епидемиолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Apr 2021 17:22:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png епидемиолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се` повеќе луѓе сакаат намерно да се заразат со коронавирус: Eпидемиолог предупреди на опасна практика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-lugje-sakaat-namerno-da-se-zarazat-so-koronavirus-epidemiolog-predupredi-na-opasna-praktika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-lugje-sakaat-namerno-da-se-zarazat-so-koronavirus-epidemiolog-predupredi-na-opasna-praktika/#respond Mon, 12 Apr 2021 17:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=496108

Словенечкиот епидемиолог и шефица на советничката група за пандемија Матеја Логар денеска изјави дека е забележано оти во Словенија има се повеќе луѓе кои сакаат намерно да се заразат со коронавирусот со цел полесно да се движат и патуваат, поради фактот што се смета дека оние кои го преживеале вирусот имаат ист имунитет каков што се стекнува со вакцинација. – Забележуваме тренд на зголемување на бројот на оние што сакаат да се заразат што е можно поскоро со цел да потврда што ќе им овозможи полесно патување и преминување на границите, што е опасна практика која никако не можеме да ја препорачаме, рече Логар на прес-конференција, пренесува телевизија Словенија. Според неа, поради тоа се разгледуваат ограничувања, односно измени во правилата за патување, но исто така и можноста оние што го прележале коронавирусот да бидат избришани од списокот на лицата кои не мора да се тестираат при преминување на граница. – Сè уште не знаеме многу за оваа болест. Непредвидлива е и може да има трајни последици. Не знаеме точно какви долгорочни последици има оваа болест, особено кај помладите пациенти, рече Логар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-povekje-lugje-sakaat-namerno-da-se-zarazat-so-koronavirus-epidemiolog-predupredi-na-opasna-praktika/feed/ 0
Нова мутација на коронавирусот откриена во Чешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-koronavirusot-otkriena-vo-cheshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-koronavirusot-otkriena-vo-cheshka/#respond Mon, 29 Mar 2021 07:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=489016

Вработени во лабораторијата „Елизабет Фармакон“ во чешкиот град Брно откриле претходно нерегистрирана мутација на коронавирусот. Ова на Твитер го објави шефот на лабораторијата, познатиот чешки епидемиолог Омар Шери. – Тоа е мутација на … карактеристичен протеин што се појавува на површината на вирусот САРС-КоВ-2. За него се насочени вакцините кои се користат денес, изјави Шери. Според експертот, новата мутација на коронавирусот не е поопасна од британската варијанта која се шири во земјата. Моментно во Чешка со население од 10 милиони жители, 173.500 луѓе се заразени со коронавирусот, од кои 7.300 се хоспитализирани. Од почетокот на епидемијата, околу 1.515.000 луѓе се разболеле во земјата, 1.315.000 се излекувале и 25.800 пациенти починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-mutacija-na-koronavirusot-otkriena-vo-cheshka/feed/ 0
Црногорски епидемиолог: Организацијата на собири и прослави може скапо да нè чини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorski-epidemiolog-organizacijata-na-sobiri-i-proslavi-moze-skapo-da-ne-chini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorski-epidemiolog-organizacijata-na-sobiri-i-proslavi-moze-skapo-da-ne-chini/#respond Sun, 20 Dec 2020 11:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=445862

Претстојната празнична сезона претставува голем епидемиолошки предизвик затоа што непочитувањето на мерките и организацијата на собири и прослави може скапо да нè чини, изјави директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје Игор Галиќ во интервју за „Побједа“. -Апелирам до граѓаните да се воздржат од несовесно однесување и со тоа да го зачуваат своето, но и здравјето на нивните најблиски. Кога станува збор за корекција на мерките, Институтот за јавно здравје ја следи епидемиолошката состојба и врз основа на индикатори и состојбата на теренот, ќе предложиме здравствени мерки, вели црногорскиот епидемиолог.. Според Галиќ, епидемиолошката состојба во Црна Гора е тешка и сложена. -Веќе некое време, епидемиолошката крива има стабилен карактер, но бројот на новоинфицирани на дневна основа е исклучително голем. Тоа е најголемиот проблем и директна последица од непочитувањето на мерките. Морам да нагласам дека има одредено дискретно подобрување во одредени градови, но рано е да се зборува за тоа во контекст на значаен тренд кој најавува промена што сите со нетрпение ја очекуваме, вели епидемиологот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorski-epidemiolog-organizacijata-na-sobiri-i-proslavi-moze-skapo-da-ne-chini/feed/ 0
Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата всушност допрва ќе почне https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vodechkiot-germanski-epidemiolog-predupreduva-pandemijata-vsushnost-doprva-kje-pochne/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vodechkiot-germanski-epidemiolog-predupreduva-pandemijata-vsushnost-doprva-kje-pochne/#respond Fri, 25 Sep 2020 08:05:00 +0000 https://kurir.mk/?p=408289

Водечкиот германски епидемиолог, Христијан Дростен, во говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвремено славење на успехот на Германија во кризата со коронавирусот. -За да ја надминеме ситуацијата во следните неколку месеци треба да промениме некои работи. Пандемијата всушност дури сега ќе почне. И во Германија, рече Достен, додавајќи дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа. „Не мислам дека Германија е подготвена за следните неколку месеци со коронавирусот“, рече Достен за „Шпигел“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vodechkiot-germanski-epidemiolog-predupreduva-pandemijata-vsushnost-doprva-kje-pochne/feed/ 0
Познат албански епидемиолог почина од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznat-albanski-epidemiolog-pochina-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznat-albanski-epidemiolog-pochina-od-kovid-19/#respond Wed, 26 Aug 2020 10:26:21 +0000 https://kurir.mk/?p=395593

Уште еден лекар во Албанија почина како последица на опасниот коронавирус, јави дописничката на МИА. Станува збор за еден од најпознатите албански епидемиолози, Вилсон Топули, со бројни научни трудови а кој се соочил со повеќе епидемии кои владееле во земјата. Веста ја објави Силва Бино, началник на одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје во Тирана, емотивно простувајќи се од својот долгогодишен колега. „Оваа пандемија ни го зеде колегата Вилсон Топули. Тој беше историја и меморија на ИЈЗ. Прости ни што не успеавме да те спасиме, напиша меѓу другото Бино на Фејсбук. Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, Топули е петти лекар кој умира како последица од Ковид-19. Опасниот коронавирус зема се поголем замав во Албанија, каде овој месец во просек дневно се регистрираат по над 150 новозаразени. Во исто време се зголемува и бројот на починати, во просек по четворица пациенти дневно. Според официјалната статистика 18 до 20 проценти од тестираните во едно деноноќие се позитивни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poznat-albanski-epidemiolog-pochina-od-kovid-19/feed/ 0
Шведски модел: Водечки епидемиолог не препорачува носење маски https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shvedski-model-vodechki-shvedski-epidemiolog-ne-preporachuva-nosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shvedski-model-vodechki-shvedski-epidemiolog-ne-preporachuva-nosenje-maski/#respond Sat, 22 Aug 2020 14:57:22 +0000 https://kurir.mk/?p=393786

Водечкиот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел и понатаму одбива да ги препорачува заштитните маски и предупредува дека е многу опасно да се потпираме на нив. -Многу е опасно да веруваме дека маските за лице би ја промениле играта кога е во прашање Ковид-19, изјавил Тегнел за Фајненшл тајмс. Тој објаснил дека маските би можеле да бидат дополнување на други работи ако тие се доволно сигурни. -Но, доколку имате маска за лице и мислите дека така можете да го наполните автобусот или трговскиот центар - тогаш дефинитивно правите голема грешка, истакнал Тегнел, кој е главен автор на шведската стратегија против коронавирусот која не предвидува рестриктивни мерки, пренесува Бизнис инсајдер. Тој како пример ги спомнал Белгија и Шпанија, кои препорачуваат носење маски, а се уште имаат голем број на заразени со коронавирусот. Во Шведска досега се заразени 86.068 луѓе, а како последица од вирусот починале 5.810 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shvedski-model-vodechki-shvedski-epidemiolog-ne-preporachuva-nosenje-maski/feed/ 0
Епидемиолог со важни совети за родителите чии деца ќе тргнат во училиште за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/epidemiolog-so-vazni-soveti-za-roditelite-chii-deca-kje-trgnat-vo-uchilishte-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/epidemiolog-so-vazni-soveti-za-roditelite-chii-deca-kje-trgnat-vo-uchilishte-za-vreme-na-pandemijata/#respond Sun, 09 Aug 2020 14:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=388448

Епидемиологот д-р Предраг Кон откри на денешната прес-конференција дека ќе се одржи состанок со Кризниот штаб во вторник во 9 часот наутро во врска со конечните решенија поврзани со новата учебна година. И тој имаше совети за родителите. -Она што родителите треба да го знаат е дека само здраво дете може да оди на училиште, така што тие на некој начин ќе бидат наши соработници во сето ова, што треба да се очекува. Ќе биде потребно секое утро да се гледа на детето и евентуално да се измери неговата температура за да не им се остави на самите училишта. Тоа е една работа. Од друга страна, ќе треба да помогнат и да разговараат за тоа со своето дете. Однесувањето во самото училиште ќе биде дефинирано и за наставниците и за учениците. Нема да биде толку тешко како што изгледа на почетокот, ќе биде направено така што ќе им биде сосема јасно на децата, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/epidemiolog-so-vazni-soveti-za-roditelite-chii-deca-kje-trgnat-vo-uchilishte-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
Швајцарски лекар: Визирот не е безбеден за заштита од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarski-lekar-vizirot-ne-e-bezbeden-za-zashtita-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarski-lekar-vizirot-ne-e-bezbeden-za-zashtita-od-kovid-19/#respond Wed, 15 Jul 2020 14:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=376411

Главниот епидемиолог во швајцарскиот кантон Граубинден, во кој се наоѓаат Санкт Мориц и Давос, ги предупреди рестораните да не ги користат визирите за заштита на вработените од новиот коронавирус, нагласувајќи дека тие создаваат „лажно чувство за безбедност“. Предупредувањето влијае врз стратегиите при отворање на некои ресторани, хотели и други бизниси поврзани со туризмот. Во Германија, некои провинции им овозможуваат на услужните работници да носат визири, додека други бараат да носат заштитни маски. Во швајцарските ресторани не е задолжително работниците да носат заштитни средства за лице, но некои вовеле таков услов. Епидемиологот Марина Јамники истакна дека маските за вработените, кои не можат да одржат растојание од 1,5 метри, се подобро решение отколку „проѕирните пластични шлемови прицврстени со лента за главата“. – Анализата на случаите и начинот на ширење на болеста, покажува дека пластичните шлемови, кои се користат во рестораните, не нудат доволна заштита. Има случаи на заразени лица со визири, тврдат од кабинетот на Јамники. Во предупредувањето се напоменува дека визирите имаат помошна улога при заштитата од Ковид-19, а за ефикасна заштита потребни се физичка дистанца и маски за лице. Германскиот институт Роберт Кох соопшти дека маските се подобри, бидејќи тие „ја забавуваат брзината на здивот и распрснувањето на плунката и секретот“, додека визирите само „ги ловат капките, кои паѓаат на пластичниот штит“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarski-lekar-vizirot-ne-e-bezbeden-za-zashtita-od-kovid-19/feed/ 0
Главниот епидемиолог на Пакистан е позитивен на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-epidemiolog-na-pakistan-e-pozitiven-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-epidemiolog-na-pakistan-e-pozitiven-na-koronavirusot/#respond Mon, 06 Jul 2020 12:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=369897

Шефот на пакистанскиот тим за борба против Ковид-19 доктор Зафар Мирза, е позитивен на коронавирусот. Мирза на Твитер напиша дека има благи симптоми и оти е во домашна изолација, пренесува Си-Ен-Ен. Пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Махмуд Куреши, исто така, е заразен со коронавирусот, што беше потврдено во петокот. Во Пакистан до сега се потврдени 231.817 случаи на коронавирусот, а 4.762 лица починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-epidemiolog-na-pakistan-e-pozitiven-na-koronavirusot/feed/ 0
Истакнат епидемиолог и член на СЗО почина од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istaknat-epidemiolog-i-chlen-na-szo-pochina-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istaknat-epidemiolog-i-chlen-na-szo-pochina-od-koronavirus/#respond Mon, 06 Apr 2020 05:36:54 +0000 https://kurir.mk/?p=327854

Истакнатиот епидемиолог и член на Светската здравствена организација (СЗО), Шефик Пашагиќ почина вчера во Сараево, како последица од Ковид-19. Пред да се разболи, се занимавал токму со коронавирусот корона и бил во постојан контакт со колегите од САД, со кои разменил знаење за Ковид-19, пренесува порталот Кликс. Во текот на вчерашниот дека беше соопштено дека во Сараево дека во Босна и Херцеговина се регистрирани уште три смртни случаи, по што беше потврдено дека меѓу нмив е и Пашагиќ (61). Со вчерашните смртни случаи, бројот на починати од Ковид-19 во БиХ достигна 23 лица, од вкупно 654 заразени со коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istaknat-epidemiolog-i-chlen-na-szo-pochina-od-koronavirus/feed/ 0