisot-da-se-sprovede-koga-ke-zavrshi-politichkiot-zastoj/feed/ 0
Полска е европски шампион во одбојка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-e-evropski-shampion-vo-odbojka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-e-evropski-shampion-vo-odbojka/#respond Sun, 17 Sep 2023 05:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=878741

Полските одбојкари ја совладаа Италија со 3:0 (25:20, 25:21, 25:23) во големото финале во Рим. Бидејќи Италија неочекувано лесно ја совлада Франција, сега Полска во Рим ги исчисти Италијанците и со тоа ја освои втората европска шампионска титула. Полјаците имаа предност во првиот сет, од првиот до последниот поен, се движеа на растојание до максимални осум поени разлика 14:22, а сетот заврши со резултат 25:20 за гостите. Во вториот сет гледавме повозбудлива и понеизвесна битка на теренот. Италија подобро го отвори вториот сет, каде Италија во неколку наврати имаше минимално водство, но Полска лесно го врати на своја страна и дојде до три поени предност. Сепак, тоа не беше крајот на сетот бидејќи Италија од минус три се врати во игра и поведе со 15:14, но потоа гостите тргнаа во серија од шест поени по ред и тоа беше крај на сите се надева дека Италија може да израмни во сетови. На крајот Полјаците го добија сетот со 25:21. Третиот сет требаше да им припадне на Италијанците, но Полска повторно беше подобра во последниот дел од сетот. Италија беше подобра во поголемиот дел од сетот, Италијанците имаа плус четири 10:6, но Полска ја намали предноста, за првпат да поведе со 18:17. Во финишот на сетот блескаше Леон кој со своите добри сервиси му донесе предност на својот тим и третиот сет заврши со 25:23, по што Полска ја освои втората титула европски првак. Натурализираниот Полјак блесна во тимот на селекторот Никола Грбиќ, добар беше и Лукас Качмарек, херој беше и Роберт Хубнер, додека кај Италијанците отсуствуваше подобриот настап на Џанели, невидлив беше Микелето, како и Романо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-e-evropski-shampion-vo-odbojka/feed/ 0
Италија и Полска во финалето на Европското првенство во одбојка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italija-i-polska-vo-finaleto-na-evropskoto-prvenstvo-vo-odbojka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italija-i-polska-vo-finaleto-na-evropskoto-prvenstvo-vo-odbojka/#respond Fri, 15 Sep 2023 03:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=878214

Италија и Полска ќе се борат за златниот медал на ЕП.Во вечерашните полуфинални средби Италијанците и Полјаците ги совладаа Франција, односно Словенија. Домаќинот на завршните мечеви, Италија, без да загуби сет ја надигра Франција во „Палацето дело спорт“, во Рим. Најнеизвесен беше само третиот сет, кој го доби со 25-23, откако првиот и вториот ги заврши со 25-21 и 25-19. Претходно, Полјаците загубија еден сет од европскиот вицешампион од последните две првенства, Словенија. Словенците го добија воведниот со 25-23, но фаворитот потоа притисна и го сврти мечот со 25-21, 25-20 и 25-21. Финалето се игра исто така во Рим, в недела во 21 часот, а мечот за бронза меѓу Франција и Словенија истиот ден од 17.30 часот. Италија е актуелен светски и европски првак, а ќе игра за осмото злато. Полска досега само во 2009 година стигна до континенталниот трофеј, а финале играла уште пет пати и тоа на пет првенства едноподруго, од 1975 до 1983 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italija-i-polska-vo-finaleto-na-evropskoto-prvenstvo-vo-odbojka/feed/ 0
Комплетирани полуфиналните дуели на Европското одбојкарско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kompletirani-polufinalnite-dueli-na-evropskoto-odbojkarsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kompletirani-polufinalnite-dueli-na-evropskoto-odbojkarsko-prvenstvo/#respond Wed, 13 Sep 2023 09:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=877610

Последен патник во полуфиналето на Европското одбојкарско првенство е домаќинот Италија, која синоќа во неизвесен натпревар во Бари ја совлада Холандија со 3-2 (19-25, 25-17, 25-16, 23-25, 15-12). Завршницата на Европското првенство од четврток се сели во Рим со двата полуфинални натпревари во кои Италија ја продолжува одбраната на титулата против Франција, додека противник на Полска за пласман во финалето ќе биде Словенија. Полјаците во вчерашниот полуфинален дуел ја совладаа Србија со 3-1 (26-28, 25-15, 36-34, 25-17). Финалето е на програмата в сабота во Рим. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kompletirani-polufinalnite-dueli-na-evropskoto-odbojkarsko-prvenstvo/feed/ 0
ЕП го одобри именувањето на Илијана Иванова за нов еврокомесар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-go-odobri-imenuvaneto-na-ilijana-ivanova-za-nov-evrokomesar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-go-odobri-imenuvaneto-na-ilijana-ivanova-za-nov-evrokomesar/#respond Tue, 12 Sep 2023 12:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=877278

Европскиот парламент денеска со гласови 522 „за“, 27 „против“ и 51 „воздржани“ го одобри именувањето на Илијана Иванова за нов комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади. Иванова е номинира за член на Европската комисија на предлог на Бугарија, на местото на Марија Габриел, која во мај се повлече од должноста за да ја преземе функцијата бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи. Денешното гласањето за именувањето на Иванова се одржи откако минатата недела таа ја презентираше својата програма за работа пред членовите на комитетите за индустрија, истражување и енергетика и за култура и образование на Европарламентот, кои потоа дадоа позитивно мислење за нејзиното назначување. Покрај за именувањето на Иванова, пратениците денеска гласаа и за законот за зголемена употреба на обновливите извори на енергија, за поттикнувањето на заедничката набавка за одбранбена опрема, новите правила за донации на крв, клетки и ткива од човечко потекло, за одредбите за подобрување на квалитетот на површинските и подземните води во ЕУ, како и новите географски ознаки за занаетчиски и индустриски производи. На денешната седница на Европскиот парламент предвидена е и точка за дебата на европратениците со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозе Борел поврзана со состојбата во Западна и Централна Африка по „низата државни удари и други неодамнешни и загрижувачки случувања“ во тој регион, како и за состојбите во Турција, Белорусија и Иран и односите на Унијата со Економската заедница на Латинска Америка и Карибите. Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот. Во однос на Турција и Белорусија во вечерните часови е предвидено разгледување на нацрт-извештаите за овие две земји, по кои европратениците ќе гласаат на утрешното продолжение на заседанието. Европратениците попладнево ќе дебатираат и со еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус за предлогот за подобрување на квалитетот на воздухот во ЕУ, со кој се поставуваат построги ограничувања и целни вредности за главните загадувачи до 2030 година, со цел воздухот во Унијата да не биде штетен за здравјето на луѓето, природните екосистеми и биолошката разновидност. Гласањето за овој предлогот ќе се одржи утре. За попладне е предвидена и расправа за влијанието на украинскиот извоз на жито врз земјоделците во ЕУ, поврзана со одлуката за забрана за увоз на житни култури од Украина во Полска, Унгарија, Бугарија, Романија и Словачка, чија важност истекува на 15 септември, како и за повлекувањето на Русија од Црноморската иницијатива за житото. Во вечерните часови е закажана дебата за новите правила за минималниот удел на поеколошки авионски горива што ќе мора да бидат достапни на аеродромите во ЕУ, како дел од напорите за намалување на емисиите на штетни гасови од страна на транспортниот сектор, по кои европратениците треба за гласаат утре. Пред денешните гласања, за време на претпладневната дебата европратениците расправаа за соработката на ЕУ со Тунис во однос на проблемот со миграцијата во која учествуваше и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-go-odobri-imenuvaneto-na-ilijana-ivanova-za-nov-evrokomesar/feed/ 0
Македонските кошаркарски кадети поразени од Словенија на ЕП во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkarski-kadeti-porazeni-od-slovenija-na-ep-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkarski-kadeti-porazeni-od-slovenija-na-ep-vo-skopje/#respond Wed, 09 Aug 2023 19:28:21 +0000 https://kurir.mk/?p=865163

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на Европското првенство во А дивизијата, кое се одржува во Скопје, откако вечерва загуби во осминафиналето од Словенија со 100-65. Избраниците на селекторот Александар Јованчев немаа решение за словенечкиот напад и одбрана на осминафиналниот дуел во СРЦ „Кале“ што резултираше противникот да постигне дури 56 поени во првите две четвртини и да замине на пауза со предност од 28 поени. Македонските кошаркари анулираа дел од негативата во третата четвртина која ја решија во своја корист со 22-15, но немаа сили за целосен резултатски пресврт. Настапот на ЕП во А дивизијата македонската репрезентација ќе го продолжи во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место во обид да ги избегне последните три позиции кои носат преселба во пониската Б дивизија. Словенија за противник во четвртфиналето ќе го има победникот од дуелот меѓу Шпанија и Летонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkarski-kadeti-porazeni-od-slovenija-na-ep-vo-skopje/feed/ 0
Навивајте и поддржете ги македонските одбојкари: Од денес физичка продажба на билетите за ЕП кое се одржува и во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/navivajte-i-poddrzhete-gi-makedonskite-odbojkari-od-denes-fizichka-prodazhba-na-biletite-za-ep-koe-se-odrzhuva-i-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/navivajte-i-poddrzhete-gi-makedonskite-odbojkari-od-denes-fizichka-prodazhba-na-biletite-za-ep-koe-se-odrzhuva-i-vo-skopje/#respond Fri, 04 Aug 2023 15:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=863475

МК Тикетс од денеска почна со физичката продажба на билетите за Еврпското првенство на коешто коорганизатор ќе биде и Македонија во перидот од 30-ти август до 6-ти септември. Од Одбојкарската федерација ги повикуваат граѓаните да купат дневен билет и да поддржат македонските одбојкари во третиот настап на конетиненталните собири. -Навивајте за нашата репрезентација, пратете ја својата порака до целиот свет од трибините на арената „Борис Трајковски“ и бидете дел од првото сениорско машко европско првенство во кој било колективен спорт во независна Македонија. Во продажните места на МК Тикетс можете да купите дневни билети по цена од 500 и од 750 денари, а продажбата на пакетите и натаму оди преку ЦЕВ на линкот следниот линк: https://tickets.cev.eu/cev-eurovolley-2023-men Продажни места на МК Тикетс: СКОПЈЕ: LITERATURA.MK – ТЦ Ист гејт мол LITERATURA.MK – Веро Џамбо LITERATURA.MK – ГТЦ приземје LITERATURA.MK – улица Македонија LITERATURA.MK – ТЦ Буњаковец LITERATURA.MK – Скопје сити мол Југотон – ГТЦ 1-ви кат Макпетрол Илинденска Макпетрол - Козле Макпетрол - Влае ВЕЛЕС: УНИСОН – Благој Ѓорев 9 РАДОВИШ: HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43 ПРИЛЕП: T.A. БРАН – Пере Тошев 75 СТРУМИЦА: ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2 LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4 КУМАНОВО: Кафе Бар АГОРА – T.Ц. Гарнизон БИТОЛА: TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак LITERATURA.MK 2 – Широк Сокак 40 ГОСТИВАР: TOBACCO BNB – ул ЈНА бр.1 ВОНА ПЕТ – ул. Живко Брајковски 15 ТЕТОВО: ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2 ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176 ОХРИД: TA ВИС ПОЈ – Бул. Македонски Просветители бр.1]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/navivajte-i-poddrzhete-gi-makedonskite-odbojkari-od-denes-fizichka-prodazhba-na-biletite-za-ep-koe-se-odrzhuva-i-vo-skopje/feed/ 0
Зеленски во ЕП во Брисел: Ние се браниме себеси, ние ве браниме вас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-ep-vo-brisel-nie-se-branime-sebesi-nie-ve-branime-vas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-ep-vo-brisel-nie-se-branime-sebesi-nie-ve-branime-vas/#respond Thu, 09 Feb 2023 12:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=798402

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред Европскиот парламент во Брисел истакна дека одбраната на украинската територија од руската инвазија е и одбрана на Европа. „Ние се браниме себеси, ние ве браниме вас. Само нашата победа ќе ги заштити европските вредности, рече Зеленски во обраќањето пред Европскиот парламент. Тој посочи дека Русија настојува да го уништи европскиот начин на живот. „Нема да дозволиме. Оваа целосна војна не е само за копно. Кремљ цинично и намерно, од година во година, чекор по чекор, се обидува да ги уништи европските вредности, како што руските власти ја уништија вредноста на човечкиот живот. Никој во Русија, ако не е во Кремљ, не е почитуван, резимира тој. Како што оцени, Украина се брани од силата која најмногу е против Европа во современиот свет. Зеленски денеска во Европскиот парламент во Брисел беше пречекан со аплауз на пратениците. Претседателот на Украина денеска по посетата на Лондон и Париз ќе учествува на самитот на шефови на држави или влади на Европската унија.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-ep-vo-brisel-nie-se-branime-sebesi-nie-ve-branime-vas/feed/ 0
Македонските одбојкари против Данска ќе стартуваат на ЕП во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-protiv-danska-ke-startuvaat-na-ep-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-protiv-danska-ke-startuvaat-na-ep-vo-skopje/#respond Fri, 27 Jan 2023 10:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=792744

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги објави термините за натпреварите во групната фаза на 34. Европско првенството за мажи кое од 28 август до 16 септември оваа година ќе се одржува во Скопје, Бари, Болоња и Варна. Во групата Ц во Скопје, македонските одбојкари ќе играат против Полска, Холандија, Чешка, Данска и Црна Гора. Премиерниот натпревар македонската репрезентација ќе го одигра на 30 август против Данска во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот. Следуваат дуелите против Црна Гора (2 септември) и Полска (3 септември), по што во завршните две кола македонските одбојкари ќе играат против Холандија (5 септември) и следниот ден против Полска. Првите четири репрезентации ќе обезбедат пласман во четвртфиналето кое ќе се игра во Бари и Варна. Финалето е на програмата на 16 септември во Болоња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-protiv-danska-ke-startuvaat-na-ep-vo-skopje/feed/ 0