еп2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 18:42:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еп2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕП2022: Македонските ракометарки поразени од Холандија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep2022-makedonskite-rakometarki-porazeni-od-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep2022-makedonskite-rakometarki-porazeni-od-holandija/#respond Mon, 07 Nov 2022 18:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=757045

Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва во Скопје од Холандија со високи 30-15 (17-9) во рамки на 2. коло во групата Ц на Европското првенство. Македонските ракометарки во првото полувреме тешко го наоѓаа патот до холандскиот гол, што во комбинација со големиот број технички грешки и нереализирани удари од чисти позиции во нападот резултираше противничките да стекнат висока предност од осум голови на полувремето (17-9). Продолжението донесе резултатски израмнета игра до 42 минута кога при резултат 21-14, уследи голем пад во играта на македонските ракометарки, кои беа 16 минути без постигнат гол, а Холандија со серија од 8-0 на крајот дојде до убедлива победа. Сара Ристовска со четири голови беше најефикасна во македонските редови, а Јована Мицевска на голот запиша пет одбрани. Во првиот натпревар на Европското првенство кое се одржува во Скопје, Подгорица, Цеље и Љубљана, македонската репрезентација загуби од Франција (24-14) и шансите да го продолжи натпреварувањето ќе бара во 3. коло, в среда, против Романија, која вечерва од 20:30 часот игра против Франција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ep2022-makedonskite-rakometarki-porazeni-od-holandija/feed/ 0